Библиски студии кои донесуваат ученици
1 „Што ми пречи да се крстам?“ прашал етиопскиот евнух откако Филип ‚му благовестил [ја објавил добрата вест, НС] за Исуса‘ (Дела 8:27—39). Во случајот со евнухот, тој веќе имал љубов кон Божјите инспирирани записи и откако добил духовна помош од Филип, бил спремен да стане ученик. Но, сите луѓе не се убедени дека треба самите да го испитаат Писмото.
2 Благодарни сме што Јеховината организација ја обезбеди новата брошура Книга за сите луѓе за да ги охрабри луѓето да ја испитаат библиската порака за нашево време. Информациите во брошурата треба да им бидат привлечни на искрените луѓе кои можеби се образовани, но малку знаат за Библијата. Овој добар инструмент е наменет за да ги поттикне луѓето да сакаат да ја истражат Библијата.
3 Кога започнуваш библиска студија, би било корисно да ги разгледаш одличните предлози објавени во додатокот на Наша служба за Царството од јуни 1996 во врска со тоа како може да се води продуктивна студија со книгата Спознание. Во текот на развојот на студијата, разгледувај го напредокот кој го прави студентот за да можеш да одредиш на кои подрачја е потребно понатамошно внимание. Охрабри го студентот однапред да се подготвува за своите лекции, барајќи ги стиховите. Коментарите кои ги дава со свои сопствени зборови можат да го одразуваат неговото искрено ценење за вистината. Брз напредок обично прават оние кои додатно читаат од публикациите на Заедницата и редовно присуствуваат на собраниските состаноци. Охрабри го неформално да им зборува на другите за она што го учи. Љубезно покажи му што треба да прави за да напредува духовно. Не треба неограничено да водиме студии со неодлучните. Студентите треба да преземат иницијатива да учат, да заземат цврст став за вистината и да напредуваат кон предание и крштавање.
4 Во некои домаќинства се води повеќе од една студија, зашто различни членови на семејството имаат одвоени студии. Меѓутоа, во повеќето случаи можеби ќе биде подобро да се има една обединета семејна студија, бидејќи тоа ќе помогне семејството да се зближи духовно.
5 Исусовата заповед е да одиме да правиме ученици (Мат. 28:19). За да го правиме тоа, мораме да водиме библиски студии кои им помагаат на студентите да напредуваат до степенот да можат да прашаат: „Што ми пречи да се крстам?“