Предлози
Како да започнеме библиски студии првата сабота во февруари
„Многу луѓе мислат дека Ѓаволот стои зад сето зло во светот. Но, не се сигурни од каде потекнува тој. Дали Бог го создал? Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Видете што вели тука.“ Покажи му ја последната страница од Стражарска кула од 1 февруари и разгледајте го заедно текстот под првиот поднаслов и наведениот стих. На крајот, понуди му ги двете списанија и договорете се кога да дојдеш пак за да го разгледате следното прашање.
Стражарска кула 1 февруари
„Мојсеј е лик што го почитуваат и христијаните, и Евреите и муслиманите. Што мислите Вие за него? [Почекај да одговори.] Точно е дека и Мојсеј правел грешки, но видете колку интересно е опишан во Библијата. [Прочитај 5. Мојсеева 34:10-12.] Во ова списание се разгледани три убави особини што ги имал тој, а објаснето е и како можеме да ги покажуваме и ние.“
Разбудете се! февруари
„Денес е вообичаено луѓето да се селат во друга земја во потрага по подобар живот. Што мислите, дали секогаш успеваат да го најдат? [Почекај да одговори.] Но, селењето во странство не е ништо ново. Видете што пишува во првата книга од Библијата. [Прочитај 1. Мојсеева 46:5, 6.] Во ова списание се разгледани овие прашања.“ Покажи му ги на станарот прашањата што се наведени на крајот од 6. страница.