Изградувај го интересот со правење на делотворни повторни посети
1 Секој добро подготвен говор вклучува увод кој го зголемува интересот, информативен дел и подбудувачки заклучок. Уводот го привлекува вниманието на слушателите, но без главниот дел и заклучокот говорот би бил непотполн. Истото начело важи и за нашата служба. Одлична работа е да се поттикне интересот на станарот при првата посета, но мораме да го изградуваме тој почетен интерес така што ќе правиме делотворни повторни посети.
2 Зошто Бог допушта страдања? Какво прашање кое наведува на размислување! Зарем не се сложуваш дека оваа тема се врти во мислите на многу луѓе денес? Токму затоа во горната статија беше предложено да го поставиш ова прашање на крајот од првата посета, имајќи во вид да одговориш кога ќе направиш повторна посета.
3 Би можел да речеш:
◼ „Здраво. Последниот пат кога разговаравме дојдовме до темата зошто Бог ги допушта страдањата, и јас ветив дека ќе се вратам со неколку информации за вас. Многу луѓе сметаат дека ако Бог навистина се грижи за нас, тој би им ставил крај на страдањата. Можеби и вие го мислите истото. [Дозволи му на станарот да одговори.] Библијата нѐ уверува дека Бог навистина се грижи. [Прочитај 1. Јов. 4:8.] Бог има добри причини што допуштил страдањата да постојат сѐ досега. Една од тие причини е објаснета во 2. Петрово 3:9. [Прочитај.] Други причини се изнесени во оваа брошура.“ Потоа отвори на 15. страница од брошурата Гледај! Сѐ ново создавам! и разгледај една интересна мисла.
4 Некои станари можеби се заинтересирани за потемелно објаснување и може да бидат неопходни неколку повторни посети пред да бидат потполно задоволни со одговорот. Поголем број на книги од 192 страници, кои ќе се нудат во текот на јануари, содржат поглавје кое може да се користи како основа за натамошна дискусија на таа тема.
5 Додека ја привршуваш дискусијата, постави друго прашање и кажи му на станарот дека ќе ти биде драго да споделиш неколку интересни информации со него кога ќе дојдеш повторно. Многу луѓе веројатно би сакале да знаат што се случува со човекот при смртта. Зошто да не се договориш да дискутираш на таа тема во некое згодно време?
6 Ќе ти биде од корист ако задржиш на ум три основни начела. Биди приспособлив. Станарот можеби нема навика да одвои посебно време за да разговара за Библијата. Биди краток. Не останувај премногу долго и не зборувај на многу теми одеднаш. Во повеќето случаи, ќе има поповолна реакција на твоите посети ако разгледаш само неколку мисли во кратко време. Биди срдечен и пријателски настроен. Покажи му на станарот дека си лично заинтересиран за него како личност.
7 Наша непосредна цел е да го вклучиме станарот во библиски разговор. Потоа ќе сакаме да започнеме продуктивна домашна библиска студија со некоја прикладна публикација, како што е книгата Живеј засекогаш. Можеш да ја доживееш таа радост ако трпеливо градиш на почетниот интерес така што ќе правиш делотворни повторни посети.