ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/8 стр. 28-30
  • Вашите нокти — дали се грижите за нив?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вашите нокти — дали се грижите за нив?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Сложена градба
  • Колку се корисни
  • Исправната грижа ги прави поцврсти
  • Грижа за нивниот раст и убавина
  • Новитет на состанокот Нашиот живот и служба
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Како растението Христов венец го добило своето име?
    Разбудете се! 1999
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/8 стр. 28-30

Вашите нокти — дали се грижите за нив?

Од дописникот на Разбудете се! во Шведска

АКО некој Ве праша: „Може ли да Ви ги видам ноктите?“ како би реагирале? Дали задоволно би ги покажале своите доброодржувани нокти или веднаш би ги скриле рацете зад грб? Можеби имате добра причина да ги криете ноктите. Можеби едноставно не изгледаат убаво или, пак, ги грицкате. Поголемото сознание за прекрасната анатомија на нашите нокти ќе ни помогне повеќе да ги цениме и може да нѐ мотивира добро да се грижиме за нив.

Ноктите главно се состојат од тврди мртви клетки кои го содржат фиброзниот протеин кератин. Брзината со која растат ноктите се разликува од прст до прст и од лице до лице. Тие растат со просечна брзина од околу 3 милиметри месечно. Ноктите кои ќе се остават да растат без да се потсечат може да достигнат прилична должина. Според The Guinness Book of World Records 1998, еден Индиец ги оставил петте нокти на левата рака да растат до вкупна должина од 574 сантиметри. Ноктот на неговиот палец имал 132 сантиметри.

Сложена градба

На прв поглед можеби ќе помислите дека ноктот е само едно парче — плочката на ноктот. Затоа, можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека ноктите имаат повеќе главни видливи делови, како и некои делови кои не се гледаат. Да ја погледнеме одблизу нивната градба.

1. Плочка на ноктот. Тоа е тврдата структура на која обично се осврнуваме како на нокт. Плочката на ноктот се состои од два слоја, горен и долен. Клетките во овие два дела се различно распоредени и растат со различни брзини. Горната површина е мазна, додека нејзината внатрешна површина има паралелни врвови кои се совпаѓаат со гребените на лежиштето на ноктот. Овие гребени се единствени кај секого и можат да послужат како средство за идентификација.

2. Месечинка. Ова е полумесечинестиот белкаст дел при основата на плочката на ноктот. Месечинката не е видлива на сите прсти. Ноктот расте од една мала површина живо ткиво при основата на плочката на ноктот, наречена матица. Таа е најважниот составен дел на ноктот. Месечинката е завршетокот на матицата на ноктот и, како таква, таа е видливиот дел од живиот нокт. Останатиот дел од плочката на ноктот е составен од мртви клетки.

3. Жлебови на ноктот, проксимален и латерални.Станува збор за кожичката околу плочката на ноктот. Оваа кожичка е наречена жлеб на ноктот затоа што не завршува кај плочката на ноктот, туку се свива одоздола и ја прекрива плочката на ноктот што излегува на површината. Овие жлебови од кожата ги штитат и ги држат околните површини на ноктот.

4. Епонихиум. Тоа е малечката лента од жлебот на кожата која завршува при основата на плочката на ноктот. Понекогаш, за неа се зборува како за кутикула.

5. Кутикула. Вистинската кутикула е еден мал продолжеток под епонихиумот. Тоа е еден безбоен слој од отфрлена кожа која се прилепува за површината на задниот дел од плочката на ноктот.

6. Слободен раб. Тоа е оној дел од плочката на ноктот што расте зад врвот на прстот.

7. Подноктица. Сместена под слободниот раб на ноктот, ова ткиво создава еден непропустлив чеп кој го заштитува лежиштето на ноктот од инфекции.

Колку се корисни

Нашите нокти се корисни во многу аспекти, на пример, за чешање. Тие ни доаѓаат на помош кога лупиме портокал, одврзуваме јазол или ракуваме со мали предмети. Понатаму, ноктите ги држат и ги штитат чувствителните и нежни врвови на прстите.

Не треба да се превиди ни естетската важност на ноктите. Нашите нокти може да одразуваат добри — или лоши — навики на уредност. Тие играат важна улога во вообичаените гестови и, ако ги одржуваме добро, можат да ни ги разубават рацете. Без нив би биле ограничени во нашиот секојдневен живот, а рацете би ни изгледале непотполни.

Исправната грижа ги прави поцврсти

Како дел од нашето прекрасно тело, ноктите треба да добијат соодветна нега. Ако имате сериозно оштетување на ноктите, треба да појдете на лекар. Всушност, на врвот на прстите можеби имате знаци на некој физички проблем. Да, се вели дека некои физички заболувања можат да се утврдат според изгледот на ноктите.

Дали дополнителното земање калциум или витамини ги прави ноктите поцврсти? Во одговорот на ова прашање, професор Бо Форслинд, истражувач од областа која се занимава со ноктите при институтот Каролинска во Стокхолм (Шведска), рекол за Разбудете се!: „Нема доказ кој го поткрепува таквото гледиште. Анализите на содржината на калциум во нормалните нокти покажуваат само траги од овој елемент“.

Но, она што сигурно помага да ги одржите ноктите цврсти и флексибилни е водата. Како што е веќе спомнато, ноктите содржат кератин. На овие нишки кератин им е потребна вода за да бидат флексибилни. Професор Форслинд дава еден пример: „Иако едно парче од ноктот можеби е флексибилно кога првпат ќе го пресечете, истиот исечок од ноктот ќе биде многу кршлив кога веднаш ќе се исуши“. Влажноста ќе ги одржи ноктите флексибилни и цврсти. Но, од каде доаѓа таа влажност? Иако плочката на ноктот изгледа тврда, таа е пропустлива. Влажноста од лежиштето на ноктот се движи нагоре преку плочката на ноктот до неговата површина, каде што испарува. Што можете да сторите за да спречите ноктите да Ви се исушат и за да останат цврсти? Професор Форслинд вели: „Секојдневен третман со масло ќе биде корисен“.

Грижа за нивниот раст и убавина

Бидејќи ноктот расте од матицата, неопходна е исправна нега на овој дел од ноктот. Стимулирањето на матицата со редовно масирање со крем или со масло е корисно за плочката на ноктот. Освен тоа, може да помогне и ако се стави капка масло под слободниот раб на ноктите, бидејќи тоа спречува ноктот да се исуши.

Начинот на кој ги стружете или сечете ноктите може да ги направи цврсти или слаби. Се препорачува да ги стружете ноктите од страните кон средината. Имајте на ум дека стружењето на аглите ќе го заслабне ноктот. Тоа ќе создаде зашилен нокт, кој е најслаб од сите облици затоа што нема потпора од страните. За цврсти кратки нокти се препорачува да оставите ноктите да Ви растат рамно до околу 1,5 милиметри од страните и да истружете кружен облик кој ја следи контурата на врвот на прстот.

Некои жени можеби сакаат да чуваат малку подолги нокти. Но, еве еден збор на предупредување. Предолгите нокти можат да привлечат непотребно внимание, како и да Ве спречат да си ја извршувате вообичаената работа. Затоа, задржете урамнотежено гледиште за должината на ноктите. Ако го направите тоа, ноктите ќе Ви бидат украс и ќе остават добар впечаток врз другите.

Експертите велат никогаш да не ги чепкате ноктите со остар предмет. Тоа може да ја оштети подноктицата, ткивото што се наоѓа на долниот дел од слободниот раб на ноктот. Ова ткиво создава еден цврст чеп кој го штити ноктот одоздола. Ако се оштети оваа површина, ноктот може дури и да се одвои од неговото лежиште и да се инфицира. За да ја исчистите површината под ноктите, користете многу мека четка.

Цврстите и здрави нокти донекаде се резултат на наследни фактори. Затоа некои луѓе имаат цврсти и флексибилни плочки на ноктите, додека други имаат суви или кршливи нокти. Каква и да е состојбата со Вашите нокти, Вие можете да го подобрите нивниот изглед со умерена и редовна нега. Да, разбирањето на градбата, функцијата и исправната нега на ноктите Ви дава едно поголемо спознание. Мудрото користење на таквите информации ќе даде добри резултати.

Ноктите се навистина чудесен дел од човечкото тело. Нивната градба и функција сведочат за генијалниот ум што стои зад нив. Царот Давид од дамнината понизно изразил восхитување кон својот Творец, како што е запишано во Псалм 138:14: „Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го сознава“.

[Графикон на страница 30]

(Види во публикацијата)

1. Плочка на ноктот;

2. месечинка;

3. жлебови на ноктот, проксимален и латерални;

4. епонихиум;

5. кутикула;

6. слободен раб;

7. подноктица;

8. матица;

9. лежиште на ноктот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели