ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/6 стр. 5-7
  • Кризата е од светски размери

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кризата е од светски размери
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Изневерени од оние во кои имале доверба
  • Разорни последици
  • Заштита од сексуална злоупотреба во домот
    Разбудете се! 1994
  • Како да си ги заштитите децата
    Разбудете се! 2007
  • Љубовта и правдата нѐ штитат од зло
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Вообичаени заблуди
    Разбудете се! 1994
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/6 стр. 5-7

Кризата е од светски размери

УЖАСНИОТ масакр на деца-уличари во Бразил е уште еден пример за ранливоста на несаканите деца. Извештаите од оваа земја наведуваат дека секоја година се убивани неколку стотини деца.

Имаше брутални напади врз деца во Дунблан (Шкотска), Вулверхемптон (Англија) и на многу други места. На пример, замислете си го страдањето на 12-годишната Марија, сираче од Ангола. Таа била силувана и забременила. Подоцна била присилена да пешачи околу 320 километри, а потоа предвремено родила бебе кое живеело само две недели. Марија умрела после една недела, болна и неисхранета.

Во 1992, еден извештај на Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) наведе дека „,војната против децата‘ е изум на 20-тиот век“. Според еден друг извештај на УНИЦЕФ, од 1996, некои имаат гледиште дека ‚и идните генерации на непријателот, т. е. децата на непријателите, мораат да се отстранат‘. Еден политички коментатор го изразил ова на следниов начин: „За да се убијат големите стаорци, мора да се убијат малите стаорчиња“.

Два милиони деца дочекале насилна смрт во последниве десет години. Уште четири милиони други завршиле осакатени, ослепени или со повреди на мозокот нанесени од копнени мини, преживувајќи колку што можат подобро заедно со многуте милиони кои во војната ги изгубиле своите домови. Не е чудно што еден извештај го имал насловот: „Кошмарна визија на бруталноста на војната врз децата“.

Овие ѕверства извршени врз децата се црна дамка врз човештвото, што е сигурен доказ дека децата се во криза не само во неколку земји туку во целиот свет, а изневерени се и многу деца кои биле злоупотребени.

Изневерени од оние во кои имале доверба

Изневерувањето на довербата на детето може да остави страшни лузни. Ова е случај особено тогаш кога довербата на детето ја изневерува родител, пријател или советник. Сериозноста на злоупотребата на детето од страна на родителите може да се види од поплавата телефонски повици добиени на црвениот телефон после емитувањето на една емисија наречена „Молчење од страв: разоткривање и крај на злоупотребата на деца“, која во Соединетите Држави ја водеше Опра Винфри, личност од отворените програми. „Најшокантните кризни повици беа од мали деца кои телефонираа со страв, сакајќи да избегаат од болката на физичката или сексуалната злоупотреба“, забележал генералниот продуцент Арнолд Шапиро, цитиран во списанието Children Today.

Овој настан многу придонел за да се разбие гледиштето дека злоупотребувачите на деца се големи страшни луѓе кои не ги познаваме. Факт е дека „повеќето од злоупотребите ги извршиле родители и други блиски роднини“, заклучува Шапиро. Други истражувања го потврдуваат ова откритие и исто така покажуваат дека семејните пријатели во кои се имало доверба понекогаш го подготвиле и детето и семејството со цел подоцна да го злоупотребат детето на добро испланиран начин. Инцестот е најшокантното изневерување на довербата.

Сексуалната злоупотреба од педофили е уште нешто што им се заканува на децата ширум светот. Trends & Issues in Crime and Criminal Justice (Трендови и спорни прашања во криминалот и криминалната правда) ја дава оваа дефиниција: „Педофилија се однесува на сексуална привлеченост кон многу младите . . . Педофилијата секогаш вклучува извршување злосторства како што се сексуален напад, непристојност и прекршоци во врска со детската порнографија“.

Од целиот свет пристигнуваат одвратни извештаи за ланци на педофили, кои со алчност сексуално ги искористуваат децата. (Видете ја рамката на страница 7.) Жртви се и млади момчиња, и млади девојчиња. Измамени од бескрупулозни мажи, сексуално ги злоупотребуваат а потоа им се закануваат или обилно ги разгалуваат за да ги охрабрат да останат во „клубот“. Мажите кои ги планираат и извршуваат овие злодела честопати се угледни водачи во заедницата и понекогаш го прават тоа со целосно знаење и заштита од страна на полицијата и правосудството.

Сексуалната злоупотреба на деца од страна на свештениците исто така предизвикува бес. Новински извештаи од целиот свет го откриваат обемот на злоупотребата на деца од страна на свештениците, понекогаш дури и во името на Бог. На пример, еден осуден англикански свештеник ѝ рекол на својата десетгодишна жртва дека „Бог зборува преку него [свештеникот], и дека сѐ што ќе направи тој или [детето] е нешто што Бог го сака и затоа е исправно“.

Во Австралија, во освртот на книгата The Battle and the Backlash: The Child Sexual Abuse War се коментираше за злоупотребата на деца од страна на свештеници, како и други луѓе кои се на доверливи позиции. Беше речено дека организациите за кои станало збор изгледа биле заинтересирани да ја ограничат штетата врз нивниот углед и да се заштитат себеси наместо да ги заштитат ранливите деца.

Разорни последици

Детето обично ја дава својата целосна доверба, без резервираност. Затоа, ако се изневери таа доверба, тоа ќе се одрази врз несомничавиот детски ум. Публикацијата Child Abuse & Neglect (Злоупотреба и запоставување на децата) забележува: „Лицата и местата кои порано биле знак за сигурност или поддршка, сега се доведуваат во врска со опасност и страв. Детскиот свет станува понепредвидлив и вон контрола“.

Како резултат на ваквата злоупотреба, која во голем дел траела многу години, кај некои деца се појавиле социјални и психички проблеми подоцна во животот, кога биле доста навлезени во возрасното доба. Ова изневерување на довербата е толку штетно затоа што детето било искористено поради тоа што е дете. Сепак, многу деца кои се злоупотребени никогаш не го пријавуваат тоа — факт врз кој злоупотребувачите на деца многу се ослонуваат.

Во последниве години сѐ повеќе расте бројот на доказите за злоупотреба на децата, така што денес има огромен број такви докази кои повеќе не можат да се негираат ниту да се игнорираат. Но, повеќето се согласуваат со тоа дека отстранувањето на злоупотребата на деца е огромна задача. Затоа, се појавуваат следниве прашања: Постои ли некој кој навистина може да ги заштити нашите деца? Како можат родителите да го заштитат своето наследство дадено од Бог и да се грижат за животот на своите ранливи млади деца? Кому можат да му се обратат за помош?

[Рамка/слика на страница 7]

Измама на Интернет

Пред неколку месеци, во една од најголемите скришни измами што некогаш се извршиле против детската порнографија на Интернет, полицијата од 12 земји изврши рација во домовите на повеќе од 100 сомнителни педофили. Само во еден ланец на педофили во Соединетите Држави, тие пронашле повеќе од 100.000 порнографски слики на деца.

Британскиот детектив кој ја координирал петмесечната истрага на Интернет, изјавил: „На секое лице со здрав памет апсолутно би му се слошило од содржината“. Децата биле од обата пола, некои дури и на возраст од две години. Белгиската полиција изјавила дека сликите на Интернет биле „најгнасни прикази на детска порнографија . . . Се отишло толку далеку што луѓето ги злоупотребувале сопствените деца за да можат да изнесат што попривлечен материјал“. Еден човек имал фотографии на кои се гледа како ја силува својата внука и ги внел во својот компјутер.

Меѓу сомнителните имало наставници, научник, студент по право, студент по медицина, водач на извидници и универзитетски професор.

[Слика на страница 6]

Експлозивна направа ја осакатила десната рака на ова момче

[Извор на слика]

UN/DPI Фотографија на Armineh Johannes

[Извор на слика на страница 7]

Фотографија ILO/J. Maillard

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели