Состаноци за служба за септември
Седмица што почнува од 1 септември
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
15 мин: „Стави ги поважните работи на прво место“. Прашања и одговори.
20 мин: „Да ја споделуваме со другите Тајната на семејната среќа“. Говор кој ги обработува пасусите 1 и 6—8. Прикажи ги пасусите 2—5. Нагласи да се размислува во поглед на правењето ученици и достигнувањето на целта — започнување студии.
Песна 107 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 8 септември
10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.
10 мин: Локални потреби.
10 мин: „Библиски студии кои донесуваат ученици“. Говор.
15 мин: Еден старешина дискутира за „Мотивирај ги учениците на предание и крштавање“ (додаток на km 6/96, пас. 20—22).
Песна 4 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 15 септември
10 мин: Локални известувања.
15 мин: Добро употребувај ги видеокасетите. Разгледај предлози во врска со употребата на видеокасетите на Заедницата и раскажи локални искуства кои илустрираат како во поголема мера да ги употребуваме видеокасетите, како во нашите семејства така и во нашата служба.
20 мин: Дали ја користиш брошурата Школа? Еден старешина дискутира со некои родители и деца за Стражарска кула од 1 октомври 1985, страници 30, 31 (англ.), Наша служба за Царството 8/90 7 — „Дали вашите деца се подготвени за новата учебна година“ и 9/94 3 — „Повторно на училиште“. Тие ги раскажуваат своите лични искуства од користењето на брошурата Школа.
Песна 112 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 22 септември
8 мин: Локални известувања.
17 мин: Како да се започне разговор. Голем дел од нашиот успех во службата зависи од нашата способност да ги вклучиме другите луѓе во смисловни разговори. Кога можеме да кажеме нешто што ги наведува другите да слушаат, сме надминале една од најголемите бариери со кои се соочуваме при сведочењето. Дискутирај со слушателите за клучните точки од Водичот, задача 16, пасуси 11—14. Објавители кои се вешти и делотворни во започнување разговори, нека раскажат кои уводни зборови ги користат кога зборуваат со луѓе како што се 1) пешак на улица, 2) патник во автобус, 3) продавач на штанд, 4) купувач кој е на паркиралиште, 5) лице на клупа в парк и 6) некој со кого се контактира преку сведочење по телефон.
20 мин: Разгледај го собранискиот извештај за 1997 службена година. Надгледникот за служба го пофалува собранието за добриот напор, особено во текот на март, април и мај. Дава предлози од старешинското тело и од последниот извештај на покраинскиот надгледник за да се зголеми активноста во службата на теренот и на библиските студии. Изложи некои практични цели за новата службена година, вклучувајќи започнување и водење библиски студии и помошна пионерска служба во текот на месеците со пет викенди — ноември, мај и август.
Песна 113 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 29 септември
15 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да ги предадат своите извештаи од службата на теренот. Спомни дека следната седмица на студија на книга ќе почнеме да ја проучуваме книгата Семејна среќа. При подготовката за работата со списанија во октомври, дискутирај за потребата да го ‚Анализираш своето подрачје‘, ‚Да се запознаеш со списанијата‘, ‚Да ги подготвиш своите уводни зборови‘, ‚Да се приспособиш кон станарот‘ и „Да си помагаме еден со друг“, од Наша служба за Царството од октомври 1996, страница 8.
15 мин: Што треба да стори еден христијанин кога е повикан на поротна должност? Говор на старешина, од Стражарска кула од 1 април 1997, страници 27—29.
15 мин: Величај ја својата служба. Дискусија со присутните од книгата Наша служба, страници 82—84. За да ги истакнеш главните точки, постави ги следниве прашања: 1) Како извлекуваме корист од следењето на Исусовиот пример? 2) Колку е важна нашата одговорност да проповедаме? 3) Кои мотиви нѐ навеле да го предадеме својот живот на Јехова? 4) Какво однесување се бара за некое лице да му служи на Бог? 5) Што можеме да научиме од начинот на кој проповедал Исус?
Песна 175 и заклучна молитва.