Лекција 16
Покажи ја својата љубов кон Бог
За да го задржиш пријателот треба да разговараш со него. Ти го слушаш него и тој те слуша тебе. Исто така, за својот пријател им кажуваш добри работи на другите. Истото важи и ако си му пријател на Бог. Разгледај што вели Библијата за ова:
Редовно разговарај со Јехова во молитва. „Истрајте во молитва“ (Римјаните 12:12, NW).
Читај ја Божјата реч, Библијата. „Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање“ (2. Тимотеј 3:16).
Поучувај ги другите за Бог. „Одете и научете ги сите народи . . . учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал“ (Матеј 28:19, 20).
Приближи им се на Божјите пријатели. „Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде“ (Изреки 13:21).
Присуствувај на состаноците во Салата на Царството. „Да се поттикнуваме на љубов и на извонредни дела . . . храбрејќи се едни со други“ (Евреите 10:24, 25, NW).
Помогни да се поддржува делото на Царството. „Секој да дава од сѐ срце, а не со жал или принуда; оти Бог го љуби оној што од срце дава“ (2. Коринтјаните 9:7).
[Caption on page 27]
САЛА НА ЦАРСТВОТО НА ЈЕХОВИНИ СВЕДОЦИ