ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • es25 стр. 108-118
  • Ноември

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ноември
  • Секојдневно истражување на Писмото — 2025
  • Поднаслови
  • Сабота, 1 ноември
  • Недела, 2 ноември
  • Понеделник, 3 ноември
  • Вторник, 4 ноември
  • Среда, 5 ноември
  • Четврток, 6 ноември
  • Петок, 7 ноември
  • Сабота, 8 ноември
  • Недела, 9 ноември
  • Понеделник, 10 ноември
  • Вторник, 11 ноември
  • Среда, 12 ноември
  • Четврток, 13 ноември
  • Петок, 14 ноември
  • Сабота, 15 ноември
  • Недела, 16 ноември
  • Понеделник, 17 ноември
  • Вторник, 18 ноември
  • Среда, 19 ноември
  • Четврток, 20 ноември
  • Петок, 21 ноември
  • Сабота, 22 ноември
  • Недела, 23 ноември
  • Понеделник, 24 ноември
  • Вторник, 25 ноември
  • Среда, 26 ноември
  • Четврток, 27 ноември
  • Петок, 28 ноември
  • Сабота, 29 ноември
  • Недела, 30 ноември
Секојдневно истражување на Писмото — 2025
es25 стр. 108-118

Ноември

Сабота, 1 ноември

Од устата на малите деца и на доенчињата си прибави фалба (Мат. 21:16)

Ако си родител, помогни им на своите деца да подготват коментари кои се соодветни на нивната возраст. Понекогаш, во материјалот што се разгледува се обработуваат посериозни теми, како на пример за проблеми во бракот или за моралната чистота. Но, веројатно ќе има еден до два пасуса на кои би можеле да коментираат и деца. Исто така, помогни им на своите деца да сфатат зошто нема да можат да коментираат секогаш кога ќе кренат рака. Ако им се објасни тоа, децата нема да бидат разочарани ако некој друг биде кренат наместо нив (1. Тим. 6:18). Сите ние можеме да подготвиме охрабрувачки коментари кои ќе бидат за слава на Јехова и кои ќе ги зајакнат нашите браќа и сестри (Изр. 25:11). Иако понекогаш може кратко да кажеме некое лично искуство, сепак треба да избегнуваме премногу да зборуваме за себеси (Изреки 27:2; 2. Кор. 10:18). Наместо тоа, треба да се трудиме главно да зборуваме за Јехова, за неговата Реч и за неговиот народ како целина (Отк. 4:11; w23.04 24-25, пас. 17-18).

Недела, 2 ноември

Да не спиеме како и останатите, туку да бдееме и да бидеме трезвени (1. Сол. 5:6)

Љубовта е неопходна за да останеме будни и трезвени (Мат. 22:37-39). Љубовта кон Бог ни помага истрајно да проповедаме без разлика на какви тешкотии ќе наидеме поради тоа (2. Тим. 1:7, 8). Бидејќи ги сакаме и оние што не му служат на Јехова, ние продолжуваме да проповедаме, па дури сведочиме преку телефон и со писма. Ние не губиме надеж дека еден ден луѓето ќе се сменат и ќе почнат да го прават она што е исправно (Езек. 18:27, 28). Ние ги сакаме и нашите браќа и сестри. Покажуваме љубов кон нив така што се тешиме меѓусебно и се изградуваме еден со друг (1. Сол. 5:11). Слично како војници кои се борат рамо до рамо во една битка, ние се храбриме еден со друг. Ние никогаш свесно не би ги повредиле нашите браќа и сестри, ниту би им вратиле со иста мера (1. Сол. 5:13, 15). Љубов покажуваме и со тоа што ги почитуваме браќата кои предводат во собранието (1. Сол. 5:12; w23.06 10, пас. 6; 11, пас. 10-11).

Понеделник, 3 ноември

Зарем [Јехова] рекол нешто, и не го направил? (4. Мој. 23:19)

Еден начин на кој можеме да си ја зајакнеме верата е така што длабоко ќе размислуваме за откупнината. Откупнината е гаранција дека Божјите ветувања ќе се исполнат. Кога длабоко размислуваме зошто Јехова ја дал откупнината и што бил спремен да направи за да ја обезбеди, ни се зајакнува верата дека Божјето ветување за вечен живот во еден подобар свет сигурно ќе се исполни. Зошто го велиме ова? Што бил спремен Јехова да направи за да ја обезбеди откупнината? Тој го испратил од небото својот првороден Син, кој многу го сакал и му бил најблизок пријател, да се роди како совршен човек на Земјата. Освен тоа, додека бил на Земјата, Исус издржал најразлични тешкотии. На крајот, тој умрел со мачна смрт. Јехова навистина платил висока цена! Нашиот грижлив Бог никогаш не би дозволил неговиот Син да страда и да умре за ние да можеме само кратко време да имаме подобар живот (Јован 3:16; 1. Пет. 1:18, 19). Бидејќи платил толку висока цена, Јехова ќе направи сѐ што е потребно за ние да можеме да живееме вечно во новиот свет (w23.04 27, пас. 8-9).

Вторник, 4 ноември

Смрт, каде ти се осилата? (Оси. 13:14)

Дали Јехова има желба да ги воскресне мртвите? Секако дека има! Со својот свет дух, тој поттикнал неколку библиски писатели да го запишат неговото ветување за воскресение (Иса. 26:19; Отк. 20:11-13). А кога Јехова ќе вети нешто, тој секогаш си стои на зборот (Ис. Нав. 23:14). Всушност, Јехова има силна желба да ги врати мртвите во живот. Размисли за она што го кажал верниот Божји слуга Јов. Тој бил сигурен дека, дури и ако умре, Јехова ќе копнее повторно да го види жив (Јов 14:14, 15). Јехова копнее да ги воскресне и сите други негови слуги кои умреле. Тој едвај чека да ги врати во живот и да бидат здрави и среќни. А што е со сите оние што умреле без да имаат можност да ја дознаат вистината за Јехова? Нашиот Бог, кој е полн со љубов, сака да ги воскресне и нив (Дела 24:15). Тој сака и тие да добијат можност да станат негови пријатели и да живеат засекогаш на Земјата (Јован 3:16; w23.04 9, пас. 5-6).

Среда, 5 ноември

Од Бог ќе добиеме сила (Пс. 108:13)

Како твојата надеж може да стане уште поцврста? На пример, ако имаш надеж да живееш засекогаш на Земјата, читај ги оние стихови од Библијата во кои е опишан рајот и размислувај за нив (Иса. 25:8; 32:16-18). Претстави си каков ќе биде животот во новиот свет. Замисли се себеси таму. Ако редовно си одвојуваме време да размислуваме за надежта за новиот свет, секоја наша неволја ќе биде „моментална и лесна“ (2. Кор. 4:17). Надежта што Јехова ти ја дал може да ти помогне да бидеш силен. Тој веќе ни го обезбедил она што ни е потребно за да добиеме сила од него. Затоа, кога ќе ти биде потребна помош за да извршиш некоја задача, за да истраеш во некоја тешкотија или за да ја зачуваш радоста, сесрдно моли го Јехова и барај водство од него преку лично проучување. Прифати го охрабрувањето од твоите браќа и сестри. Редовно одвојувај си време за да размислуваш за твојата надеж за иднината. На тој начин, „од [Божјата] славна моќ“ ќе ја примиш „сета потребна сила“ за да истраеш и да бидеш долготрпелив со радост (Кол. 1:11; w23.10 17, пас. 19-20).

Четврток, 6 ноември

За сѐ благодарете (1. Сол. 5:18)

Ние имаме многу причини за да му благодариме на Јехова во молитва. Може да му благодариме за секоја добра работа што ја имаме. Всушност, секој добар дар доаѓа од него (Јак. 1:17). На пример, може да му се заблагодариме за нашата убава планета и за сите прекрасни работи што ги создал. Исто така, може да му се заблагодариме за животот, за семејството, за пријателите и за надежта што ја имаме. Освен тоа, сакаме да му заблагодариме на Јехова и за тоа што ни дозволил да бидеме блиски пријатели со него. Можеби треба да вложиме посебен труд за да размислуваме за тоа од кои причини ние лично треба да му бидеме благодарни на Јехова. Живееме во еден неблагодарен свет. Луѓето честопати размислуваат само за тоа како можат да го добијат она што го сакаат наместо за тоа како можат да ја покажат својата благодарност за она што веќе го имаат. Ако и ние го стекнеме тој став, нашите молитви може да почнат да личат на еден список со барања. За да не ни се случи тоа, треба постојано да вложуваме труд да останеме благодарни и да ја изразуваме нашата благодарност за сето она што Јехова го прави за нас (Лука 6:45; w23.05 4, пас. 8-9).

Петок, 7 ноември

Барајте со вера, не сомневајќи се ни најмалку (Јаков 1:6)

Јехова секогаш ќе нѐ поддржува. Како наш Татко кој е полн со љубов, Јехова не сака да гледа како страдаме (Иса. 63:9). Сепак, тој не ги спречува сите наши неволји, кои може да се споредат со реки или со оган (Иса. 43:2). Но, тој ветува дека ќе ни помогне да се справиме со нив. Исто така, тој нема да дозволи нашите неволји да ни предизвикаат трајна штета. Јехова ни го дава и својот моќен свет дух за да ни помогне да истраеме (Лука 11:13; Фил. 4:13). Како резултат на тоа, можеме да бидеме уверени дека тој секогаш ќе ни го дава токму она што ни е потребно за да истраеме и за да му останеме верни. Јехова очекува да имаме доверба во него (Евр. 11:6). Понекогаш можеби сме преоптоварени од нашите проблеми, и тие ни изгледаат како високи ѕидишта што не можеме да ги преминеме. Дури може да почнеме да се сомневаме дали Јехова ќе ни помогне. Но, Библијата нѐ уверува во спротивното. Псалмистот напишал: „Со помошта на својот Бог можам и на ѕидишта да се качам“ (Пс. 18:29). Затоа, наместо да дозволиме нашите сомнежи да растат, треба да се молиме со потполна доверба дека Јехова ќе одговори на нашите молитви (Јак. 1:6, 7; w23.11 22, пас. 8-9).

Сабота, 8 ноември

Жарот на љубовта е жар огнен, пламен што го дава Јах. Многу води не можат да ја угаснат љубовта и реките не можат да ја однесат (Песна 8:6, 7)

Колку убав опис за вистинската љубов! Овие зборови се големо охрабрување за оние што се во брак — сопружниците можат да имаат силна љубов еден кон друг. За да успеат брачните партнери да ја зачуваат нивната љубов силна сѐ додека се живи, мора да вложат труд. Да го споредиме ова со еден логорски оган — тој ќе може постојано да гори само ако некој постојано му додава дрва. Ако никој не додава дрва, огнот ќе згасне. На сличен начин, љубовта меѓу мажот и жената ќе може да остане силна само ако прават нешто за да си ја зајакнуваат љубовта. Понекогаш, љубовта меѓу брачните парови може да олади, особено кога се соочуваат со финансиски проблеми, здравствени проблеми или имаат потешкотии околу одгледувањето на децата. Затоа, за да може пламенот што го дава Јах постојано да гори, и мажот и жената треба да се трудат да имаат добар однос со Јехова (w23.05 20-21, пас. 1-3).

Недела, 9 ноември

Не плаши се! (Дан. 10:19)

Што треба да правиме за да стекнеме храброст? Нашите родители можат да нѐ поттикнуваат да бидеме храбри, но тие не можат да ни ја пренесат таа особина како да е некој вид семејно наследство. Кога се трудиме да стекнеме храброст, тоа е како да учиме нова вештина. Еден начин на кој можеш да совладаш некоја вештина е така што внимателно ќе ги набљудуваш постапките на оној што те поучува и потоа ќе го следиш неговиот пример. Слично на тоа, ние учиме да бидеме храбри така што внимателно ги набљудуваме оние што ја покажуваат оваа особина и потоа го следиме нивниот пример. Исто како Даниел, и ние треба добро да ја познаваме Божјата Реч. Мора да стекнеме блиско пријателство со Јехова така што слободно и често ќе разговараме со него. И, треба да имаме доверба во Јехова, односно да бидеме уверени дека тој секогаш е со нас и ни помага. Така, ако нашата вера биде ставена на испит, ќе бидеме храбри. Храбрите луѓе честопати ја стекнуваат почитта на другите. Исто така, тие можат да им помогнат на искрените луѓе да го запознаат Јехова. Значи, имаме добри причини да стекнеме храброст (w23.08 2, пас. 2; 4, пас. 8-9).

Понеделник, 10 ноември

Сѐ испитувајте за да се уверите во тоа (1. Сол. 5:21)

Грчкиот збор кој тука е преведен со „испитувајте“ се користел за да се опише начинот на кој луѓето проверувале дали одредени метали, како што се златото или среброто, се вистински. Значи, треба да го испитаме, односно провериме она што го слушаме или читаме за да утврдиме дали е вистинито. Ова за нас ќе биде уште поважно како што ќе се приближува големата неволја. Наместо наивно да прифаќаме сѐ што ќе кажат другите, ние ја користиме нашата способност за размислување за да го споредиме она што го читаме или слушаме со она што го велат Библијата и Јеховината организација. Ако го правиме тоа, нема да бидеме измамени од каква и да било демонска пропаганда (Изр. 14:15; 1. Тим. 4:1). Ние знаеме дека Божјите слуги како група ќе ја преживеат големата неволја. Но, како поединци, никој од нас не знае што ќе донесе утрешниот ден (Јак. 4:14). Сепак, без разлика дали ќе бидеме живи за време на големата неволја или ќе умреме пред таа да започне, ќе бидеме наградени со вечен живот ако останеме верни. Во меѓувреме, сите ние да ја имаме на ум нашата прекрасна надеж и да бидеме подготвени за Јеховиниот ден! (w23.06 13, пас. 15-16).

Вторник, 11 ноември

Јехова им ги открива своите тајни на своите слуги (Амос 3:7)

Ние не знаеме како ќе се исполнат некои библиски пророштва (Дан. 12:8, 9). Но, тоа што не разбираме потполно како ќе се исполни некое пророштво не значи дека нема да се исполни. Можеме да бидеме сигурни дека во вистинско време Јехова ќе ни го открие она што треба да го знаеме, исто како што правел и во минатото. Наскоро, народите ќе објават: „Мир и сигурност!“ (1. Сол. 5:3). Потоа, светските политички сили ќе ја нападнат лажната религија и ќе ја уништат (Отк. 17:16, 17). А потоа тие ќе го нападнат Божјиот народ (Езек. 38:18, 19). Овие настани директно ќе водат до конечната војна Армагедон (Отк. 16:14, 16). Можеме да бидеме сигурни дека овие настани ќе се случат во скоро време. Дотогаш, да продолжиме да покажуваме благодарност кон нашиот грижлив небесен Татко така што внимателно ќе го следиме исполнувањето на библиските пророштва и ќе им помагаме на другите да го прават истото (w23.08 13, пас. 19-20).

Среда, 12 ноември

Да се сакаме еден со друг, бидејќи љубовта е од Бог (1. Јов. 4:7)

Кога апостол Павле зборувал за верата, надежта и љубовта, на крајот рекол дека „најголема од нив е љубовта“ (1. Кор. 13:13). Зошто Павле го кажал тоа? Во иднина, повеќе нема да биде потребно да имаме вера во Божјите ветувања за новиот свет, ниту пак надеж дека тие ветувања ќе се исполнат бидејќи тие веќе ќе бидат исполнети. Но, секогаш ќе треба да покажуваме љубов кон Јехова и кон луѓето. Всушност, нашата љубов кон нив ќе продолжи да расте во сета вечност. Исто така, со љубовта докажуваме дека сме вистински христијани. Исус им кажал на своите апостоли: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35). Исто така, љубовта ни помага да бидеме обединети. Павле напишал дека љубовта совршено нѐ поврзува (Кол. 3:14). Апостол Јован на своите браќа и сестри им напишал: „Оној што го сака Бог, треба да го сака и својот брат“ (1. Јов. 4:21). Кога покажуваме љубов еден кон друг, всушност, покажуваме љубов кон Бог (w23.11 8, пас. 1, 3).

Четврток, 13 ноември

Да го симнеме секој товар (Евр. 12:1)

Библијата го споредува нашиот христијански живот со трка. Оние што успешно ќе ја завршат трката ќе бидат наградени со вечен живот (2. Тим. 4:7, 8). Треба да дадеме сѐ од себе за да продолжиме да трчаме, особено затоа што крајот на трката сега е поблиску од кога и да било порано. Апостол Павле кажал што ќе ни помогне да победиме во трката. Тој нѐ поттикнал да го симнеме секој товар и „со истрајност да ја трчаме трката што е пред нас“. Дали Павле сакал да каже дека еден христијанин не треба да носи никаков товар? Не. Тој сакал да каже дека треба да го симнеме секој непотребен товар. Таквиот товар би можел да нѐ успори и да нѐ измори. За да истраеме во трката, мора брзо да го препознаеме кој и да било непотребен товар и потоа веднаш да го симнеме. Но, во исто време, не сакаме да се ослободиме од товарот што треба да го носиме. Во спротивно, би ги прекршиле правилата на трката и не би можеле да останеме во неа (2. Тим. 2:5; w23.08 26, пас. 1-2).

Петок, 14 ноември

Вашиот украс нека не биде надворешен (1. Пет. 3:3)

Разумноста ни помага да го почитуваме гледиштето на другите. На пример, некои сестри сакаат да се шминкаат, додека други не го сакаат тоа. Некои христијани сакаат да пијат алкохол во умерени количини, а други воопшто не сакаат да пијат алкохол. Сите христијани сакаат да имаат добро здравје, но избираат различен начин на лекување. Ако секогаш сметаме дека нашето мислење е најдобро и се трудиме да ги убедиме нашите браќа и сестри да го прават она што ние го правиме, би можеле да ги спрепнеме другите и да предизвикаме поделби (1. Кор. 8:9; 10:23, 24). На пример, наместо да ни постави строги правила за тоа како треба да се облекуваме, Јехова ни дал начела кои треба да ги следиме. Со начинот на кој се облекуваме ние треба да му оддаваме слава на Бог и со тоа да покажеме дека сме разумни, скромни и разборити (1. Тим. 2:9, 10). Затоа, не сакаме да привлечеме непотребно внимание со начинот на кој сме облечени. Исто така, библиските начела ќе им помогнат на старешините да не поставуваат свои правила во врска со облекувањето и изгледот (w23.07 23-24, пас. 13-14).

Сабота, 15 ноември

Слушајте ме внимателно и јадете добра храна, и вашата душа нека ужива во најдобрата храна! (Иса. 55:2)

Јехова ни кажува што треба да правиме за да имаме среќна иднина. На оние што ја прифаќаат поканата од „глупавата жена“ најважно им е да уживаат во моменталните, тајни задоволства. Нивните постапки ќе ги одведат „во длабочините на гробот“ (Изр. 9:13, 17, 18). Оние што ја прифаќаат поканата од жената која ја претставува „вистинската мудрост“, ќе имаат сосема поинаква иднина! (Изр. 9:1). Ние учиме да го сакаме она што Јехова го сака и да го мразиме она што тој го мрази (Пс. 97:10). Исто така, наоѓаме задоволство во тоа што ги каниме другите да извлечат корист од „вистинската мудрост“. Ние сме како слугите кои повикуваат „од врвот на градските височини: ’Кој е неискусен, нека наврати ваму!‘“ Благословите за нас и за оние што ја прифаќаат оваа покана не се само моментални. Тие се трајни и ќе ни овозможат да живееме вечно додека одиме „по патот на разборитоста“ (Изр. 9:3, 4, 6; w23.06 24, пас. 17-18).

Недела, 16 ноември

Кој е бавен на гнев, подобар е од силниот човек, и кој владее со себеси, подобар е од оној што освоил град (Изр. 16:32)

Како се чувствуваш кога некој твој колега или соученик ќе те праша нешто во врска со твоите верувања? Дали имаш трема? Тоа е случај со повеќето од нас. Но едно такво прашање може да ни даде увид во тоа како размислува лицето или во што верува, и да ни даде можност да ја пренесеме добрата вест. Сепак, некој може да ни постави некое прашање затоа што не се согласува со нашите верувања или сака да се расправа со нас. Ова не треба да нѐ изненади бидејќи некои луѓе имаат слушнато погрешни информации за нашите верувања (Дела 28:22). Освен тоа, ние живееме во „последните денови“ — време во кое многу луѓе се „неспремни за каков и да било договор“, па дури и се сурови (2. Тим. 3:1, 3). Можеби се прашуваш: „Како можам да бидам љубезен и тактичен кога некој сака да се расправа со мене во врска со моите верувања?“ Што ќе ти помогне? Со еден збор, благоста. Оној што е благ не се вознемирува лесно, туку може да се контролира себеси кога некој го провоцира или кога не е сигурен како да одговори во некоја ситуација (w23.09 14, пас. 1-2).

Понеделник, 17 ноември

Ќе ги поставиш за кнезови по целата земја (Пс. 45:16)

Понекогаш, од нашата организација добиваме совети кои нѐ штитат. На пример, добиваме совети за материјализмот и за други работи кои можат да нѐ наведат да ги прекршиме Божјите закони. Доколку го следиме водството на Јехова и на овие подрачја, тоа ќе биде за наше добро (Иса. 48:17, 18; 1. Тим. 6:9, 10). Без сомнение, Јехова ќе продолжи да користи луѓе за да нѐ води за време на големата неволја и во текот на илјадагодишното владеење. Дали ќе продолжиме да го следиме тоа водство? Тоа многу ќе зависи од начинот на кој реагираме на водството што Јехова ни го дава денес. Затоа, секогаш да го следиме Јеховиното водство, вклучувајќи го и водството од луѓето кои Јехова ги поставил да бдеат над нас (Иса. 32:1, 2; Евр. 13:17). Додека го правиме тоа, да имаме потполна доверба во нашиот Водач, Јехова, кој ни помага да го избегнеме сето она што може да го загрози нашето пријателство со него, и кој нѐ води кон нашата дестинација — вечен живот во новиот свет (w24.02 25, пас. 17-18).

Вторник, 18 ноември

Преку незаслужената доброта сте спасени (Еф. 2:5)

Апостол Павле водел исполнет живот во службата за Јехова, но имал и многу предизвици. Тој често одел на долги патувања, а во тоа време патувањето не било лесно. Додека патувал, Павле понекогаш бил „во опасност од реки“ и „во опасност од разбојници“. Исто така, понекогаш бил тепан од неговите противници (2. Кор. 11:23-27). А браќата не покажувале секогаш благодарност за трудот што го вложувал за да им помогне (2. Кор. 10:10; Фил. 4:15). Што му помогнало на Павле да продолжи да му служи на Јехова? Павле научил многу за особините на Јехова од светите списи и од она што лично го доживеал. Тој се уверил дека Јехова Бог го сака (Рим. 8:38, 39; Еф. 2:4, 5). А и тој многу го засакал Јехова. Павле ја покажал својата љубов кон Јехова така што им служел на светите и продолжил да им служи (Евр. 6:10; w23.07 9, пас. 5-6).

Среда, 19 ноември

Биди им подложен на властите (Рим. 13:1)

Многу луѓе се согласуваат дека е добро да има световни влади, и дека треба да им бидеме послушни барем на некои од законите што ги носат властите. Но, истите тие луѓе одбиваат да им бидат послушни на законите кои не им се допаѓаат или им изгледаат неправедни. Од Библијата дознаваме дека човечките влади предизвикуваат страдање, дека се под власта на Сатана и дека наскоро ќе бидат уништени (Пс. 110:5, 6; Проп. 8:9; Лука 4:5, 6). Исто така, таа вели дека „оној што ѝ се спротивставува на власта, се противи на Божјето уредување“. Засега, Јехова им дозволува на човечките влади да постојат за да можат да одржуваат ред, и тој очекува да им бидеме послушни. Затоа, ние мора да ја почитуваме следнава заповед: „Давајте му го секому она што му припаѓа“. Во тоа спаѓаат даноците, почитта и послушноста (Рим. 13:1-7). Можеби сметаме дека некој закон е несоодветен, неправеден или дека скапо ќе нѐ чини ако се придржуваме за него. Но, ние сме му послушни на Јехова, а тој ни вели да им бидеме послушни на властите сѐ додека тие не бараат од нас да ги прекршиме неговите заповеди (Дела 5:29; w23.10 8, пас. 9-10).

Четврток, 20 ноември

Јеховиниот дух дојде врз Самсон (Суд. 15:14)

Кога се родил Самсон, со Израелците владееле Филистејците, кои ги угнетувале (Суд. 13:1). Нивното сурово владеење им носело големо страдање на Израелците. Јехова го избрал Самсон да „предводи во избавувањето на Израел од рацете на Филистејците“ (Суд. 13:5). За да може да ја изврши таа тешка задача, Самсон морал да се потпира на Јехова. Во една прилика, филистејската војска дошла за да го фати Самсон кај Лехи, место кое веројатно се наоѓало во Јуда. Јудејците се уплашиле и одлучиле да им го предадат Самсон на непријателите. Тие му ги врзале рацете на Самсон со две нови јажиња, и така неговиот сопствен народ го предал на Филистејците (Суд. 15:9-13). Сепак, Јеховиниот дух дошол врз Самсон и тој се ослободил така што ги искинал јажињата. Потоа нашол магарешка челуст и со неа убил илјада Филистејци (Суд. 15:14-16; w23.09 2-3, пас. 3-4).

Петок, 21 ноември

Според вечната намера која тој ја има во врска со Христос Исус, нашиот Господар (Еф. 3:11)

Јехова постепено ја откривал својата вечна намера во Библијата. Тој може да избере различни начини за да ја исполни својата намера и секогаш успева во тоа бидејќи „направил сѐ за да служи за неговата намера“ (Изр. 16:4). Освен тоа, резултатите од она што Јехова го прави ќе траат засекогаш. Која е неговата намера и кои промени ги направил за да ја исполни? На првите луѓе Бог им кажал која е неговата намера за нив. Тој им рекол: „Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја, и владејте над морските риби, над небесните суштества што летаат и над сите суштества што се движат по земјата!“ (1. Мој. 1:28). Кога Адам и Ева се побуниле и гревот влегол меѓу луѓето, тоа не го спречило Јехова да ја исполни својата намера. Тој го променил начинот на кој таа ќе се исполни. Јехова веднаш одлучил да постави едно Царство на небото кое ќе ја исполни неговата првобитна намера со луѓето и Земјата (Мат. 25:34; w23.10 20, пас. 6-7).

Сабота, 22 ноември

Да не ми помагаше Јехова, мојата душа за миг ќе починеше таму каде што владее тишината (Пс. 94:17)

Јехова може да ни помогне да не се откажеме, туку да продолжиме да му служиме. Се разбира, може да не ни биде секогаш лесно, особено ако подолго време се бориме со некоја наша слабост. Понекогаш, нашите слабости може да ни изгледаат потешки од оние што ги имал апостол Петар. Но, Јехова може да ни ја даде силата да не се откажеме (Пс. 94:18, 19). На пример, пред да ја дознае вистината, еден брат живеел како хомосексуалец многу години. Тој потполно го сменил својот начин на живот и почнал да живее во склад со Библијата. Сепак, понекогаш се борел со погрешни желби. Што му помогнало да не се откажува? Тој објаснува: „Јехова ми дава сила“. Потоа додава: „Со Јеховиниот дух... научив дека е можно да продолжам да живеам во склад со вистината... Јехова ми дозволува да му служам и постојано ме зајакнува и покрај моите слабости“ (w23.09 23, пас. 12).

Недела, 23 ноември

Понизноста и стравот од Јехова донесуваат богатство, чест и живот (Изр. 22:4)

Млади браќа, нема автоматски да станете зрели христијани. Треба да изберете добри примери кои ќе ги следите, да стекнете способност за расудување, да бидете достојни за доверба, да стекнете корисни вештини и да се подготвите за улогите што ќе ги имате во иднина. Кога размислувате на што сѐ треба да работите, можеби сметате дека тоа е претешко за вас. Но, вие можете да успеете! Имајте на ум дека Јехова многу сака да ви помогне (Иса. 41:10, 13). Се разбира, и браќата и сестрите во собранието ќе ви помогнат. Кога ќе ја постигнете вашата цел да станете зрели христијани, ќе имате убав и исполнет живот. Млади браќа, многу ве сакаме! Во меѓувреме, додека работите на тоа да станете зрели христијани, Јехова богато нека ве благословува (w23.12 29, пас. 19-20).

Понеделник, 24 ноември

Премини преку престапот (Изр. 19:11)

Замисли дека си на едно дружење со група браќа и сестри. Убаво си поминувате и правиш една заедничка фотографија. Всушност, правиш уште две фотографии во случај првата да не испаднала добро. Сега имаш три фотографии. Но, забележуваш дека на една од нив еден брат е намуртен. Затоа ја бришеш бидејќи имаш други две на кои сите од групата, вклучувајќи го и тој брат, се насмеани. Обично, имаме убави спомени од времето што сме го поминале со нашите браќа и сестри. Но, можеби во една од тие прилики некој од нив кажал или направил нешто нељубезно. Што треба да правиме со тој лош спомен? Треба да се обидеме да го избришеме од нашето сеќавање исто како што би избришале една од тие фотографии (Еф. 4:32). Можеме да го сториме тоа затоа што се сеќаваме на многу други убави моменти што сме ги поминале со него. Сакаме да ги памтиме и да ги цениме само таквите убави моменти (w23.11 12, пас. 16-17).

Вторник, 25 ноември

Жените треба да се облекуваат пристојно, како што им прилега на жени кои велат дека го почитуваат Бог (1. Тим. 2:9, 10)

Грчките зборови што Павле ги употребил тука, покажуваат дека една христијанка секогаш треба да се облекува пристојно и дека треба да биде обѕирна кон чувствата и мислењата на другите. Ние многу ги цениме нашите драги сестри кои се облекуваат скромно. Разборитоста е уште една особина што треба да ја покажуваат сите зрели христијанки. Што е разборитост? Разборитиот човек умее добро да просудува, односно способен е да разликува исправно од погрешно и да направи мудар избор. Размисли за примерот на Авигеја. Нејзиниот сопруг донел погрешна одлука која лошо ќе се одразела врз секој што живеел во неговиот дом. Авигеја веднаш презела нешто. Благодарение на нејзината разборитост, биле спасени животи (1. Сам. 25:14-23, 32-35). Разборитоста исто така ни помага да знаеме кога да зборуваме, а кога да молчиме. Освен тоа, ни помага да бидеме урамнотежени кога покажуваме личен интерес за другите бидејќи не би сакале да ги доведеме во непријатна ситуација (1. Сол. 4:11; w23.12 20, пас. 8-9).

Среда, 26 ноември

Се радуваме поради надежта дека ќе бидеме учесници во Божјата слава (Рим. 5:2)

Апостол Павле ги напишал овие зборови за собранието во Рим. Тамошните браќа и сестри ги запознале Јехова и Исус, покажале вера и станале христијани. Бог ги прогласил за праведни поради нивната вера и ги помазал со свет дух (Рим. 5:1). Така, тие добиле прекрасна надеж за која можеле да бидат сигурни дека ќе се оствари. Подоцна, Павле им напишал на помазаните христијани во Ефес во врска со надежта на која Бог ги повикал. Во таа надеж било вклучено да добијат „наследство за светите“ (Еф. 1:18). Исто така, Павле им кажал на Колошаните каде ќе се исполни нивната надеж. Тој ја нарекол „надежта во она што се чува за вас на небесата“ (Кол. 1:4, 5). Значи, помазаните христијани имаат надеж дека ќе бидат воскреснати за вечен живот на небото, каде што ќе владеат заедно со Христос (1. Сол. 4:13-17; Отк. 20:6; w23.12 9, пас. 4-5).

Четврток, 27 ноември

Мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум (Фил. 4:7)

Зборот што е преведен со „чува“ на изворниот јазик се користел како воен израз кој укажувал на чета војници која има задача да чува еден град и да го штити од напади. Жителите на градот мирно спиеле бидејќи знаеле дека војниците се поставени на портите. Слично на ова, кога мирот Божји ги чува нашето срце и нашиот ум, ние сме спокојни бидејќи знаеме дека сме безбедни (Пс. 4:8). Како што било случај со Ана, дури и ако нашата ситуација не се смени веднаш, сепак можеме да чувствуваме извесна мера мир (1. Сам. 1:16-18). А кога сме смирени, честопати ни е полесно да размислуваме јасно и да носиме мудри одлуки. Што може да правиме? Кога си загрижен, викни ги чуварите, така да се каже. Како? Така што ќе се молиш сѐ додека не го почувствуваш мирот Божји (Лука 11:9; 1. Сол. 5:17). Ако минуваш низ тежок период, моли се истрајно и ќе почувствуваш како Јеховиниот мир ги чува твоето срце и твојот ум (Рим. 12:12; w24.01 21, пас. 5-6).

Петок, 28 ноември

Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое (Мат. 6:9)

За да го посвети името на својот Татко, Исус претрпел најразлични мачења, навреди и лажни обвиненија. Тој знаел дека му бил послушен на својот Татко во сѐ и дека нема од што да се срами (Евр. 12:2). Исто така, знаел дека Сатана директно го напаѓа во тоа тешко време (Лука 22:2-4; 23:33, 34). Сатана сигурно се надевал дека ќе ја скрши верноста на Исус, но доживеал потполн неуспех! Исус дал непобитен доказ дека Сатана е злобен лажливец и дека Јехова има слуги кои му остануваат верни дури и во најтешките испити! Дали сакаш да го радуваш твојот Цар Исус? Ако да, тогаш продолжи да го фалиш Јеховиното име така што ќе им помагаш на другите да дознаат какви прекрасни особини има нашиот Бог. На тој начин ќе одиш по стапките на Исус (1. Пет. 2:21). Исто како Исус, ти го радуваш Јехова и докажуваш дека Божјиот непријател Сатана е бесрамен лажливец! (w24.02 11-12, пас. 11-13).

Сабота, 29 ноември

Со што да му возвратам на Јехова за сите добра што ми ги направи? (Пс. 116:12)

Во изминативе пет години, повеќе од еден милион лица се крстија и станаа Јеховини сведоци. Кога му го заветуваш својот живот на Јехова, ти избираш да станеш ученик на Исус Христос и одлучуваш најважно во животот да ти биде вршењето на Божјата волја. Што е вклучено во христијанскиот завет? Исус рекол: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе“ (Мат. 16:24). Грчката фраза преведена со „нека се одрече од себе“ може да се преведе и со „мора да си каже ’не‘ на себеси“. Како заветуван слуга на Јехова, ќе треба да кажеш „не“ на сето она што не е во склад со неговата волја (2. Кор. 5:14, 15). Во тоа е вклучено да им кажеш „не“ и на „делата на телото“, како што е сексуалниот неморал (Гал. 5:19-21; 1. Кор. 6:18). Дали послушноста кон таквите заповеди ќе ти го отежне животот? Не, ако го сакаш Јехова и ако си уверен дека неговите закони се за твое добро (Пс. 119:97; Иса. 48:17, 18; w24.03 2, пас. 1; 3, пас. 4).

Недела, 30 ноември

Ти си по мојата волја! (Лука 3:22)

Јехова им го дава својот свет дух на оние од кои е задоволен (Мат. 12:18). Можеме да се прашаме: „Дали успевам да покажувам некои од плодовите на светиот дух во мојот живот?“ Дали си забележал дека си пострплив за разлика од времето кога не си го познавал Јехова? Всушност, колку повеќе учиш да ги покажуваш плодовите на светиот дух, толку поуверен ќе бидеш дека Јехова е задоволен од тебе! На темел на откупната жртва, Јехова им ги простува гревовите на оние од кои тој е задоволен (1. Тим. 2:5, 6). Но, што ако нашето срце сѐ уште не е уверено дека Јехова е задоволен од нас и покрај тоа што имаме вера во откупнината и сме се крстиле? Не заборавај дека не можеме секогаш да имаме доверба во нашите чувства, но можеме да имаме доверба во Јехова. Оние што имаат вера во откупнината се праведни во негови очи, и тој им ветува дека ќе ги благослови (Пс. 5:12; Рим. 3:26; w24.03 30, пас. 15; 31, пас. 17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели