Случајно или создадено
Регенеративните леќи на дождалецот
● Дождалецот, мал саламандер, има една истакната способност — да регенерира разни делови од телото, на пример, органи, ткиво, екстремитети и опашката. Но, дали овие нови делови се добри како и првобитните? Кога се работи за леќите во окото на дождалецот, научниците велат да.
Размисли: Дождалецот ги регенерира леќите во очите на тој начин што клетките од шареницата ги претвора во клетки што ги образуваат леќите. За да дознаат повеќе за овој процес, биолозите 16 години набљудувале група јапонски дождалци. Биолозите на секој дождалец му ги отстраниле леќите 18 пати. Како што и очекувале, на дождалците секојпат им се формирале нови леќи.
На крајот од истражувањето, дождалците имале околу 30 години — пет години над нивниот просечен животен век во нивната природна средина. Сепак, сѐ уште можеле да ги регенерираат леќите исто толку брзо како и кога биле помлади. Освен тоа, од Универзитетот во Дејтон (Охајо, САД) известуваат дека регенерираните леќи биле „речиси идентични со неоштетените леќи извадени од возрасни дождалци, кои никогаш претходно не биле регенерирани“. Биологот Панајотис Цонис, член на тимот што ги изучувал дождалците, признава: „Дури и јас бев малку изненаден“. Тој ги опиша новите леќи како „совршени“.
Научниците се надеваат дека способноста на дождалецот да ги регенерира оштетените делови од своето тело ќе им помогне да сфатат како да се регенерира оштетеното ткиво кај луѓето. „Дождалецот е одличен извор на информации за процесот на регенерација“, вели Цонис, „особено во текот на староста.“
Што мислиш? Дали регенеративните леќи на дождалецот настанале случајно или се дело на мудар Творец?
[Графикон на страница 25]
(Види во публикацијата)
Новите леќи се речиси идентични со првобитните
[Извори на слики на страница 25]
Фотографија горе: © Vibe Images/Alamy; во средината: © Juniors Bildarchiv/Alamy