Евангелие според Лука
1 Мнозина се трудеа да состават извештај за настаните+ во кои ние се уверивме — 2 точно како што ни ги пренесоа оние што од почетокот+ беа очевидци+ на тие настани и објавители на пораката+ — 3 па и јас, честити Теофиле,+ откако внимателно испитав сѐ од почетокот, решив да ти напишам тебе сѐ по ред,*+ 4 за да се увериш дека поуката што ја слушаше* е достојна за доверба.+
5 Во деновите на Ирод,*+ царот на Јудеја, живееше еден свештеник по име Захарија, од групата на Авија.+ Жена му беше од ќерките на Арон+ и се викаше Елисавета. 6 Обајцата беа праведни+ пред Бог, зашто живееја* непорочно+ според сите Јеховини+ заповеди+ и закони.+ 7 Но немаа деца, бидејќи Елисавета беше неротка,+ а обајцата беа во поодминати години.
8 Еднаш, додека Захарија ја извршуваше свештеничката служба пред Бог, бидејќи ѝ беше редот на неговата група,+ 9 со ждрепка му се падна, според свештеничкиот обичај, да влезе во Јеховиното светилиште+ и да принесе темјан.+ 10 Додека тој принесуваше темјан, целиот народ се молеше надвор.+ 11 Тогаш му се појави Јеховин ангел. Стоеше од десната страна на кадилниот жртвеник.+ 12 Кога го здогледа, Захарија се вознемири и страв го обзеде.+ 13 Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твоите сесрдни молитви се услишени,+ и твојата жена Елисавета ќе ти роди син! Дај му го името Јован.+ 14 Ќе се радуваш и ќе се веселиш, и мнозина ќе се зарадуваат+ на неговото раѓање, 15 зашто тој ќе биде голем во очите на Јехова.+ Но не смее да пие вино ни опоен пијалак.+ Ќе биде исполнет со свет дух уште од мајчината утроба.+ 16 Многу Израелови синови ќе ги врати кај Јехова,+ нивниот Бог. 17 И ќе оди пред Бог полн со дух и со сила како Илија,+ за да ги обрати срцата на татковците кон децата+ и непослушните кон мудроста на праведните, да подготви за Јехова+ спремен народ“.+
18 А Захарија му рече на ангелот: „Како да бидам сигурен во тоа? Зашто, јас сум стар+ и жена ми е во поодминати години“. 19 Ангелот му одговори: „Јас сум Гавриел,+ кој стои пред Бог. Испратен сум да зборувам+ со тебе и да ти ја објавам оваа добра вест. 20 И еве, ќе онемиш+ и не ќе можеш да зборуваш сѐ до оној ден додека тоа не се случи, зашто не поверува на моите зборови, кои ќе се исполнат во свое време“. 21 А народот го чекаше Захарија+ и се чудеше зошто толку се задржа во светилиштето. 22 Кога најпосле излезе, не можеше да им каже ништо, па сфатија дека во светилиштето имал видение.+ Се обиде со знаци да се разбере со нив, но остана нем. 23 А кога изминаа деновите на неговата служба,+ си отиде дома.
24 По тие дни, неговата жена Елисавета забремени.+ Пет месеци не излегуваше од дома и велеше: 25 „Ова ми го направи Јехова во овие денови кога ми се смилува и го симна од мене срамот меѓу луѓето“.+
26 Кога беше во шестиот месец на бременоста, Бог го испрати ангелот Гавриел+ во галилејскиот град Назарет 27 кај една девица која беше свршена за човек од домот на Давид, кој се викаше Јосиф. Девицата+ се викаше Марија.+ 28 Кога влезе кај неа, ангелот рече: „Здраво,+ со милост обдарена, Јехова+ е со тебе!“+ 29 А таа се уплаши од тие зборови и почна да размислува што би можел да значи тој поздрав. 30 Но ангелот ѝ рече: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла милост+ кај Бог. 31 Еве, ќе забремениш и ќе родиш син.+ Дај му го името Исус.+ 32 Тој ќе биде голем+ и ќе биде наречен Син на Севишниот.+ Јехова Бог ќе му го даде престолот+ на Давид, неговиот татко,+ 33 и тој ќе царува во домот на Јаков засекогаш, и неговото царство ќе нема крај“.+
34 А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога уште не сум легнала со маж?“+ 35 Ангелот ѝ одговори: „Светиот дух+ ќе дојде врз тебе и силата на Севишниот ќе те засени. Затоа детето што ќе го родиш ќе биде свето,+ Син Божји.+ 36 Еве, и твојата роднина Елисавета, која ја нарекуваат неротка,+ зачна син на старост, и ова ѝ е шести месец. 37 Зашто, за Бог ништо од она што ќе го каже, не е невозможно“.+ 38 Тогаш Марија рече: „Еве ја Јеховината робинка!+ Нека ми биде според твоите зборови!“ И ангелот отиде откај неа.
39 Во тие денови Марија стана и брзо отиде во еден град во јудејските планини. 40 Влезе во куќата на Захарија и ја поздрави Елисавета. 41 Кога Елисавета го чу поздравот на Марија, детето во нејзината утроба потскокна. И Елисавета се исполни со свет дух 42 и извика на сет глас: „Благословена си ти меѓу жените, и благословен+ е плодот на твојата утроба! 43 Со што сум ја заслужила оваа чест, мајката на мојот Господар+ да дојде кај мене? 44 Зашто, еве, кога гласот на твојот поздрав дојде до моите уши, детето во мојата утроба потскокна од голема радост.+ 45 Среќна е онаа што поверувала, бидејќи ќе се исполни+ сето она што ѝ го рече Јехова!“+
46 А Марија рече: „Мојата душа го велича Јехова,+ 47 и мојот дух воскликнува од радост+ поради Бог, мојот Спасител,+ 48 бидејќи ја погледна својата безначајна робинка.+ Гледај, отсега сите поколенија ќе ме нарекуваат среќна,+ 49 бидејќи Силниот направи големи дела за мене, и свето е неговото име.+ 50 Од поколение во поколение е милостив кон оние што се бојат од него.+ 51 Моќни дела направи со својата рака,+ ги распрсна оние на кои замислите во срцето им се вообразени.+ 52 Ги собори моќниците+ од нивните престоли, а ги возвиши безначајните,+ 53 гладните ги насити со добро,+ а богатите ги отпушти празни.+ 54 Му дојде на помош на Израел, својот слуга,+ сеќавајќи се на милоста,+ 55 која им ја вети на нашите прататковци: дека засекогаш ќе биде милостив кон Авраам и кон неговото потомство“.+ 56 Така Марија остана кај неа околу три месеци, а потоа се врати дома.
57 А на Елисавета ѝ дојде време да роди, и роди син. 58 А соседите и нејзините роднини слушнаа дека Јехова ѝ покажал голема милост,+ и се радуваа+ со неа. 59 А на осмиот ден дојдоа да го обрежат детето,+ и сакаа да му го дадат името Захарија, по неговиот татко. 60 Но неговата мајка се спротивстави: „Не, туку ќе се вика Јован!“ 61 Тогаш ѝ рекоа: „Никој од твоите роднини не се вика така“. 62 Потоа со знаци го прашаа татко му како би сакал да се вика. 63 А тој побара плочка и напиша: „Јован+ му е името“. Тогаш сите се зачудија. 64 И веднаш му се отвори устата+ и му се одврза јазикот, па почна да зборува, благословувајќи го Бог. 65 И страв ги обзеде сите нивни соседи. По сите јудејски планини почна да се зборува за сето тоа, 66 и сите што слушнаа, размислуваа за тоа+ и се прашуваа: „Што ќе стане од тоа дете?“ Зашто, беше јасно дека со него беше Јеховината рака.+
67 А татко му Захарија се исполни со свет дух,+ па почна да пророкува:+ 68 „Нека е благословен Јехова, Богот на Израел,+ зашто му се смилува на својот народ+ и го избави!+ 69 И ни подигна рог+ на спасението* во домот на Давид, својот слуга, 70 како што зборуваше преку устата на своите свети пророци од дамнина,+ 71 дека ќе бидеме спасени од нашите непријатели и од раката на сите што нѐ мразат.+ 72 Кон нас покажа милосрдие, како што им вети на нашите прататковци, и се сети на својот свет сојуз,+ 73 на заклетвата со која му се заколна на Авраам, нашиот прататко,+ 74 дека, кога ќе бидеме избавени од раката на непријателот,+ ќе ни дозволи бестрашно да му служиме*+ 75 во лојалност и праведност пред него во сите наши денови.+ 76 А ти, дете, ќе бидеш наречено пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Јехова за да му ги подготвиш патиштата,+ 77 за да го поучиш неговиот народ за спасението, кое доаѓа преку проштавање на нивните гревови,+ 78 поради длабокото сочувство на нашиот Бог. Поради тоа сочувство ќе ни дојде разденување+ од висините,+ 79 за да им донесе светлина на оние што седат во темнина и во сенката на смртта,+ за да ги доведе нашите нозе на патот на мирот“.
80 А детето растеше+ и јакнеше во духот. Живееше во пустината сѐ до денот кога му се покажа на Израел.
2 А во тие денови излезе наредба+ од цезарот Август да се попише целото население.* 2 Тоа беше првиот попис извршен во времето кога Квириниј беше управител на Сирија. 3 И сите одеа на попис,+ секој во својот град. 4 Така и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, во Јудеја, во Давидовиот град, наречен Витлеем,+ бидејќи беше од домот и од семејството на Давид,+ 5 за да се попише со Марија,+ која дотогаш веќе беше омажена за него,+ а сега беше во доцна бременост.+ 6 Додека беа таму, ѝ дојде времето да се породи. 7 И го роди својот син, првородениот,+ го пови и го положи во јасли,+ бидејќи во ноќевалиштето немаше место за нив.
8 Во тој крај имаше и овчари кои живееја надвор и чуваа ноќна стража над своите стада. 9 Одеднаш Јеховин ангел+ застана покрај нив и Јеховината слава+ блесна околу нив, а тие многу се уплашија. 10 А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви објавувам добра вест за една голема радост за сите луѓе,+ 11 бидејќи денес во Давидовиот град+ ви се роди Спасител+ — Христос,* Господарот.*+ 12 А ова ви е знакот: ќе најдете дете повиено и положено во јасли“. 13 И одеднаш покрај ангелот се појави голема небесна војска,+ која го фалеше Бог+ и велеше: 14 „Слава на Бог во висините,+ а на земјата мир+ меѓу луѓето што му се по волја!“+
15 Кога ангелите ги напуштија и заминаа на небото, овчарите почнаа да си велат еден на друг: „Да појдеме во Витлеем и да го видиме тоа што Јехова+ ни објави дека се случило“. 16 И брзо отидоа и ги најдоа Марија и Јосиф, и детето положено во јаслите. 17 Кога го видоа детето, им го раскажаа она што им беше речено за него. 18 И сите што го слушнаа тоа, се восхитуваа на она што им го кажаа овчарите, 19 а Марија ги чуваше сите тие зборови во своето срце и размислуваше за нив.+ 20 Потоа овчарите се вратија, славејќи го и фалејќи го Бог за сето она што го чуја и го видоа, зашто се случи така како што им беше речено.
21 Кога се навршија осум дена,+ и требаше да биде обрежан,+ му го дадоа името Исус,+ како што го нарече ангелот пред да биде зачнат во мајчината утроба.+
22 А кога се навршија деновите на нивното чистење+ според Мојсеевиот закон, го донесоа во Ерусалим пред Јехова — 23 како што е напишано во Јеховиниот закон: „Секое првородено машко дете нека му биде свето на Јехова“+ — 24 и да принесат жртва, како што е речено во Јеховиниот закон: „Две грлици или два млади гулаба“.+
25 А во Ерусалим живееше еден човек по име Симеон. Тој човек беше праведен и богобојазлив, ја чекаше Израеловата утеха,+ и светиот дух беше врз него. 26 Преку светиот дух, Јехова Бог му откри дека нема да види смрт додека не го види неговиот Христос.+ 27 И понесен од духот,+ дојде во храмот. Кога родителите го внесоа детето Исус за да го извршат врз него обредот пропишан со законот,+ 28 го зеде в раце, па го благослови Бог и рече: 29 „Сега, Севишен Господару, според својата реч го отпушташ својот роб да умре во мир.+ 30 Зашто, моите очи го видоа оној преку кого ќе го донесеш спасението,+ 31 кое си го подготвил пред сите народи.+ 32 Тој е светлина+ за просветлување+ на незнабошците+ и слава на твојот народ Израел“. 33 А татко му и мајка му се восхитуваа на зборовите искажани за него. 34 И Симеон ги благослови, а на Марија, неговата мајка, ѝ рече: „Еве, овој е поставен за да паднат+ и да станат мнозина во Израел поради него+ и за да биде знак против кој ќе се зборува,+ 35 да се откријат размислувањата на многу срца+ (а тебе, меч ќе ти ја прободе душата)“.+
36 Тогаш живееше и пророчицата Ана, ќерка на Фануел, од племето на Асер. Таа беше навлезена во години. По својата девственост, седум години живееше со маж, 37 а остатокот од животот го помина како вдовица.+ Имаше осумдесет и четири години и никогаш не изостануваше од храмот, туку ден и ноќ му служеше на Бог*+ со пости и со сесрдни молитви. 38 Во тој час дојде и почна да му заблагодарува на Бог и да им зборува за детето на сите што го чекаа избавувањето на Ерусалим.+
39 Кога извршија сѐ според законот+ Јеховин, се вратија во Галилеја, во својот град Назарет.+ 40 А детето растеше и зајакнуваше,+ напредуваше во мудроста и ја уживаше Божјата наклоност.+
41 Неговите родители секоја година одеа во Ерусалим+ на празникот Пасха. 42 Кога имаше дванаесет години, отидоа во Ерусалим според празничниот обичај+ 43 и останаа таму до крајот на празникот. Кога тргнаа дома, детето Исус остана во Ерусалим, а неговите родители не го забележаа тоа. 44 Претпоставувајќи дека е меѓу нивните сопатници, поминаа еден ден одење,+ а потоа почнаа да го бараат меѓу роднините и познајниците. 45 Но, бидејќи не го најдоа, се вратија во Ерусалим за да го бараат. 46 По три дена го најдоа во храмот+ како седи меѓу учителите, слушајќи ги и поставувајќи им прашања. 47 Сите што го слушаа, се восхитуваа на неговата остроумност* и на неговите одговори.+ 48 Кога родителите го видоа, се зачудија. И мајка му му рече: „Дете, зошто ни го направи тоа? Татко ти и јас загрижено те баравме“. 49 А тој им рече: „Зошто сте ме барале? Зарем не знаевте дека морам да бидам во домот на мојот Татко?“+ 50 Но тие не ги разбраа зборовите што им ги кажа.+
51 И се врати со нив и дојде во Назарет, и им беше послушен.+ А мајка му внимателно ги чуваше сите овие зборови во своето срце.+ 52 А Исус растеше, напредуваше во мудроста+ и уживаше сѐ поголема наклоност кај Бог и кај луѓето.+
3 Во петнаесеттата година од владеењето на цезарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител на Јудеја, и Ирод*+ тетрарх* на Галилеја, а неговиот брат Филип тетрарх на земјата Итуреја и Трахонитида, и Лисаниј тетрарх на Авилинија, 2 во деновите на Кајафа и на главниот свештеник Ана,+ Божјата реч му дојде на Јован,+ синот на Захарија, во пустината.+
3 И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи им на луѓето дека треба да се крстат во знак на покајание, кое е потребно за проштавање на гревовите,+ 4 како што стои во книгата во која се запишани зборовите на пророкот Исаија: „Слушајте! Некој вика во пустината: ‚Подгответе му го патот на Јехова, израмнете ги неговите патеки!+ 5 Секој дол да се исполни, и секоја планина и секој рид да се израмнат! Кривулестите патеки да станат прави, нерамните патишта да се израмнат!+ 6 И сите луѓе ќе го видат оној преку кого Бог ќе донесе спасение‘ “.+
7 И им зборуваше на мноштвото луѓе кои доаѓаа кај него за да ги крсти: „Змиско легло!+ Кој ви кажал да бегате од гневот што доаѓа?+ 8 Затоа донесете плодови кои одговараат на покајанието!*+ И немојте во себе да си зборувате: ‚Наш татко е Авраам‘. Зашто, ви велам, Бог може од овие камења да му подигне деца на Авраам. 9 Секирата веќе лежи кај коренот на дрвјата. Затоа, секое дрво кое не донесува добар плод, ќе го исечат и ќе го фрлат во оган“.+
10 А луѓето го прашуваа: „Тогаш што треба да правиме?“+ 11 Тој им одговараше: „Кој има две облеки, нека му даде една на оној што нема ниту една, и кој има храна, нека го направи истото!“+ 12 Дојдоа да се крстат и даночници, па го прашаа: „Учителе, што треба да правиме?“+ 13 Тој им одговори: „Не барајте повеќе отколку она што е пропишано!“+ 14 А и некои војници го прашаа: „А што треба ние да правиме?“ Им одговори: „Не угнетувајте никого и не обвинувајте лажно никого,+ туку бидете задоволни со својата плата!“+
15 А народот беше во исчекување и сите во своето срце се прашуваа за Јован: „Да не е можеби тој Христос?“*+ 16 Затоа Јован на сите им рече: „Јас ве крштавам со вода, но доаѓа оној што е посилен од мене, кому јас не сум достоен да му ги одврзам ремчињата на сандалите.+ Тој ќе ве крсти со свет дух и со оган.+ 17 Во раката има лопата за веење за да го исчисти своето гумно и да ја собере+ пченицата во својот амбар, а плевата+ ќе ја изгори во оган што не може да се изгасне“.+
18 А ги подбуди и со многу други зборови и му ја објавуваше добрата вест на народот. 19 А тетрархот Ирод, кого Јован го прекоруваше поради Иродијада, жената на брат му, и поради сите злодела што ги беше направил Ирод,+ 20 покрај другото го направи и ова: го фрли Јован в затвор.+
21 Кога се крсти сиот народ, се крсти и Исус.+ И додека се молеше, се отвори небото+ 22 и светиот дух слезе на него во телесен облик како гулаб, и од небото се чу глас: „Ти си мојот сакан Син, ти си по мојата волја!“+
23 Кога започна со својата служба,+ Исус имаше околу триесет+ години. А беше, како што се сметаше,
син на Или,
24 син на Матат,
син на Леви,
син на Мелхи,
син на Јанај,
син на Јосиф,
25 син на Мататиј,
син на Амос,
син на Наум,
син на Если,
син на Нагај,
26 син на Маат,
син на Мататиј,
син на Семеин,
син на Јосех,
син на Јода,
27 син на Јоанан,
син на Реза,
син на Зоровавел,+
син на Салатиел,+
син на Нери,
28 син на Мелхи,
син на Ади,
син на Косам,
син на Елмодам,
син на Ир,
29 син на Исус,
син на Елиезер,
син на Јорим,
син на Матат,
син на Леви,
30 син на Симеон,
син на Јуда,
син на Јосиф,
син на Јонам,
син на Елијаким,
31 син на Мелеа,
син на Мена,
син на Матата,
син на Натан,+
син на Давид,+
син на Овид,+
син на Вооз,+
син на Салмон,+
син на Насон,+
син на Есром,+
син на Фарес,+
син на Јуда,+
син на Исак,+
син на Авраам,+
син на Тара,+
син на Нахор,+
син на Рагав,+
син на Фалек,+
син на Евер,+
син на Сала,+
син на Арфаксад,+
син на Сем,+
син на Ное,+
син на Ламех,+
син на Енох,+
син на Јаред,+
син на Малелеел,+
син на Каинан,+
син на Сет,+
син на Адам,+
син на Бог.
4 Исус, полн со свет дух, се врати од Јордан, и духот го водеше низ пустината+ 2 четириесет дена,+ а Ѓаволот го искушуваше.+ Во тие денови ништо не јадеше, па кога изминаа, тој огладне. 3 Тогаш Ѓаволот му рече: „Ако си син Божји, кажи му на овој камен да стане леб!“ 4 А Исус му одговори: „Напишано е: ‚Не смее човек да живее само од леб‘ “.+
5 Потоа го одведе на едно високо место и му ги покажа одеднаш сите царства на светот.* 6 И Ѓаволот му рече: „Ќе ти ја дадам власта над сите нив+ и нивната слава, бидејќи мене ми е предадена, и јас ја давам кому што сакам.+ 7 Затоа, ако ми се поклониш,*+ сета власт ќе биде твоја“. 8 Тогаш Исус му рече: „Напишано е: ‚Јехова, својот Бог,+ обожавај го* и само нему служи му!‘ “*+
9 Тогаш го одведе во Ерусалим, го постави на врвот од храмскиот ѕид+ и му рече: „Ако си син Божји, фрли се одовде долу!+ 10 Зашто, напишано е: ‚На ангелите свои тој ќе им заповеда за тебе да те чуваат‘+ 11 и ‚Тие ќе те носат на раце за да не удриш некаде со ногата во камен‘ “.+ 12 Исус му одговори: „Кажано е: ‚Не искушувај го Јехова, својот Бог!‘ “+ 13 Кога заврши со сите тие искушенија, Ѓаволот го остави, чекајќи друг поволен момент.+
14 А Исус се врати во Галилеја+ исполнет со силата на духот, и добриот глас за него се рашири по целиот тој крај.+ 15 И почна да поучува и во нивните синагоги, и сите го почитуваа.+
16 И дојде во Назарет,+ каде што порасна. Според својот обичај, влезе во синагогата во саботен* ден,+ па стана да чита. 17 И му го дадоа свитокот на пророкот Исаија, а тој го отвори свитокот и го најде местото каде што беше напишано: 18 „Јеховиниот дух+ е врз мене, зашто Бог ме помаза да им објавам добра вест на сиромасите, ме испрати да проповедам ослободување на заробените и враќање на видот на слепите, да ги пуштам на слобода здробените,+ 19 да ја проповедам Јеховината година на милоста“.*+ 20 Тогаш го свитка свитокот, му го врати на служителот и седна. Очите на сите во синагогата беа вперени во него. 21 И им рече: „Денес се исполнија овие зборови од Писмото, кои штотуку ги чувте“.+
22 И сите се согласуваа со тоа и се восхитуваа на привлечните зборови+ што излегуваа од неговата уста. И велеа: „Не е ли овој синот на Јосиф?“+ 23 Тогаш им рече: „Сигурно ќе ја примените на мене оваа изрека: ,Лекару,+ излекувај се самиот себе!‘ И ќе речете: ‚Направи го и овде, во својот роден крај,+ она+ што чувме дека се случило во Капернаум!‘ “+ 24 И продолжи: „Навистина, ви велам, ниту еден пророк не е прифатен во својот роден крај. 25 Еве, ви ја кажувам вистината: во деновите на Илија, кога небото три години и шест месеци беше затворено, па во целата земја владееше голем глад, во Израел имаше многу вдовици,+ 26 но Илија не беше испратен кај ниту една од тие жени, туку само кај вдовицата во Сарепта,+ во сидонската земја. 27 Исто така, во времето на пророкот Елисеј, во Израел имаше многу лепрозни, но ниту еден од нив не беше исчистен, освен Сириецот Нааман“.+ 28 А кога го чуја тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев,+ 29 па станаа, го истераа од градот и го одведоа во планината, на стрмнината на која што беше изграден нивниот град, за да го фрлат главечки удолу.+ 30 Но тој помина меѓу нив и си отиде.+
31 И слезе во Капернаум,+ град во Галилеја. И ги поучуваше во сабота, 32 а тие беа восхитени од неговото учење,+ бидејќи зборуваше како некој зад чии зборови стои Бог.+ 33 А во синагогата имаше еден човек кој беше обземен од дух,+ од нечист демон. И извика со силен глас: 34 „Леле! Што имаме ние со тебе,+ Исусе Назареќанецу?+ Дојде ли за да нѐ уништиш? Знам+ точно кој си: Светецот Божји!“+ 35 А Исус го прекори: „Замолчи и излези од него!“ Тогаш демонот го собори човекот пред нив, па излезе од него без да го повреди.+ 36 Тогаш сите се вчудовидоа и еден на друг си велеа: „Какви зборови се тоа? Тој со власт и сила им заповеда на нечистите духови, и тие излегуваат!“+ 37 И гласот за него се ширеше по целата околина.+
38 Потоа стана и излезе од синагогата, па влезе во домот на Симон. А тештата на Симон ја мачеше силна треска, па го замолија да ѝ помогне.+ 39 И тој застана над неа, ѝ се закани на треската,+ и таа ја остави. И жената веднаш стана и почна да ги послужува.+
40 А кога заоѓаше сонцето, сите што имаа болни, кои боледуваа од разни болести, ги доведуваа кај него. Тој ги полагаше рацете врз секој од нив и ги оздравуваше.+ 41 А и демоните излегуваа од мнозина,+ викајќи: „Ти си Синот Божји!“+ Но тој ги прекоруваше и не им дозволуваше да зборуваат,+ бидејќи знаеја+ дека тој е Христос.*+
42 Кога се раздени, излезе и отиде на едно осамено место,+ а народот го бараше. Дојдоа до него и сакаа да го задржат да не си оди откај нив. 43 А тој им рече: „И на другите градови морам да им ја објавам добрата вест за Божјето царство, бидејќи за тоа сум испратен“.+ 44 И продолжи да проповеда по синагогите во Јудеја.+
5 Еднаш, додека стоеше покрај Генисаретското Езеро,*+ народот се туркаше околу него и ја слушаше Божјата реч. 2 И виде два чамца што стоеја на брегот од езерото, а рибарите беа излегле од нив и ги плавеа мрежите.+ 3 Влезе во еден од тие чамци, кој беше на Симон, и го замоли да се оддалечи малку од копното. Тогаш седна и почна да го поучува народот од чамецот.+ 4 Кога престана да зборува, му рече на Симон: „Отплови таму каде што е длабоко, фрлете ги своите мрежи+ и ловете!“ 5 А Симон рече: „Учителе, цела ноќ се мачевме и ништо не уловивме,+ но штом ти така велиш, ќе ги спуштам мрежите“. 6 Кога го направија тоа, фатија толку многу риби што мрежите почнаа да им се кинат. 7 Затоа им мавнаа со рака на своите другари во другиот чамец да дојдат и да им помогнат.+ И дојдоа, и толку ги наполнија двата чамца што скоро ќе потонеа. 8 Кога го виде тоа, Симон Петар+ му падна на Исус пред нозе и рече: „Оди си од мене, Господару, бидејќи сум грешен човек!“+ 9 Зашто, кога видоа колку риби фатија, се вчудовидоа тој и сите што беа со него, 10 а исто така и Јаков и Јован, синовите на Зеведеј,+ кои му беа соработници на Симон. Но Исус му рече на Симон: „Не плаши се! Отсега ќе ловиш луѓе“.+ 11 И така ги извлекоа чамците на копното, оставија сѐ и појдоа по него.*+
12 Додека беше во еден од градовите, се појави човек полн со лепра. Кога го здогледа Исус, падна ничкум и го замоли: „Господару, ако сакаш, можеш да ме исчистиш“.+ 13 А тој ја испружи раката, го допре и рече: „Сакам, исчисти се!“ И лепрата веднаш исчезна од него.+ 14 И му заповеда на човекот: „Никому ништо не кажувај,+ туку оди и покажи му се на свештеникот,+ и принеси жртва+ за своето очистување, како што пропиша Мојсеј, ним за сведоштво“.+ 15 И гласот за него сѐ повеќе се ширеше, и луѓето во голем број се собираа за да слушаат и да бидат излекувани од своите болести.+ 16 А Исус се повлече на едно осамено место во пустината и се молеше.+
17 Еден ден, додека поучуваше, таму седеа фарисеи* и учители по законот, кои беа дошле од сите села на Галилеја и Јудеја и од Ерусалим. А Јеховината сила беше со него за да лекува.+ 18 И гледај, луѓето донесоа на носилка еден човек што беше парализиран, и бараа начин да го внесат и да го стават пред него.+ 19 Но поради мноштвото, не можеа да го внесат, па се качија на покривот, направија отвор во ќерамидите и го спуштија на носилката меѓу оние што беа пред Исус.+ 20 Кога ја виде нивната вера, рече: „Човеку, простени ти се гревовите!“+ 21 Тогаш книжниците и фарисеите почнаа да размислуваат: „Кој е овој што хули?+ Кој може да простува гревови освен самиот Бог?“+ 22 А Исус сфати за што размислуваат, па им рече: „За што размислувате во своите срца?+ 23 Што е полесно? Да се каже: ‚Простени ти се гревовите‘, или да се каже: ‚Стани и оди‘?+ 24 Но знајте дека Синот човечки има власт на земјата да простува гревови!“ Тогаш му рече на парализираниот: „Тебе ти велам, стани, земи си ја носилката и оди си дома!“+ 25 И тој веднаш стана пред нив, ја зеде носилката на која лежеше и си отиде дома, славејќи го Бог.+ 26 Тогаш сите до еден останаа восхитени,+ па го славеа Бог и, исполнети со страв, велеа: „Денес видовме нешто неверојатно!“+
27 Потоа излезе и виде еден даночник, по име Леви, како седи на местото каде што се собираше данок. И му рече: „Појди по мене!“+ 28 И тој остави сѐ,+ стана и појде по него. 29 И Леви му приреди голема гозба во својот дом. А на трпезата имаше* и многу даночници и други луѓе.+ 30 Тогаш фарисеите и нивните книжници почнаа да им приговараат на неговите ученици: „Зошто јадете и пиете со даночници и грешници?“+ 31 Исус им одговори: „На здравите не им треба лекар,+ туку на болните.+ 32 Не дојдов да ги повикам на покајание праведниците, туку грешниците“.+
33 А тие му рекоа: „Учениците на Јован често постат и сесрдно се молат, а тоа го прават и учениците на фарисеите, но твоите јадат и пијат“.+ 34 А Исус им рече: „Можете ли пријателите на младоженецот да ги натерате да постат додека младоженецот е со нив?+ 35 Но ќе дојдат денови кога младоженецот+ ќе им биде одземен.+ Тогаш, во тие денови, ќе постат“.+
36 Понатаму, им раскажа една споредба: „Никој не сече закрпа од нова облека за да ја пришие на стара облека. Инаку новата закрпа ќе се откине, а и закрпата од новата облека не одговара на старата.+ 37 И никој не става ново вино во стари мешини. Инаку новото вино ќе ги скине мешините+ и ќе се пролее, а мешините ќе пропаднат.+ 38 Туку новото вино треба да се стави во нови мешини. 39 Никој што пиел старо вино не сака ново, зашто вели: ‚Старото е добро‘ “.+
6 Една сабота* поминуваше низ житните полиња, а неговите ученици кинеа класје,+ ги триеја со рацете и ги јадеа.+ 2 Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Зошто го правите она што не е дозволено+ во сабота?“+ 3 Исус им одговори: „Зарем никогаш не сте читале што направи Давид+ кога огладнеа тој и неговите луѓе,+ 4 како влезе во Божјиот дом, па зеде, јадеше и им даде на своите луѓе од лебовите ставени пред Бог,+ кои не смее да ги јаде никој друг освен свештениците?“+ 5 И им рече: „Синот човечки е Господар на саботата“.+
6 Една друга сабота+ влезе во синагогата и почна да поучува. Таму имаше еден човек, кому десната рака му беше исушена.+ 7 Книжниците и фарисеите го посматраа+ за да видат дали ќе лекува во сабота, за да најдат нешто за да го обвинат.+ 8 Но тој знаеше за што размислуваат,+ па на човекот со исушена рака му рече: „Стани и застани на средина!“ И тој стана и застана.+ 9 Тогаш Исус им рече: „Ве прашувам: дали е дозволено во сабота да се прави добро+ или да се прави зло, да се спаси живот* или да се погуби?“+ 10 И ги погледна сите наоколу, па му рече на човекот: „Испружи ја раката!“ Човекот направи така, и раката му оздраве.+ 11 А тие се разбеснеа, па почнаа да се договараат што да му направат на Исус.+
12 Во тие денови тој излезе на гората да се моли,+ и целата ноќ ја помина молејќи му се на Бог.+ 13 Кога се раздени, ги повика кај себе своите ученици и од нив избра дванаесетмина, кои ги нарече апостоли:+ 14 Симон, кого го нарече Петар,+ и неговиот брат Андреј, и Јаков и Јован,+ и Филип+ и Вартоломеј, 15 и Матеј и Тома,+ и Јаков, синот на Алфеј, и Симон наречен „ревнител“,+ 16 и Јуда, синот на Јаков, и Јуда Искариот, кој потоа го предаде.+
17 И слезе со нив и застана на една висорамнина. Таму имаше големо мноштво негови ученици и големо мноштво луѓе+ од цела Јудеја и од Ерусалим, како и од тирското и сидонското приморје, кои дојдоа да го чујат и да бидат излекувани од своите болести.+ 18 Беа излекувани дури и оние што беа измачувани од нечисти духови. 19 И сите од мноштвото настојуваа да го допрат,+ бидејќи од него излегуваше сила+ и ги лекуваше сите.
20 А тој ги подигна очите кон своите ученици и рече:+
„Среќни сте вие сиромашните,+ зашто ваше е царството Божје!
21 Среќни сте вие што сега гладувате,+ зашто ќе се наситите!+
Среќни сте вие што сега плачете, зашто ќе се смеете!+
22 Среќни сте кога луѓето ве мразат+ и кога ве истеруваат од својата средина и ве навредуваат и го оцрнуваат+ вашето име поради Синот човечки! 23 Радувајте се во тој ден и воскликнувајте,* зашто голема е вашата награда на небото! Зашто, нивните прататковци им го правеа истото и на пророците.+
24 Но тешко вам, богати,+ зашто веќе ја имате својата утеха!+
25 Тешко вам кои сега сте сити, зашто ќе гладувате!+
Тешко вам кои сега се смеете, зашто ќе тагувате и ќе плачете!+
26 Тешко вам кога сите луѓе зборуваат добро за вас, зашто нивните прататковци им го правеа истото и на лажните пророци!+
27 Но вам кои слушате, ви велам: сакајте ги своите непријатели,+ правете им добро+ на оние што ве мразат, 28 благословувајте ги оние што ве проколнуваат, молете се за оние што ве навредуваат.+ 29 На оној што ќе те удри по едниот образ,+ сврти му го и другиот, и на оној што ти ја зема+ горната облека, не прикратувај му ја ни долната. 30 Што и да ти побара некој, дај му,+ и не барај си го назад своето од оној што ти го зема.
31 И како што сакате луѓето да ви прават вам, така правете им и вие ним.+
32 Ако ги сакате оние што ве сакаат вас, каква заслуга имате? Зашто, и грешниците ги сакаат оние што ги сакаат нив.+ 33 И ако им правите добро на оние што ви прават добро вам, каква заслуга имате? И грешниците го прават истото.+ 34 И ако им позајмувате без камата+ на оние од кои се надевате дека ќе го добиете назад, каква заслуга имате? И грешниците им позајмуваат без камата на грешници за да им се врати исто толку.+ 35 Туку, сакајте ги своите непријатели, правете добро и позајмувајте+ без камата, не надевајќи се на ништо, па вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Севишниот,+ зашто тој е милостив+ кон неблагодарните и кон злите. 36 Бидете милосрдни, како што е милосрден вашиот Татко.+
37 Не судете,* и нема да ви биде судено.+ Не осудувајте, и нема да бидете осудени. Простувајте, и ќе ви биде простено.+ 38 Давајте, и ќе ви се даде.+ Ќе ви сипат во скутот добра мера, набиена, натресена и преполна. Зашто, со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери“.+
39 Тогаш им раскажа и една споредба: „Може ли слепец да води слепец? Нема ли двајцата да паднат во јама?+ 40 Ученикот не е над својот учител, туку секој што е добро поучен, ќе биде како својот учител.+ 41 Зошто тогаш ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш?+ 42 Како можеш да му речеш на својот брат: ‚Брате, дозволи ми да ти ја извадам раската што ти е во окото‘, а самиот не ја гледаш гредата во своето око?+ Лицемеру! Извади ја најнапред гредата од своето око,+ па тогаш добро ќе видиш како да ја извадиш раската што е во окото на твојот брат.+
43 Зашто, нема добро дрво кое дава гнил плод, а нема ни гнило дрво кое дава добар плод.+ 44 Зашто, секое дрво се познава по својот плод.+ Не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од трнова грмушка.+ 45 Добар човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро,+ а зол човек од својата зла ризница изнесува зло, бидејќи неговата уста го зборува она со кое му е полно срцето.+
46 Тогаш, зошто ме викате ‚Господару! Господару!‘* а не го правите она што го зборувам?+ 47 Ќе ви кажам на кого личи секој што доаѓа кај мене и ги слуша моите зборови и ги извршува:+ 48 тој е како човек што градеше куќа, па копаше во длабочина и положи темел на карпа. Кога дојде поплава,+ поројот удри на таа куќа, но не можеше да ја разниша, бидејќи беше добро изградена.+ 49 А оној што слуша, но не извршува,+ е како човек кој изгради куќа на земја, без темел. На неа удри порој, и куќата веднаш се урна+ и сосема се распадна“.+
7 Откако му го рече сето тоа на народот што го слушаше, влезе во Капернаум.+ 2 А еден стотник имаше болен роб, кој само што не беше умрел, а му беше мил.+ 3 Кога чу за Исус, ги испрати кај него еврејските старешини да го замолат да дојде и да му го оздрави робот. 4 Тие дојдоа кај Исус и сесрдно го замолија: „Достоен е да му го направиш тоа, 5 зашто го сака нашиот народ+ и ни ја изгради синагогата“. 6 Тогаш Исус тргна со нив. А кога беше недалеку од куќата, стотникот веќе имаше испратено пријатели да му речат: „Господине, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив.+ 7 Затоа не се сметав за достоен да дојдам кај тебе. Туку кажи само збор за да оздрави мојот слуга! 8 Зашто, и јас имам свои претпоставени, а имам и потчинети војници, па на едниот му велам: ‚Оди!‘ — и тој оди, а на другиот: ‚Дојди!‘ — и тој доаѓа, а на својот роб: ‚Направи го тоа!‘ — и тој го прави“.+ 9 Кога го чу тоа, Исус се восхити од него, па се сврте кон мноштвото, кое одеше по него, и рече: „Ви велам, ниту во Израел не најдов толкава вера!“+ 10 И кога се вратија дома, оние што беа испратени го најдоа робот здрав.+
11 Веднаш потоа се упати во еден град кој се вика Наин, а со него одеа неговите ученици и големо мноштво луѓе. 12 Кога се приближи до градската порта, гледај, изнесуваа мртовец,+ син единец+ на својата мајка, која беше вдовица. А со неа имаше и многу народ од градот. 13 Кога ја здогледа, Господарот се сожали+ на неа и ѝ рече: „Не плачи!“+ 14 Потоа се приближи и ја допре носилката. Носачите застанаа, а тој рече: „Момче, тебе ти велам, стани!“+ 15 Мртовецот седна и почна да зборува, а Исус го предаде на мајка му.+ 16 И сите ги обзеде страв,+ па го славеа Бог и велеа: „Голем пророк+ е подигнат меѓу нас“ и „Бог му се смилува на својот народ“.+ 17 И гласот за тоа што го направи се рашири по цела Јудеја и по целата околија.
18 А Јовановите ученици го известија Јован за сето тоа.+ 19 Затоа Јован повика двајца свои ученици и ги испрати кај Господарот да го прашаат: „Ти ли си оној што треба да дојде или да чекаме некој друг?“+ 20 Кога дојдоа кај него, тие луѓе рекоа: „Јован Крстител нѐ испрати кај тебе да те прашаме: ‚Ти ли си оној што треба да дојде или да чекаме друг?‘ “ 21 А во тој час тој излекува мнозина од нивните заболувања,+ од тешки болести и од зли духови и на мнозина слепи им подари вид. 22 Затоа им одговори на тие двајца: „Одете,+ кажете му на Јован што сте виделе и чуле: на слепите+ им се враќа видот, сакатите одат, лепрозните се исчистуваат, глувите слушаат, мртвите стануваат, на сиромасите им се објавува+ добрата вест.+ 23 И среќен е оној што поради мене нема да се поколеба во верата“.*+
24 Кога Јовановите гласници си заминаа, почна да му зборува на мноштвото за Јован: „Што излеговте да гледате во пустината? Трска што ја лулее ветрот?+ 25 Значи, што излеговте да видите? Човек облечен во раскошна облека?+ Оние што носат убава облека и живеат во раскош се во царските дворци.+ 26 Тогаш, што излеговте да видите? Пророк?+ Да, ви велам, и многу повеќе од пророк.+ 27 Тој е оној за кого е напишано: ‚Еве, јас го праќам пред твоето лице мојот гласник,+ кој ќе ти го подготви патот пред тебе‘.+ 28 Ви велам, меѓу родените од жена никој не е поголем+ од Јован, но помалиот во царството Божје е поголем од него“.+ 29 А кога го слушнаа тоа, сите луѓе и даночниците признаа дека Бог е праведен.+ Тоа беа оние што се крстија со Јовановото крштавање.+ 30 А фарисеите и закониците го отфрлија она што Бог го науми+ со нив, зашто не сакаа Јован да ги крсти.
31 „А со кого да ги споредам луѓето од ова поколение? Кому му се слични?+ 32 Тие се како деца што седат на плоштад и се довикуваат едни со други: ‚Ви свиревме на кавал, но не игравте. Пеевме тажачки, но не плачевте‘.+ 33 Оти, дојде Јован Крстител, кој ниту јадеше леб ниту пиеше вино, а вие велите: ‚Во него има демон‘.+ 34 Дојде Синот човечки, кој јаде и пие, а вие велите: ‚Гледај, ненаситник и пијаница, пријател на даночници и на грешници!‘+ 35 Сепак, мудроста+ ја оправдуваат сите нејзини деца“.+
36 А еден фарисеј почна да го моли да руча со него. Затоа влезе во куќата+ на фарисејот и зазеде место на трпезата.* 37 И гледај, една жена, која во градот беше позната како грешница, дозна дека тој е на трпезата во куќата на фарисејот, па донесе едно алабастерно шишенце со мирисливо масло+ 38 и се смести одзади, кај неговите нозе, плачејќи, па почна да му ги натопува нозете со солзи и да му ги брише со својата коса. И му ги бакнуваше нозете и му ги мачкаше со мирисливото масло. 39 Кога го виде тоа, фарисејот кој го повика си рече во себе: „Да беше овој човек пророк,+ ќе знаеше која е и каква е оваа жена која го допира, дека е грешница“.+ 40 Но Исус му рече: „Симоне, имам нешто да ти кажам“. Тој одговори: „Кажи, учителе!“
41 „Двајца луѓе му беа должници на еден заемодавец. Едниот му должеше петстотини денарии,*+ а другиот педесет. 42 Но, бидејќи не можеа да го вратат долгот, тој спремно им прости+ на обајцата. Според тоа, кој од нив повеќе ќе го сака?“ 43 Симон одговори: „Веројатно оној кому му простил повеќе“. Исус му рече: „Исправно пресуди“. 44 И свртувајќи се кон жената, му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа жена? Јас влегов во твојата куќа, и ти не ми даде вода+ за нозете. А оваа жена ми ги облеа нозете со солзи и ги избриша со својата коса. 45 Ти не ме бакна,+ а оваа жена, откако влегов, не престана да ми ги бакнува нозете. 46 Ти не ми ја намачка главата со масло,+ а оваа жена ми ги намачка нозете со мирисливо масло. 47 Поради тоа, ти велам, простени ѝ се гревовите,+ иако се многу, бидејќи покажа многу љубов. А кому малку му е простено, малку љубов покажува“. 48 Потоа ѝ рече: „Простени ти се гревовите“.+ 49 Тогаш оние што беа со него на трпезата си помислија во себе: „Кој е овој што дури и гревови простува?“+ 50 А тој ѝ рече на жената: „Твојата вера те спаси.+ Оди си во мир!“+
8 Кратко потоа, почна да оди од град во град и од село во село, проповедајќи и објавувајќи ја добрата вест за Божјето царство.+ Со него беа и дванаесеттемина 2 и некои жени,+ кои беа излекувани од зли духови и од болести: Марија наречена Магдалена, од која беа излегле седум демони,+ 3 потоа Јоана,+ жената на Хуза, Иродовиот настојник, и Сусана, и многу други жени, кои им служеа со она што го имаа.
4 Кога се собра многу народ, заедно со луѓето што дојдоа кај него од многу градови, тој им рече во една споредба:+ 5 „Еден сејач излезе да сее семе. Додека сееше, дел од семето падна покрај патот, и беше изгазено и птиците небесни го исколваа.+ 6 Друг дел падна на каменито место, но кога никна, се исуши, зашто немаше влага.+ 7 А дел падна меѓу трња, и трњата нараснаа со него и го задушија.+ 8 А дел падна на добра земја и, откако никна, донесе стократен плод“.+ Кога го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека слуша!“+
9 Неговите ученици го прашаа што значи таа споредба.+ 10 Тој одговори: „Вам ви е дадено да ги разберете светите тајни на царството Божје, а на останатите им се зборува во споредби,+ за да гледаат, а да не видат, и да слушаат, а да не разберат.+ 11 А споредбата+ значи ова: семето е речта Божја.+ 12 Тоа што паднало покрај патот се оние што слушаат,+ но потоа доаѓа Ѓаволот+ и ја одзема речта од нивните срца за да не веруваат и да не бидат спасени.+ 13 Она на каменито место се тие што радосно ја прифаќаат речта кога ќе ја чујат, но немаат корен. Веруваат некое време, но во време на искушение отпаѓаат.+ 14 А она што паднало меѓу трња, тоа се оние што слушаат, но бидејќи се одвлечени од грижите, од богатството и од задоволствата+ на овој живот, се задушуваат и не донесуваат зрел плод.+ 15 А она што е на добра земја, тоа се оние што ја слушаат речта со чисто и добро срце,+ па ја задржуваат и истрајно донесуваат плод.+
16 Никој не пали светилка за да ја покрие со сад или за да ја стави под кревет, туку ја става на светилник за да ја видат светлината оние што влегуваат.+ 17 Зашто, нема ништо тајно+ што нема да се открие, и нема ништо скриено што нема да се дознае и да излезе на видело.+ 18 Затоа, внимавајте како слушате, зашто, на оној што има, уште ќе му се даде,+ а на оној што нема, ќе му се одземе и она што мисли дека го има“.+
19 А кај него дојдоа мајка му и неговите браќа,+ но поради мноштвото не можеа да пријдат.+ 20 Тогаш некој му јави: „Мајка ти и твоите браќа стојат надвор и сакаат да те видат“.+ 21 Тој им одговори: „Моја мајка и мои браќа се овие што ја слушаат речта Божја и ја извршуваат“.+
22 Еден ден тој и неговите ученици влегоа во чамец. И им рече: „Да преминеме на другата страна од езерото!“ И така отпловија.+ 23 Додека пловеа, тој заспа. Тогаш над езерото се спушти силен бурен ветар и чамецот почна да се полни со вода, па беа во опасност.+ 24 Тогаш му пријдоа и го разбудија, велејќи: „Учителе, учителе, ќе загинеме!“+ Тој стана, им се закани+ на ветрот и на разбеснетата вода, и тие стивнаа, па настапи тишина. 25 Тогаш им рече: „Каде ви е верата?“ А тие се исплашија и зачудено се прашуваа еден со друг: „Кој ли е овој што им заповеда и на ветровите и на водата, и тие го слушаат?“+
26 И допловија во герасинскиот крај, кој е спроти Галилеја.+ 27 Кога излезе на копно, го сретна еден човек од градот, кој беше обземен од демони. Веќе подолго време не носеше облека и не живееше во куќа, туку на гробишта.+ 28 Кога го здогледа Исус, крикна и падна ничкум пред него, па извика на цел глас: „Што имам јас со тебе,+ Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те молам, не мачи ме!“+ 29 (Зашто, Исус му заповеда на нечистиот дух да излезе од човекот. Имено, демонот веќе долго време имаше власт над него+ и, иако човекот го врзуваа со синџири и го чуваа во окови, тој ги кинеше оковите и демонот го тераше да оди во пуст крај.) 30 Исус го праша: „Како ти е името?“ Тој одговори: „Легија“,* бидејќи во него беа влегле многу демони.+ 31 И го молеа+ да не им заповеда да одат во бездната.+ 32 А таму на ридот пасеа голем булук свињи.+ И го преколнуваа да им дозволи да влезат во нив.+ И тој им дозволи. 33 Тогаш демоните излегоа од човекот и влегоа во свињите, а булукот јурна во езерото преку стрмната карпа и се удави.+ 34 А кога видоа што се случи, свињарите побегнаа и го разнесоа гласот за тоа по градот и по околината.+
35 Тогаш луѓето излегоа да видат што се случило. Дојдоа кај Исус и го најдоа човекот од кого беа излегле демоните како седи до Исусовите нозе облечен и со здрав ум. И се исплашија.+ 36 А очевидците им раскажаа како беше оздравен човекот обземен од демони.+ 37 Затоа сиот народ од герасинската околина го замоли да си оди откај нив, зашто ги беше обзел голем страв.+ Тогаш влезе во чамецот и се врати. 38 А човекот од кого излегоа демоните го молеше да му дозволи да го земе со него, но тој го отпушти, велејќи му:+ 39 „Врати се дома и раскажувај им на сите што ти направи Бог!“+ И човекот замина, објавувајќи по целиот град што му направи Исус.+
40 Кога Исус се врати, народот љубезно го прими, зашто сите го очекуваа.+ 41 И гледај, дојде еден човек по име Јаир, кој беше настојник на синагогата. Се фрли пред нозете на Исус и почна сесрдно да го моли да влезе во неговата куќа,+ 42 бидејќи имаше ќерка единица на околу дванаесет години, која беше на умирање.+
Додека тој одеше, мноштво луѓе се туркаа околу него.+ 43 А една жена дванаесет години страдаше од крвавење+ и никој не можеше да ја излекува.+ 44 Таа му пријде одзади и го допре работ+ на неговата облека,+ и крвавењето веднаш ѝ престана.+ 45 А Исус праша: „Кој ме допре?“+ Бидејќи сите го одрекуваа тоа, Петар рече: „Учителе, мноштвото те турка и те притиска“.+ 46 Но Исус рече: „Некој ме допре, бидејќи осетив дека од мене излезе+ сила“.+ 47 Кога виде дека не може да се крие, жената дојде треперејќи, се фрли пред него, па пред целиот народ раскажа зошто го допрела и дека веднаш оздравела.+ 48 А тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те оздраве.+ Оди си во мир!“+
49 Додека уште зборуваше, дојде некој од домот на настојникот на синагогата и рече: „Ќерка ти умре, не мачи го повеќе учителот!“+ 50 Кога го чу тоа, Исус му рече: „Не плаши се! Само верувај,+ и таа ќе биде спасена!“ 51 Кога дојде во куќата, не му дозволи никому да влезе со него, освен на Петар, Јован и Јаков, како и на таткото и мајката на девојчето.+ 52 А сите плачеа за неа и ја оплакуваа. Тогаш Исус рече: „Не плачете,+ зашто таа не е умрена, туку спие!“+ 53 Но тие му се потсмеваа, бидејќи знаеја дека е умрена.+ 54 А тој ја зеде за рака и извика: „Девојко, стани!“+ 55 И таа повторно оживеа*+ и веднаш стана,+ а тој заповеда да ѝ дадат да јаде.+ 56 Нејзините родители беа избезумени од радост, но тој им заповеда никому да не кажуваат што се случило.+
9 Потоа ги свика дванаесеттемина и им даде моќ и власт над сите демони и да лекуваат болести.+ 2 И ги испрати да го проповедаат Божјето царство и да лекуваат болни, 3 па им рече: „Ништо не носете за по пат, ниту стап, ниту торба, ниту леб, ниту пари. И немојте да имате по две облеки.+ 4 А во која куќа и да влезете, во неа и останете додека не појдете понатаму.+ 5 И таму каде што не ве примаат, на излегување од тој град+ истресете ја правта од своите нозе за сведоштво против нив“.+ 6 И учениците тргнаа. Одеа од село во село, објавувајќи ја добрата вест и лекувајќи насекаде.+
7 Кога тетрархот* Ирод* чу за сѐ што се случуваше, беше многу збунет, бидејќи некои велеа дека Јован воскреснал од мртвите,+ 8 други, пак, дека се појавил Илија, а трети дека воскреснал некој од древните пророци. 9 Ирод рече: „На Јован му ја отсеков главата.+ Кој е тогаш овој за кого го слушам сето ова?“ Затоа бараше можност да го види.+
10 Кога се вратија, апостолите му раскажаа што направиле.+ Тогаш ги одведе во еден град, кој се вика Витсаида, за да бидат сами.+ 11 Но народот дозна за тоа, па тргна по него. Тој љубезно ги прими, им зборуваше за Божјето царство+ и ги исцелуваше оние на кои им требаше лекување.+ 12 Кога денот почна да се ближи кон својот крај, му пристапија дванаесеттемина и рекоа: „Распушти го народот, нека одат во околните села и на имотите и нека најдат сместување и нешто за јадење, зашто овде сме на пусто место“.+ 13 Тој им одговори: „Вие дајте им да јадат!“+ Тие рекоа: „Имаме само пет леба и две риби.+ Сакаш ли да одиме да купиме храна за сите овие луѓе?“+ 14 А тие беа околу пет илјади мажи.+ Тогаш тој им рече на своите ученици: „Кажете им да седнат* во групи од по педесетина“.+ 15 И тие направија така и ги поседнаа сите. 16 А тој ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и ги раскрши, па им даваше на учениците да му ги разделат на народот.+ 17 И сите јадоа и се наситија. Потоа ги собраа парчињата што преостанаа — дванаесет кошници.+
18 Еднаш кога се молеше насамо, учениците се собраа кај него и тој ги праша: „Што велат луѓето, кој сум јас?“+ 19 Тие одговорија: „Некои велат дека си Јован Крстител, други дека си Илија, а трети дека воскреснал еден од древните пророци“.+ 20 Тогаш ги праша: „А вие, што велите вие, кој сум јас?“ Петар одговори:+ „Христос*+ Божји“. 21 Тогаш строго им заповеда никому да не му зборуваат за тоа.+ 22 И рече: „Синот човечки мора многу да пострада и да биде отфрлен од старешините, од главните свештеници и од книжниците, и да биде убиен+ и на третиот ден да воскресне“.+
23 Тогаш им се обрати на сите: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе+ и секој ден нека го зема својот маченички столб* и нека појде по мене!+ 24 Зашто, кој сака да си го спаси животот,* ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби својот живот заради мене, тој ќе го спаси.+ 25 Навистина, што му користи на човекот ако го добие целиот свет, а себеси се изгуби или си нанесе штета?+ 26 Зашто, секој што ќе се посрами од мене и од моите зборови, од него ќе се посрами и Синот човечки кога ќе дојде во својата слава и во славата на Таткото и во славата на светите ангели.+ 27 Вистина, ви велам, некои од оние што стојат овде нема да вкусат смрт додека не го видат царството Божје“.+
28 Околу осум дена по овие зборови, ги поведе со себе Петар, Јован и Јаков и се искачи на гората да се моли.+ 29 Додека се молеше, изгледот на неговото лице+ се промени, а облеката му стана блескаво бела.+ 30 И гледај, двајца луѓе разговараа со него, а тоа беа Мојсеј и Илија.+ 31 Тие се појавија во слава и почнаа да зборуваат за неговото заминување, кое требаше да се случи во Ерусалим.+ 32 А Петар и оние што беа со него ги совлада сон. Кога се разбудија, ја видоа неговата слава+ и двајцата луѓе како стојат со него. 33 И додека овие си заминуваа откај него, Петар, не знаејќи што зборува, му рече на Исус: „Учителе, добро ни е тука. Затоа, да подигнеме три шатори, еден за тебе, еден за Мојсеј и еден за Илија!“+ 34 Додека го зборуваше тоа, се создаде облак и ги засени. Кога влегоа во облакот, се уплашија.+ 35 А од облакот дојде глас:+ „Ова е мојот Син, избраникот!+ Него слушајте го!“+ 36 Кога се чу гласот, Исус се најде сам.+ А учениците молчеа и во тие денови никому не му кажаа што видоа.+
37 Утредента, кога слегоа од гората, го сретнаа големо мноштво луѓе.+ 38 И гледај, еден човек од мноштвото извика: „Учителе, те молам, погледни го мојот син, бидејќи ми е единец!+ 39 Дух+ го обзема, па тој одеднаш почнува да вика, го фрла во грч, така што нему почнува пена да му излегува од устата, и одвај си оди од него, откако целиот ќе го измачи. 40 Ги молев твоите ученици да го истераат, но не можеа“.+ 41 А Исус рече: „О безверно и изопачено поколение!+ До кога морам да останам со вас и да ве поднесувам? Доведи го ваму својот син!“+ 42 И додека момчето му приоѓаше, демонот го тресна од земја и го фрли во силен грч. Но Исус го прекори нечистиот дух, па го излекува момчето и му го предаде на неговиот татко.+ 43 И сите се зачудија поради величествената Божја моќ.+
Додека сите се чудеа на сѐ што правеше, тој им рече на своите ученици: 44 „Запомнете ги добро овие зборови: Синот човечки ќе биде предаден во рацете на луѓето“.+ 45 Но тие и понатаму не ги разбираа тие зборови. Нивното значење им беше скриено, па не можеа да разберат, а се плашеа да прашаат.+
46 Тогаш почнаа да размислуваат кој од нив би можел да биде најголем.+ 47 А Исус знаеше што размислуваат во своето срце, па зеде едно дете, го стави покрај себе+ 48 и им рече: „Кој го прима ова дете во мое име, ме прима и мене, а кој ме прима мене, го прима и оној што ме испрати.+ Зашто, оној што меѓу сите вас се однесува како помал,+ тој е голем“.+
49 Јован тогаш рече: „Учителе, видовме како еден човек истерува демони+ во твое име, па го спречувавме,+ бидејќи не оди по нас“.+ 50 А Исус му одговори: „Не бранете му, зашто, кој не е против вас, тој е за вас!“+
51 Кога се навршуваа деновите да биде вознесен,+ Исус решително тргна за Ерусалим. 52 И испрати гласници пред себе. Тие отидоа и влегоа во едно самариско+ село за таму да му подготват сѐ. 53 Но таму не го примија, бидејќи одеше за Ерусалим.+ 54 Кога го видоа тоа, учениците Јаков и Јован+ рекоа: „Господару, сакаш ли да кажеме да слезе оган+ од небото и да ги уништи?“ 55 А тој се сврте кон нив и ги прекори. 56 И така отидоа во друго село.
57 Додека одеа по патот, некој му рече: „Ќе одам по тебе каде и да појдеш“.+ 58 А Исус му одговори: „Лисиците имаат дувла и птиците небесни имаат гнезда, а Синот човечки нема каде глава да потпре“.+ 59 На еден друг му рече: „Појди по мене“. Човекот одговори: „Дозволи ми најпрво да одам и да го погребам татко ми“.+ 60 А Исус му рече: „Мртвите+ нека ги погребуваат своите мртви, а ти оди и објавувај го царството Божје!“+ 61 А еден, пак, рече: „Ќе појдам по тебе, Господару, но дозволи ми најпрво да се збогувам+ со своите домашни“. 62 Исус му одговори: „Никој, кој ќе ја стави раката на плугот,+ па се обѕрнува на она што е одзади,+ не е погоден за царството Божје“.
10 Потоа Господарот одреди седумдесетмина+ други и ги испрати двајца по двајца+ пред себе во секој град и во секое место каде што и самиот мислеше да дојде. 2 И им рече: „Вистина, жетвата+ е голема, а работници+ има малку. Затоа молете го+ Господарот на жетвата да испрати работници+ на својата жетва. 3 Одете! Ете, ве праќам како јагниња+ меѓу волци. 4 Не носете ќесе за пари, ниту торба,+ ниту сандали, и патем никого не поздравувајте+ долго, како што е обичај. 5 Кога ќе влезете во некоја куќа, најпрво речете: ‚Мир на оваа куќа!‘+ 6 И ако таму има пријател на мирот, вашиот мир ќе остане на него.+ А ако нема, ќе се врати кај вас.+ 7 Во таа куќа останете,+ па јадете и пијте што ќе ви понудат,+ зашто работникот е достоен за својата плата.+ Не преминувајте од куќа во куќа.+
8 Кога ќе влезете во некој град, ако ве примат, јадете што ќе ви принесат 9 и лекувајте+ ги болните во него. И кажувајте им: ‚Божјето царство+ се приближи до вас!‘ 10 А ако влезете во некој град и не ве примат,+ излезете на неговите улици и речете: 11 ‚И правот од вашиот град ви го истресуваме од своите нозе.+ Но знајте го ова: се приближи царството Божје!‘ 12 Ви велам дека во оној ден на Содом+ ќе му биде полесно отколку на тој град.
13 Тешко тебе, Хоразине!+ Тешко тебе, Витсаидо!+ Зашто, да се случеа во Тир и во Сидон моќните дела* што се случија во вас, тие уште одамна ќе се покаеја во козина и пепел.+ 14 Затоа, на Тир и на Сидон ќе им биде полесно во Судниот ден отколку вам.+ 15 А ти, Капернауме, зарем ќе се возвишиш до небото?+ Во гробот*+ ќе паднеш!
16 Оној што ве слуша вас, ме слуша и мене.+ Оној што ве отфрла вас, ме отфрла и мене. А кој ме отфрла мене, го отфрла и оној што ме испрати“.+
17 Потоа седумдесеттемина се вратија радосни и рекоа: „Господару, дури и демоните ни се покоруваат+ кога го користиме твоето име!“ 18 Тогаш тој им рече: „Го гледав Сатана како падна+ од небото како молња. 19 Еве, ви дадов власт да газите по змии+ и скорпии+ и да ја надвладеете целата непријателска сила,+ и ништо нема да ви наштети. 20 Но, не радувајте се на тоа што духовите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња+ се запишани на небесата“. 21 Во тој час светиот дух го исполни Исус со радост+ и тој рече: „Те славам, Татко, Господару на небото и на земјата, бидејќи си го скрил ова од мудрите+ и паметните, а си им го открил на малите деца! Да, Татко, зашто ти сакаше да биде така! 22 Мојот Татко ми предаде сѐ.+ Никој не знае кој е Синот, освен Таткото,+ и никој не знае кој е Таткото, освен Синот+ и оној кому Синот сака да му го открие“.
23 Тогаш се сврте кон учениците, па насамо им рече: „Среќни се очите што го гледаат ова што вие го гледате.+ 24 Зашто, ви велам, многу пророци и цареви сакаа да го видат+ ова што вие го гледате, но не го видоа, и да го чујат ова што вие го слушате, но не го чуја“.
25 И гледај, еден законик+ стана и го праша со намера да го искуша: „Учителе, што треба да правам за да наследам вечен живот?“+ 26 А тој му рече: „Што е напишано во Законот?+ Што читаш таму?“ 27 Човекот му одговори: „,Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сета своја сила, и со сиот свој ум‘+ и ‚својот ближен како себеси!‘ “+ 28 Тогаш Исус му рече: „Исправно одговори. ‚Прави го тоа и ќе добиеш живот!‘ “+
29 А човекот сакаше да се покаже праведен, па му рече на Исус: „А кој е мојот ближен?“+ 30 Тогаш Исус рече: „Еден човек слегуваше од Ерусалим кон Ерихон и налета на разбојници, кои го соблекоа и го претепаа, па си заминаа, оставајќи го полумртов. 31 А по тој пат случајно слегуваше еден свештеник, но кога го виде, помина на спротивната страна.+ 32 Исто така и еден Левит, кога го виде додека слегуваше по тој пат, помина на спротивната страна.+ 33 А еден Самарјанин,+ кој поминуваше по тој пат, дојде до него и, кога го виде, се сожали. 34 И му се приближи и му ги преврза раните, поливајќи ги со масло и со вино.+ Потоа го качи на своето добиче, па го однесе во еден конак и се погрижи за него. 35 Утредента извади два денарија,* му ги даде на сопственикот на конакот и рече: ‚Погрижи се за него, а што ќе потрошиш повеќе од ова, ќе ти платам кога ќе се вратам‘. 36 Што мислиш, кој од овие тројца му беше ближен+ на човекот кој налета на разбојниците?“ 37 Тој одговори: „Оној што му покажа милосрдие“.+ Тогаш Исус му рече: „Оди, па и ти прави така!“+
38 Додека така патуваа, влезе во едно село. Таму една жена, по име Марта,+ го прими во својата куќа. 39 Таа жена имаше сестра која се викаше Марија. Таа седна крај нозете+ на Господарот и ги слушаше неговите зборови. 40 Марта, пак, беше многу зафатена+ со послужувањето. Затоа пријде и рече: „Господару, зарем не ти е грижа што сестра ми ме остави сама да послужувам?+ Речи ѝ да ми помогне!“ 41 А Господарот ѝ одговори: „Марта, Марта, се грижиш+ и се вознемируваш за многу работи,+ 42 а малку+ е потребно, или само едно. Марија го избра подобриот дел,+ кој нема да ѝ се одземе“.
11 Еднаш се молеше на едно место. Кога престана, еден од неговите ученици му рече: „Гоподару, научи нѐ да се молиме,+ како што и Јован ги научи своите ученици“.+
2 Тогаш тој им рече: „Кога се молите,+ речете: ‚Татко, нека се свети името твое.+ Нека дојде царството твое.+ 3 Лебот+ наш потребен за овој ден дај ни го денес. 4 И прости ни ги нашите гревови,+ зашто и ние му простуваме на секој наш должник.+ И не воведувај нѐ во искушение‘ “.*+
5 Понатаму им рече: „Замислете си дека на полноќ одите кај некој пријател и му велите: ‚Пријателе, дај ми назаем три леба, 6 бидејќи пред малку ми дојде еден пријател од пат, а немам што да му принесам‘. 7 А тој однатре да ви одговори: ,Не досадувај ми!+ Вратата е веќе заклучена, а моите деца се со мене в постела. Не можам да станам да ти дадам‘. 8 Ви велам, макар и да не сака да стане и да ви даде затоа што сте пријатели, ќе стане поради вашата упорност+ и ќе ви го даде она што ви треба. 9 Затоа ви велам: Молете,+ и ќе ви се даде! Барајте,+ и ќе најдете! Чукајте, и ќе ви се отвори! 10 Зашто, секој што моли, добива.+ Секој што бара, наоѓа. И на секој што чука, ќе му се отвори. 11 Има ли татко меѓу вас, кој, ако неговиот син+ го замоли за риба, ќе му даде змија наместо риба? 12 Или, ако го замоли за јајце, ќе му даде ли скорпија? 13 Според тоа, ако вие, иако сте зли, знаете да им давате на своите деца добри дарови,+ колку повеќе Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух+ на оние што го молат за тоа!“
14 Подоцна истера еден демон, кој на луѓето им ја одземаше способноста за говор.+ Кога демонот излезе, немиот човек прозборе. И народот се восхитуваше. 15 А некои од нив рекоа: „Ги истерува демоните со помош на Велзевул,* владетелот на демоните!“+ 16 А други сакаа да го искушаат, па бараа од него знак+ од небото. 17 Но тој ги знаеше нивните мисли,+ па им рече: „Секое царство кое во себе е разделено, ќе пропадне, и куќата која во себе е разделена, ќе падне.+ 18 Значи, ако и Сатана е поделен во себе, како ќе опстане неговото царство?+ Зашто, вие велите дека ги истерувам демоните со помош на Велзевул. 19 Ако јас ги истерувам демоните со помош на Велзевул, со чија помош вашите синови ги истеруваат?+ Затоа, тие ќе ви бидат судии. 20 Но, ако јас ги истерувам демоните со Божји прст,+ навистина меѓу вас стигнало* царството Божје.+ 21 Кога некој силен,+ добро вооружен човек ја чува својата палата, неговиот имот останува безбеден. 22 Но кога ќе дојде некој што е посилен+ од него и ќе го совлада,+ му го одзема сето оружје на кое се надевал, и го разделува она што му го запленил. 23 Кој не е на моја страна, против мене е, и кој не собира со мене, растура.+
24 Кога некој нечист дух ќе излезе од човек, поминува низ безводни места, барајќи почивалиште, но не го наоѓа, па вели: ,Ќе се вратам во својата куќа од која излегов‘.+ 25 А кога ќе дојде, ја наоѓа изметена и украсена. 26 Тогаш заминува и доведува седум+ други духови, полоши од себе, па влегуваат и се населуваат таму. На крајот, на тој човек ќе му биде полошо отколку порано“.+
27 Додека го зборуваше тоа, една жена од мноштвото извика: „Среќна е утробата+ што те носела и градите што те доеле!“ 28 А тој рече: „Не, туку среќни се оние што ја слушаат речта Божја и ја држат!“+
29 А бидејќи се собираше сѐ повеќе народ, тој почна да зборува: „Ова поколение е зло поколение. Бара чудесен знак,+ но нема да му се даде никаков друг знак, освен знакот на Јона.+ 30 Зашто, како што Јона+ стана знак за Ниневијците, така и Синот човечки ќе биде знак за ова поколение. 31 Царицата+ на југот ќе стане од мртвите во Судниот ден заедно со луѓето од ова поколение и ќе ги осуди, зашто таа дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон, а еве, овде е некој што е поголем+ од Соломон. 32 Жителите на Ниневија ќе станат од мртвите во Судниот ден заедно со ова поколение и ќе го осудат, зашто се покајаа поради она што го проповедаше Јона,+ а еве, овде е некој што е поголем+ од Јона. 33 Никој не пали светилка за да ја стави во подрум или под кошница,* туку на светилник,+ за да ја видат светлината оние што влегуваат. 34 Светилка на твоето тело е окото. Кога твоето око е бистро,* и целото твое тело е светло,+ а кога е зло,* и твоето тело е темно. 35 Затоа, внимавај, светлината што е во тебе да не биде темнина!+ 36 Според тоа, ако целото твое тело е светло, без ниеден темен дел, ќе биде сосема светло+ како кога светилка те осветлува со својот сјај“.
37 Кога го рече тоа, еден фарисеј го викна кај себе на јадење.+ И Исус влезе и се смести на трпезата.* 38 А фарисејот се зачуди кога виде дека Исус не си ги изми рацете+ според обредот пред ручекот. 39 Тогаш Господарот му рече: „Да, вие фарисеите ги чистите чашата и чинијата однадвор, а однатре+ сте полни со грабеж и злоба.+ 40 Неразумни! Зарем оној што ја направи надворешноста,+ не ја направи и внатрешноста? 41 И така, како милостина+ давајте го она што е во внатрешноста и, ете, сѐ друго ќе ви биде чисто. 42 Но тешко вам, фарисеи, бидејќи давате десеттина+ од нане и седефче и од секоја билка од градината, а не ви е грижа за правдата и љубовта кон Бог! Првото бевте должни да го правите, а другото да не го занемарите.+ 43 Тешко вам, фарисеи, бидејќи ги сакате предните седишта во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!+ 44 Тешко вам, бидејќи сте како незабележливи гробови по кои луѓето одат, без да го знаат тоа!“+
45 Тогаш, еден законик+ му рече: „Учителе, со тие зборови нѐ навредуваш и нас“. 46 А тој одговори: „Тешко и вам, законици, бидејќи ги товарите луѓето со товари кои се тешки за носење, а самите ниту со еден прст не ги допирате тие товари!+
47 Тешко вам, бидејќи им градите гробници на пророците, а вашите прататковци ги убија!+ 48 Навистина, вие сведочите дека знаете какви дела правеле вашите прататковци, а сепак ги одобрувате.+ Тие ги убиваа пророците,+ а вие им градите гробници на тие пророци. 49 Токму затоа Божјата мудрост+ рекла: ‚Ќе испратам кај нив пророци и апостоли, а некои од нив ќе ги убијат и ќе ги прогонуваат 50 за да се побара од ова поколение+ крвта на сите пророци,+ која е пролеана од основањето на светот, 51 од крвта на Авел+ до крвта на Захарија,+ кој беше убиен помеѓу жртвеникот и домот Божји‘.+ Да, ви велам, таа ќе се бара од ова поколение.
52 Тешко вам, законици, бидејќи го зедовте клучот на знаењето!+ Самите не влеговте,* а оние што би сакале да влезат ги спречувате!“+
53 Кога излезе оттаму, книжниците и фарисеите почнаа жестоко да навалуваат на него и да го опсипуваат со секакви прашања, 54 чекајќи+ го да рече нешто за да можат да го обвинат.+
12 Во меѓувреме се собра толку многу народ, илјадници луѓе, што се газеа едни со други. Исус најпрво им се обрати на своите ученици: „Чувајте се од фарисејскиот квасец,+ односно од лицемерство.+ 2 Нема ништо скриено, кое нема да биде откриено, ниту тајно, кое нема да се дознае.+ 3 Според тоа, она што го кажувате во темнина, ќе се чуе на светлина, и она што го шепотите во најскриените соби, ќе се проповеда од покривите.+ 4 Пријатели мои,+ ви велам, не плашете се од оние што го убиваат телото, и потоа не можат ништо повеќе да направат.+ 5 Ќе ви кажам од кого треба да се плашите: плашете се од оној+ што, откако ќе убие, има власт да фрли во геената.*+ Да, ви велам, од него плашете се!+ 6 Зарем не се продаваат пет врапчиња за две парички?* Сепак, ниту едно од нив не е заборавено пред Бог.+ 7 А вам и сите влакна на главата+ ви се изброени. Не плашете се, вие сте повредни од многу врапчиња!+
8 Ви велам, секој што ќе го признае+ пред луѓето единството со мене, и Синот човечки ќе го признае пред Божјите ангели единството со него+. 9 Но, ако некој се одрече+ од мене пред луѓето, јас ќе се одречам од него пред Божјите ангели.+ 10 На секој што ќе каже збор против Синот човечки ќе му биде простено, но на оној што ќе похули на светиот дух нема да му биде простено.+ 11 Кога ќе ве доведат на сослушување и пред поглаварства и власти, не грижете се како или со кои зборови ќе се браните или што ќе речете,+ 12 зашто светиот дух+ ќе ве поучи во тој час што треба да речете“.+
13 Тогаш еден човек од мноштвото му рече: „Учителе, речи му на брат ми да го подели наследството со мене!“ 14 А тој му рече: „Човеку, кој ме поставил мене да судам+ или да делам меѓу вас?“ 15 Потоа им рече: „Бидете претпазливи, чувајте се од секаква лакомост,+ бидејќи, дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“.+ 16 Тогаш им раскажа една споредба: „Земјата на еден богат човек роди добро, 17 па размислуваше во себе: ‚Што да направам? Немам каде да ја соберам својата летнина‘. 18 И рече: ‚Вака ќе направам:+ ќе ги урнам своите амбари и ќе изградам поголеми, па таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра.+ 19 И ќе си речам себеси:*+ „Имаш насобрано многу добра за многу години. Почивај, јади, пиј и уживај!“ ‘+ 20 Но Бог му рече: ‚Безумнику, ноќеска ќе ти го побараат животот.*+ Тогаш кој ќе го има она што си го собрал?‘+ 21 Така бидува со оној што собира богатство за себе, а не е богат пред Бог“.+
22 Тогаш им рече на своите ученици: „Затоа ви велам: немојте да бидете загрижени* за својот живот, што ќе јадете, или за своето тело, што ќе облечете.+ 23 Оти животот вреди повеќе од храната и телото од облеката. 24 Набљудувајте како гавраните+ ниту сеат ниту жнеат, немаат складови ниту амбари, а сепак Бог ги храни. А колку поскапоцени од птиците сте вие!+ 25 Кој од вас може со својата загриженост барем малку* да си го продолжи животниот век?+ 26 Значи, ако не можете да го направите ниту тоа најмалото, зошто тогаш сте загрижени+ за останатото? 27 Набљудувајте ги криновите како растат!+ Ниту се мачат ниту предат, но ви велам, ни Соломон во сета своја слава не беше облечен како еден од нив.+ 28 А ако Бог така ги облекува полските растенија, кои денес ги има, а утре ги фрлаат во печка, колку повеќе ќе ве облече вас, маловерни!+ 29 Затоа не барајте што ќе јадете и што ќе пиете, и не бидете загрижени!*+ 30 Зашто, со сето ова се зафатени незнабошците од овој свет, но вашиот Татко знае дека сето тоа ви е потребно.+ 31 Туку барајте го неговото царство, а ова ќе ви се додаде!+
32 Не плаши се,+ мало стадо,+ зашто волјата на вашиот Татко е да ви го даде царството.+ 33 Продајте го+ она што го имате и парите дајте ги како милостина.+ Направете си ќесиња за пари кои нема да изветват, неисцрпно богатство на небесата,+ каде што крадец не се приближува и молец не нагризува. 34 Зашто, каде што е вашето богатство, таму ќе биде и вашето срце.+
35 Бедрата нека ви бидат опашани+ и светилките запалени.+ 36 И бидете како оние што го чекаат својот господар+ кога се враќа од свадба+ за да му отворат веднаш штом ќе стигне и ќе почука.+ 37 Среќни се оние робови кои господарот, кога ќе пристигне, ги наоѓа како бдеат!+ Вистина, ви велам, тој ќе ги подвитка скутовите на својата облека,+ ќе ги смести на трпезата,* па ќе пријде и ќе ги послужува.+ 38 И ако стигне на втората стража,* или дури на третата, и ги најде така, среќни се!+ 39 Но знајте го ова дека, кога би знаел во кој час ќе дојде крадецот, домаќинот би бдеел и не би дозволил да му провали во куќата.+ 40 Така и вие бидете подготвени, бидејќи Синот човечки доаѓа во час кога не се надевате!“+
41 Тогаш Петар праша: „Господару, само нам ли ни ја кажуваш оваа споредба или на сите?“ 42 А Господарот одговори: „Кој е, всушност, верниот и разборит+ управител+ кого неговиот господар ќе го постави над своите слуги за да им ја дава храната во право време?+ 43 Среќен е тој роб ако неговиот господар, кога ќе дојде, го најде да прави така!+ 44 Вистина, ви велам, ќе го постави над целиот свој имот.+ 45 Но, ако тој роб си рече во срцето: ‚Мојот господар доцни со доаѓањето‘,+ па почне да ги тепа слугите и слугинките, да јаде, да пие и да се опива,+ 46 господарот на тој роб ќе дојде во ден кога не го очекува и во час што не го знае,+ и најстрого ќе го казни и ќе му одреди место меѓу неверните.+ 47 Тогаш тој роб што ја разбрал волјата на својот господар, но не се подготвил и не постапил според неговата волја, ќе добие многу удари.+ 48 А тој што не разбрал,+ па направил нешто што заслужува удари, ќе ги добие малку.+ Кому многу му е дадено, многу ќе се бара од него.+ Кому многу му е доверено, од него ќе се бара повеќе.+
49 Јас дојдов да запалам оган+ на земјата, и што уште да посакам кога веќе е запален? 50 Треба да се крстам со крштавање и многу ми е мачно додека тоа не се заврши!+ 51 Мислите ли дека дојдов за да донесам мир на земјата? Не, ви велам, туку раздор.+ 52 Зашто, отсега петмина во една куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца.+ 53 Ќе бидат разделени: татко против син и син против татко, мајка против ќерка и ќерка против мајка, свекрва против снаа и снаа против свекрва“.+
54 Потоа му се обрати на мноштвото: „Кога ќе видите дека над запад се крева облак, веднаш велите: ‚Ќе има бура‘. И така бидува.+ 55 А кога ќе видите дека дува јужен ветар, велите: ‚Ќе има горештина‘. И така бидува. 56 Лицемери, знаете да го толкувате изгледот на земјата и на небото. Како тогаш не знаете да го протолкувате ова време?+ 57 Зошто самите не процените што е праведно?+ 58 На пример, кога со оној што те тужи одиш кај поглаварот, настојувај уште по патот да го решиш спорот со него, за да не те одведе пред судијата, судијата да те предаде на стражарот, а стражарот да те фрли в затвор.+ 59 Ти велам, нема да излезеш оттаму додека не ја исплатиш и последната паричка“.*+
13 Токму во тоа време таму имаше некои што му раскажаа за Галилејците,+ чија крв Пилат ја беше измешал со крвта на жртвите што ги принесуваа. 2 А Исус им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа поголеми грешници+ од сите други Галилејци затоа што така настрадаа? 3 Никако, ви велам, туку, ако не се покаете, сите ќе изгинете така.+ 4 Или оние осумнаесетмина врз кои падна кулата во Силоам и ги уби, мислите ли дека тие беа поголеми грешници* од сите други луѓе што живеат во Ерусалим? 5 Никако, ви велам, туку, ако не се покаете, сите ќе изгинете така“.+
6 Тогаш ја раскажа оваа споредба: „Еден човек имаше засадено смоква во своето лозје,+ и дојде да бара плод на неа,+ но не најде.+ 7 И му рече на човекот што го обработуваше лозјето: ‚Еве, веќе три години+ доаѓам да барам плод на оваа смоква, но не наоѓам. Исечи ја!+ Зошто земјата да стои бескорисна поради неа?‘ 8 Тогаш тој му рече: ‚Господару, остави ја+ уште оваа година, додека не ја опкопам и не ја наѓубрам. 9 Можеби во иднина ќе дава плод. А ако не, ќе ја исечеш‘ “.+
10 Еднаш во сабота* поучуваше во една синагога. 11 Таму имаше една жена обземена од дух+ поради кој веќе осумнаесет години беше болна. Беше згрбавена и никако не можеше да се исправи. 12 Кога ја виде, Исус ја викна и ѝ рече: „Жено, ослободена+ си од својата болест!“ 13 И ги положи рацете врз неа, а таа веднаш се исправи+ и почна да го слави Бог. 14 Тогаш настојникот на синагогата, лут поради тоа што Исус во сабота ја излекува жената, му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи!+ Во тие денови доаѓајте и лекувајте се, а не на саботен ден!“+ 15 Тогаш Господарот му рече: „Лицемери,+ не го одврзува ли секој од вас својот бик или своето магаре од јаслите во сабота и не го води ли на поење?+ 16 А зарем не требаше оваа Авраамова ќерка,+ која Сатана, еве, веќе осумнаесет години ја држел врзана, да биде ослободена од тие окови во саботен ден?“ 17 Кога го рече тоа, сите негови противници се посрамија,+ а целиот народ се радуваше на сите прекрасни дела што ги направи.+
18 Потоа рече: „На што е слично царството Божје? Со што да го споредам?+ 19 Слично е на синапово зрно, кое човек го зеде и го засади во својата градина. И растеше и стана дрво, па птиците небесни+ се населија на неговите гранки“.+
20 И повторно рече: „Со што да го споредам царството Божје? 21 Слично е на квасец, којшто жена го зеде и го замеси* во три големи мери* брашно, додека не скисна целото тесто“.+
22 Патувајќи кон Ерусалим, минуваше низ градовите и селата и поучуваше.+ 23 А еден човек го праша: „Господару, малцина ли се оние што ќе бидат спасени?“+ Тој им рече: 24 „Силно напрегајте се+ да влезете низ тесната врата,+ бидејќи мнозина, ви велам, ќе сакаат да влезат, но не ќе можат.+ 25 Штом домаќинот ќе стане и ќе ја заклучи вратата, вие ќе останете надвор и ќе чукате на вратата, велејќи: ‚Господине, отвори ни!‘+ А тој ќе ви рече: ‚Не ве познавам!‘+ 26 Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Јадевме и пиевме пред тебе, а ти поучуваше на нашите улици‘.+ 27 А тој ќе ви рече: ‚Не ве познавам. Бегајте од мене, сите вие што вршите неправда!‘+ 28 Таму ќе плачете и ќе чкртате со забите,+ кога ќе ги видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божје,+ а себеси исфрлени надвор. 29 И ќе дојдат луѓе од исток и од запад, од север и од југ,+ и ќе седнат на трпезата* во царството Божје.+ 30 И гледај, има последни, кои ќе бидат први, и има први, кои ќе бидат последни“.+
31 Во тој час му пристапија некои фарисеи и рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод* сака да те убие!“ 32 А тој им одговори: „Одете и кажете ѝ на таа лисица:+ ‚Еве, истерувам демони и лекувам денес и утре, а на третиот ден ќе завршам со работата‘.+ 33 Но денес, утре и задутре морам да го продолжам патот, бидејќи не прилега пророк да биде погубен надвор од Ерусалим.+ 34 Ерусалиме, Ерусалиме, ти кој ги убиваш+ пророците и ги каменуваш+ оние што се испратени кај тебе! Колкупати сакав да ги соберам твоите деца, како што квачка ги собира своите пилиња под крилјата,+ но вие не сакавте!+ 35 Еве, вашиот дом*+ се напушта и ви се остава вам. Ви велам, нема да ме видите додека не речете: ‚Благословен е оној што доаѓа во името на Јехова!‘ “+
14 Еднаш во сабота,* кога дојде на јадење во куќата на еден фарисејски поглавар,+ внимателно го набљудуваа.+ 2 А пред него беше еден човек кој имаше водена болест. 3 Тогаш Исус ги праша закониците и фарисеите: „Дозволено ли е да се лекува во сабота или не е?“+ 4 А тие молчеа. Тогаш го допре човекот, го излекува и го отпушти. 5 А ним им рече: „Ако некому од вас му падне синот или бикот в бунар,+ нема ли веднаш да го извлече и во саботен ден?“+ 6 И не можеа да му одговорат на тоа.+
7 Кога виде како поканетите си ги избираат најдобрите места,+ им раскажа споредба: 8 „Кога ќе те покани некој на свадба, немој да го заземеш најдоброто место.+ Можеби е поканет и некој поугледен од тебе, 9 па оној што ве поканил и тебе и него, ќе дојде и ќе ти рече: ‚Отстапи му го местото на овој човек!‘ Тогаш посрамен ќе мораш да го заземеш најниското место.+ 10 Наместо тоа, кога некој ќе те покани, оди и заземи го* најниското место,+ па оној што те поканил, кога ќе дојде, да ти каже: ‚Пријателе, помести се погоре!‘ Тоа ќе ти биде на чест пред сите други гости.+ 11 Зашто, секој што се возвишува, ќе биде понижен, а кој се понизува, ќе биде возвишен“.+
12 Потоа на оној што го покани му рече: „Кога приредуваш ручек или вечера, немој да ги викаш своите пријатели, ниту своите браќа, ниту своите роднини, ниту богатите соседи. Можеби и тие некогаш ќе те поканат тебе и така ќе ти возвратат. 13 Наместо тоа, кога приредуваш гозба, покани ги сиромашните, сакатите, куците и слепите.+ 14 И ќе бидеш среќен, бидејќи тие немаат со што да ти возвратат. Ќе ти биде возвратено при воскресението+ на праведниците“.
15 Кога го чу тоа, еден од гостите му рече: „Среќен е оној што ќе јаде леб во царството Божје!“+
16 А Исус му рече: „Еден човек приреди голема вечера и покани мнозина.+ 17 Кога дојде време за вечерата, го испрати својот роб да им каже на поканетите: ‚Дојдете,+ зашто сѐ е веќе готово!‘ 18 А сите тие редум почнаа да се изговараат.+ Првиот му рече: ‚Купив нива и морам да одам да ја видам. Те молам, извини ме!‘+ 19 Другиот рече: ‚Купив пет чифта говеда и одам да ги испробам. Те молам, извини ме!‘+ 20 А третиот рече: ‚Штотуку се оженив+ и затоа не можам да дојдам‘. 21 И така робот се врати и му го јави тоа на својот господар. Тогаш домаќинот се разгневи и му рече на робот: ‚Излези бргу на плоштадите и на градските улици, па доведи ги ваму сиромашните, сакатите, слепите и куците!‘+ 22 По некое време, робот рече: ‚Господару, направено е она што го заповеда ти, но уште има место‘. 23 А господарот му рече на робот: ‚Излези по патиштата+ и меѓу плотовите и натерај ги луѓето да влезат, за да ми се наполни куќата!+ 24 Зашто, ви велам, никој од оние што беа поканети нема да вкуси од мојата вечера‘ “.+
25 А со него патуваа големо мноштво луѓе. Тој се заврте и им рече: 26 „Ако некој дојде кај мене, а повеќе ги сака* својот татко и својата мајка, жената и децата, браќата и сестрите, па дури и својот живот,*+ не може да биде мој ученик.+ 27 Кој не го носи својот маченички столб* и не оди по мене, не може да биде мој ученик.+ 28 Кој од вас, кога сака да гради кула, најнапред не седнува и не го пресметува трошокот+ за да види дали има со што да ја доврши? 29 Инаку би можело да се случи да го постави темелот, а да не може да ја доврши изградбата, па сите што ќе го видат тоа би почнале да го исмеваат: 30 ‚Овој човек почна да гради, а не може да доврши‘. 31 Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, најпрвин не седнува и не се советува дали може со десет илјади војници да му се спротивстави на оној што доаѓа против него со дваесет илјади?+ 32 Ако не може, додека оној уште е далеку, испраќа група пратеници и моли за мир.+ 33 Така, значи, кој од вас нема да остави сѐ што има,+ не може да биде мој ученик.
34 Солта е добра. Но, ако солта стане несолена, со што ќе се осоли?+ 35 Не е погодна ниту за земјата ниту за ѓубриво. Ја фрлаат надвор. Кој има уши да слуша, нека слуша!“+
15 Сите даночници+ и грешници+ доаѓаа кај него за да го слушаат. 2 Затоа фарисеите и книжниците негодуваа: „Овој прима грешници и јаде со нив“.+ 3 Тогаш им ја раскажа оваа споредба: 4 „Ако некој од вас има сто овци и загуби една од нив, нема ли да ги остави оние деведесет и девет во пустината и да ја бара загубената додека не ја најде?+ 5 И кога ќе ја најде, ќе ја стави на рамења и ќе се радува.+ 6 А кога ќе дојде дома, ќе ги повика пријателите и соседите и ќе им рече: ‚Радувајте се со мене, бидејќи ја најдов својата загубена овца!‘+ 7 Ви велам дека така на небото ќе има поголема радост поради еден грешник кој ќе се покае+ отколку поради деведесет и девет праведници на кои не им треба покајание.+
8 Или, ако некоја жена има десет драхми, па загуби една драхма,* нема ли да запали светилка, да ја измете куќата и внимателно да бара додека не ја најде? 9 И кога ќе ја најде, ќе ги повика пријателките и сосетките и ќе им рече: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов драхмата што ја загубив!‘ 10 Ви велам, таква е радоста меѓу Божјите ангели поради еден грешник кој ќе се покае“.+
11 Потоа рече: „Еден човек имаше два сина.+ 12 Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот од имотот што ми припаѓа!‘+ И тој им го подели својот имот.+ 13 По неколку дена, помладиот син собра сѐ, отпатува во далечна земја и таму го истроши својот имот, живеејќи распуштено.+ 14 Кога потроши сѐ, во целата таа земја настана голем глад и тој се најде во немаштија. 15 Дури отиде и наговори еден жител на таа земја да го земе за наемник, а овој го испрати на своите ниви да чува свињи.+ 16 И сакаше да се насити со рогачките што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.+
17 Кога се вразуми, рече: ‚Колку наемници на мојот татко имаат леб во изобилство, а јас тука умирам од глад! 18 Ќе станам, ќе отидам+ кај својот татко и ќе му речам: „Татко, му згрешив на небото и тебе.+ 19 Не сум веќе достоен да се нарекувам твој син. Прими ме како еден од своите наемници!“ ‘ 20 И стана и отиде кај својот татко. Додека уште беше далеку, неговиот татко го здогледа и се сожали, па потрча, му падна околу вратот и го избакна. 21 Тогаш синот му рече: ‚Татко, му згрешив на небото и тебе.+ Не сум веќе достоен да се нарекувам твој син. Прими ме како еден од своите наемници!‘+ 22 А таткото им рече на своите робови: ‚Бргу, изнесете ја најдобрата облека и облечете го во неа!+ Ставете му прстен+ на раката и обујте му сандали на нозете! 23 И доведете го згоениот+ јунец и заколете го,* па да јадеме и да се веселиме, 24 зашто овој мој син беше мртов и оживе,+ беше загубен и се најде!‘ И почнаа да се веселат.
25 А неговиот постар син+ беше во полето. Кога на враќање се приближи до куќата, чу музика и играње. 26 Затоа повика еден од слугите и го праша што се случува. 27 Тој му одговори: ‚Си дојде брат ти,+ па татко ти+ го закла згоениот јунец, зашто му се врати здрав‘. 28 А тој се разгневи и не сакаше да влезе. Тогаш неговиот татко излезе и почна да го моли да влезе.+ 29 А тој му рече на својот татко: ‚Еве, толку години ти робувам и ниту еднаш не ја престапив твојата заповед, а никогаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со своите пријатели.+ 30 А штом дојде овој твој син,+ кој со блудници го изеде твојот имот,+ ти му го закла згоениот јунец‘.+ 31 Тогаш таткото му рече: ‚Сине, ти секогаш си со мене и сѐ што е мое, твое е.+ 32 Но моравме да се веселиме и да се радуваме, бидејќи овој твој брат беше мртов и оживе, беше загубен и се најде‘ “.+
16 Тогаш им се обрати и на своите ученици: „Си беше еден богат човек, кој имаше управител.+ Овој беше обвинет пред него дека му го растура имотот.+ 2 Затоа го повика и му рече: ‚Што е ова што го слушам за тебе? Поднеси сметка+ за своето управување, зашто повеќе не можеш да бидеш управител‘. 3 Тогаш управителот си рече во себе: ‚Што да правам? Мојот господар+ ми го одзема управителското место. За копање не сум доволно јак, а да просам се срамам. 4 Знам што да направам за да ме примат луѓето во своите куќи кога ќе ми се одземе управителското место!‘+ 5 И ги повика редум сите должници на својот господар, па го праша првиот: ‚Колку му должиш на мојот господар?‘ 6 Овој одговори: ‚Сто бата* маслиново масло‘. А тој му рече: ‚Земи ја својата сметка, па седни и брзо напиши педесет!‘ 7 Потоа го праша вториот: ‚Колку должиш ти?‘ Овој одговори: ‚Сто кора* пченица‘. А тој му рече: ‚Земи ја својата сметка и напиши осумдесет!‘ 8 А господарот го пофали неправедниот управител поради неговата снаодливост,+ зашто синовите на овој свет* постапуваат поснаодливо со својот род отколку синовите на светлината.+
9 Затоа ви велам, стекнувајте си пријатели+ со неправедното богатство+ за, кога тоа ќе исчезне, да ве примат во вечните живеалишта!+ 10 Кој е верен во најмалото, верен е и во многу, а кој е неправеден во најмалото, неправеден е и во многу.+ 11 Според тоа, ако не постапувате верно со неправедното богатство, кој ќе ви го довери вистинското богатство?+ 12 И ако не постапувате верно со туѓото,+ кој ќе ви го даде она што е ваше? 13 Ниту еден слуга не може да им робува на двајца господари, зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го сака, или ќе биде приврзан кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им робувате и на Бог и на богатството“.+
14 Сето тоа го слушаа фарисеите, кои ги сакаа парите, и го исмејуваа.+ 15 А тој им рече: „Вие се правите праведни пред луѓето,+ но Бог ги познава вашите срца.+ Зашто, она што меѓу луѓето е возвишено, во Божји очи е одвратно.+
16 Законот и Пророците беа до Јован.+ Оттогаш се објавува добрата вест за царството Божје и најразлични луѓе сакаат со сите сили да влезат во него.+ 17 Навистина, полесно ќе се случи небото и земјата да поминат+ отколку да остане неисполнета една црта+ од буква од Законот.+
18 Секој што ќе се разведе од својата жена и ќе се ожени со друга, врши прељуба. И кој ќе се ожени со разведена жена, врши прељуба.+
19 Си беше еден богат човек,+ кој се облекуваше во пурпур и лен и секој ден уживаше во раскош.+ 20 А пред неговата врата донесуваа еден просјак, по име Лазар, кој беше полн со чиреви 21 и сакаше да се насити со она што паѓаше од трпезата на богаташот. Дури и кучињата доаѓаа и му ги лижеа чиревите. 22 Еден ден питачот умре,+ и ангелите го однесоа да биде+ веднаш до Авраам.*+
А умре+ и богаташот, и беше погребан. 23 Додека во адот* беше во маки,+ ги подигна очите и во далечината го виде Авраам, и веднаш до него* Лазар. 24 Тогаш извика: ‚Татко Аврааме,+ смилувај ми се и испрати го Лазар да го натопи врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазикот,+ зашто се мачам во овој пламен‘.+ 25 Тогаш Авраам рече: ‚Сине, сети се дека ти, додека беше жив, го прими своето добро, а Лазар прими зло. Сега тој се утешува овде, а ти се мачиш.+ 26 А покрај сето тоа, меѓу нас и вас зјае голема провалија,+ така што оние што сакаат одовде да преминат кај вас, не можат, а ниту оние оттаму не можат да преминат кај нас‘.+ 27 Тој, пак, му рече: ‚Тогаш, те молам, татко, испрати го во куќата на мојот татко, 28 зашто имам петмина браќа, па нека им посведочи за да не дојдат и тие на ова место на маки‘. 29 Но Авраам рече: ‚Ги имаат Мојсеј+ и Пророците,+ нека ги слушаат нив!‘+ 30 А тој му рече: ‚Не, татко Аврааме, туку ако некој од мртвите дојде кај нив, ќе се покаат‘. 31 Тој му одговори: ‚Ако не ги слушаат Мојсеј+ и Пророците, нема да поверуваат ниту ако стане некој од мртвите‘ “.
17 Тогаш им рече на своите ученици: „Не е можно да не дојдат причини за спрепнување!+ Меѓутоа, тешко на оној преку кого доаѓаат!+ 2 Ќе му биде подобро да му обесат мелнички камен околу вратот и да го фрлат в море+ отколку да поколеба во верата* еден од овие маливе.+ 3 Внимавајте на себе! Ако твојот брат направи грев, укори го.+ Ако се покае, прости му.+ 4 Дури и да ти згреши седумпати на ден и седумпати да се врати кај тебе и да ти рече: ‚Се каам‘, прости му!“+
5 А апостолите му рекоа на Господарот: „Дај ни уште вера!“+ 6 Тогаш Господарот рече: „Кога би имале вера голема само колку синапово зрно, на оваа црница би ѝ рекле: ‚Откорни се од корен и пресади се во морето!‘ — и таа би ве послушала.+
7 Кој од вас на својот роб, кој ора или чува стадо, ќе му рече, кога овој ќе се врати од поле: ‚Дојди веднаш и смести се на трпезата‘?* 8 Нема ли, наместо тоа, да му рече: ‚Зготви ми нешто за вечера, па препаши си скутник и послужувај ме додека јадам и пијам, а потоа ти ќе јадеш и ќе пиеш‘? 9 Дали ќе му биде благодарен на робот затоа што ги извршил своите должности? 10 Така и вие, кога ќе ги извршите сите свои должности, речете: ‚Ние сме бескорисни робови.+ Го направивме она што бевме должни да го направиме‘ “.
11 Додека одеше за Ерусалим, поминуваше низ* Самарија и Галилеја.+ 12 Кога влегуваше во едно село, десетмина лепрозни го здогледаа+ и станаа, но останаа подалеку. 13 Па повикаа: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!“+ 14 Кога ги здогледа, им рече: „Одете и покажете им се на свештениците!“+ И додека заминуваа, се исчистија.+ 15 А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се врати, славејќи го+ Бога на сиот глас. 16 И падна ничкум пред нозете на Исус+ и му заблагодари. А беше Самарјанин.+ 17 А Исус рече: „Зарем не се исчистија десетмина? Каде се тогаш останатите деветмина? 18 Зарем не се врати ниту еден од нив за да му оддаде слава на Бог, освен овој човек од друг народ?“ 19 И му рече: „Стани и оди си! Твојата вера те оздраве“.+
20 Кога фарисеите го прашаа кога ќе дојде Божјето царство,+ тој им одговори: „Царството Божје не доаѓа така што ќе може да се види. 21 Луѓето нема да речат: ‚Еве тука е!‘ — или: ‚Онаму е!‘+ Зашто, еве, царството Божје е меѓу вас“.+
22 Тогаш на учениците им рече: „Ќе дојдат денови кога ќе посакате да видите еден од деновите на Синот човечки, но нема да видите.+ 23 И луѓето ќе ви велат: ‚Ене, онаму е!‘ — или: ‚Еве, овде е!‘+ Но не излегувајте и не трчајте по нив!+ 24 Зашто, како што молњата+ со својот блесок светнува од едниот крај на небото до другиот крај на небото така ќе биде со Синот човечки.+ 25 Но, тој мора најпрво многу да претрпи, и ова поколение мора да го отфрли.+ 26 И како што беше во деновите на Ное+ така ќе биде и во деновите на Синот човечки:+ 27 јадеа, пиеја, се женеа и се мажеа сѐ до денот кога Ное влезе во арката. И дојде потопот и ги уништи сите.+ 28 Исто така, ќе биде како и во деновите на Лот:+ јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа и градеа. 29 А во оној ден кога Лот излезе од Содом, од небото заплускаа оган и сулфур, и ги уништија сите.+ 30 Исто така ќе биде во денот кога ќе се појави Синот човечки.+
31 Во тој ден, кој ќе биде на покривот, а работите му се во куќата, нека не слегува да ги земе! И кој ќе биде на нива, нека не се враќа назад! 32 Сетете се на Лотовата жена.+ 33 Кој се труди да го зачува својот живот,* ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби, ќе го зачува.+ 34 Ви велам, во таа ноќ двајца ќе бидат во еден кревет: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен.+ 35 Две жени ќе мелат со иста мелница: едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена“.+ 36 *—— 37 И тогаш му рекоа: „Каде, Господару?“ А тој им рече: „Каде што ќе има мрша,+ таму ќе се соберат и орлите“.+
18 Тогаш им раскажа една споредба за тоа дека секогаш треба да се молат и да не се откажуваат:+ 2 „Во еден град си беше еден судија, кој не се плашеше од Бог и не му беше грижа за луѓето. 3 А во тој град имаше и една вдовица, која доаѓаше кај него+ и го молеше: ‚Помогни ми да добијам правда во спорот со оној со кој се судам‘. 4 Некое време тој не сакаше, но на крајот си рече во себе: ‚Не се плашам од Бог и не ми е грижа за луѓето, 5 но оваа вдовица толку ми досадува+ што сепак ќе ѝ помогнам да добие правда, па повеќе да не доаѓа и да ме измачи докрај‘ “.+ 6 Тогаш Господарот рече: „Дали чувте што рекол неправедниот судија? 7 Та нема ли Бог да се погрижи да добијат правда+ неговите избрани, кои викаат кон него ден и ноќ, иако изгледа дека долго чека+ за да им помогне?* 8 Ви велам, ќе се погрижи брзо да добијат правда.+ Но Синот човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“
9 А на некои што беа уверени во својата праведност,+ па ги потценуваа другите,+ им ја раскажа оваа споредба: 10 „Двајца луѓе отидоа во храмот да се молат. Едниот беше фарисеј, а другиот даночник. 11 Фарисејот застана+ и вака се молеше+ во себе: ‚Боже, ти благодарам што не сум како останатите луѓе: изнудувачи, неправедници, прељубници или како овој даночник.+ 12 Постам двапати во седмицата, давам десеттина од сѐ што ќе стекнам‘.+ 13 А даночникот, стоејќи понастрана, не сакаше ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради+ и велеше: ‚Боже, биди милостив кон мене грешникот!‘+ 14 Ви велам, овој си замина дома поправеден+ од другиот. Зашто, секој што се возвишува, ќе биде понижен, а оној што се понизува, ќе биде возвишен“.+
15 А луѓето му ги доведуваа и малите деца за да ги допре. Кога учениците го видоа тоа, ги прекоруваа.+ 16 Но Исус ги викна децата кај себе и рече: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај мене и не забранувајте им! Зашто, на таквите им припаѓа царството Божје.+ 17 Вистина, ви велам, секој што нема да го прими царството Божје како дете, нема да влезе во него“.+
18 А еден поглавар го праша: „Учителе добар, што морам да правам за да наследам вечен живот?“+ 19 Тогаш Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен еден, Бог.+ 20 Заповедите ги знаеш:+ ‚Не врши прељуба‘,+ ‚Не убивај‘,+ ‚Не кради‘,+ ‚Не сведочи лажно‘,+ ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ “.+ 21 А тој рече: „Сето тоа го држам уште од младоста“.+ 22 Кога го чу тоа, Исус му рече: „Уште едно ти недостасува: продај сѐ што имаш и парите раздели им ги на сиромасите, па ќе имаш богатство на небесата! Тогаш дојди и оди по мене!“+ 23 А овој, кога го чу тоа, длабоко се нажали, зашто беше многу богат.+
24 Исус го погледна и рече: „Колку тешко ќе влезат богатите во царството Божје!+ 25 Полесно ѝ е на камила да помине низ иглени уши отколку на богат човек да влезе во Божјето царство“.+ 26 Оние што го чуја тоа, прашаа: „Тогаш, кој може да се спаси?“ 27 А тој рече: „Она што не е можно за луѓето, можно е за Бог“.+ 28 А Петар рече: „Еве, ние оставивме сѐ и појдовме по тебе“.+ 29 Тогаш Исус им рече: „Вистина, ви велам, никој не оставил куќа или жена или браќа или родители или деца заради царството Божје,+ 30 а да не добие многу повеќе во ова време, а во поредокот* што доаѓа — вечен живот“.+
31 Тогаш ги зеде настрана дванаесеттемина и им рече: „Еве, одиме во Ерусалим. И ќе се исполни сѐ што напишале пророците+ за Синот човечки.+ 32 Ќе им го предадат на незнабошците, ќе го исмејуваат,+ ќе постапуваат лошо со него+ и ќе биде плукан.+ 33 Ќе го искамшикуваат+ и потоа ќе го убијат,+ а на третиот ден ќе воскресне“.+ 34 Но тие не сфатија ништо од тоа, туку значењето на тие зборови им беше скриено и не знаеја за што зборува.+
35 Додека се приближуваше кон Ерихон, еден слепец седеше крај патот и просеше.+ 36 Кога чу дека поминуваат мноштво луѓе, почна да се распрашува што се случува. 37 Му рекоа: „Поминува Исус Назареќанецот!“+ 38 Тогаш извика: „Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!“+ 39 Оние што одеа напред го замолчуваа, но тој уште посилно викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“+ 40 Тогаш Исус застана и заповеда да го доведат кај него.+ Кога се приближи, Исус го праша: 41 „Што сакаш да ти направам?“+ Тој одговори: „Господару, направи да прогледам!“+ 42 А Исус му рече: „Прогледај! Твојата вера те оздраве“.+ 43 И веднаш прогледа+ и тргна по него, славејќи го Бог.+ И сиот народ што го виде тоа, го фалеше Бог.
19 Исус влезе во Ерихон+ и поминуваше низ градот. 2 А таму имаше еден човек по име Закхеј. Тој беше главен даночник и беше богат. 3 Сакаше да види+ кој е тој Исус, но од мноштвото не можеше, бидејќи беше низок по раст. 4 Затоа отрча напред и се качи на една дива смоква за да го види, бидејќи покрај неа требаше да помине. 5 Кога стигна на тоа место, Исус погледна нагоре и му рече: „Закхеј, слези брзо, зашто денес треба да бидам гостин во твојата куќа“. 6 И тој брзо слезе и со радост го прими на гости. 7 Сите што го видоа тоа, почнаа да негодуваат:+ „Отиде на гости кај грешен човек“. 8 А Закхеј стана и му рече на Господарот: „Еве, Господару, половината од својот имот ќе им ја дадам на сиромасите, и сѐ што сум изнудил од некого преку лажно обвинение,+ ќе го вратам четирикратно“.+ 9 Тогаш Исус му рече: „Денес дојде спасението на оваа куќа, бидејќи и тој е син Авраамов.+ 10 Зашто, Синот човечки дојде да го бара и да го спаси она што е загубено“.+
11 Додека го слушаа тоа, им раскажа уште една споредба, бидејќи беше близу до Ерусалим, а тие мислеа дека Божјето царство веднаш ќе биде воспоставено.+ 12 Затоа рече: „Еден човек со благородничко потекло отпатува во далечна земја за да ја преземе царската власт и потоа да се врати.+ 13 Повика десет свои робови, им даде десет мини* и им рече: ‚Тргувајте додека не дојдам!‘+ 14 Но неговите сонародници го мразеа+ и испратија по него пратеници со пораката: ‚Не сакаме тој да царува над нас‘.+
15 Кога се врати, откако ја презеде царската власт, тој заповеда да му ги повикаат оние робови на кои им ги беше дал сребрените пари, за да утврди што заработиле.+ 16 Тогаш пристапи првиот и рече: ‚Господару, твојата мина донесе десет мини‘.+ 17 А тој му рече: ‚Одлично, добар робу! Затоа што беше верен во најмалото, владеј над десет градови!‘+ 18 Потоа дојде вториот и рече: ‚Твојата мина, Господару, донесе пет мини‘.+ 19 И на овој му рече: ‚Ти биди над пет градови!‘+ 20 А третиот дојде и рече: ‚Господару, еве ја твојата мина! Ја чував во крпче. 21 Се плашев од тебе бидејќи си строг човек, го земаш она што не си го вложил и го жнееш она што не си го посеал‘.+ 22 А тој му одговори: ‚Со твојата уста+ ти судам, зол робу. Знаеше дека сум строг човек, дека го земам она што не сум го вложил и дека го жнеам она што не сум го посеал.+ 23 Тогаш, зошто не ги стави моите сребрени пари во банка? Кога ќе дојдев, ќе ги подигнев со камата‘.+
24 А на оние што стоеја таму, им рече: ‚Земете му ја мината и дајте му ја на оној што има десет мини!‘+ 25 Тие му одговорија: ‚Господару, тој веќе има десет мини!‘ Но тој одговори: 26 ‚Ви велам, на секој што има, ќе му се даде уште, а на оној што нема, ќе му се одземе и она што го има.+ 27 А оние мои непријатели што не сакаа јас да царувам над нив, доведете ги ваму и погубете ги пред мене!‘ “+
28 Откако го рече тоа, тргна понатаму, влегувајќи во Ерусалим.+ 29 Кога се приближи до Витфага и до Витанија, на гората која се вика Маслинска,+ испрати двајца ученици+ 30 и им рече: „Одете во селоно што го гледате пред вас! Кога ќе влезете во него, ќе најдете врзано магаре на кое сѐ уште никој не седнал. Одврзете го и доведете го!+ 31 А ако некој ве праша: ‚Зошто го одврзувате?‘ — речете: ‚Му треба на Господарот‘ “.+ 32 И така оние што беа испратени отидоа и најдоа сѐ како што им рече.+ 33 Додека го одврзуваа магарето, неговите сопственици ги прашаа: „Зошто го одврзувате магарето?“+ 34 Тие одговорија: „Му треба на Господарот“.+ 35 И му го доведоа магарето на Исус, ги фрлија врз него своите облеки и го седнаа Исус на него.+
36 Додека поминуваше,+ луѓето ги простираа своите облеки по патот.+ 37 И штом се приближи до патот што се спушта од Маслинската Гора, целото мноштво ученици почнаа да се радуваат и на сиот глас да го фалат Бог поради сите моќни дела* што ги видоа:+ 38 „Благословен да е оној што доаѓа како Цар во името на Јехова!+ Мир на небото и слава на висините!“+ 39 А некои фарисеи од мноштвото му рекоа: „Учителе, прекори ги своите ученици!“+ 40 Тогаш тој им рече: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата+ ќе викаат“.
41 Кога се приближи и го виде градот, заплака над него+ и 42 рече: „О, барем да спознаеше+ во овој ден што ти е потребно за да имаш мир! Но сега тоа е скриено од твоите очи.+ 43 Зашто, за тебе ќе дојдат денови кога твоите непријатели ќе подигнат околу тебе ограда+ од зашилени колци,+ и ќе те опколат,+ и ќе те притиснат од сите страни.+ 44 И ќе те срамнат со земјата, тебе и твоите деца во тебе.+ И нема да остават во тебе ни камен на камен,+ бидејќи не препозна дека Бог дојде да испита какви се твоите дела“.+
45 И влезе во храмот и почна да ги истерува продавачите,+ 46 велејќи им: „Напишано е: ‚Мојот дом ќе биде дом на молитвата‘,+ а вие од него направивте разбојничка пештера!“+
47 И секој ден поучуваше во храмот. А главните свештеници, книжниците и водечките луѓе од народот бараа поволен момент да го погубат,+ 48 но не најдоа начин да го сторат тоа, зашто целиот народ постојано беше покрај него и го слушаше.+
20 Еден ден, додека го поучуваше народот во храмот и ја објавуваше добрата вест, му пристапија главните свештеници и книжниците заедно со старешините+ 2 и му рекоа: „Кажи ни со каква власт го правиш тоа! Кој ти ја дал таа власт?“+ 3 А тој им одговори: „И јас ќе ве прашам нешто. Кажете ми,+ 4 дали крштавањето со кое крштаваше Јован беше од небото или од луѓето?“+ 5 Тогаш тие почнаа да расправаат меѓу себе: „Ако речеме: ‚Од небото‘, ќе рече: ‚Зошто не му верувавте?‘+ 6 А ако речеме: ‚Од луѓето‘, сиот народ ќе нѐ каменува,+ бидејќи се уверени дека Јован+ беше пророк“.+ 7 Затоа одговорија дека не знаат од каде е. 8 А Исус им рече: „Ниту јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова“.+
9 Потоа на народот му ја раскажа оваа споредба: „Еден човек насади лозје.+ И го даде под закуп на лозари, па отпатува во туѓина на подолго време.+ 10 Кога дојде времето, испрати еден роб+ кај лозарите+ да му дадат дел од родот на лозјето.+ Но лозарите го претепаа и го испратија назад со празни раце.+ 11 А тој им испрати и друг роб. И него го истепаа, го осрамотија и го испратија назад со празни раце.+ 12 Испрати и трет.+ И нему му нанесоа рани и го исфрлија. 13 Тогаш сопственикот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам својот сакан син.+ Можеби него ќе го почитуваат‘. 14 Но кога го здогледаа, лозарите почнаа да расправаат меѓу себе: ‚Ова е наследникот! Да го убиеме, па наследството да биде наше!‘+ 15 И го исфрлија+ од лозјето и го убија.+ Значи, што ќе им направи сопственикот на лозјето?+ 16 Ќе дојде и ќе ги погуби тие лозари, а лозјето ќе им го даде на други“.+
Кога го чуја тоа, рекоа: „Тоа не смее да се случи!“ 17 Но тој ги погледна и рече: „Што значи тогаш она што е напишано: ‚Каменот што го отфрлија градителите,+ стана главен аголен камен‘?+ 18 Секој што ќе падне на тој камен, ќе се разбие,+ а врз кого тој ќе падне,+ ќе го сотре“.+
19 А книжниците и главните свештеници сакаа во истиот тој час да дигнат рака на него, бидејќи сфатија дека оваа споредба ја раскажа имајќи ги нив на ум, но се плашеа од народот.+ 20 Демнејќи го, испратија луѓе кои беа тајно најмени да се преправаат дека се праведни за да му го предадат на управителот ако каже нешто+ поради кое би дошол под негова власт и надлежност.+ 21 И тие го запрашаа: „Учителе, знаеме дека исправно зборуваш и поучуваш, и дека не си пристрасен, туку поучуваш за Божјиот пат според вистината.+ 22 Дали ни е дозволено да му плаќаме данок на цезарот или не?“+ 23 А тој го проѕре нивното лукавство и им рече:+ 24 „Покажете ми еден денариј!* Чиј лик и натпис се на него?“ Одговорија: „На цезарот“.+ 25 А тој им рече: „Тогаш, вратете му го цезаревото на цезарот,+ а Божјето на Бог!“+ 26 И не можеа да го фатат пред народот за ова што го рече, туку замолкнаа, восхитени од неговиот одговор.+
27 Но пристапија некои од садукеите,* кои велат дека нема воскресение,+ и го прашаа: 28 „Учителе, Мојсеј+ ни напиша: ‚Ако некому му умре брат кој имал жена, но немал деца, неговиот брат+ нека ја земе таа жена и со неа нека му подигне потомство на својот брат‘.+ 29 Така си беа седум браќа. Првиот зеде жена и умре без деца.+ 30 Потоа ја зеде вториот, 31 а потоа третиот. И така сите седуммина умреа без да остават деца.+ 32 На крајот умре и жената.+ 33 Според тоа, при воскресението, на кој од нив таа ќе му биде жена? Зашто, седумтемина ја имаа за жена“.+
34 А Исус им рече: „Луѓето што живеат во овој поредок* се женат и се мажат,+ 35 но оние што ќе бидат достојни+ да живеат во оној поредок+ и да воскреснат од мртвите,+ нема да се женат, ниту да се мажат. 36 Тие не ќе можат повеќе ниту да умрат,+ зашто ќе бидат како ангелите, и ќе бидат Божји деца, бидејќи ќе бидат деца на воскресението.+ 37 А дека мртвите стануваат, покажа и Мојсеј во записот за трновата грмушка,+ каде што го нарекува Јехова ‚Богот на Авраам, Богот на Исак и Богот на Јаков‘.+ 38 А тој не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто за него сите тие се живи“.+ 39 Некои книжници тогаш рекоа: „Учителе, добро рече“. 40 И не се осмелија повеќе за ништо да го прашаат.
41 Тогаш тој ги праша: „Како можат да кажат дека Христос* е син Давидов?+ 42 Зашто, самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ‚Јехова му рече на мојот Господар:* седи од мојата десна страна 43 додека не ги положам твоите непријатели за подножје на твоите нозе!‘+ 44 Значи, Давид го нарекува ‚Господар‘, па како тогаш му е син?“
45 Додека целиот народ слушаше, на учениците им рече:+ 46 „Чувајте се од книжниците кои сакаат да одат во долги облеки и да бидат поздравувани на плоштадите и да ги заземаат предните седишта во синагогите и најдобрите места на вечерите,+ 47 и ги проголтуваат куќите на вдовиците+ и долго се молат само за да ги видат другите! Тие ќе добијат построга пресуда“.+
21 Исус погледна и виде како богаташите ги пуштаат своите дарови во ковчежињата за прилози.+ 2 Тогаш здогледа една сиромашна вдовица како пушта во нив две парички.*+ 3 И рече: „Вистина, ви велам, оваа сиромашна вдовица пушти повеќе од сите нив.+ 4 Зашто, сите тие пуштија дарови од својот вишок, а оваа жена од својата немаштија пушти сѐ што имаше за живот“.+
5 А додека некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и со посветени дарови,+ 6 тој рече: „Ќе дојдат денови кога од сето ова што го гледате овде нема да биде оставен ниту камен на камен, сѐ ќе биде разурнато“.+ 7 Тогаш го прашаа: „Учителе, кога ќе биде тоа и што ќе биде знакот дека дошло времето да се случи тоа?“+ 8 А тој рече: „Чувајте се да не бидете заведени!+ Зашто, мнозина ќе дојдат во мое име и ќе велат: ‚Јас сум Христос‘ и ‚Се приближи времето‘.+ Немојте да одите по нив! 9 А кога ќе чуете за војни и немири, не плашете се!+ Зашто, тоа мора најпрво да се случи, но крајот нема да дојде веднаш“.
10 Потоа им рече: „Ќе се крене народ против народ+ и царство против царство.+ 11 И ќе има силни земјотреси, а на разни места ќе има смртоносни зарази и глад.+ Ќе има стравотии и големи знаци од небото.+
12 А пред сето тоа, ќе кренат рака на вас, ќе ве прогонуваат+ и ќе ве предаваат во синагогите и во затворите и ќе ве водат пред цареви и управители поради моето име.+ 13 Тоа ќе ви даде можност да сведочите.+ 14 Затоа, немојте однапред да смислувате што ќе речете во своја одбрана,+ 15 но јас ќе ви дадам зборови и мудрост на која сите ваши противници заедно не ќе можат да им се спротивстават, ниту ќе можат да ги оспорат.+ 16 А ќе ве предаваат дури и родителите,+ браќата, роднините и пријателите. Некои од вас ќе бидат и убиени.+ 17 И сите ќе ве мразат поради моето име.+ 18 Но нема да ви падне ниту влакно од главата.+ 19 Преку својата истрајност ќе ги добиете своите души.*+
20 А кога ќе го видите Ерусалим опколен+ од улогорени војски, тогаш знајте дека се приближило неговото опустошување!+ 21 Тогаш оние што ќе бидат во Јудеја, нека бегаат во планините! Оние што ќе бидат во градот, нека го напуштат, а оние што ќе бидат во селата, нека не влегуваат во градот!+ 22 Зашто, тоа се денови во кои ќе се изврши правдата, за да се исполни сето она што е напишано.+ 23 Тешко на бремените жени и на доилките во тие денови!+ Зашто, страшна неволја ќе ја снајде оваа земја и гнев ќе се излее врз овој народ. 24 Ќе паднат од сечилото на мечот и ќе бидат одведени во заробеништво меѓу сите народи.+ И Ерусалим ќе биде газен од незнабошците додека не се исполнат одредените времиња+ на незнабошците.
25 И ќе има знаци на сонцето,+ на месечината и на ѕвездите, а народите на земјата ќе ги обземе мака и чувство на немоќ поради бучавата на морето+ и брановите,+ 26 и тогаш луѓето ќе губат свест од страв+ и од исчекување на она што ќе го снајде светот,*+ зашто небесните сили ќе се затресат.+ 27 И тогаш ќе го видат Синот човечки+ како доаѓа во облак со сила и со голема слава.+ 28 А кога ќе почне да се случува сето тоа, исправете се и подигнете ги главите, бидејќи се приближува вашето избавување“.
29 Тогаш им раскажа една споредба: „Погледнете ја смоквата и сите други дрвја!+ 30 Кога ќе видите дека веќе распупиле, и сами знаете дека летото е близу.+ 31 Така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Божјето царство е близу!+ 32 Вистина, ви велам, ова поколение нема да помине додека не се случи сето тоа.+ 33 Небото и земјата ќе поминат,+ но моите зборови нема да поминат.+
34 Но внимавајте на себе вашите срца да не бидат оптоварени со прекумерно јадење и со опивање+ и да не се оптоварат со животните грижи,*+ па тој ден да ве затече и да ве изненади+ 35 како замка.+ Зашто, ќе дојде врз сите што живеат по целата земја.+ 36 Затоа бидете будни,+ сесрдно молејќи се за сето време,+ за да успеете да го избегнете сето ова што треба да се случи и да застанете пред Синот човечки“.+
37 Дење поучуваше во храмот,+ а ноќе излегуваше и престојуваше на гората која се вика Маслинска.+ 38 А целиот народ+ доаѓаше рано наутро кај него во храмот за да го слуша.
22 Се приближуваше Празникот на бесквасните лебови, наречен Пасха.+ 2 Главните свештеници и книжниците сакаа да го убијат Исус,+ но поради тоа што се плашеа од народот,+ бараа поволен момент да го сторат тоа. 3 А Сатана влезе во Јуда, наречен Искариот, кој беше еден од дванаесеттемина.+ 4 Тој отиде и разговараше со главните свештеници и со храмските заповедници за тоа како да им го предаде.+ 5 Тие се израдуваа и се договорија да му дадат сребрени пари.+ 6 Тој се согласи и почна да бара поволен момент да им го предаде кога ќе нема народ во близината.+
7 Дојде денот на бесквасните лебови, во кој требаше да се жртвува пасхалната жртва.+ 8 И Исус ги испрати Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни ја пасхалната жртва за да јадеме!“+ 9 Тие го прашаа: „Каде сакаш да ја приготвиме?“ 10 Тогаш им рече:+ „Ете, кога ќе влезете во градот, ќе ве сретне човек кој ќе носи стомна со вода. Отидете по него во куќата во која ќе влезе!+ 11 И речете му на домаќинот на таа куќа: ‚Учителот те прашува: „Каде е гостинската соба во која можам да ја јадам пасхалната жртва со своите ученици?“ ‘+ 12 Тој ќе ви покаже голема наместена горна соба. Таму пригответе ја!“+ 13 И отидоа и најдоа така како што им рече. И ја приготвија пасхалната жртва.+
14 Кога дојде времето, се смести на трпезата,* а со него и апостолите.+ 15 И им рече: „Имав силна желба да ја јадам оваа пасхална жртва со вас пред да почнат моите страдања. 16 Зашто, ви велам, нема повторно да ја јадам додека не се исполни во Божјето царство сето она што таа го претставува“.+ 17 И ја зеде чашата,+ се заблагодари и рече: „Земете ја и подајте си ја еден на друг! 18 Зашто, ви велам, отсега нема повеќе да пијам од лозовиот род додека не дојде Божјето царство“.+
19 И зеде леб,+ се заблагодари, го раскрши и им го даде, па рече: „Ова го претставува* моето тело,+ кое ќе се даде за вас.+ Правете го ова за мој спомен!“+ 20 Така ја зеде и чашата,+ откако вечераа, и рече: „Оваа чаша го претставува новиот сојуз+ на темел на мојата крв,+ која ќе се пролее за вас.+
21 Но, еве, раката на мојот предавник+ е со мене на трпезата.+ 22 Зашто, Синот човечки си заминува како што е одредено,+ но тешко на оној човек што ќе го предаде!“+ 23 Тогаш тие почнаа да расправаат меѓу себе кој од нив би можел да биде тој што ќе го стори тоа.+
24 А меѓу нив настана и препирка околу тоа кој од нив би можел да биде најголем.+ 25 Тогаш Исус им рече: „Царевите господарат над народите, и оние што владеат над народите се нарекуваат добротвори.+ 26 Но вие не бидете такви!+ Напротив, најголемиот меѓу вас нека биде како најмладиот,+ а оној што предводи нека биде како оној што служи!+ 27 Зашто, кој е поголем, оној што е на трпезата* или оној што послужува? Зарем не е оној што е на трпезата? А јас сум во вашата средина како оној што послужува.+
28 Вие останавте со мене+ во моите искушенија.+ 29 Јас склучувам со вас сојуз за царство,+ како што мојот Татко со мене склучи сојуз,+ 30 да јадете+ и да пиете на мојата трпеза во моето царство,+ и да седите на престоли+ и да им судите на дванаесетте Израелови племиња.
31 Симоне, Симоне, еве, Сатана+ побара да ве просее како пченица.+ 32 Но јас сесрдно се молев+ за тебе, твојата вера да не ослаби. А ти, штом ќе се вратиш, зајакни ги+ своите браќа!“ 33 Тогаш Петар му рече: „Господару, готов сум да одам со тебе и во затвор и во смрт!“+ 34 А тој одговори: „Ти велам, Петре, денес петел нема да запее додека трипати не одречеш дека ме познаваш“.+
35 Уште им рече: „Кога ве испратив+ без ќесе за пари, без торба и без сандали, дали нешто ви недостасуваше?“ Тие одговорија: „Не!“ 36 Тогаш им рече: „А сега, кој има ќесе за пари, нека го земе! Исто така и торба! И кој нема меч, нека ја продаде својата облека и нека си купи! 37 Зашто, ви велам дека мора да се изврши на мене она што е напишано: ‚Беше вброен меѓу беззаконици‘.+ Зашто, се извршува она што се однесува на мене“.+ 38 Тогаш рекоа: „Господару, еве овде има два меча!“ А тој им рече: „Доволни се“.
39 Потоа излезе и, како и обично, отиде на Маслинската Гора. По него тргнаа и учениците.+ 40 Кога дојдоа таму, им рече: „Молете се за да не паднете во искушение!“+ 41 А самиот се оддалечи од нив, колку што може да се дофрли со камен, па клекна и почна да се моли: 42 „Татко, ако сакаш, тргни ја оваа чаша од мене! Но нека не биде мојата волја,+ туку твојата!“+ 43 Тогаш му се појави ангел од небото и го зајакнуваше.+ 44 А кога се најде во тешка душевна мака, се молеше уште посесрдно.+ Потта му стана како капки крв што паѓаа на земјата.+ 45 И стана од молитвата, отиде кај учениците и ги најде како спијат од жалост.+ 46 И им рече: „Зошто спиете? Станете и молете се, за да не паднете во искушение!“+
47 Додека уште зборуваше, се појави толпа, а пред неа одеше еден од дванаесеттемина по име Јуда.+ И му пријде на Исус за да го бакне.+ 48 А Исус му рече: „Јудо, зарем со бакнеж го предаваш Синот човечки?“+ 49 Оние, пак, што беа околу него, кога видоа што се случува, рекоа: „Господару, да удриме ли со меч?“+ 50 А еден од нив го удри робот на првосвештеникот и му го отсече десното уво.+ 51 Исус тогаш рече: „Престанете со тоа! Доста!“ И го допре увото на човекот и го излекува.+ 52 А на главните свештеници, на храмските заповедници и на старешините, кои дојдоа да го фатат, Исус им рече: „Зарем со мечеви и со стапови сте излегле да ме фатите како да сум разбојник?+ 53 Секој ден бев со вас во храмот,+ па не кренавте рака на мене.+ Но ова е вашиот час+ и власта+ на темнината“.+
54 Тогаш го фатија и го одведоа.+ И го доведоа во куќата на првосвештеникот.+ А Петар го следеше оддалеку.+ 55 Среде дворот запалија оган и седнаа наоколу, а Петар седна меѓу нив.+ 56 Кога го виде како седи покрај огнот, една слугинка внимателно го погледна и рече: „И овој беше со него!“+ 57 Но тој го одрече тоа:+ „Не го познавам, жено!“+ 58 Малку потоа го виде некој друг и рече: „И ти си еден од нив!“ А Петар одговори: „Човеку, не сум!“+ 59 Кога помина околу еден час, еден друг човек почна упорно да тврди: „Навистина, и овој беше со него, бидејќи е Галилеец!“+ 60 А Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И веднаш, додека уште зборуваше, запеа петелот.+ 61 Тогаш Господарот се заврте и го погледна Петар, а Петар се сети на зборовите што му ги рече Господарот: „Пред петелот да запее денес, ти трипати ќе се одречеш од мене“.+ 62 И излезе надвор и горко плачеше.+
63 А луѓето што го чуваа Исус почнаа да го исмеваат+ и да го удираат.+ 64 Му ја покрија главата и му велеа: „Ако си пророк, кажи кој те удри!“+ 65 И го опсипуваа со многу други хули.+
66 Кога се раздени, се собра народниот совет од старешини — главните свештеници и книжниците+ — па го доведоа во салата на Судскиот совет* и рекоа:+ 67 „Ако си Христос,*+ кажи ни!“ А тој им рече: „И да ви кажам, нема да верувате.+ 68 И ако ве прашам, нема да одговорите.+ 69 Но отсега Синот човечки+ ќе седи откај моќната десница+ на Бог“.+ 70 Тогаш сите рекоа: „Значи, ти ли си Синот Божји?“ Тој им одговори: „Вие сами велите+ дека сум“. 71 А тие рекоа: „Што ќе ни е друго сведоштво?+ Зашто, самите чувме од негова уста“.+
23 Потоа сите тие станаа и го одведоа кај Пилат.+ 2 И почнаа да го обвинуваат:+ „Го најдовме овој како го заведува+ нашиот народ, забранува да му се плаќа данок+ на цезарот и вели за себе дека е Христос,* цар“.+ 3 А Пилат го праша: „Дали си ти царот на Евреите?“ Тој му одговори: „Ти самиот го велиш тоа“.+ 4 Тогаш Пилат им рече на главните свештеници и на народот: „Јас не наоѓам никаква вина кај овој човек“.+ 5 Но тие упорно велеа: „Со своето учење тој го поттикнува народот на бунт по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па сѐ довде“. 6 Кога го чу тоа, Пилат праша дали тој човек е Галилеец. 7 Откако дозна дека е од подрачјето со кое владее Ирод,*+ го испрати кај Ирод, кој во тие денови, исто така, беше во Ерусалим.
8 Кога го виде Исус, Ирод многу се израдува, бидејќи веќе подолго време сакаше да го види+ поради она што го беше слушал+ за него, и се надеваше дека од него ќе види некакво чудо. 9 И му поставуваше многу прашања, но Исус ништо не му одговараше.+ 10 А главните свештеници и книжниците стануваа и жестоко го обвинуваа.+ 11 Тогаш Ирод заедно со своите војници го понижи+ и го исмеа,+ облекувајќи го во сјајна облека, и го испрати назад кај Пилат. 12 Во тој ден Ирод и Пилат+ станаа пријатели, а пред тоа беа непријатели.
13 Пилат тогаш ги свика главните свештеници, народните поглавари и народот, 14 па им рече: „Ми го доведовте овој човек, обвинувајќи го дека го поттикнува народот на бунт. Еве, јас го испрашав пред вас, но не утврдив дека тој човек е виновен+ за она за кое го обвинувате. 15 А не најде ни Ирод, бидејќи го испрати назад кај нас. Еве, тој не направил ништо со кое би заслужил смрт.+ 16 Затоа ќе го казнам+ и ќе го пуштам“. 17 *—— 18 Но целиот народ извика: „Погуби го овој,+ а пушти ни го Варава!“+ 19 Тој, имено, беше фрлен в затвор поради една побуна што избувна во градот и поради убиство. 20 А Пилат повторно им се обрати, бидејќи сакаше да го пушти Исус.+ 21 Но тие викаа: „На столб!* Прикови го на столб!“+ 22 Им се обрати и по третпат: „Па, какво зло направил тој? Не најдов ништо кај него со кое би заслужил смрт. Затоа ќе го казнам и ќе го пуштам“.+ 23 А тие викаа колку што ги држеше гласот и навалуваа да биде прикован на столб. И го надгласуваа со својата викотница.+ 24 Тогаш Пилат пресуди да се задоволи нивното барање,+ 25 па го пушти+ човекот што беше фрлен в затвор поради бунт и убиство, оној кого го бараа тие, а Исус им го предаде на нивна волја.+
26 Додека го одведуваа, фатија некојси Симон од Киринија, кој доаѓаше од полето, и му го ставија столбот на кој Исус требаше да биде прикован да го носи по него.+ 27 По Исус одеа големо мноштво луѓе и жени, кои од тага се удираа в гради и го оплакуваа. 28 А Исус се сврте кон жените и рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за мене! Подобро е да плачете за себе и за своите деца!+ 29 Зашто, ете, доаѓаат дни кога ќе речат: ‚Среќни се неротките, утробите што не раѓале и градите што не доеле!‘+ 30 Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ‚Паднете врз нас!‘ — и на ридовите: ‚Покријте нѐ!‘+ 31 Зашто, ако го прават ова додека дрвото е зелено, што ли ќе се случи кога ќе биде суво?“+
32 А водеа уште двајца, злосторници, за да ги погубат со него.+ 33 Кога стигнаа на местото наречено Череп,+ ги приковаа на столб него и злосторниците, едниот од неговата десна, а другиот од неговата лева страна.+ 34 [А Исус велеше: „Татко, прости+ им, зашто не знаат што прават!“]* И фрлија ждрепка за да ја разделат неговата облека.+ 35 Народот стоеше и гледаше.+ А народните поглавари се потсмеваа: „Другите ги спаси, па нека се спаси+ и себеси ако е навистина Христос* Божји, Избраникот!“+ 36 Му се потсмеваа и војниците,+ му приоѓаа и му нудеа скиснато вино,+ 37 па му велеа: „Ако си еврејски цар, спаси се самиот себеси!“ 38 А над него имаше и натпис: „Ова е царот на Евреите“.+
39 А еден од обесените злосторници почна да го навредува:+ „Па, нели си ти Христос? Спаси се себеси и нас!“ 40 Тогаш другиот го прекори: „Зарем не се боиш од Бог? И ти ја трпиш истата казна.+ 41 Ние сме со право осудени, зашто го добиваме она што го заслуживме со своите дела, но овој не направил никакво зло“.+ 42 Потоа рече: „Исусе, сети се на мене кога ќе дојдеш во своето царство!“+ 43 А Исус му рече: „Вистина, ти велам денес,* ќе бидеш со мене+ во Рајот“.+
44 Беше околу шестиот* час кога се спушти темнина по целата таа земја и траеше сѐ до деветтиот* час.+ 45 Исчезна сонцето, а завесата+ на светилиштето се расцепи по средината.+ 46 А Исус извика со сиот глас: „Татко, во твоите раце го доверувам својот дух!“*+ Штом го рече тоа, издивна.+ 47 Кога виде што се случи, стотникот почна да го слави Бог, велејќи: „Овој човек навистина беше праведник!“+ 48 А кога виде што се случи, сиот народ што се собра за да го гледа тоа тргна накај дома удирајќи се в гради од тага. 49 А сите негови познајници стоеја понастрана.+ И жените, кои одеа по него од Галилеја, стоеја и го гледаа сето тоа.+
50 И дојде еден човек по име Јосиф, член на Советот, добар и праведен човек,+ 51 кој не се согласуваше со нивната одлука и постапка,+ а беше од Ариматеја, јудејски град, и го чекаше Божјето царство.+ 52 Тој отиде кај Пилат и го побара Исусовото тело.+ 53 И го симна,+ го завитка во фино платно и го положи во гроб+ издлабен во карпа, во кој уште никој не беше положен.+ 54 А беше денот на подготовката*+ и се ближеше вечерта, почетокот на саботата.*+ 55 Жените што дојдоа со него од Галилеја, го следеа тоа и го видоа гробот+ и видоа како беше положено неговото тело.+ 56 Потоа се вратија за да приготват мирисливи масла и други мирисливи материи.+ А во сабота мируваа,+ како што е заповедано.
24 На првиот ден од седмицата отидоа многу рано до гробот, носејќи ги мирисите што ги имаа приготвено.+ 2 Го најдоа каменот отркалан од влезот на гробот,+ 3 па влегоа, но не го најдоа телото на Господарот Исус.+ 4 И додека стоеја збунети од тоа, гледај, двајца мажи во блескава облека стоеја покрај нив.+ 5 Се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а тие им рекоа: „Зошто го барате живиот меѓу мртвите? 6 [Тој не е овде, туку воскресна.]*+ Сетете се како ви зборуваше додека уште беше во Галилеја:+ 7 дека Синот човечки мора да биде предаден во рацете на грешниците и да биде прикован на столб,* а на третиот ден да воскресне“.+ 8 Тогаш се сетија на неговите зборови.+ 9 Се вратија од гробот и им го јавија сето тоа на единаесеттемина и на сите останати.+ 10 Тоа беа Марија Магдалена, Јоана+ и Марија, мајката на Јаков. И останатите жени,+ кои беа со нив, им го раскажаа тоа на апостолите. 11 Но тие зборови ним им звучеа бесмислено, и не им веруваа.+
12 [Но Петар стана и отрча до гробот. Ѕирна внатре и ги виде само завоите. Потоа си замина, чудејќи се во себе за она што се случило.]*
13 И гледај, истиот тој ден двајца од нив патуваа до едно село по име Емаус, оддалечено околу шеесет стадии* од Ерусалим. 14 И разговараа меѓу себе за сѐ+ што се случи.
15 Додека така разговараа и расправаа, им пристапи самиот Исус+ и тргна со нив. 16 Но на нивните очи не им беше дадено да го препознаат.+ 17 Тој ги праша: „За што расправате додека одите по патот?“ А тие, со жалосни лица, застанаа. 18 Едниот од нив, по име Клеопа, му одговори: „Зарем си странец во Ерусалим и живееш одвоен од луѓето, па не знаеш што се случуваше во него овие денови?“ 19 А тој ги праша: „Што?“ Тие му одговорија: „Она со Исус Назареќанецот,+ кој беше пророк+ силен на дело и на збор пред Бог и пред целиот народ. 20 Нашите главни свештеници и народни поглавари го предадоа да биде осуден на смрт и го приковаа на столб.+ 21 А ние се надевавме дека тој е оној што ќе го избави Израел.+ Згора на тоа, ова е трет ден откако се случија овие работи. 22 А и некои жени,+ кои се со нас, нѐ зачудија, бидејќи утрото рано биле кај гробот, 23 но не го нашле неговото тело, па дојдоа и рекоа дека им се појавиле ангели, кои рекле дека тој е жив. 24 Тогаш некои од нашите отидоа до гробот+ и нашле сѐ онака како што рекоа жените, но него не го виделе“.
25 А тој им рече: „О, колку сте безумни и колку тешко верувате во сѐ што зборуваа пророците!+ 26 Зарем не требаше Христос* да го претрпи+ сето тоа и да влезе во својата слава?“+ 27 И почнувајќи од Мојсеј+ и од сите Пророци,+ им го протолкува она што е напишано за него во сите Писма.
28 Кога се приближија до селото во кое одеа, тој како да сакаше да продолжи понатаму. 29 Но тие го наговараа: „Остани со нас, зашто е близу вечерта, денот е при крај“. И влезе за да остане со нив. 30 Додека беше со нив на трпезата,* го зеде лебот и го благослови. Потоа го раскрши и им го подаваше.+ 31 Тогаш им се отворија очите и го препознаа, а тој исчезна од пред нив.+ 32 А тие си рекоа еден на друг: „Зарем не ни гореше срцето додека ни зборуваше по патот, додека ни ги толкуваше Писмата?“ 33 Истиот час станаа и се вратија во Ерусалим. И ги најдоа единаесеттемина и оние што беа собрани со нив 34 како зборуваат: „Господарот навистина воскреснал и му се појавил на Симон!“+ 35 Тогаш и тие раскажаа што се случи на патот и како го препознаа по кршењето на лебот.+
36 Додека уште зборуваа за тоа, Исус застана меѓу нив [и им рече: „Имајте мир!“]* 37 А тие, исплашени и полни со страв,+ помислија дека гледаат дух. 38 А тој им рече: „Зошто се исплашивте? Зошто се јавуваат сомнежи во вашите срца? 39 Погледнете ги моиве раце и моиве нозе! Тоа сум јас! Допрете ме+ и ќе видите, бидејќи духот нема месо и коски+ како што гледате дека имам јас“. 40 [И кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.]* 41 И додека тие од радост уште не веруваа,+ туку се чудеа, тој ги праша: „Имате ли овде нешто за јадење?“+ 42 Тие му подадоа парче печена риба+ 43 и тој ја зеде и ја изеде+ пред нивни очи.
44 Потоа им рече: „Тоа е она за кое ви зборував додека уште бев со вас,+ дека мора да се исполни сѐ што е напишано за мене во Мојсеевиот закон, во Пророците+ и во Псалмите“.+ 45 Тогаш им го отвори умот да ги разберат Писмата+ 46 и им рече: „Напишано е дека Христос ќе страда и на третиот ден ќе стане од мртвите+ 47 и дека во негово име ќе биде проповедано покајание за простување на гревовите+ меѓу сите народи+ — почнувајќи од Ерусалим,+ 48 а вие ќе бидете сведоци+ на тоа. 49 И, еве, ви го испраќам она што го вети мојот Татко. Затоа останете во градот додека не бидете облечени во сила одозгора“.+
50 И ги изведе до Витанија, па ги подигна рацете и ги благослови.+ 51 И додека ги благословуваше, се оддалечи од нив и почна да се вознесува на небото.+ 52 А тие му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.+ 53 И постојано беа во храмот, благословувајќи го Бог.+
Или: „по логичен редослед“.
Буквално: „она за кое си усно поучен“.
Види ја фуснотата за Мт 2:1.
Буквално: „одеа“.
Или: „моќен Спасител“.
Или: „вршиме света служба“.
Буквално: „целата населена земја“.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види го додатокот 11.
Или: „вршеше света служба“.
Види ја фуснотата за Мр 12:33.
Ирод Антипа, синот на Ирод Велики.
Види ја фуснотата за Мт 14:1.
Буквално: „на промената на умот (на начинот на размислување)“.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Во некои ракописи Каинан не се спомнува, што е во согласност со 1Мо 10:24; 11:12, 15; 1Ле 1:18.
Буквално: „целата населена земја“.
Или: „ако ми покажеш почит; ако извршиш пред мене чин на обожавање во моја чест“.
Буквално: „На Јехова, својот Бог, клањај му се“.
Или: „врши му света служба“.
Буквално: „сабатен“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „поволна (прифатлива) година“.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види ја фуснотата за 4Мо 34:11.
Види ја фуснотата за Мт 4:20.
Види ја фуснотата за Мт 3:7.
Буквално: „на трпезата лежеа“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „душа“.
Буквално: „и потскокнувајте [од радост]“.
Или: „Престанете да судите“.
Види го додатокот 11.
Или: „што нема да се спрепне од мене“.
Буквално: „легна на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Римски сребреник кој тежел 3,85 грама. Види ги фуснотата за Мр 14:5 и додатокот 13.
Види ја фуснотата за Мт 26:53.
Буквално: „И ѝ се врати духот“.
Види ја фуснотата за Мт 14:1.
Види ја фуснотата за Лк 3:1.
Буквално: „легнат“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види го додатокот 8.
Буквално: „душата“.
Или: „чудата“.
Буквално: „адот“.
Види ги фуснотата за Мр 14:5 и додатокот 13.
Или: „на секој што ни греши нам. И не дозволувај да потклекнеме во искушение“.
Види ја фуснотата за Мт 12:24.
Буквално: „навистина ве затекнало (неподготвени)“.
Види ја фуснотата за Мт 5:15.
Или: „едноставно; справедливо; сосредоточено само на една работа; великодушно“.
Или: „расипано; завидливо“.
Буквално: „легна на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Односно: „не влеговте во небесното царство“.
Види го додатокот 4.
Буквално: „за два аса“. Асот бил шеснаесетти дел од еден денариј. Види го додатокот 13.
Буквално: „на својата душа“.
Буквално: „душата“.
Или: „престанете да се грижите“.
Буквално: „за еден лакот“.
Или: „престанете да се грижите“.
Буквално: „ќе им каже да исполегнат на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ги фуснотите за Мр 13:35.
Буквално: „и последната лепта“. Види го додатокот 13.
Буквално: „должници“.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „скри“.
Буквално: „три сеи“. Една сеа е 7,33 литри. Види го додатокот 13.
Буквално: „легнат на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ја фуснотата за Лк 3:1.
Односно, храм.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „легни на“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Буквално: „а не ги мрази“.
Буквално: „душа“.
Види го додатокот 8.
Драхмата е грчки сребреник кој тежел 3,4 грама. Види го додатокот 13.
Буквално: „принесете го за жртва“.
Еден бат е 22 литри. Види го додатокот 13.
Еден кор е 220 литри. Види го додатокот 13.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Буквално: „го однесоа во прегратката на Авраам“.
Види го додатокот 3.
Буквално: „во неговата прегратка“.
Или: „да наведе на грев“. Буквално: „да натера да се спрепне“.
Буквално: „легни на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Или: „меѓу“.
Буквално: „душа“.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Или: „иако е долготрпелив со нив“.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Грчката мина тежела 340 грама и не била кована. Се разликувала од еврејската мина. Види го додатокот 13.
Или: „сите чуда“.
Римски сребреник кој тежел 3,85 грама. Види ги фуснотата за Мр 14:5 и додатокот 13.
Види ја фуснотата за Мт 3:7.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види го додатокот 11.
Буквално: „две лепти“. Види го додатокот 13.
Или: „право на живот“.
Буквално: „населената земја“.
Или: „со грижи околу издршката (средствата за живот)“.
Буквално: „легна на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ја фуснотата за Мт 26:26.
Буквално: „што лежи на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ја фуснотата за Мт 26:59.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види ја фуснотата за Лк 3:1.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Види го додатокот 8.
Текстот во аглести загради не се наоѓа во сите, туку само во некои древни ракописи.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Во изворниот грчки текст не постојат интерпункциски знаци. Во овој превод запирката е ставена зад зборот „денес“, бидејќи тоа е во склад со останатите стихови (како што се Јвн 20:17; Де 1:1-3, 9; 10:40; 1Ко 15:20; Кол 1:18).
Кон 12 часот, според нашето сметање на времето. Евреите почнувале да ги бројат часовите од изгревањето на сонцето.
До околу 15 часот.
Или: „животна сила“.
Види ја фуснотата за Мт 27:62.
Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Улогата на заградите е објаснета во фуснотата за Лк 23:34.
Види го додатокот 8.
Улогата на заградите е објаснета во фуснотата за Лк 23:34.
Околу 11 километри. Види го додатокот 13.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „лежеше на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Улогата на заградите е објаснета во фуснотата за Лк 23:34.
Улогата на заградите е објаснета во фуснотата за Лк 23:34.