ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/7 стр. 16-18
  • Посета на една плантажа со банани

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Посета на една плантажа со банани
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Растот и климатските услови
  • Берба
  • Добри за здравјето
  • Пред и потоа — Божјата реч на дело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • „Повеќе не сум суров човек“
    Библијата менува животи
  • Прекрасни и вкусни!
    Разбудете се! 2005
  • Како растението Христов венец го добило своето име?
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/7 стр. 16-18

Посета на една плантажа со банани

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ЈУЖНА АФРИКА

ОДСЕКОГАШ сум сакал да јадам банани. Претпоставувам дека тоа е случај со повеќето луѓе. Бананите не се само вкусни туку и богати со витамини, минерали и влакна. Би сакале ли да дознаете нешто повеќе за ова хранливо овошје? Неодамна, еден фармер и неговата сопруга ми го покажаа зачудувачкиот начин на кој растат бананите.

Тони и Мари (на сликата горе) имаат фарма во покраината Лимпопо во Јужна Африка, во областа наречена Левубу. Тие одгледуваат најразлични култури на својата фарма од 55 хектари. Меѓутоа, главна култура што ја одгледуваат е бананата. Тони би сакал да ни раскаже нешто повеќе за ова овошје што многумина го сакаат.

Растот и климатските услови

„Најдобрата почва“, објаснува Тони, „содржи релативно високо количество глина и не е песоклива или каменита. Исто така, мора да биде длабока и да има постојан проток на вода. Бананите успеваат во предели каде што нема мраз. Всушност, многу им годат високи температури. Просечната годишна температура во Левубу се движи од 12 до 35 степени Целзиусови“. Кога прашав за врнежите, Тони одговори: „На бананите им треба или редовен дожд или седмично наводнување“.

Растението што раѓа банани може да изгледа како дрво, но стеблото не е дрвенесто туку се состои од густо збиени стебленца од листови. Бананата, всушност, е џиновска трева, а не дрво. Вистинското стебло се наоѓа под земја и е наречено ризом. Ризомот пушта корени надолу, а нагоре израснуваат листови и, на крајот, голем виолетов цвет. Од ризомот избиваат и фиданки од кои ќе се добијат нови растенија.

Растението што раѓа банани има три главни фази на развој, кои локалните фармери ги нарекуваат „баба, ќерка и внука“. (Видете ја фотографијата.) „Бабата“ ќе даде плод оваа година, „ќерката“ следната година, а „внуката“ третата година. „Внуките“ ги има во прилично голем број и растат до својата „мајка“. Кога овие „бебиња“ ќе пораснат отприлика до колена, сите се кастрат освен фиданката што ветува најмногу.

Големиот виолетов цвет, од кој на крајот се добива грозд банани, поаѓа од скриениот ризом и расте нагоре низ средината на растението. На крајот излегува помеѓу двата листа на врвот и виснува надолу. Кога ќе паднат цветните ливчиња, стануваат видливи 10 до 15 недоразвиени „раце“ што го сочинуваат гроздот — кои растат наопаку, како што му се чини на неискусното око! На една „рака“ може да растат 20 или повеќе банани, наречени „прсти“.

Берба

Времето од појавувањето на виолетовиот цвет до бербата на бананите може да варира од три до шест месеци, во зависност од тоа кој период од годината е. Плодот се бере зелен, но дури откако „прстите“ ќе добијат тркалезен облик. Просечната тежина на еден грозд што ќе се пласира на пазарот е околу 35 килограми. При бербата, гроздот се покрива со најлон за да не потемнат бананите додека се транспортираат до магацинот за пакување. Во овој објект „рацете“ се делат на помали гроздови од три до шест „прсти“ и потоа се ставаат во раствор од фунгициди.

Во Јужна Африка, плодовите се пакуваат во картонски кутии што се обложени со восок и имаат дупки за да влегува воздух, а потоа се пренесуваат во просторијата за зреење. Овде процесот на зреење се забрзува со помош на еден гас, етилен.a Кутиите се чуваат тука ден или два на соодветна температура и потоа се испраќаат до потрошувачот.

„Можеби сум пристрасен“, вели Тони, со блесок во очите, „но мислам дека бананите од Левубу имаат исклучителен вкус, веројатно поради нашата почва. За жал, затоа што не живееме во близина на некој град од каде што ќе можат да се извезат, во нив уживаат само луѓето од оваа земја.“

Добри за здравјето

Бананите се богати со калиум. „Бројни истражувања покажуваат дека оваа хранлива состојка може да помогне да се зајакнат коските и да се намали ризикот од висок крвен притисок и мозочен удар“, наведува списанието Health во една статија за бананите. „Бананите“, додава истото списание, „содржат фолна киселина што помага во спречувањето на вродените маани, како и витамин Б што е многу важен за секоја трудница или жена на возраст кога може да раѓа.“ Бананите содржат и други важни минерали, како што е магнезиумот, кој им помага на коските да го апсорбираат калциумот и на тој начин да останат цврсти.

Протеините во бананата се состојат од 18 аминокиселини, вклучувајќи ги и сите неопходни аминокиселини кои телото не може само да ги создаде во доволна количина или, пак, воопшто не може да ги создаде. Во 22 проценти од составот на ова овошје влегуваат јагленохидрати, кои брзо даваат енергија затоа што бананите се лесно сварливи. Мари со задоволство додава: „Бананите се добар извор на витамини А, Б и Ц. Исто така, изгледа дека го намалуваат апетитот, бидејќи човек не може да изеде премногу банани одеднаш“. Затоа, зошто не изедете една банана — таа ќе Ви користи и ќе Ви биде многу вкусна!

[Фуснота]

a Кога бананите зреат по природен пат, го испуштаат истиот гас, кој го забрзува процесот на зреење. Затоа, друг начин да узреат зелените банани е меѓу нив да се стават неколку зрели банани.

[Графикон/слика на страница 16]

(Види во публикацијата)

лист

цвет/банани

обвивка на листот

почва

корен

ризом

[Извор на слика]

Цртеж: Врз основа на еден цртеж од The Complete Encyclopedia of Illustration/J. G. Heck

[Графикон/слика на страница 17]

(Види во публикацијата)

баба

ќерка

внука

[Слики на страница 17]

Од огромниот виолетов цвет на крајот ќе се добие грозд банани

[Извор на слика]

Фотографија на Kazuo Yamasaki

[Слики на страница 18]

Берба (лево); расте нов род (горе)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели