ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/12 стр. 9
  • Што ќе се смени?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ќе се смени?
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Библиски курс за секого
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата?
    Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата?
  • Кој може да го смени светот?
    Разбудете се! 2012
  • Што мислиш за иднината?
    Што мислиш за иднината?
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 7/12 стр. 9

Што ќе се смени?

„Народ против народ повеќе нема да крева меч“

„Никој од жителите нема да рече: ‚Болен сум‘“

„Смрт нема да има веќе“

ОВИЕ изјави можеби звучат премногу убави за да бидат вистинити. Но можеме да бидеме сигурни дека не се само сон. Зошто? Бидејќи не се само празни ветувања на политичари кои се немоќни да го променат светот. Овие ветувања се наоѓаат во Библијата.a

Многу луѓе мислат дека Библијата е стара книга која нема никаква важност за нашево време. Дали и ти мислиш така? Ако да, зошто не провериш што содржи таа? Всушност, Библијата е единствената света книга што ја следи човечката историја од самиот почеток. Таа објаснува...

● Како човештвото се нашло во незавидна ситуација (Римјаните 5:12).

● Како Бог има намера да ја реши ситуацијата (Јован 3:16).

● Зошто владите не можат да го променат светот (Еремија 10:23).

● Зошто можеме да имаме доверба во Божјето ветување дека ќе го промени светот (Исус Навин 23:14).

Дали Бог навистина ќе им стави крај на гладот, војните, болестите и смртта? Не е тешко да веруваме во ова ако прифатиме дека:

1. Бог нѐ создал.

2. Тој се грижи за нас.

3. Има моќ да го смени светот.

4. Има намера да го направи тоа.

Имаме ли добри причини да ги прифатиме овие четири работи? Јеховините сведоци, кои го издаваат ова списание, те поттикнуваат самиот да дојдеш до одговорот така што ќе ја проучуваш Библијата.

Можеби имаш Библија, но ретко ја читаш или, пак, воопшто не ја читаш. Дури и мнозина од оние што ја читаат велат дека им е тешко да ја разберат. Ако тоа е случај и со тебе, би можел да стапиш во контакт со Јеховините сведоци и бесплатно да ја проучуваш Библијата со нив. Милиони низ целиот свет веќе го прават тоа. Како изгледа таквото проучување?

Секоја седмица, без да бара некаков надоместок, некој Јеховин сведок може да доаѓа кај тебе дома или на место што тебе ти одговара за да разговарате за Библијата. Ваквите разговори ќе ти помогнат да го дознаеш одговорот на следниве прашања: Зошто страдаме? Зошто човечките влади се немоќни да го променат светот? Што е Божјето Царство и како ќе го постигне она што човечките влади не можат?b

Нешто повеќе за тоа каква корист можеш да имаш ако ја проучуваш Библијата ќе дознаеш ако контактираш со Јеховините сведоци во твоето место или ако ја посетиш нашата веб-страница www.jw.org. Можеш да пишеш и до соодветната адреса на 5. страница од ова списание.

[Фусноти]

a Стиховите цитирани погоре се: Исаија 2:4; 33:24 и Откровение 21:4.

b Види ја и статијата „Што вели Библијата — кој може да го смени светот?“ на страници 26 и 27 од ова списание.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели