ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bi12 стр. 1699-1700
  • 11 „Господар“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 11 „Господар“
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
11 „Господар“

11 „Господар“

Хебрејски: адон; грчки: кири́ос

Во оригиналните јазици, овие зборови честопати го означуваат оној што поседува луѓе или предмети или има власт над нив, односно има право на нив. Во преводот Нов свет се преведени како „господар“, или, пак, со слични термини како: „господин“ и „сопственик“.

Во Библијата, оваа титула најчесто се користи за Јехова Бог (Езе 3:11) и за неговиот Син, Исус Христос (Мт 7:21). Но се однесува и на еден од старешините кои Јован ги видел во видение (От 7:13, 14), на ангели (1Мо 19:1, 2; Да 12:8), на лажни богови (1Ко 8:5) или на луѓе (1Са 25:24; Де 16:16, 19, 30), како на пример: на сопрузите (1Мо 18:12), на татковците (1Мо 31:35; Мт 21:28, 29) или на постарите браќа (1Мо 32:5, 6). Освен тоа, се користи и како титула што им се дава од почит на угледни личности како: државни службеници, пророци и цареви (1Мо 23:6; 42:10; 4Мо 11:28; 2Ца 1:10; 2Ца 8:10-12). Кога со неа, од пристојност или од учтивост, се ословуваат непознати лица, преведена е како ‚господин‘ (Мт 27:63; Јвн 12:21; 20:15; Де 16:30).

Зошто не „Господ“?

Именката ‚Господ‘, која етимолошки гледано е прасловенски сложен збор, во македонскиот јазик изгубила голем дел од своето првобитно значење. Лингвистот д-р Благоја Корубин, во петтата книга од едицијата Јазикот наш денешен, на страница 140, вели: „Господ — како збор му припаѓа на црковниот сакрален (свет или свештен) јазик, како збор од христијанската религија. Неговото значење, пак како таков, му било главно, она што го има и зборот бог. Петар Скок, меѓутоа, кажува (во својот етимолошки речник) дека во некои од словенските јазици или говори тој се јавува и со второ значење, а имено на феудален господар; а имало и такви во кои не се јавувал како сакрален збор (со значење на бог), туку токму со ова второ значење, па дури и со значењето на француското monsieur, но уште повеќе на други титули од повисокото достоинство“. Денес титулата „Господ“ во нашиот јазик се дефинира главно како бог, господ [Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања, Т. Димитровски, Б. Корубин, Т. Стаматоски, трето издание, том 1, стр. 110] или како христијански бог [Толковен речник на македонскиот јазик, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, том 1, стр. 363] и се користи исклучително за да се означат Исус Христос или Бог.

Поради тоа што титулата ‚Господ‘ го има ова ограничено значење, како и поради тоа што е сопствена именка која нема множина, што значи дека не може да се користи во стихови како: 5Мо 10:17, 1Ти 6:15 и От 17:14; 19:16, во преводот Нов свет зборовите од изворните јазици се преведуваат главно со ‚Господар‘. На тој начин се покриваат сите значења на тие зборови. Меѓу другото, именката ‚Господар‘ може да се примени на Исус Христос и додека бил човек на Земјата, кога луѓето што не биле негови следбеници го ословувале вака од почит и учтивост (Мт 8:2), и по неговата смрт и воскресение, кога оваа титула добила уште поголемо значење, особено за неговите ученици бидејќи тој ги купил со својата крв и станал нивни Сопственик (Јвн 15:13, 14; 1Ко 7:23; 2Пе 2:1; Ју 4; От 5:9, 10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели