ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w18 Февруари стр. 28-30
  • Радост — особина што ни ја дава Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Радост — особина што ни ја дава Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО Е РАДОСТ?
  • ПРИМЕРИ КОИ САКАМЕ ДА ГИ СЛЕДИМЕ
  • ПРИЧИНИ ЗА РАДОСТ
  • КАКО ДА СИ ЈА ЗГОЛЕМИМЕ РАДОСТА
  • КАКО НИ КОРИСТИ РАДОСТА
  • Служи му на Јехова со радосно срце
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Служи му на Јехова со радост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Радоста Јеховина е наша тврдина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • „Праведникот ќе му се радува на Јехова“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
w18 Февруари стр. 28-30

Радост — особина што ни ја дава Бог

  • ЉУБОВ

  • РАДОСТ

  • МИР

  • ДОЛГОТРПЕЛИВОСТ

  • ЉУБЕЗНОСТ

  • ДОБРОТА

  • ВЕРА

  • БЛАГОСТ

  • САМОСОВЛАДУВАЊЕ

ЛУЃЕТО сакаат да бидат среќни. Но, бидејќи живееме во последните денови, секој човек се соочува со некаков проблем (2. Тим. 3:1). Некои ја изгубиле радоста поради тоа што доживеале неправди, се разболеле, го изгубиле работното место, им починал некој близок или поради некоја друга причина. Дури и слугите на Јехова можат да се обесхрабрат и постепено да ја изгубат радоста. Ако тоа ти се случило и тебе, како можеш повторно да бидеш радосен?

За да одговориме на ова прашање, прво мора да дознаеме што е вистинска радост и како некои Божји слуги успеале да останат радосни и покрај неволјите со кои се соочиле. Потоа, ќе видиме како можеме да ја зачуваме нашата радост, па дури и да ја зголемиме.

ШТО Е РАДОСТ?

Да се биде радосен не е исто со тоа да се биде весел. Да наведеме еден пример: Некој што испил премногу алкохол може да почне многу да се смее. Но, кога ќе се отрезни, веќе нема да се смее и можеби ќе сфати дека сѐ уште ги има истите проблеми. Тој бил весел само за кратко време, и тоа не била вистинска радост (Изр. 14:13).

Од друга страна, радоста е силно чувство што го имаме во срцето кога добиваме или очекуваме нешто добро. Радоста не зависи од тоа какви се нашите околности (1. Сол. 1:6). Всушност, можеме да бидеме вознемирени поради нешто, но сепак да чувствуваме радост. На пример, апостолите биле истепани затоа што проповедале за Исус. Сепак, тие си заминале од Судскиот совет радувајќи се што биле достојни да поднесат срам поради неговото име (Дела 5:40, 41). Очигледно тие не биле радосни поради тоа што биле истепани, туку бидејќи му останале верни на Бог.

Радоста не е нешто со кое се раѓаме ниту, пак, се развива сама од себе. Зошто? Бидејќи вистинската радост е еден од плодовите на Божјиот свет дух. Тој ни помага да ја развиеме „новата личност“, во што спаѓа и радоста (Еф. 4:24; Гал. 5:22). А кога имаме радост, полесно можеме да се справиме со нашите проблеми.

ПРИМЕРИ КОИ САКАМЕ ДА ГИ СЛЕДИМЕ

Јехова сакал на Земјата да се случуваат добри работи, а не лошите работи што ги гледаме речиси секој ден. Но, иако луѓето прават лоши работи, Јехова не ја изгубил радоста. Во Библијата пишува: „Силата и радоста се во неговото светилиште“ (1. Лет. 16:27). Освен тоа, Јехова се радува поради добрите работи што ги прават неговите слуги (Изр. 27:11).

Можеме да го следиме примерот на Јехова така што нема да ја изгубиме радоста доколку работите не излезат онака како што сме очекувале. Наместо да бидеме претерано загрижени, можеме да се концентрираме на добрите работи што ги имаме и стрпливо да чекаме да добиеме уште подобри работи во иднина.a

Во Библијата се запишани голем број примери на луѓе кои ја зачувале својата радост иако имале многу проблеми. Авраам останал радосен дури и кога животот му бил во опасност и кога други му правеле проблеми (1. Мој. 12:10-20; 14:8-16; 16:4, 5; 20:1-18; 21:8, 9). Како успеал во тоа? Тој постојано ја имал на ум надежта за живот во новиот свет под власта на Месијата (1. Мој. 22:15-18; Евр. 11:10). Исус рекол: „Вашиот татко Авраам многу се радуваше на надежта дека ќе го види мојот ден“ (Јован 8:56). И ние, како Авраам, можеме да размислуваме за радоста што ќе ја доживееме во иднина (Рим. 8:21).

Апостол Павле и Сила исто така имале цврста вера и ја зачувале радоста и покрај многуте тешкотии низ кои минувале. На пример, откако биле претепани и фрлени во затвор, тие се молеле и со песна го фалеле Јехова (Дела 16:23-25). Павле и Сила можеле да го издржат сето тоа затоа што продолжиле да размислуваат за Божјите ветувања за иднината. Освен тоа, тие биле радосни бидејќи знаеле дека страдаат поради тоа што се следбеници на Исус. И ние можеме да бидеме како Павле и Сила ако задржиме на ум што се постигнува со тоа што му остануваме верни на Бог (Фил. 1:12-14).

И денес има многу браќа и сестри кои остануваат радосни и покрај тоа што доживуваат различни неволји. На пример, во ноември 2013 год., силниот тајфун Хајан кој ги погоди Филипините ги уништи домовите на повеќе од 1.000 семејства Сведоци. Џорџ, чиј дом во градот Таклобан бил целосно уништен, рекол: „И покрај тоа што се случи, браќата се среќни. Не можам да ја опишам радоста што ја чувствуваме“. Ако размислуваме за она што Јехова го прави за нас и сме благодарни за тоа, ќе останеме радосни дури и кога доживуваме тешки неволји. Кои други причини ги имаме за да бидеме радосни?

ПРИЧИНИ ЗА РАДОСТ

Постои ли поголема причина за радост од тоа што имаме близок однос со Јехова? Само помисли на ова: Ние го познаваме Владетелот на целиот универзум. Тој е наш Татко, Бог и Пријател! (Пс. 71:17, 18).

Исто така, благодарни сме што Јехова ни дал живот и способност да уживаме во него (Проп. 3:12, 13). Бидејќи тој нѐ привлекол кон себе, ја знаеме неговата волја за нас и нашиот живот има вистинска смисла (Кол. 1:9, 10). Сепак, повеќето луѓе не знаат која е смислата на животот. За да ја истакне оваа разлика, Павле напишал: „’Што окото не видело и увото не чуло, и што не му дошло во срцето на човекот, тоа Бог им го подготви на оние што го сакаат‘. А нам Бог ни го откри тоа со својот дух“ (1. Кор. 2:9, 10). Тоа што знаеме која е Јеховината волја и намера, ни помага да бидеме радосни.

Размисли што друго направил Јехова за нас. Тој овозможил да ни бидат простени гревовите (1. Јов. 2:12). Ни дава надеж да живееме во новиот свет кој е на прагот (Рим. 12:12). Уште денес, Јехова ни дал браќа и сестри со кои можеме заедно да му служиме (Пс. 133:1). Исто така, нѐ штити од Сатана и демоните (Пс. 91:11). Ако размислуваме за сите прекрасни работи што ни ги дал Бог, нашата радост ќе станува сѐ поголема (Фил. 4:4).

КАКО ДА СИ ЈА ЗГОЛЕМИМЕ РАДОСТА

Дали еден радосен христијанин може да стане уште порадосен? Исус рекол: „Ова ви го зборував за да биде мојата радост во вас, и вашата радост да биде потполна“ (Јован 15:11). Овие зборови покажуваат дека можеме да ја зголемиме нашата радост. Радоста може да ја споредиме со оган. Ако сакаме огнот да стане посилен, мора да му додаваме повеќе дрва. Слично на тоа, за да ја зголемиме радоста, мора да си ја зајакнеме духовноста. Не заборавај: Радоста е плод на светиот дух. Значи, ако сакаме да си ја зголемиме радоста, треба редовно да го молиме Јехова да ни го дава светиот дух. Освен тоа, треба длабоко да размислуваме за Библијата, која е напишана под водство на Божјиот дух (Пс. 1:1, 2; Лука 11:13).

Ќе бидеме порадосни ако сме зафатени со работи кои му се допаѓаат на Јехова (Пс. 35:27; 112:1). Зошто? Затоа што сме создадени за да ја вршиме Божјата волја. Во Библијата пишува: „Бој се од вистинскиот Бог и држи ги неговите заповеди. Зашто, тоа е целата должност на човекот“ (Проп. 12:13). Значи, вистински можеме да уживаме во животот само кога му служиме на Јехова.b

КАКО НИ КОРИСТИ РАДОСТА

Тоа што ќе се трудиме да ја зголемиме радоста ќе ни користи на многу начини. На пример, Јехова ќе биде задоволен со нас кога ќе види дека продолжуваме радосно да му служиме и покрај проблемите (5. Мој. 16:15; 1. Сол. 5:16-18). Исто така, бидејќи имаме вистинска радост, нема да мислиме дека најважното нешто во животот е да стекнеме материјални работи. Наместо тоа, ќе се трудиме да правиме уште поголеми жртви за Божјето Царство (Мат. 13:44). А, кога ќе ги видиме добрите резултати од тие жртви, ќе бидеме порадосни, ќе бидеме позадоволни со себеси и ќе се трудиме да ги правиме другите посреќни (Дела 20:35; Фил. 1:3-5).

Исто така, кога сме радосни, тоа позитивно се одразува врз нашето здравје. Во Библијата пишува: „Веселото срце дејствува добро како лек“ (Изр. 17:22). Откако разгледувал повеќе истражувања поврзани со здравјето, еден истражувач на универзитетот во Небраска (САД) кажал нешто што е во склад со Библијата. Тој изјавил: „Ако си среќен и задоволен со животот сега, поверојатно е дека ќе имаш подобро здравје во иднина“.

Според тоа, иако живееме во тешко време, можеме да имаме вистинска радост благодарение на светиот дух што го добиваме додека се молиме, ја проучуваме Божјата Реч и длабоко размислуваме за неа. Освен тоа, ќе бидеме порадосни ако размислуваме за добрите работи што ни ги дава Јехова денес, ако го следиме примерот на други верни Божји слуги и ако се трудиме да ја вршиме Божјата волја. Така ќе можеме на своја кожа да ја почувствуваме вистинитоста на зборовите запишани во Псалм 64:10, каде што стои: „Праведникот ќе му се радува на Јехова — тој ќе биде негово прибежиште“.

a Долготрпеливоста ќе ја разгледаме во една од наредните статии во кои се обработуваат плодовите на духот.

b За да дознаеш што друго може да ти помогне да имаш поголема радост, види ја рамката „Други начини како да ја зголемиш радоста“.

Други начини како да ја зголемиш радоста

  • Води едноставен живот (Лука 12:15).

  • Биди скромен и немој да имаш преголеми очекувања од себеси и од другите (Мих. 6:8; Фил. 4:5).

  • Внимавај другите активности (работата, училиштето или рекреацијата) да не те спречат да ги оствариш твоите духовни цели (Еф. 5:15, 16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели