„Ова правете го за Мој спомен“
1 Луѓето се склони да дозволат значењето на важните работи да избледне со текот на времето. Тоа е една причина зошто, кога ја воспоставувал ‚Господовата вечера‘, на своите ученици Исус им заповедал: „Ова правете го за Мој спомен“. Оттогаш па наваму, на годишнината на Исусовата смрт, христијаните и понатаму послушно ‚ја објавуваат смртта на Господа додека Он не дојде‘ (1. Кор. 11:20, 23—26).
2 Сега веќе многу скоро, Исус ќе ги прими во небесното живеалиште последните од остатокот од ‚малото стадо‘, кој се намалува (Лука 12:32; Јован 14:2, 3). Годинава, остатокот од помазаниците заедно со растечкото големо множество „други овци“ повторно ќе ја имаат предноста да ја прослават Господовата вечера на 11 април (Јован 10:16; Откр. 7:9, 10). Ќе биде зајакнато ценењето за Јеховината голема љубов испраќајќи го својот единороден Син во корист на човештвото. Ќе биде истакнат Исусовиот пример, неговата љубов, неговата верност до смрт обезбедувајќи ја откупнината и неговото сегашно владеење како Цар на Божјето воспоставено Царство, како и благословите кои тоа Царство ќе му ги донесе на човештвото. Навистина прилика за спомен!
3 Подготви се сега: Нека сите работиме на тоа оваа сезона на Меморијалот да ја направиме сезона на голема радост и благодарност — за себе и за сите оние кои ќе се дружат со нас. Можеме да го подготвиме своето срце со тоа што повторно ќе ги читаме библиските извештаи во врска со последните неколку дена од Исусовата служба и настаните кои воделе до неговата смрт. Нашата семејна студија во неколкуте седмици пред Меморијалот би можеле да ја посветиме на повторување на 112—116. поглавје од книгата Најголемиот човек.
4 Колкумина знаеш кои би можеле да дојдат на Меморијалот доколку преземеш иницијатива да го изградиш нивното ценење за оваа прилика, да ги поканиш и да направиш да се чувствуваат добредојдени? Сега направи список и стори што можеш за да им помогнеш да дојдат. После тоа, помогни им и понатаму духовно да растат охрабрувајќи ги редовно да присуствуваат на состаноците.
5 Во текот на сезоната на Меморијалот, ќе бидат направени специјални подготовки за да се зголемат сечии прилики за проповедање. Со добро планирање, можеш ли да бидеш помошен пионер во април? во мај? Еден од најдобрите начини да покажеме дека со ценење се сеќаваме на сѐ што за нас значи Исусовата жртва е да зборуваме за нашиот Бог, Јехова, и за благословите што ќе ги донесе таа царска влада преку неговиот Син (Псал. 78:13; 146:1).