ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/08 стр. 8
  • Дали ги користиш во службата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ги користиш во службата?
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Сличен материјал
  • Како да развиеме способност за расудување
    Нашата служба за Царството 2000
  • Работење на често обработувани подрачја
    Нашата служба за Царството 1994
Нашата служба за Царството 2008
km 12/08 стр. 8

Дали ги користиш во службата?

1. На кој начин апостол Павле и Исус ги поучувале другите?

1 Апостол Павле постојано се трудел да разговара со луѓето „на темел на Писмата“ (Дела 17:2, 3; 18:19). Со тоа го следел примерот на Исус, кој често цитирал од Светото писмо и користел споредби за да им помогне на слушателите да разберат која е Божјата волја (Мат. 12:1-12). И ние можеме да го правиме тоа со помош на брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии и со додатокот Библиски теми за разговор, што се наоѓа на крајот од нашите Библии.

2. Како би можеле да подготвуваме делотворни уводи?

2 Како да подготвиш делотворни уводи: Во брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии, на страници 2-7, се наоѓаат уводи што можат да ги поттикнат луѓето да посакаат да дознаат нешто повеќе за Библијата. Доколку научиш и користиш различни уводи — особено ако често го обработуваш подрачјето — службата ќе ти биде поинтересна и ќе успееш полесно да започнуваш разговор со луѓето. Кога сведочиш преку телефон или кога зборуваш преку домофон во згради со високо обезбедување, уводите можеш да ги читаш директно од брошурката.

3. Какви практични информации за службата има на страници 8-16 од таа брошурка?

3 Ако некој сака да го прекине разговорот: Пред да одиш во служба, одвој си неколку минути за да размислиш на каков приговор можеби ќе наидеш на подрачјето и потоа разгледај ги предлозите на страници 8-12 за тоа што би можел да одговориш. Што ако некој станар е будист, хиндус, Евреин или муслиман? Корисни информации можеш да најдеш на страници 13-16.

4. Како би можеле со помош на додатокот Библиски теми да одговориме на некое прашање или на некој приговор?

4 Како да одговараш на прашања: Кога некој ќе ни постави прашање или ќе даде некаков приговор, може да го користиме и додатокот Библиски теми за разговор. Едноставно кажи му на станарот дека би сакал да му прочиташ нешто интересно за таа тема и отвори ја твојата Библија кај додатокот. Бидејќи темите се наведени по азбучен ред, побарај го главниот наслов каде што мислиш дека ќе ги најдеш потребните библиски стихови. Потоа разгледај ги поднасловите со масни букви и избери кој стих ќе го прочиташ за да му одговориш на прашањето.

5. За што друго може да ни користи додатокот Библиски теми?

5 За што друго е корисен Додатокот: Некои си носат со себе Библија на работното место или на училиште и ја користат за да одговорат на прашањата како: ,Зошто не славите празници?‘ Освен тоа, ако посетуваш некој што е болен или кому му умрел некој близок, можеш да најдеш утешни стихови во Библијата под насловите „Воскресение“ или „Смрт“. Исто така, додатокот Библиски теми за разговор може да им користи и на оние што подготвуваат говори и водат состаноци за проповедање.

6. Која е нашата цел кога проповедаме?

6 Кога проповедаме, нашата цел не е да им докажеме на другите дека ние сме во право ниту, пак, само да им пренесеме информации. Ние сакаме вешто да разговараме на темел на Библијата. Со тоа што добро ги користиме разните публикации кои нашата организација ни ги дава за службата, покажуваме дека добро внимаваме како поучуваме (1. Тим. 4:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели