Евангелие според Марко
1 Почеток на добрата вест за Исус Христос: 2 во книгата на пророкот Исаија е напишано: „(Еве, јас го праќам пред твоето лице својот гласник, кој ќе ти го подготви патот.)*+ 3 Слушајте! Некој вика во пустината: ‚Подгответе му го патот на Јехова, израмнете ги неговите патеки!‘ “+ 4 Така крстителот Јован се појави во пустината, проповедајќи им на луѓето дека треба да се крстат во знак на покајание, кое е потребно за простување на гревовите.+ 5 Затоа кај него доаѓаа луѓето од целиот јудејски крај и сите жители на Ерусалим, и тој ги крштаваше во реката Јордан, а тие јавно ги признаваа своите гревови.+ 6 Јован беше облечен во облека од камилски влакна, имаше кожен појас околу половината+ и јадеше скакулци+ и див мед.+ 7 И проповедаше: „По мене доаѓа некој што е посилен од мене. Јас не сум достоен да се наведнам и да му ги одврзам ремчињата на сандалите.+ 8 Јас ве крстив со вода, а тој ќе ве крсти со свет дух“.+
9 Во тие денови дојде Исус од Назарет во Галилеја, и Јован го крсти во Јордан.+ 10 И веднаш, кога излегуваше од водата, виде како небесата се разделуваат и како духот, во вид на гулаб, слегува на него.+ 11 И од небото се слушна глас: „Ти си мојот сакан Син! Ти си по мојата волја!“+
12 И духот веднаш го натера да оди во пустината.+ 13 Така четириесет дена+ остана во пустината, каде што Сатана го искушуваше,+ и беше со дивите животни, а ангелите му служеа.+
14 Откако Јован беше затворен, Исус отиде во Галилеја+ за да ја проповеда Божјата добра вест.+ 15 Тој велеше: „Се наврши времето+ и се приближи Божјето царство. Покајте се+ и верувајте во добрата вест“.
16 А додека одеше покрај Галилејското Море,* ги виде Симон+ и Андреј, братот на Симон, како фрлаат мрежи во морето, бидејќи беа рибари.+ 17 А Исус им рече: „Тргнете по мене, и ќе ве направам рибари на луѓе“.+ 18 И веднаш ги оставија мрежите и појдоа по него.*+ 19 А кога отиде малку понатаму, ги виде Јаков, синот на Зеведеј, и брат му Јован. Тие си ги крпеа мрежите во својот чамец.+ 20 И веднаш ги повика. Тогаш го оставија татка си Зеведеј во чамецот со наемниците и тргнаа по него. 21 И се упатија кон Капернаум.+
Веднаш во саботата* влезе во синагогата и почна да поучува. 22 И беа восхитени од неговото учење,+ зашто ги поучуваше како некој зад чии зборови стои Бог, а не како книжниците.+ 23 А во нивната синагога во моментот се затече еден човек обземен од нечист дух. Тој викаше:+ 24 „Што имаме ние со тебе, Исусе Назареќанецу?+ Дојде ли за да нѐ уништиш? Знам+ точно кој си ти: Светецот+ Божји!“+ 25 А Исус го прекори: „Замолчи и излези од него!“+ 26 И откако го фрли во грч и викаше на сет глас, нечистиот дух излезе од него.+ 27 А сите беа толку вчудовидени што почнаа да зборуваат меѓу себе: „Што е ова? Ново учење! Има власт да им заповеда дури и на нечистите духови, и тие го слушаат!“+ 28 Така веста за него веднаш се рашири на сите страни по целата галилејска околија.+
29 И веднаш излегоа од синагогата и отидоа со Јаков и Јован во куќата на Симон+ и Андреј. 30 А Симоновата тешта+ лежеше болна од треска,+ и веднаш му кажаа за неа. 31 Ѝ пристапи, ја фати за рака и ја подигна. И треската ја напушти,+ и таа почна да ги послужува.+
32 А вечерта, кога зајде сонцето, луѓето почнаа да му ги доведуваат сите болни+ и обземени од демони.+ 33 И целиот град се собра пред вратата. 34 Така излекува мнозина што боледуваа од разни болести,+ и истера многу демони, но не им дозволуваше на демоните да зборуваат, бидејќи знаеја дека тој е Христос.*+
35 А рано изутрината, додека уште беше мрак, стана и излезе надвор, па отиде на осамено место+ и таму се молеше.+ 36 Но, Симон и оние што беа со него, потрчаа по него 37 и го најдоа, па му рекоа: „Сите те бараат“. 38 А тој им рече: „Да појдеме на друго место, во блиските места за да проповедам+ и таму, бидејќи за тоа и дојдов“.+ 39 И отиде и проповедаше во нивните синагоги по цела Галилеја и истеруваше демони.+
40 И дојде кај него еден лепрозен и го молеше на колена: „Ако сакаш, можеш да ме исчистиш“.+ 41 Тој го сожали,+ ја протегна раката, го допре и му рече: „Сакам, исчисти се!“+ 42 И лепрата веднаш му се изгуби, и тој стана чист.+ 43 И веднаш го испрати и му нареди: 44 „Гледај никому ништо да не кажуваш, туку оди кај свештеникот,+ покажи му се и принеси го за своето исчистување она што го пропиша Мојсеј,+ ним за сведоштво“.+ 45 Но штом си замина, почна насекаде да зборува и да шири глас за тоа, така што Исус повеќе не можеше јавно да влезе во ниту еден град, туку се задржуваше на осамени места. Сепак, луѓето од сите страни доаѓаа кај него.+
2 А по неколку дена, повторно дојде во Капернаум, и се расчу дека е дома.+ 2 Затоа се собраа мнозина, толку многу што повеќе немаше место, дури ни на вратата. Тој почна да им зборува за Божјата реч.+ 3 И дојдоа луѓе и му донесоа еден парализиран човек. Четворица го носеа.+ 4 Бидејќи не можеа да го донесат до Исус, поради многубројниот народ, го открија покривот над местото каде што беше и направија отвор, па ја спуштија носилката на која лежеше парализираниот.+ 5 Кога ја виде нивната вера,+ Исус му рече на парализираниот: „Синко, простени ти се гревовите“.+ 6 А таму беа некои книжници, кои седеа и си размислуваа во срцето:+ 7 „Што зборува овој вака? Тој хули! Кој може да простува гревови, освен еден, Бог?“+ 8 А Исус веднаш проѕре дека така размислуваат во себе, па им рече: „Зошто размислувате така во своите срца?+ 9 Што е полесно? Да му се рече на парализираниот: ‚Простени ти се гревовите‘, или да се рече: ‚Стани, земи си ја носилката и оди‘?+ 10 Но знајте дека Синот човечки+ има власт да ги простува гревовите на земјата“.+ Тогаш му рече на парализираниот: 11 „Тебе ти велам: стани, земи си ја носилката и оди си дома!“+ 12 И тој стана, веднаш си ја зеде носилката и излезе пред сите.+ А сите се воодушевија и го славеа Бог, велејќи: „Вакво нешто никогаш не сме виделе!“+
13 И повторно излезе покрај морето. Сиот народ доаѓаше кај него, и тој го поучуваше. 14 Поминувајќи оттаму, го здогледа Леви,+ синот на Алфеј, како седи на местото каде што се собираше данок, па му рече: „Појди по мене“. Тогаш тој стана и појде по него.+ 15 Кога Исус беше на трпезата* во неговата куќа, многу даночници+ и грешници беа на трпезата со него и со неговите ученици. Таму имаше мнозина од оние што појдоа по него.+ 16 Но кога книжниците од фарисејската* секта видоа дека јаде со грешниците и со даночниците, им рекоа на неговите ученици: „Зар тој јаде со даночници и со грешници?“+ 17 Кога го чу тоа, Исус им рече: „На силните не им треба лекар, туку на болните. Не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците“.+
18 А учениците на Јован и фарисеите имаа обичај да постат. Затоа дојдоа и му рекоа: „Зошто учениците на Јован и учениците на фарисеите постат, а твоите ученици не постат?“+ 19 А Исус им рече: „Можат ли пријателите на младоженецот да постат додека тој е со нив?+ Сѐ додека младоженецот е со нив, тие не можат да постат.+ 20 Но ќе дојдат денови кога младоженецот ќе им биде одземен, и тогаш ќе постат, во тој ден.+ 21 Никој не пришива на стара облека закрпа од ткаенина што уште не се собрала. Инаку новата закрпа ќе се откине од старата ткаенина, па дупката ќе стане уште поголема.+ 22 И никој не става ново вино во стари мешини. Инаку виното ќе ги скине мешините, па ќе пропаднат и виното и мешините.+ Туку ново вино се става во нови мешини“.+
23 Еднаш во сабота* поминуваше низ житни полиња, а неговите ученици патем си кинеа+ класје.+ 24 Тогаш фарисеите му рекоа: „Гледај ги! Зошто го прават во сабота она што не е дозволено?“+ 25 А тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид+ кога му снема храна, па огладнеа и тој и луѓето што беа со него,+ 26 дека влезе во Божјиот дом, според извештајот за Авијатар,+ главниот свештеник, па ги изеде лебовите ставени пред Бог,+ од кои не смееше да јаде никој друг освен свештениците,+ а им ги даде и на луѓето што беа со него?“+ 27 Потоа им рече: „Саботата е создадена за човекот,+ а не човекот за саботата.+ 28 А тоа значи дека Синот човечки е Господар и на саботата“.+
3 Повторно влезе во синагогата. Таму имаше еден човек со исушена рака.+ 2 Фарисеите го посматраа Исус за да видат дали ќе го излекува во сабота,* за да можат да го обвинат.+ 3 А тој му рече на човекот со исушена рака: „Застани насреде!“ 4 Потоа им рече: „Дали е дозволено во сабота да се прави добро или да се прави лошо, да се спаси живот* или да се убие?“+ А тие молчеа. 5 И налутено ги погледна сите наоколу, длабоко разжалостен поради неосетливоста на нивните срца,+ па му рече на човекот: „Испружи ја раката!“ Тој ја испружи, и раката му оздраве.+ 6 Тогаш фарисеите излегоа и веднаш почнаа да се договараат со Иродовите следбеници+ како да го убијат.+
7 А Исус со своите ученици се повлече кон морето. По него одеше многуброен народ од Галилеја и од Јудеја.+ 8 И од Ерусалим и од Идумеја и од другата страна на Јордан, како и од околината на Тир+ и Сидон дојде кај него многуброен народ кога слушнаа за сето она што го прави. 9 И на своите ученици им рече да има за него секогаш подготвен чамец за да не се тиска народот околу него. 10 Зашто, излекува мнозина, така што сите оние што беа тешко болни навалуваа на него за да го допрат.+ 11 Дури и нечистите духови,+ штом ќе го видеа, паѓаа ничкум пред него и викаа: „Ти си Синот Божји!“+ 12 Но тој многупати им забрани да шират глас за него.+
13 И се качи на гората и ги повика оние што сакаше+ да ги повика, и тие отидоа кај него.+ 14 И ги избра дванаесеттемина, кои ги нарече апостоли, за да бидат со него, и да ги испраќа да проповедаат,+ 15 и да имаат власт да истеруваат демони.+
16 А дванаесеттемина што ги избра беа: Симон, кого го нарече Петар,+ 17 и Јаков, синот на Зеведеј, и Јован, братот на Јаков+ (нив ги нарече и Воанергес, што значи „синови на громот“), 18 и Андреј, и Филип, и Вартоломеј, и Матеј, и Тома, и Јаков, синот на Алфеј, и Тадеј, и Симон Ревнителот,* 19 и Јуда Искариот, кој подоцна го предаде.+
И влезе во една куќа. 20 Повторно се собра народ, така што не можеа ни да јадат.+ 21 Кога слушнаа за тоа, неговите роднини+ дојдоа да го одведат, зашто велеа: „Се мрднал од умот“.+ 22 А книжниците, кои дојдоа од Ерусалим, велеа: „Го обзел Велзевул,* и ги истерува демоните со помош на владетелот на демоните“.+ 23 Тогаш ги повика кај себе и почна да им зборува со споредби: „Како може Сатана да го истерува Сатана? 24 Ако едно царство се раздели во себе, тоа царство не може да опстане.+ 25 И ако една куќа се раздели во себе, таа куќа не ќе може да опстане.+ 26 Исто така, ако Сатана се крене самиот против себе и се раздели, не ќе може да опстане, туку ќе пропадне.+ 27 Никој не може да влезе во куќата на некој силен човек и да му ја ограби+ покуќнината ако најнапред не го врзе. Тогаш ќе му ја ограби куќата.+ 28 Вистина, ви велам, сѐ ќе им биде простено на синовите човечки, сеедно какви се гревовите и хулите со кои похулиле.+ 29 Но, секој што ќе похули на светиот дух, нему нема да му биде простено довека, туку е виновен за вечен грев“.+ 30 Тоа го рече бидејќи велеа: „Обземен е од нечист дух“.+
31 И дојдоа мајка му и неговите браќа.+ Додека стоеја надвор, испратија човек кај него за да го викне.+ 32 А околу него седеа мноштво луѓе. И му рекоа: „Ене, надвор се мајка ти и твоите браќа и те бараат“.+ 33 А тој им одговори: „Која е мојата мајка и кои се моите браќа?“+ 34 И, откако ги погледна оние што седеа во круг околу него, рече: „Еве ги мојата мајка и моите браќа!+ 35 Секој што ја врши Божјата волја, тој ми е и брат, и сестра, и мајка“.+
4 И повторно почна да поучува покрај морето.+ А околу него се насобра многу народ, па тој влезе во еден чамец, кој беше во морето, и седна во него, а сиот тој народ беше покрај морето, на брегот.+ 2 Ги поучуваше за многу работи, служејќи се со споредби.+ Додека ги поучуваше, им велеше:+ 3 „Слушајте! Еден сејач излезе да сее.+ 4 Додека сееше, дел од семето падна покрај патот, па дојдоа птици и го исколваа.+ 5 А дел од него падна на каменито место, каде што немаше доволно земја. И веднаш никна, зашто земјата не беше длабока.+ 6 Но, кога излезе сонцето, го спржи и се исуши бидејќи немаше корен.+ 7 А дел, пак, падна меѓу трња, и трњата нараснаа и го задушија, па не даде плод.+ 8 А дел падна на добра земја.+ Никна, израсна и почна да дава плод, па даваше триесет, шеесет и сто пати повеќе од посеаното“.+ 9 И додаде: „Кој има уши да слуша, нека слуша“.+
10 А кога остана сам, оние што со дванаесеттемина беа околу него го прашаа за споредбите.+ 11 И им рече: „Вам ви е дадено да ја разберете светата тајна+ на Божјето царство, а за оние што се надвор, сѐ се кажува со споредби,+ 12 за да гледаат со очите, а да не видат, да слушаат со ушите, а да не разбираат, и за да не се обратат, па да добијат простување“.+ 13 И уште им рече: „Ако не ја сфаќате оваа споредба, како ќе ги разберете сите други споредби?
14 Сејачот ја сее речта.+ 15 Она покрај патот, каде што е посеана речта, тоа се оние што слушаат, но веднаш потоа доаѓа Сатана+ и ја одзема речта што е посеана во нив.+ 16 А посеаното на каменито место, тоа се оние што, кога ќе ја слушнат речта, веднаш ја прифаќаат со радост,+ 17 но немаат корен во себе, туку се одржуваат само некое време, а кога ќе дојде до неволја или до прогонство поради речта, веднаш се колебаат.+ 18 А посеаното меѓу трње, тоа се оние што ја слушаат речта,+ 19 но во срцето им се вовлекуваат грижите+ од овој свет,* примамливото богатство+ и желбите+ за сѐ друго, и ја задушуваат речта, па таа останува без плод.+ 20 А она што е посеано на добра земја, тоа се оние што ја слушаат речта и ја прифаќаат, па донесуваат плод — триесет, шеесет и стопати повеќе од посеаното“.+
21 Уште им рече: „Се донесува ли светилка за да се стави под кошница* или под кревет? Зарем не се донесува за да се стави на светилник?+ 22 Зашто, сѐ што е тајно, треба да се открие, и сѐ што е скриено, треба да излезе на видело.+ 23 Кој има уши да слуша, нека слуша“.+
24 И уште им рече: „Внимајте на ова што го слушате.+ Со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери,+ и уште ќе ви се додаде.+ 25 Зашто, на оној што има, уште ќе му се даде, а на оној што нема, ќе му се одземе и она што го има“.+
26 И уште рече: „Божјето царство е како кога човек фрла семе на земја,+ 27 и ноќе спие и дење станува, а семето никнува и расте, а тој и не знае како.+ 28 Земјата сама од себе постепено донесува плод — прво стебленце, потоа клас и, на крајот, полно зрно во класот. 29 А штом плодот ќе созрее, тој го зема српот, зашто дошло времето за жетва“.
30 И уште рече: „Со што да го споредиме Божјето царство? Со каква споредба да го прикажеме?+ 31 Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее во земјата, е најмалото од сите семиња на земјата.+ 32 Но кога еднаш ќе се посее, израснува и станува поголемо од сите други растенија во градината, и пушта големи гранки,+ така што птиците небесни+ можат да се населат под неговата сенка“.+
33 И со многу такви споредби+ им ја кажуваше речта Божја, колку што можеа да разберат. 34 Секогаш им зборуваше со споредби, а на своите ученици сѐ им објаснуваше кога беше насамо со нив.+
35 Тој ден, вечерта, им рече: „Да преминеме на другиот брег“.+ 36 И кога го испратија народот, го поведоа со чамецот во кој седеше. А го следеа и други чамци.+ 37 Одеднаш се подигна силна бура, и брановите удираа во чамецот, така што чамецот скоро ќе потонеше.+ 38 А тој беше на крмата и спиеше на перницата. Тогаш го разбудија и му рекоа: „Учителе, зарем не ти е грижа што ќе загинеме?“+ 39 Тогаш тој стана, му се закани на ветрот и му рече на морето: „Смири се! Молкни!“+ И ветрот стивна, и настана потполна тишина.+ 40 И им рече: „Што сте се уплашиле? Зар сѐ уште немате вера?“ 41 А нив ги обзеде голем страв, и си велеа еден на друг: „Кој е овој кого дури и ветрот и морето го слушаат?“+
5 И дојдоа на другата страна од морето, во герасинскиот крај.+ 2 И штом излезе од чамецот, откај гробиштата му дојде во пресрет еден човек обземен од нечист дух.+ 3 Тој живееше меѓу гробовите, и никој не можеше да го врзе, дури ни со синџири. 4 Честопати беше врзуван со окови и со синџири, но секојпат ги кинеше синџирите и ги кршеше оковите. Никој не можеше да го скроти. 5 И без престан, ноќе и дење, викаше по гробовите и по ридовите и се удираше со камења. 6 Но, кога го здогледа Исус оддалеку, потрча и му се поклони, 7 па извика на цел глас:+ „Што имам јас со тебе Исусе, Сине на Севишниот Бог?+ Те заколнувам во Бога+ да не ме мачиш!“+ 8 Зашто, Исус му велеше: „Нечист духу, излези од овој човек!“+ 9 И го праша: „Како се викаш?“ А тој му одговори: „Името ми е Легија,*+ зашто сме многу“.+ 10 И упорно го преколнуваше да не ги истерува од тој крај.+
11 А таму, по ридот, пасеше голем булук+ свињи.+ 12 И го молеа: „Испрати нѐ во свињите, да влеземе во нив“. 13 И тој им дозволи. Тогаш нечистите духови излегоа и влегоа во свињите. И булукот јурна преку стрмната карпа во морето. Во булукот имаше околу две илјади свињи, и сите се удавија во морето.+ 14 А свињарите побегнаа и раширија глас за тоа во градот и во околината. И луѓето дојдоа да видат што се случило.+ 15 Кога дојдоа кај Исус и кога го видоа човекот што беше обземен од демони — оној во кого имаше една легија демони — како седи облечен и со здрав ум, се уплашија. 16 А очевидците им раскажаа што се случи со човекот обземен од демони и со свињите. 17 И почнаа да го молат да си оди од нивниот крај.+
18 Додека влегуваше во чамецот, човекот кој претходно беше обземен од демони почна да го моли да му дозволи и тој да појде со него.+ 19 Но, тој не му дозволи, туку му рече: „Оди си дома кај своите роднини+ и раскажи им за сѐ што направи Јехова+ за тебе и како ти се смилува“.+ 20 И човекот отиде и почна да објавува во Декаполис*+ за сето она што Исус го направи за него. И сите се восхитуваа.+
21 Кога Исус повторно премина со чамецот на спротивниот брег, околу него се собра многу народ. А беше покрај морето.+ 22 И дојде еден од настојниците на синагогата, кој се викаше Јаир. Кога го здогледа, се фрли на колена пред него+ 23 и сесрдно го молеше: „Мојата ќеркичка е на умирање. Те молам, дојди и положи ги рацете+ врз неа за да оздрави и да живее“.+ 24 И Исус замина со него. По него одеа многу луѓе и го притискаа.+
25 А една жена дванаесет години+ страдаше од крвавење+ 26 и претрпе големи маки од многу лекари,+ и потроши сѐ што имаше, и ништо не ѝ беше од полза, туку ѝ беше уште полошо. 27 Кога чу за Исус, му се приближи одзади во мноштвото и му ја допре+ облеката. 28 Си мислеше: „Ако ја допрам само неговата облека, ќе оздравам“.+ 29 И веднаш престана да крвави, па почувствува во телото дека оздраве од својата мачна болест.+
30 Исус веднаш почувствува во себе дека од него излезе сила,+ па се сврте во мноштвото и праша: „Кој ми ја допре облеката?“+ 31 А неговите ученици му одговорија: „Гледаш дека мноштвото те притиска,+ а ти прашуваш: ‚Кој ме допре?‘ “ 32 Но тој погледна наоколу за да ја види жената која го стори тоа. 33 А таа, сета исплашена и растреперена, бидејќи знаеше што ѝ се случи, дојде и се фрли пред него и му ја кажа целата вистина.+ 34 А тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те оздраве. Оди си во мир+ и биди здрава од својата мачна болест“.+
35 Додека уште зборуваше, дојдоа некои луѓе од домот на настојникот на синагогата и рекоа: „Ќерка ти умре! Зошто да го мачиш учителот?“+ 36 Кога Исус го слушна тој разговор, му рече на настојникот на синагогата: „Не плаши се, само верувај!“+ 37 И никому не му дозволи да го придружува, освен на Петар, Јаков и Јован, братот на Јаков.+
38 Кога дојдоа во куќата на настојникот на синагогата, го виде метежот и ги виде луѓето како плачат и редат на сет глас. 39 Влезе и им рече: „Зошто создавате метеж и плачете? Детето не е умрено, туку спие“.+ 40 А тие му се потсмеваа. Но тој ги избрка сите и ги зеде со себе таткото и мајката на детето и оние што беа со него, па влезе таму каде што беше детето.+ 41 И го фати девојчето за рака и му рече: „Талита куми“, што значи: „Девојче, тебе ти велам, стани!“+ 42 И девојчето веднаш стана и почна да оди, а имаше дванаесет години. И беа избезумени од радост.+ 43 А тој неколку пати им заповеда никој да не дознае+ за тоа. И рече да ѝ дадат да јаде.
6 И замина оттаму и дојде во својот роден крај, а неговите ученици го следеа.+ 2 Кога дојде сабота,* почна да поучува во синагогата. Мнозина што го слушаа се восхитија и рекоа: „Од каде му е тоа на овој?+ Од каде му е таквата мудрост и како е можно неговите раце да прават такви моќни дела?* 3 Не е ли ова дрводелецот,+ синот на Марија+ и братот на Јаков,+ Јосиф, Јуда и Симон?+ И не се ли неговите сестри овде со нас?“ И не сакаа да веруваат во него.+ 4 А Исус им рече: „Пророкот никаде не останува без чест, освен во својот роден крај,+ меѓу своите роднини и во својот дом“.+ 5 Затоа, таму не направи никакво моќно дело, освен што ги положи рацете на неколкумина болни и ги излекува. 6 И се чудеше на нивниот недостиг на вера. И ги обиколуваше селата наоколу и ги поучуваше луѓето.+
7 Потоа ги повика дванаесеттемина и почна да ги испраќа двајца по двајца,+ давајќи им власт над нечистите духови.+ 8 И им заповеда да не носат ништо за по пат, освен стап — ни леб, ни торба,+ ни пари во појасите+ — 9 туку да си обујат сандали, и да не носат по две облеки.+ 10 Уште им рече: „Во која куќа и да влезете,+ останете таму сѐ додека не си заминете од тој крај.+ 11 А ако некое место не ве прими и не ве послуша, кога ќе заминувате оттаму, истресете си го правот од нозете, ним за сведоштво“.+ 12 Така тргнаа и проповедаа со цел луѓето да се покаат.+ 13 Истеруваа многу демони+ и мачкаа со масло мнозина болни,+ и ги лекуваа.+
14 А тоа допре до ушите на цар Ирод,* бидејќи Исусовото име стана познато и се зборуваше: „Јован Крстител воскреснал од мртвите, и затоа прави моќни дела“.+ 15 А други зборуваа: „Тоа е Илија“.+ Трети, пак: „Тоа е пророк како еден од пророците од минатото“.+ 16 А кога Ирод го чу тоа, рече: „Тоа е Јован, кому му ја отсеков главата, тој воскреснал“.+ 17 Зашто, Ирод лично испрати по Јован да го фатат и врзан да го фрлат в затвор поради Иродијада, жената на брат му Филип, со која се беше оженил.+ 18 Зашто, Јован му велеше на Ирод: „Законот не ти дозволува да ја имаш жената на својот брат“.+ 19 А Иродијада го мразеше+ и сакаше да го убие, но не можеше,+ 20 зашто Ирод се плашеше+ од Јован, бидејќи знаеше дека е праведен и свет човек,+ па го штитеше. Секогаш кога го слушаше,+ беше во голема недоумица што да прави, но сепак со задоволство го слушаше.
21 Но, Иродијада начека поволен момент+ кога Ирод на својот роденден+ приреди гозба за своите големци, за илјаданачалниците* и за првенците од Галилеја. 22 И влезе ќерката на Иродијада и танцуваше. Им се допадна на Ирод и на неговите гости.*+ И царот ѝ рече на девојката: „Побарај од мене сѐ што сакаш, и ќе ти дадам“. 23 И ѝ се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам,+ па макар и да е половина од моето царство“.+ 24 Таа излезе и ја праша мајка си: „Што да побарам?“ А таа ѝ одговори: „Главата на Јован Крстител“.+ 25 И веднаш влезе со брзање кај царот и рече: „Сакам веднаш да ми ја дадеш на послужавник главата на Јован Крстител“. 26 Царот многу се натажи, но поради заклетвата и гостите, не сакаше да ја одбие.+ 27 Затоа царот веднаш испрати еден од телесната стража и му заповеда да ја донесе неговата глава. И овој отиде, му ја отсече главата во затворот+ 28 и ја донесе на послужавник, па ѝ ја даде на девојката, а девојката ѝ ја даде на мајка си.+ 29 Кога слушнаа за тоа, неговите ученици дојдоа и го зедоа неговото тело и го положија в гроб.+
30 А апостолите се собраа кај Исус и го известија за сѐ што направиле и поучувале.+ 31 Тогаш им рече: „Дојдете со мене на едно осамено место+ и одморете се малку“.+ Зашто, мнозина доаѓаа и заминуваа, па немаа време ни да јадат.+ 32 Така сами заминаа со чамец на едно осамено место.+ 33 Но, луѓето ги видоа како заминуваат и мнозина дознаа за тоа, и од сите градови побрзаа пеш и ги престигнаа.+ 34 А кога излезе, виде многу народ, па се сожали+ на нив, зашто беа како овци без пастир.+ И почна да ги поучува за многу работи.+
35 Кога веќе беше доцна, неговите ученици му пријдоа и му рекоа: „Местово е осамено, а веќе е доцна.+ 36 Отпушти ги, нека појдат по околните села и имоти за да си купат нешто за јадење“.+ 37 Тогаш тој им рече: „Дајте им вие да јадат“. А тие го прашаа: „Да одиме да купиме леб за двесте денарии,* па да им дадеме да јадат?“+ 38 Тој им рече: „Колку леба имате? Одете и видете“. Кога погледнаа, рекоа: „Пет, и две риби“.+ 39 И им рече на сите да испоседнат* во групи+ на зелената трева.+ 40 И поседнаа по групи од по сто и од по педесет.+ 41 Тој ги зеде петте леба и двете риби, погледна во небото и кажа благослов,+ па ги раскрши+ лебовите, и им даваше на учениците да им ги поделат на луѓето. И двете риби им ги раздели на сите. 42 Сите јадоа и се наситија.+ 43 И ги собраа парчињата, дванаесет полни кошници, и остатоците од рибите. 44 А оние што јадоа од лебовите беа пет илјади мажи.+
45 И веднаш ги натера своите ученици да влезат во чамецот и да тргнат кон спротивниот брег, накај Витсаида, додека тој да го отпушти народот.+ 46 Се поздрави со нив, па отиде на гората за да се моли.+ 47 Вечерта чамецот беше среде морето, а тој сам на копното.+ 48 Кога ги виде како се мачат веслајќи,+ бидејќи пловеа спроти ветрот, околу четвртата ноќна стража* дојде кај нив, одејќи по морето. Но изгледаше како да сака да ги заобиколи. 49 А кога го здогледаа како оди по морето, си помислија: „Ова е привидение!“ И почнаа да викаат.+ 50 Зашто, сите го видоа и се уплашија. Но тој веднаш им се обрати и им рече: „Бидете храбри, јас сум! Не плашете се!“+ 51 И влезе кај нив во чамецот, и ветрот стивна. А тие многу се зачудија,+ 52 бидејќи не сфатија што значеше чудото со лебовите, туку нивните срца и понатаму не можеа да го разберат тоа.+
53 И кога преминаа до копното, дојдоа во Генисарет и го закотвија чамецот во близина.+ 54 А штом излегоа од чамецот, луѓето го препознаа, 55 па се растрчаа низ целиот тој крај и почнаа да ги носат болните на носилки таму каде што имаа слушнато дека се наоѓа тој. 56 И секаде каде што ќе влезеше — во села, во градови, во населби+ — на плоштадите ги ставаа болните и тие го молеа да го допрат+ барем работ+ од неговата облека. И секој што ќе го допреше, оздравуваше.+
7 И се собраа околу него фарисеите и некои книжници што беа дојдени од Ерусалим.+ 2 Тие видоа дека некои негови ученици јадат со валкани раце, односно дека не си ги мијат рацете според обредот.+ 3 А фарисеите и сите Евреи не јадат ако не си ги измијат рацете до лактите, држејќи се за преданието на старите. 4 Кога ќе се вратат од пазар, не јадат ако не се исчистат попрскувајќи се со вода. И уште многу работи држат поради преданието:+ обредно миење* чаши, бокали и бакарни садови.+ 5 Затоа фарисеите и книжниците го прашаа: „Зошто твоите ученици не постапуваат според преданието на старите, туку јадат без да си ги измијат рацете според обредот?“+ 6 А тој им рече: „Исаија добро пророкуваше за вас, лицемери, кога напиша:+ ‚Овој народ ме почитува со усните, но срцето му е далеку од мене.+ 7 Залудно ме почитуваат, бидејќи учењата за кои поучуваат се човечки заповеди‘.+ 8 Ја оставате Божјата заповед, а се држите за човечките преданија“.+
9 Уште им рече: „Лукаво ја укинувате Божјата заповед+ за да си го зачувате своето предание. 10 На пример, Мојсеј рече: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘+ и ‚Кој ќе проколне татко или мајка, да биде погубен‘.+ 11 А вие велите: ‚Ако човек рече на татка си или на мајка си: „Она што го имам, а со кое би можел да ти помогнам, е курбан+ (односно одредено е како дар+ за Бог)...“ ‘ 12 На таков начин не го оставате веќе ништо да направи за својот татко или за својата мајка.+ 13 Така, со своето предание што сте го пренеле на другите, ја обезвреднувате Божјата реч.+ И уште многу слични работи+ правите“. 14 Тогаш повторно го повика народот кај себе и му рече: „Послушајте ме сите и разберете!+ 15 Ништо што влегува во човекот однадвор не може да го извалка, туку она што излегува од човекот, тоа го валка“.+ 16 *——
17 А кога си замина откај народот и влезе во една куќа, неговите ученици го прашаа што значи таа споредба.+ 18 И тој им рече: „Зарем и вие не разбирате?+ Не знаете ли дека човекот не може да го извалка ништо што однадвор влегува во него? 19 Зашто, не му влегува во срцето, туку во стомакот, и излегува во нужникот“.+ Така сите јадења ги прогласи за чисти.+ 20 Уште рече: „Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист.+ 21 Зашто, однатре, од човечкото срце,+ излегуваат лоши мисли: блудства,+ кражби, убиства,+ 22 прељуби, лакомства,+ злоба, измама, бесрамност,+ завидливо* око, хулење, надуеност, неразумност. 23 Сите тие зла излегуваат однатре и го валкаат човекот“.+
24 И стана, па отиде оттаму во пределите на Тир и Сидон.+ Влезе во една куќа и не сакаше никој да дознае дека е таму. Но не можеше да остане незабележан,+ 25 туку една жена, чија ќеркичка беше обземена од нечист дух, веднаш дозна за него, па дојде и падна ничкум пред неговите нозе.+ 26 Таа жена беше Сирофеничанка со грчко потекло. И го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ.+ 27 Но, тој ѝ рече: „Остави првин да се наситат децата, зашто не е исправно да им се земе лебот на децата+ и да им се фрли на кученцата“.+ 28 А таа му рече: „Да, господине, но и кученцата јадат под масата од трошките+ на дечињата“.+ 29 Тогаш тој ѝ рече: „Затоа што го кажа тоа, оди си! Демонот излезе од ќерка ти“.+ 30 И таа си отиде дома и го најде+ детето како лежи на креветот, а демонот беше излезен.
31 А кога се враќаше од тирскиот крај, одеше преку Сидон до Галилејското Море низ подрачјето на Декаполис.*+ 32 Таму му доведоа еден глув човек со говорна маана и го молеа да ги положи рацете врз него.+ 33 Тој го тргна настрана од мноштвото и му ги стави прстите во ушите, а потоа плукна и му го допре јазикот.+ 34 Погледна во небото,+ длабоко воздивна+ и му рече: „Ефата“, што значи: „Отвори се“. 35 Тогаш му се отворија ушите+ и му се одврза јазикот, и почна нормално да зборува. 36 Но Исус им забрани да кажат некому за тоа,+ но колку повеќе им бранеше толку повеќе зборуваа за тоа.+ 37 И неизмерно се воодушевуваа+ и велеа: „Сѐ што прави е добро. Глувите ги прави да слушаат, а немите да зборуваат“.+
8 Во тие денови, повторно се насобра многу народ. Бидејќи немаа што да јадат, ги повика учениците и им рече:+ 2 „Жал ми е+ за народот, зашто веќе три дена се кај мене и немаат што да јадат. 3 Ако ги испратам да си одат дома гладни, ќе премалат по патот. А некои од нив дојдоа од далеку“. 4 Учениците му одговорија: „Од каде може некој, на ова пусто место, да ги нахрани со леб овие луѓе?“+ 5 Тој уште ги праша: „Колку леба имате?“ А тие рекоа: „Седум“.+ 6 Тогаш му рече на народот да испоседне* на земја. И ги зеде седумте леба, му се заблагодари на Бог,+ ги раскрши и им ги даде на своите ученици за да ги послужуваат. И го послужија народот со нив.+ 7 Имаа и неколку рипчиња. Ги благослови, па им рече да ги послужат и со нив.+ 8 И јадоа и се наситија. Потоа ги собраа преостанатите парчиња — седум полни кошници.+ 9 А таму имаше околу четири илјади мажи. На крајот ги распушти.+
10 И веднаш влезе во чамецот со своите ученици и дојде во пределите на Далманута.+ 11 И дојдоа фарисеите и почнаа да се препираат со него, барајќи му знак од небото, за да го искушаат.+ 12 Тогаш тој длабоко воздивна*+ и рече: „Зошто ова поколение бара знак? Навистина, ви велам, нема да му се даде знак на ова поколение“.+ 13 Тогаш ги остави, влезе во чамецот и отиде на другиот брег.
14 Но, заборавија да си понесат леб. Со себе во чамецот имаа само еден леб.+ 15 И ги предупредуваше: „Бидете претпазливи, чувајте се од квасецот на фарисеите и од квасецот Иродов“.+ 16 А тие расправаа околу тоа што немаа леб.+ 17 Исус го забележа тоа, па им рече: „Зошто расправате околу тоа што немате леб?+ Зар уште не разбирате и не сфаќате? Не може ли вашето срце да го разбере тоа?+ 18 Зарем ‚очи имате, а не гледате, и уши имате, а не слушате‘?+ Не се сеќавате ли, 19 кога ги раскршив петте леба+ за петте илјади мажи, колку кошници полни со останати парчиња собравте?“ Тие му одговорија: „Дванаесет“.+ 20 „А кога раскршив седум за четири илјади мажи, колку кошници полни со останати парчиња собравте?“ Тие му одговорија: „Седум“.+ 21 Тогаш им рече: „Зарем сѐ уште не сфаќате?“+
22 И стигнаа во Витсаида. Таму му доведоа еден слеп човек и го замолија да го допре.+ 23 Тој го зеде слепиот за рака, го изведе надвор од селото, му плукна+ на очите и ги положи рацете врз него, па го праша: „Гледаш ли нешто?“ 24 А човекот погледна и рече: „Гледам луѓе, односно гледам нешто како дрвја што одат“. 25 Потоа пак ги положи рацете врз неговите очи, и човекот потполно прогледа. Оздраве, и сѐ гледаше јасно. 26 Тогаш го испрати дома и му рече: „Не влегувај во селото“.+
27 А Исус и неговите ученици тргнаа по селата на Цезареја Филипова. По патот ги праша своите ученици: „Што велат луѓето, кој сум јас?“+ 28 Тие му одговорија: „Некои велат дека си Јован Крстител,+ други дека си Илија,+ а трети дека си еден од пророците“.+ 29 Тој ги праша: „А вие, што велите вие, кој сум јас?“ Петар му одговори: „Ти си Христос“.*+ 30 Тогаш им заповеда никому да не кажуваат за него.+ 31 И почна да ги поучува дека Синот човечки мора многу да пострада и да биде отфрлен од старешините, од главните свештеници и од книжниците, па да биде убиен,+ и по три дена да воскресне.+ 32 Тој отворено им зборуваше. А Петар го тргна настрана и почна да го прекорува.+ 33 Но тој се сврте, ги погледна своите ученици и го прекори Петар: „Бегај од мене, Сатано, зашто твоите мисли не се Божји, туку човечки!“+
34 И ги повика народот и своите ученици кај себе и им рече: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот маченички столб* и нека појде по мене.+ 35 Зашто, кој сака да си го спаси животот,* ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби својот живот заради мене и заради добрата вест, ќе го спаси.+ 36 Навистина, од каква корист му е на човекот ако го добие целиот свет, а го изгуби животот?+ 37 Зашто, што може да даде човекот во замена за својот живот?+ 38 Секој што ќе се посрами од мене и од моите зборови во ова прељубничко и грешно поколение, од него ќе се посрами и Синот човечки+ кога ќе дојде во славата на својот Татко со светите ангели“.+
9 Уште им рече: „Вистина, ви велам, некои од оние што стојат овде нема да вкусат смрт додека не видат дека Божјето царство дошло во сила“.+ 2 Така, по шест дена, Исус ги зеде само Петар, Јаков и Јован и ги одведе на една висока планина, каде што беа сами. Тогаш се преобрази пред нив.+ 3 Облеката му стана блескава и многу бела, како што ниту еден чистач на облека на земјата не би можел да ја избели.+ 4 И им се појавија Илија и Мојсеј, кои разговараа со Исус.+ 5 А Петар му рече на Исус: „Учителе,* добро ни е овде. Затоа, ајде да подигнеме три шатори: еден за тебе, еден за Мојсеј и еден за Илија“.+ 6 Всушност, не знаеше што да каже, бидејќи многу се уплашија. 7 И се создаде облак и ги засени, а од облакот дојде глас:+ „Ова е мојот сакан Син!+ Него слушајте го!“+ 8 И наеднаш погледнаа наоколу, и повеќе никого не видоа покрај себе, освен Исус.+
9 А додека слегуваа од планината, тој им заповеда никому да не му раскажуваат+ што виделе сѐ додека Синот човечки не стане од мртвите.+ 10 И тие ги зедоа присрце тие зборови, но меѓу себе расправаа што значи тоа дека ќе стане од мртвите. 11 И го прашаа: „Зошто книжниците велат дека прво мора да дојде Илија?“+ 12 А тој им рече: „Навистина најпрво мора да дојде Илија и сѐ да обнови.+ Но како дошло до тоа да биде напишано за Синот човечки дека мора многу да претрпи+ и дека ќе биде презрен?+ 13 Но ви велам: Илија,+ веќе дојде, и му направија сѐ што сакаа, како што е напишано за него“.+
14 Кога дојдоа кај другите ученици, забележаа многу народ околу нив и книжници како се препираат со нив.+ 15 Штом го здогледа, сиот тој народ ненадејно се стрча кон него и почна да го поздравува. 16 А тој ги запраша: „За што се препирате со нив?“ 17 Некој од народот му одговори: „Учителе, ти го доведов син ми зашто е обземен од дух, поради кој не може да зборува.+ 18 Каде и да го фати, го треснува одземи, а тој се запенува, чкрта со забите и ја губи силата. И им реков на твоите ученици да го истераат, но не можеа“.+ 19 А тој им рече: „О безверно поколение!+ До кога морам да останам со вас? До кога морам да ве поднесувам? Доведете го кај мене!“+ 20 И го доведоа кај него. Кога го здогледа, духот веднаш го фрли детето во грч. И детето падна наземи, па почна да се тркала и да се пени.+ 21 А Исус го праша татко му: „Колку долго му се случува ова?“ Тој рече: „Од детството. 22 И често го фрла и во оган и во вода за да го убие.+ Туку, ако можеш нешто да направиш, смилувај ни се и помогни ни“. 23 А Исус му рече: „Ми велиш: ‚Ако можеш‘! Сѐ е можно за оној што има вера“.+ 24 Таткото на детето веднаш извика: „Верувам! Но помогни ми да имам уште поголема вера“.+
25 Забележувајќи дека народот брза кон нив, Исус го прекори+ нечистиот дух: „Духу, ти кој го правиш да биде нем и глув, ти заповедам, излези од него и повеќе не влегувај во него!“ 26 И откако извика и силно го згрчи детето, тој излезе.+ А момчето остана како мртво, така што повеќето велеа: „Мртво е!“ 27 Но Исус го фати за рака, го крена, и тоа стана.+ 28 Кога влезе во една куќа, неговите ученици го запрашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?“+ 29 А тој им одговори: „Овој вид со ништо не може да се истера, освен со молитва“.+
30 Оттаму заминаа и отидоа низ Галилеја, но тој не сакаше никој да дознае за тоа. 31 Зашто, ги поучуваше своите ученици и им велеше: „Синот човечки треба да биде предаден во рацете на луѓето. Тие ќе го убијат,+ но и покрај тоа што ќе биде убиен, ќе воскресне по три дена“.+ 32 Но тие не ги разбраа овие зборови, а се плашеа да го прашаат.+
33 И дојдоа во Капернаум. Кога беше во куќата, ги праша: „За што расправавте по патот?“+ 34 А тие молчеа, бидејќи по патот расправаа за тоа кој од нив е поголем.+ 35 Тогаш тој седна и ги повика дванаесеттемина и им рече: „Ако некој сака да биде прв, нека биде последен од сите и нека им биде слуга на сите“.+ 36 И зеде едно дете, го постави меѓу нив и го прегрна, па им рече:+ 37 „Кој прима едно вакво дете во мое име, мене ме прима. А кој ме прима мене, не ме прима само мене туку и оној што ме испрати“.+
38 Јован му рече: „Учителе, видовме како некој човек истерува демони во твое име, па го спречувавме,+ бидејќи не одеше со нас“.+ 39 Но Исус рече: „Не спречувајте го, зашто никој што ќе направи некое моќно дело* во мое име, не ќе може веднаш потоа да зборува лошо за мене.+ 40 Зашто, кој не е против нас, тој е за нас.+ 41 Зашто, кој вам ќе ви даде чаша+ вода поради тоа што му припаѓате на Христос,+ навистина, ви велам, нема да ја изгуби својата плата. 42 Но кој ќе поколеба во верата* еден од овие мали што веруваат, подобро би му било околу вратот да му стават мелнички камен што го врти магаре, и да биде фрлен в море.+
43 Ако твојата рака те наведува на грев,* отсечи ја! Подобро ти е сакат да добиеш живот отколку со двете раце да отидеш во геената,* во огнот кој не може да се изгаси.+ 44 *—— 45 И ако твојата нога те наведува на грев, отсечи ја! Подобро ти е куц да добиеш живот+ отколку со двете нозе да бидеш фрлен во геената.+ 46 *—— 47 И ако твоето око те наведува на грев, извади го!+ Подобро ти е со едно око да влезеш во Божјето царство отколку со двете очи да бидеш фрлен во геената,+ 48 каде што црвите не умираат и огнот не гасне.+
49 Зашто, секој ќе биде посолен со оган.+ 50 Солта е добра. Но, ако солта стане несолена, со што ќе ја осолите?+ Имајте сол+ во себе, и бидете во мир+ еден со друг“.
10 Оттаму стана и дојде до граничното подрачје на Јудеја и од онаа страна на Јордан. И народот повторно дојде кај него, и тој повторно ги поучуваше, како што имаше обичај.+ 2 Тогаш фарисеите му пристапија. Со намера да го искушаат, го прашаа дали му е дозволено на мажот да се разведе од жената.+ 3 А тој им одговори: „Што ви заповеда Мојсеј?“ 4 Тие одговорија: „Мојсеј му дозволи на мажот да напише потврда за развод и да се разведе од неа“.+ 5 А Исус им одговори: „Поради закоравеноста на вашето срце+ тој ви ја напиша таа заповед. 6 Меѓутоа, од почетокот на создавањето ‚Тој ги создаде машко и женско.+ 7 Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, 8 и двајцата ќе бидат едно тело‘.+ Така повеќе не се две, туку едно тело. 9 Затоа, Бог што составил,* човек да не разделува!“+ 10 Кога повторно беа во куќата,+ учениците го распрашуваа за тоа. 11 И тој им рече: „Секој што ќе се разведе од својата жена и ќе се ожени со друга, прави прељуба+ спрема првата. 12 И ако жената се разведе од мажот, па се омажи за друг, прави прељуба“.+
13 А луѓето му доведуваа деца за да ги допре, но учениците ги прекоруваа.+ 14 Кога го виде тоа, Исус се налути и им рече: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај мене. Не забранувајте им, зашто на таквите им припаѓа Божјето царство.+ 15 Вистина, ви велам, кој не го прима Божјето царство како дете, нема да влезе во него“.+ 16 И ги зеде децата во прегратка и ги благословуваше, положувајќи ги рацете врз нив.+
17 Кога тргнуваше на пат, дотрча еден човек, падна на колена пред него и го праша: „Учителе добар, што морам да сторам за да наследам вечен живот?“+ 18 А Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар?+ Никој не е добар, освен еден, Бог.+ 19 Заповедите ги знаеш: ‚Не убивај‘,+ ‚Не врши прељуба‘,+ ‚Не кради‘,+ ‚Не сведочи лажно‘,+ ‚Не мами‘,+ ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ “.+ 20 А тој му рече: „Учителе, сето тоа го држам од својата младост“. 21 Тогаш Исус го погледна и со наклоност му рече: „Едно ти недостига: оди, продај сѐ што имаш и парите дај им ги на сиромасите, па ќе имаш богатство на небото. Тогаш дојди и оди по мене“.+ 22 Но, тој се растажи од тие зборови и си замина нажален, зашто имаше голем имот.+
23 Погледнувајќи наоколу, Исус им рече на своите ученици: „Колку тешко ќе влезат богатите+ во царството Божје!“+ 24 А учениците беа изненадени+ од неговите зборови. Тогаш Исус повторно им рече: „Деца, тешко е да се влезе во Божјето царство. 25 Полесно ѝ е на камила да помине низ иглени уши отколку богат човек да влезе во Божјето царство“.+ 26 А тие уште повеќе се зачудија и го запрашаа: „Тогаш, кој може да се спаси?“+ 27 Исус ги погледна и рече: „За луѓето тоа е невозможно, но не и за Бог. За Бог сѐ е возможно“.+ 28 А Петар почна да му зборува: „Еве, ние оставивме сѐ и одиме по тебе“.+ 29 Тогаш Исус рече: „Вистина, ви велам, никој не оставил куќа или браќа или сестри или мајка или татко или деца или ниви поради мене и поради добрата вест,+ 30 а да не прими сега, во ова време, стократно:+ и куќи и браќа и сестри и мајки и деца и ниви, со прогонства,+ а во поредокот* што доаѓа и вечен живот. 31 Но, мнозина кои се први ќе бидат последни, а последните први“.+
32 Патуваа така кон Ерусалим, а Исус одеше пред нив. И беа одушевени, а оние што одеа по нив се плашеа. Тогаш повторно ги зеде настрана дванаесеттемина и почна да им кажува за она што треба да му се случи:+ 33 „Еве, одиме во Ерусалим. Синот човечки ќе биде предаден на главните свештеници и на книжниците, а тие ќе го осудат на смрт и ќе им го предадат на незнабошците,+ 34 и ќе го исмејуваат, и ќе го плукаат, и ќе го камшикуваат, и ќе го убијат, а по три дена тој ќе воскресне“.+
35 А Јаков и Јован, двајцата синови на Зеведеј,+ му пристапија и му рекоа: „Учителе, сакаме да го направиш за нас тоа што ќе го побараме од тебе“.+ 36 А тој им рече: „Што сакате да сторам за вас?“ 37 Тие му одговорија: „Дај ни да седнеме во твојата слава, едниот од твојата десна, а другиот од твојата лева страна“.+ 38 Но, Исус им рече: „Не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата што ја пијам јас или да се крстите со крштавањето со кое се крштавам јас?“+ 39 Му одговорија: „Можеме“. Тогаш Исус им рече: „Чашата што ја пијам јас, ќе ја пиете, и со крштавањето со кое се крштавам јас, ќе се крстите.+ 40 Но, да седнете од мојата десна или лева страна, тоа не можам да ви го дадам јас,+ туку им припаѓа на оние за кои е приготвено“.
41 А кога останатите десетмина го слушнаа тоа, се налутија на Јаков и на Јован.+ 42 Но Исус ги повика кај себе и им рече: „Знаете дека оние што се сметаат за владетели, господарат над народите, и големците ги држат под своја власт.+ 43 А меѓу вас нека не биде така! Туку, кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга,+ 44 и кој сака да биде прв меѓу вас, нека им биде роб на сите.+ 45 Зашто, ни Синот човечки не дојде за да му служат,+ туку да служи и да го даде својот живот* како откупнина+ за мнозина“.+
46 И дојдоа во Ерихон. А кога тој и неговите ученици и мноштвото луѓе излегуваа од Ерихон, Вартимеј (синот на Тимеј), слеп питач, седеше покрај патот.+ 47 Кога чу дека тоа е Исус Назареќанецот, викна: „Сине Давидов,+ Исусе, смилувај ми се!“+ 48 Тогаш мнозина почнаа да го замолчуваат, но тој уште посилно викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“+ 49 Тогаш Исус застана и рече: „Викнете го!“ И го повикаа слепецот и му рекоа: „Биди храбар! Стани, те вика“.+ 50 И тој ја фрли од себе својата наметка, скокна и отиде кај Исус. 51 Тогаш Исус го праша: „Што да сторам за тебе?“+ Слепецот му одговори: „Равуни,* направи да прогледам!“+ 52 А Исус му рече: „Оди, твојата вера те оздраве!“+ И веднаш прогледа,+ и тргна да го следи по патот.+
11 Кога се приближија до Ерусалим, до Витфага и Витанија+ на Маслинската Гора, испрати двајца од своите ученици+ 2 и им рече: „Појдете во селоно што го гледате пред вас, и штом ќе влезете во него, ќе најдете врзано магаре на кое уште никој не седнал. Одврзете го и доведете го.+ 3 Ако некој ви каже: ‚Зошто го правите тоа?‘ — речете му: ‚Му треба на Господарот, но веднаш ќе го врати‘ “.+ 4 И така отидоа и го најдоа магарето заврзано до вратата, надвор на улица, и го одврзаа.+ 5 А некои од оние што стоеја таму ги прашаа: „Зошто го одврзувате магарето?“+ 6 Тие им одговорија така како што им рече Исус. И тогаш ги пуштија.+
7 И го доведоа магарето+ кај Исус, па ги ставија врз него своите облеки, и тој седна на него.+ 8 Мнозина ги простреа своите облеки+ по патот, а други зедоа зелени гранки+ што ги насекоа во нивите.+ 9 Оние што одеа пред него и оние што одеа по него викаа: „Спаси го, те молиме!+ Благословен е оној што доаѓа во името на Јехова!+ 10 Благословено е царството на нашиот татко Давид, кое доаѓа!+ Спаси го, те молиме тебе, кој си на висините!“ 11 И влезе во Ерусалим и отиде во храмот. Разгледа сѐ наоколу и, бидејќи веќе беше доцна, отиде со дванаесеттемина во Витанија.+
12 Утредента, кога излегоа од Витанија, тој огладне.+ 13 И оддалеку здогледа една смоква што имаше лисја, и отиде да види дали на неа ќе најде нешто. Но, кога дојде до неа, не најде ништо друго освен лисја, бидејќи не беше време за смокви.+ 14 Тогаш тој ѝ рече: „Никогаш повеќе никој да не јаде плод од тебе!“+ А неговите ученици слушаа.
15 И дојдоа во Ерусалим. Таму влезе во храмот и почна да ги истерува оние што продаваа и купуваа во храмот, и им ги испреврте масите на менувачите на пари и клупите на продавачите на гулаби.+ 16 И никому не му дозволуваше да пренесе некаков предмет низ храмот. 17 И го поучуваше народот и велеше: „Зарем не е напишано: ‚Мојот дом ќе се вика дом на молитвата+ за сите народи‘?+ А вие од него направивте разбојничка пештера“.+ 18 А тоа го слушнаа главните свештеници и книжниците и бараа можност да го погубат,+ зашто се плашеа од него, бидејќи сиот народ беше воодушевен од неговото поучување.+
19 Кога дојде вечер, тие излегоа од градот како и обично. 20 Но кога поминаа рано изутрината, видоа дека смоквата е исушена до корен.+ 21 Петар се сети на Исусовите зборови, па му рече: „Учителе,* погледни, смоквата што ја проколна се исушила!“+ 22 А Исус им одговори: „Имајте вера во Бог. 23 Вистина, ви велам, секој што ќе ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море‘ и не се посомнева во своето срце, туку верува дека ќе се случи тоа што го вели, ќе му се исполни тоа.+ 24 Затоа ви велам: сето она за кое се молите и го барате, верувајте дека веќе сте го добиле, и ќе го имате.+ 25 И кога стоите и се молите, простете+ сѐ што имате против некого, за и вашиот Татко, кој е на небесата, да ви ги прости вам вашите престапи“.+ 26 *——
27 И повторно дојдоа во Ерусалим. Додека одеше низ храмот, му пристапија главните свештеници, книжниците и старешините+ 28 и го прашаа: „Со каква власт го правиш тоа? Кој ти ја даде таа власт да го правиш тоа?“+ 29 А Исус им рече: „Ќе ве прашам нешто. Одговорете ми, па и јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова.+ 30 Дали крштавањето+ со кое крштаваше Јован беше од небото или од луѓето? Одговорете ми!“+ 31 Тогаш почнаа да расправаат меѓу себе: „Ако речеме: ‚Од небото‘, ќе рече: ‚Зошто тогаш не му верувавте?‘+ 32 А да речеме: ‚Од луѓето‘?“ Но се плашеа од народот, бидејќи сите сметаа дека Јован навистина беше пророк.+ 33 И му одговорија на Исус: „Не знаеме“. А Исус им рече: „Ниту јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова“.+
12 И почна да им зборува со споредби: „Еден човек насади лозје+ и постави ограда околу него, ископа место за гмечење на грозјето и подигна стражарска кула.+ И им го даде под закуп на лозарите,+ па отпатува во туѓина.+ 2 Кога дојде времето, испрати еден роб кај лозарите за да земе од нив дел од родот на лозјето.+ 3 Но, тие го фатија, го претепаа и го испратија назад со празни раце.+ 4 Им испрати и друг роб. Нему му ја расцепија главата и го осрамотија.+ 5 Испрати и трет, а него го убија. Испрати и многу други робови, но и од нив некои претепаа, а некои убија. 6 Тој имаше уште еден, својот сакан син.+ Него последен го испрати кај нив, велејќи: ‚Ќе го почитуваат мојот син‘.+ 7 Но лозарите си рекоа меѓу себе: ‚Ова е наследникот.+ Ајде да го убиеме, па наследството ќе биде наше‘.+ 8 Тогаш го фатија и го убија,+ па го исфрлија од лозјето.+ 9 Што ќе стори сопственикот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе им го даде на други.+ 10 Зарем никогаш не сте ги читале овие зборови од Писмото: ‚Каменот+ што го отфрлија градителите стана главен аголен камен.+ 11 Тоа дело е од Јехова, чудесно е во наши очи‘?“+
12 Оттогаш бараа можност да го фатат, бидејќи сфатија дека оваа споредба ја раскажа имајќи ги нив на ум. Но се плашеа од народот, па го оставија и си заминаа.+
13 Потоа испратија кај него некои фарисеи и Иродови следбеници+ за да го фатат за збор.+ 14 А кога дојдоа, тие му рекоа: „Учителе, знаеме дека ја зборуваш вистината и дека не си пристрасен, зашто не гледаш кој е кој, туку според вистината поучуваш за Божјиот пат.+ Дозволено ли е да му се плаќа данок на цезарот или не? 15 Дали да плаќаме или да не плаќаме?“+ Тој го проѕре нивното лицемерство и им рече: „Зошто ме искушувате? Покажете ми еден денариј!“*+ 16 И донесоа. А тој им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ Тие му одговорија: „На цезарот“.+ 17 Тогаш Исус рече: „Вратете му го цезаревото на цезарот,+ а Божјето на Бог!“+ И му се восхитуваа.+
18 Тогаш дојдоа кај него садукеите,* кои велат дека нема воскресение, и го прашаа:+ 19 „Учителе, Мојсеј ни напиша дека оној кому ќе му умре братот и остави жена, но не остави дете, треба да ја земе жената+ и со неа да му подигне потомство на својот брат.+ 20 Си беа седум браќа. Првиот зеде жена, но умре и не остави потомство.+ 21 И вториот ја зеде, но умре без да остави потомство. И третиот исто така. 22 И ниту еден од седумтемина не остави никакво потомство. Последна од сите умре и жената.+ 23 При воскресението, на кого од нив ќе му биде жена? Зашто, седумтемина ја имаа за жена“.+ 24 А Исус им рече: „Зарем не сте во заблуда затоа што не ги познавате ниту Писмата ниту Божјата моќ?+ 25 Зашто, кога ќе станат од мртвите, ниту ќе се женат ниту ќе се мажат, туку ќе бидат како ангели на небесата.+ 26 А за мртвите, дека стануваат, зарем не сте читале во книгата на Мојсеј, во извештајот за грмушката, како Бог му рече: ‚Јас сум Богот на Авраам, Богот на Исак и Богот на Јаков‘?+ 27 А тој не е Бог на мртвите, туку на живите. Во голема заблуда сте“.+
28 А еден од книжниците, кој се доближи и ја слушна нивната расправа, увиде дека тој добро им одговори, па го запраша: „Која е прва од сите заповеди?“+ 29 Исус одговори: „Првата е: ‚Чуј, Израеле, Јехова, нашиот Бог, е еден Јехова,+ 30 и сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум, и со сета своја сила‘.+ 31 Втората е оваа: ‚Сакај го својот ближен како себеси‘.+ Други заповеди, поголеми од овие, нема“. 32 А книжникот му рече: „Учителе, тоа што го рече е добро и вистинито: ‚Тој е еден, и нема друг освен него‘.+ 33 И да го сакаш со сето срце, и со сиот разум,* и со сета сила, и да го сакаш ближниот како себеси вреди многу повеќе од сите паленици и останати жртви“.+ 34 Кога виде дека тој паметно одговори, Исус рече: „Не си далеку од Божјето царство“. И никој повеќе немаше храброст да го испрашува.+
35 Кога поучуваше во храмот, Исус рече: „Како можат книжниците да речат дека Христос* е Давидов син?+ 36 Самиот Давид преку светиот дух+ рече: ‚Јехова му рече на мојот Господар:* „Седи од мојата десна страна додека не ги положам твоите непријатели под твоите нозе“ ‘.+ 37 Самиот Давид го нарекува ‚Господар‘, па како тогаш му е син?“+
И многуброен народ го слушаше со задоволство.+ 38 Кога ги поучуваше, рече: „Чувајте се од книжниците,+ кои сакаат да се шетаат во долги облеки, и сакаат да бидат поздравувани по плоштадите, 39 и со задоволство ги заземаат предните седишта во синагогите и најистакнатите места на вечерите.+ 40 Тоа се тие што им го одземаат имотот+ на вдовиците и долго се молат само за да ги видат другите. Тие ќе добијат построга пресуда“.+
41 И седна спроти садовите за прилози+ и набљудуваше како народот пушта пари во садовите за прилози. Мнозина богати луѓе пуштаа многу.+ 42 А дојде една сиромашна вдовица и пушти две парички.*+ 43 Тогаш ги повика кај себе своите ученици и им рече: „Вистина, ви велам, оваа сиромашна вдовица пушти повеќе од сите што пуштаат пари во садовите за прилози.+ 44 Зашто, сите тие пуштија од својот вишок, а таа од својата немаштија пушти сѐ што имаше за живот“.+
13 Кога излегуваше од храмот, еден од неговите ученици му рече: „Учителе, гледај! Какви камења, какви градби!“+ 2 Но Исус му рече: „Ги гледаш ли овие величествени градби?+ Овде нема да биде оставен ниту камен на камен,+ сѐ ќе биде урнато“.+
3 И додека седеше на Маслинската Гора, спроти храмот, Петар,+ Јаков, Јован и Андреј го прашаа насамо:+ 4 „Кажи ни кога ќе биде тоа и што ќе биде знакот дека дошло времето сето тоа да заврши?“+ 5 Тогаш Исус почна да им зборува: „Пазете се некој да не ве заведе.+ 6 Мнозина ќе дојдат во мое име и ќе велат: ‚Јас сум Христос!‘ И ќе заведат мнозина.+ 7 А кога ќе чуете за војни на разни места, не плашете се! Тоа мора да се случи, но тогаш уште не е крајот.+
8 Зашто, ќе се крене народ против народ и царство против царство,+ ќе има земјотреси+ на разни места и ќе има глад.+ Тоа е почетокот на болните неволји.+
9 А вие внимавајте на себе. Ќе ве предаваат на судови,+ и ќе ве тепаат во синагогите,+ и ќе ве водат пред управители и цареви поради мене, ним за сведоштво.+ 10 И кај сите народи+ најпрво мора да се проповеда добрата вест.+ 11 А кога ќе ве водат на суд, немојте однапред да се грижите што ќе кажете,+ туку она што ќе ви биде дадено во тој час, тоа кажете го, бидејќи нема да зборувате вие, туку светиот дух.+ 12 Брат брата ќе предаде на смрт, и татко дете,+ и ќе се дигнат децата против родителите и ќе ги убијат.+ 13 И сите ќе ве мразат поради моето име.+ Но, кој ќе истрае до крајот,+ тој ќе биде спасен.+
14 А кога ќе видите дека гадотијата+ која пустоши+ стои таму каде што не смее (читателот нека употреби проникливост),+ тогаш оние што ќе бидат во Јудеја нека бегаат во планините.+ 15 Кој ќе биде на покривот, нека не слегува и нека не влегува во куќата за да земе нешто од неа.+ 16 И кој ќе биде на нивата, нека не се враќа назад за да си ја земе облеката.+ 17 Тешко на бремените жени и на доилките во тие денови!+ 18 Молете се тоа да не се случи во зима.+ 19 Зашто, тие денови ќе бидат денови на неволја+ каква што немало од почетокот на светот, кој го создаде Бог, па сѐ дотогаш, и каква што ќе нема повторно.+ 20 И кога Јехова+ не би ги скратил тие денови, никој* не би се спасил. Но заради избраните,+ кои тој ги избра,+ ќе ги скрати тие денови.+
21 И ако тогаш некој ви рече: ‚Еве, овде е Христос!‘* — или: ‚Ене, онде е!+‘ — не верувајте!+ 22 Зашто, ќе се појават лажни Христоси и лажни пророци+ и ќе прават знаци и чуда+ за да ги заведат, ако е можно, и избраните.+ 23 Затоа, пазете се!+ Сѐ ви кажав однапред.+
24 А во тие денови, по таа неволја, сонцето ќе потемни, месечината повеќе нема да свети, 25 ѕвездите ќе паѓаат од небото и небесните сили ќе се затресат.+ 26 Тогаш ќе го видат Синот човечки+ како доаѓа во облаците со голема сила и слава.+ 27 И тогаш тој ќе ги испрати ангелите и ќе ги собере своите избрани+ од четирите страни на светот,* од крајот на земјата до крајот на небото.+
28 Учете од споредбата со смоквата. Кога од неа ќе потера гранка и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу.+ 29 Така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Синот човечки е близу, пред вратата.+ 30 Вистина, ви велам, ова поколение нема да помине додека не се случи сето тоа.+ 31 Небото+ и земјата ќе поминат, но моите зборови+ нема да поминат.+
32 А за тој ден или час никој не знае, ни ангелите на небото ни Синот, туку само Таткото.+ 33 Внимавајте, бидете будни,+ бидејќи не знаете кога е времето да се случи тоа.+ 34 Тоа е како човек кој отпатува во туѓина+ и ја остави својата куќа и им го довери управувањето на своите робови, секому давајќи му ја неговата работа, а на вратарот му заповеда да бдее. 35 Затоа бдејте,+ бидејќи не знаете кога доаѓа господарот на куќата, дали навечер,* или на полноќ,* или кога ќе пропеат петлите,* или рано наутро,*+ 36 за, кога ќе дојде ненадејно, да не ве најде како спиете.+ 37 А ова што ви го велам вам, им го велам на сите: Бдејте!“+
14 А по два дена+ беше Пасхата+ и Празникот на бесквасните лебови.+ Главните свештеници и книжниците бараа можност да го фатат со измама и да го убијат,+ 2 зашто велеа: „Не на празникот, бидејќи народот може да се побуни“.+
3 И кога беше во Витанија, во куќата на Симон лепрозниот,+ и седеше на трпезата,* дојде една жена со алабастерно шишенце со скапоцено мирисливо масло, вистински нард. Го скрши шишенцето од алабастер и го излеа маслото врз неговата глава.+ 4 Поради тоа, некои се налутија и зборуваа меѓу себе: „Зошто да се растура така мирисливото масло?+ 5 Тоа мирисливо масло можеше да се продаде за повеќе од триста денарии* и да им се даде на сиромасите!“ И се лутеа на неа.+ 6 Но Исус рече: „Оставете ја! Зошто ја напаѓате? Таа ми направи добро дело.+ 7 Зашто, сиромасите секогаш ќе ги имате+ покрај себе и можете да им правите добро кога ќе посакате, а мене нема да ме имате секогаш.+ 8 Таа направи сѐ што можеше: однапред го излеа мирисливото масло на моето тело за да го подготви за погреб.+ 9 Вистина, ви велам, секаде каде што ќе се проповеда добрата вест, по целиот свет,+ ќе се кажува и за тоа што го направи оваа жена, како спомен за неа“.+
10 А Јуда Искариот, еден од дванаесеттемина, отиде кај главните свештеници за да им го предаде.+ 11 Кога го чуја тоа, тие се израдуваа и ветија дека ќе му дадат сребрени пари.+ Оттогаш тој почна да бара поволен момент за да го предаде.+
12 На првиот ден од Празникот на бесквасните лебови,+ кога по обичајот ја жртвуваа пасхалната жртва, неговите ученици+ го прашаа: „Каде сакаш да ја јадеш пасхалната жртва, за да одиме и да ти ја приготвиме?“+ 13 Тогаш испрати двајца од своите ученици и им рече: „Појдете во градот, и таму ќе ве сретне човек кој ќе носи стомна со вода.+ Појдете по него, 14 и каде што ќе влезе тој, речете му на домаќинот: ‚Учителот прашува: „Каде е мојата гостинска соба во која можам да ја јадам пасхалната жртва+ со своите ученици?“ ‘+ 15 Тој ќе ви покаже една голема горна соба, наместена и подготвена. Таму подгответе ни ја!“+ 16 И учениците отидоа, влегоа во градот и најдоа така како што им рече. И приготвија сѐ за Пасхата.+
17 А кога дојде вечер, тој дојде со дванаесеттемина.+ 18 И додека седеа на трпезата и јадеа, Исус рече: „Вистина, ви велам, еден од вас, кој јаде со мене,+ ќе ме предаде“.+ 19 А тие се разжалостија и почнаа еден по друг да му велат: „Да не сум јас?“+ 20 Тој им одговори: „Еден од вас дванаесетмина, кој мака со мене во истата чинија.+ 21 Вистина, Синот човечки си заминува, како што е напишано за него, но тешко на оној човек кој ќе го предаде Синот човечки. За тој човек подобро ќе беше воопшто да не се родеше“.+
22 Додека јадеа, зеде леб, кажа благослов, го раскрши и им го даде, па рече: „Земете, ова го претставува* моето тело“.+ 23 Потоа зеде чаша, му се заблагодари на Бог и им ја даде. И сите пиеја од неа.+ 24 И им рече: „Ова ја претставува мојата ‚крв+ на сојузот‘,+ која ќе се пролее+ за мнозина.+ 25 Вистина, ви велам, повеќе нема да пијам од лозовиот плод до оној ден кога ќе пијам нов во Божјето царство“.+ 26 И откако испеаја фалбени песни,+ излегоа на Маслинската Гора.+
27 И Исус им рече: „Сите вие ќе се поколебате во верата, зашто е напишано: ‚Ќе го удрам пастирот,+ и овците ќе се разбегаат‘.+ 28 Но кога ќе воскреснам, ќе отидам пред вас во Галилеја“.+ 29 А Петар му рече: „Дури и сите други да се поколебаат во верата, јас нема!“+ 30 Тогаш Исус му рече: „Вистина, ти велам, денес, уште оваа ноќ, пред петелот да запее двапати, ти трипати ќе се одречеш од мене“.+ 31 Но тој упорно велеше: „Ако мора и да умрам со тебе, нема да се одречам од тебе!“ А истото го велеа и сите други.+
32 И дојдоа на едно место наречено Гетсиманија. И тој им рече на своите ученици: „Седете овде додека да се помолам“.+ 33 Со себе ги поведе Петар, Јаков и Јован.+ И го обзеде тежина и немир.+ 34 И им рече: „Душата ми е нажалена+ до смрт. Останете овде и бдејте!“+ 35 И отиде малку понатаму, падна наземи и почна да се моли, ако е можно, да го одмине тој час.+ 36 И уште рече: „Ава,* Татко,+ за тебе сѐ е можно! Тргни ја оваа чаша од мене! Но нека не биде како што сакам јас, туку како што сакаш ти“.+ 37 И дојде и ги најде како спијат, па му рече на Петар: „Симоне, зар спиеш? Зар немаше сила да бдееш еден час?+ 38 Бдејте и молете се+ за да не паднете во искушение! Духот, навистина, е спремен, но телото е слабо“.+ 39 И пак отиде и се молеше со истите зборови.+ 40 Потоа дојде повторно и ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале. И не знаеја што да му одговорат.+ 41 Дојде и по третпат и им рече: „Во ваков момент спиете и се одморате! Доста е! Дојде часот!+ Еве, Синот човечки е издаден и предаден во рацете на грешниците.+ 42 Станете, да одиме!+ Еве, мојот предавник се приближи“.+
43 И веднаш, додека тој уште зборуваше, дојде Јуда, еден од дванаесеттемина, и со него толпа луѓе со мечеви и стапови, испратени од главните свештеници, од книжниците и од старешините.+ 44 А неговиот предавник со нив се беше договорил за знак: „Кого ќе го бакнам, тој е! Фатете го и одведете го под стража!“+ 45 И штом дојде, му се приближи и рече: „Учителе!“* И го бакна.+ 46 Тогаш дигнаа раце на него и го фатија.+ 47 Но еден од оние што стоеја таму, го извлече мечот, па го удри робот на првосвештеникот и му го отсече увото.+ 48 Исус тогаш им рече: „Зарем со мечеви и со стапови сте излегле да ме фатите како да сум разбојник?+ 49 Секој ден бев со вас во храмот и поучував,+ и не ме фативте. Но тоа е за да се исполнат Писмата“.+
50 И сите ученици го напуштија+ и побегнаа.+ 51 А по него одеше едно момче, облечено само во ленена облека. И се обидоа да го фатат,+ 52 но тој ја остави облеката и избега скудно облечен.*
53 Потоа го одведоа Исус кај првосвештеникот. Таму се собраа сите главни свештеници, старешини и книжници.+ 54 А Петар оддалеку го следеше+ сѐ до дворот на првосвештеникот. И седна со слугите и се грееше крај огнот. 55 За тоа време, главните свештеници и целиот Судски совет* бараа некакво сведоштво против Исус за да можат да го убијат,+ но не можеа да најдат.+ 56 Мнозина, всушност, лажно сведочеа против него,+ но сведоштвата не им се совпаѓаа.+ 57 А некои станаа и лажно сведочеа против него: 58 „Ние го чувме како вели: ‚Ќе го урнам овој храм, кој е направен со човечки раце, и за три дена ќе изградам друг, кој нема да биде направен со човечки раце‘ “.+ 59 Но, ни во тоа не им се совпаѓаше сведоштвото.
60 На крајот, првосвештеникот застана на средина и го праша Исус: „Зарем ништо не одговараш? Што велиш за обвиненијата што ги изнесуваат против тебе?“+ 61 Но, тој молчеше и ништо не одговори.+ Првосвештеникот пак го праша: „Дали си ти Христос,* Синот на Благословениот?“+ 62 Тогаш Исус рече: „Да, јас сум. И ќе го видите Синот човечки+ како седи од десната страна+ на Силниот и доаѓа со облаците небесни“.+ 63 Тогаш првосвештеникот си ја раскина облеката+ и рече: „Зар ни се потребни други сведоци?+ 64 Ја чувте хулата.+ Што мислите?“ И сите пресудија дека заслужува смрт. 65 И некои почнаа да го плукаат,+ да му го покриваат лицето и да го удираат со тупаници и да му велат: „Ако си пророк, кажи кој те удри!“ И, удирајќи му шлаканици, стражарите го одведоа.+
66 А додека Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на првосвештеникот+ 67 и, кога го виде Петар како се грее, се загледа во него и рече: „И ти беше со Назареќанецот, со оној Исус“.+ 68 А тој го одрече тоа: „Ниту го познавам, ниту разбирам што зборуваш!“ И излезе во предворјето.+ 69 Кога го здогледа, слугинката повторно почна да им вели на оние што стоеја таму: „Овој е еден од нив“.+ 70 Но тој повторно одречуваше. А малку подоцна, оние што стоеја таму уште еднаш му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си еден од нив, бидејќи си Галилеец“.+ 71 А тој почна да се колне и да се заколнува:+ „Не го познавам тој човек за кого зборувате!“+ 72 И веднаш петелот запеа по вторпат.+ И Петар се сети на она што му го рече Исус: „Пред петелот да запее двапати, ти трипати ќе се одречеш од мене“.+ Тогаш, скршен, силно заплака.+
15 Веднаш в зори, главните свештеници заедно со старешините и со книжниците, имено целиот Судски совет,* одржаа советување.+ И го врзаа Исус, па го одведоа и му го предадоа на Пилат.+ 2 А Пилат го праша: „Дали си ти царот+ на Евреите?“ Тој му одговори: „Ти самиот го велиш тоа“.+ 3 И главните свештеници го обвинуваа за многу работи.+ 4 А Пилат повторно го праша: „Зарем ништо не одговараш?+ Види колку обвиненија изнесуваат против тебе“.+ 5 Но Исус ништо повеќе не одговори, така што Пилат се чудеше.+
6 А на секој празник им пушташе по еден затвореник, кого што ќе го побараа.+ 7 Во тоа време, човекот кого го викаа Варава беше во окови со бунтовниците, кои во бунтот беа извршиле убиство.+ 8 И народот се качи горе и почна да го бара она што тој обично го правеше за нив. 9 А Пилат ги праша: „Сакате ли да ви го пуштам царот на Евреите?“+ 10 Зашто, знаеше дека главните свештеници го предадоа од завист.+ 11 Но, главните свештеници го подбуцнаа народот да бара да им го пушти Варава.+ 12 А Пилат повторно ги праша: „Тогаш што да правам со овој што го нарекувате цар+ на Евреите?“+ 13 А тие уште еднаш извикаа: „Прикови го на столб!“*+ 14 Но Пилат ги праша: „Па какво зло направил?“ А тие уште посилно викаа: „Прикови го на столб!“+ 15 Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот,+ го пушти Варава, а Исус, откако го камшикуваа, го предаде да го приковаат на столб.+
16 Војниците го одведоа во дворот на палатата на управителот, па ја свикаа целата чета+ 17 и му наметнаа пурпурна наметка, па исплетоа круна од трње и му ја ставија на главата.+ 18 И почнаа да го поздравуваат: „Здраво, царе на Евреите!“+ 19 И со трска го удираа по глава, го плукаа и му се поклонуваа, паѓајќи на колена.+ 20 Кога го исмеаја, му ја симнаа пурпурната наметка и му ја облекоа неговата облека. Потоа го изведоа за да го приковаат на столб.+ 21 И присилија еден минувач, кој доаѓаше од полето, некојси Симон од Киринија, татко на Александар и Руф, да му го понесе столбот на кој требаше да биде прикован.+
22 И го доведоа на местото Голгота, што значи „место на черепи“.+ 23 Таму му нудеа вино со опојна смирна,+ но тој не зеде.+ 24 И го приковаа на столб и ја разделија неговата облека,+ фрлајќи ждрепка за неа, за да одредат кој што да земе.+ 25 А беше третиот* час+ кога го приковаа на столбот. 26 А горе стоеше натпис на кој беше напишано за што е обвинет:+ „Цар на Евреите“.+ 27 А со него ставија на столб двајца разбојници, едниот од неговата десна, а другиот од неговата лева страна.+ 28 *—— 29 А минувачите го навредуваа,+ подбивно вртејќи со главите и велејќи: „Ајде, ти што ќе го урнеше храмот и ќе го изградеше за три дена,+ 30 спаси се себеси и слези од столбот!“+ 31 На сличен начин и главните свештеници со книжниците биеја шега и зборуваа меѓу себе: „Другите ги спаси, а себе не може да се спаси!+ 32 Сега Христос,* царот на Израел, нека слезе од столбот, за да видиме, па да поверуваме!“+ Го исмејуваа дури и оние што беа со него ставени на столб.+
33 А во шестиот* час, се спушти темнина по целата таа земја и траеше сѐ до деветтиот* час.+ 34 Во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, лама савахтани?“ — што значи: „Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“+ 35 Некои од оние што стоеја во близина, кога го чуја тоа, рекоа: „Гледај, го повикува Илија“.*+ 36 А еден отрча, натопи сунѓер во кисело вино, го стави на трска и му даваше да пие,+ велејќи: „Нека го! Да видиме дали ќе дојде Илија да го симне“.+ 37 Но, Исус викна со силен глас и издивна.+ 38 И завесата+ на светилиштето се расцепи надве, одозгора додолу.+ 39 А стотникот, кој стоеше спроти него, откако виде што се случи кога издивна, рече: „Овој човек навистина беше Божји Син!“+
40 Таму имаше и жени што оддалеку го набљудуваа тоа.+ Меѓу нив беа Марија Магдалена, и Марија, мајката на Јаков Помалиот и на Јосиј, и Салома,+ 41 кои го придружуваа+ и му служеа кога беше во Галилеја. Таму беа и многу други жени кои заедно со него дојдоа во Ерусалим.+
42 А бидејќи веќе беше доцна попладне и беше ден на подготовка,* односно ден пред сабота,* 43 дојде Јосиф од Ариматеја, угледен член на Советот, кој и самиот го чекаше Божјето царство.+ Тој се осмели да влезе кај Пилат и да го побара Исусовото тело.+ 44 А Пилат се зачуди дека е веќе мртов, па го повика стотникот и го праша дали е веќе мртов. 45 Кога стотникот му го потврди тоа, му го даде на Јосиф мртвото тело.+ 46 Тој купи фино платно, го симна телото, го завитка во платното и го положи+ во гроб+ што беше издлабен во карпа. И дотркала камен на влезот од гробот.+ 47 А Марија Магдалена и Марија, мајката на Јосиј, гледаа каде го полагаат.+
16 Кога помина саботата,*+ Марија Магдалена+ и Марија, мајката на Јаков, и Салома купија мириси за да појдат и да го намачкаат Исус.+ 2 И во првиот ден+ од седмицата, многу рано, кога изгреа сонцето, дојдоа до гробот.+ 3 И си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го отркала каменот од влезот на гробот?“ 4 Но кога погледнаа, видоа дека каменот е отркалан, иако беше многу голем.+ 5 Кога влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бела долга облека, како седи од десната страна. И се уплашија.+ 6 А тој им рече: „Не плашете се! Вие го барате Исус Назареќанецот, кој беше прикован на столб.*+ Воскресна,+ не е овде. Еве го местото каде што го положија.+ 7 Туку одете, кажете им на неговите ученици и на Петар: ‚Тој оди пред вас во Галилеја.+ Таму ќе го видите, како што ви рече‘ “.+ 8 И тие излегоа и побегнаа од гробот, растреперени од страв и вчудовидени. И никому ништо не му кажаа бидејќи се плашеа.+
КРАТОК ЗАКЛУЧОК
Некои подоцнежни ракописи и преводи имаат краток заклучок, кој започнува по Марко 16:8 и гласи:
А сѐ што им беше заповедано им го раскажаа накратко на оние што беа со Петар. Потоа, Исус лично ја испрати по нив, од исток до запад, светата објава за вечното спасение, која не се расипува.
ДОЛГ ЗАКЛУЧОК
Извесни древни ракописи (Александрискиот кодекс, Ефремовиот кодекс и Безеовиот кодекс на стари ракописи) и некои преводи (латинската Вулгата, Кјуретоновиот старосириски текст, сириската Пешита) го содржат долгиот заклучок што следи. Но Синајскиот кодекс, Ватиканскиот кодекс и Синајско-сирискиот кодекс, како и Ерменскиот превод не го содржат тој заклучок:
9 Откако воскресна, рано во првиот ден од седмицата, најнапред ѝ се појави на Марија Магдалена, од која беше истерал седум демони. 10 Таа отиде и им кажа за тоа на оние што беа со него, кои сега тагуваа и плачеа. 11 Но кога чуја дека оживеал и дека таа го видела, не поверуваа. 12 Потоа им се покажа во друг облик на двајца од нив по пат, кога одеа в село. 13 Тие се вратија и им кажаа за тоа на останатите. Но и ним не им поверуваа. 14 А подоцна им се појави на самите единаесетмина, додека беа на трпеза, и ги прекори поради тоа што немаа вера и поради закоравеноста на нивните срца, бидејќи не им поверуваа на оние што го видоа дека е станат од мртвите. 15 И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте му ја добрата вест на секое создание! 16 Оној што ќе верува и ќе се крсти, ќе биде спасен, а кој не верува, ќе биде осуден. 17 А овие чудесни знаци ќе ги следат оние што веруваат: во мое име ќе истеруваат демони, ќе зборуваат на јазици 18 и со свои раце ќе фаќаат змии. Ако испијат нешто смртоносно, нема да им наштети. Ќе полагаат раце врз болни, и тие ќе оздравуваат“.
19 Потоа Господарот* Исус, откако разговараше со нив, беше земен на небото и седна од десната страна на Бог. 20 А тие отидоа и насекаде проповедаа, а Господарот соработуваше со нив и ја поткрепуваше таа порака со чудесни знаци.
Текстот во заградата е, всушност, цитиран од Малахија 3:1.
Види ја фуснотата за 4Мо 34:11.
Види ја фуснотата за Мт 4:20.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „лежеше на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ја фуснотата за Мт 3:7.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „душа“.
Буквално: „Кананит“.
Види ја фуснотата за Мт 12:24.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Види ја фуснотата за Мт 5:15.
Види ја фуснотата за Мт 26:53.
Или: „Десет градови“.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Или: „такви чуда“.
Види ја фуснотата за Лк 3:1.
Или: „хилијарсите“.
„Гости“ (и во 26. стих) — буквално: „на оние што лежеа на трпезата со него“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Римски сребреник кој тежел 3,85 грама. Види ги фуснотата за Мр 14:5 и додатокот 13.
Буквално: „исполегнат“. Спореди ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ја фуснотата за Мр 13:35.
Или: „држат... крштавање“.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Или: „злобно“.
Или: „Десет градови“.
Буквално: „исполегне“. Спореди ја фуснотата за Мт 9:10.
Буквално: „длабоко воздивна со својот дух“.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види го додатокот 8.
Буквално: „душата“.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Или: „некое чудо“.
Или: „ќе наведе на грев“. Буквално: „ќе наведе на спрепнување“.
Буквално: „на спрепнување“.
Види го додатокот 4.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Буквално: „ставил заедно во јарем“.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Буквално: „душа“.
Види Јвн 20:16.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Види ја фуснотата за Мт 3:7.
Изворниот збор има различни значења и може, во зависност од контекстот, да се преведе со поимите: „способност за разбирање, за сфаќање, за разликување; разум, остроумност, проникливост, увид“. Спореди ја фуснотата за Из 3:5.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види го додатокот 11.
Буквално: „две лепти, то ест еден квадрант“. Лептата е еврејска бакарна или бронзена паричка со најмала вредност. Квадрантот бил римска бакарна или бронзена паричка, шеесет и четврти дел од еден денариј. Види го додатокот 13.
Буквално: „ниту едно тело“.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „од четирите ветрови“.
„Навечер“ — првата стража во грчката и римската поделба на ноќта, од заоѓањето на сонцето до околу 21 часот.
„Полноќ“ — втората стража, од околу 21 часот до полноќ.
„Кога ќе пропеат петлите“ — третата стража, од полноќ до околу 3 часот.
„Рано наутро“ — четвртата стража, од околу 3 часот до изгрејсонце.
„Седеше на трпезата“ (и во 18. стих) — буквално: „лежеше на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Еден денариј (римска сребрена пара) бил дневница на еден земјоделски работник. Види Мт 20:2 и додатокот 13.
Види ја фуснотата за Мт 26:26.
Арамејски збор што значи „татко“.
Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Буквално: „гол“.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.
Види го додатокот 8.
Околу 9 часот, според нашето сметање на времето. Евреите почнувале да ги бројат часовите од изгревањето на сонцето.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Некаде кон 12 часот.
До околу 15 часот.
Види ја фуснотата за Мт 27:47.
Види ја фуснотата за Мт 27:62.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Види го додатокот 8.
Види го додатокот 11.