ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/09 стр. 30
  • Поглед во светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поглед во светот
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Повеќе јазици?
  • Порнографијата ги вознемирува децата
  • План за развод
  • Родителите мака мачат да покажат љубов
  • Помагај им на децата на доселениците
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Подигање деца во странска земја — предизвиците и наградите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Нашите деца — скапоцено наследство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Да се изгради духовно јако семејство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 10/09 стр. 30

Поглед во светот

◼ „Околу една третина од девојките во САД остануваат бремени пред да наполнат 20 години“ (АМЕРИКАНСКИ ЦЕНТАР ЗА КОНТРОЛА И ПРЕВЕНЦИЈА НА БОЛЕСТИ)

◼ Според едно истражување од САД во кое беа вклучени 420 мажи кои се „жртви на семејно насилство“, „речиси тројца од десет мажи биле малтретирани физички или на некој друг начин“ (AMERICAN JOURNAL OF PREVENTIVE MEDICINE)

Повеќе јазици?

Многу родители се плашат дека, ако ги изложат децата уште од мали на странски јазик, не ќе можат добро да го научат мајчиниот. Но, според еден истражувачки тим предводен од неврологот Лора-Ен Петито од Торонто (Канада), вистина е токму спротивното. Д-р Петито вели: „Нервното ткиво со кое се раѓаме... е подготвено да учи јазици“. Децата што зборуваат два јазика обично се подобри ученици од децата што зборуваат само еден јазик. Меѓутоа, во весникот Toronto Star се вели дека „родителите мора да бидат тие што ќе ги учат децата друг јазик, ако сакаат да ги имаат сите придобивки што доаѓаат со познавањето на два јазика“.

Порнографијата ги вознемирува децата

Децата уште од многу мала возраст се изложени на штетни порнографски и насилни клипови на Интернет. Според Хајнц-Петер Мајдингер, претседавач на Здружението на филолозите во Германија, момчиња на возраст од 12 години нагоре често знаат како и каде да најдат веб-страници со насилство или со порнографија. Иако можеби децата изгледаат цврсти и безгрижни, многу од нив се, всушност, шокирани и вознемирени кога гледаат такви работи. Мајдингер ги поттикнува родителите да се интересираат за работите за кои размислуваат нивните деца и што ги имаат на компјутерот.

План за развод

Според сиднејскиот весник Sunday Telegraph, рекорден број Австралијци потпишуваат предбрачен договор во кој од партнерот бараат да исполни конкретни услови. Предбрачниот договор е законска спогодба во која јасно е наведено како ќе се подели имотот меѓу брачните другари во случај на развод. Во многу од ваквите договори е одредено како треба да живее секој од брачните другари за да опстои бракот. Во некои точки од договорот е наведено кој ќе готви, кој ќе чисти или кој ќе вози, дали е дозволено да се чуваат домашни миленичиња, колку е дозволената телесна тежина на секој од партнерите, кој ќе го шета кучето, кој ќе го фрла ѓубрето и слично. Кристина Џефрис, која работи како адвокат, забележува дека луѓето „сѐ поретко очекуваат нивната врска да трае“.

Родителите мака мачат да покажат љубов

Во полското списание Newsweek Polska се вели: „На сѐ поголем број родители им треба прирачник за тоа како да се однесуваат со своите мали деца, зашто очигледно не знаат како да им покажат дека ги сакаат“. Родителите треба да ги научат основните работи — да ги гушкаат децата, да си играат со нив и да им пеат. Овие работи се многу важни за урамнотежен развој на децата. Но, истражувањата покажуваат дека „во многу семејства во Полска, според тоа како родителите го минуваат времето со своите деца, на прво место се гледањето телевизија и пазарувањето“. Заедничките игри се дури на шесто место.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели