ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/2 стр. 22
  • Останете здрави во верата!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Останете здрави во верата!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што се бара од надгледниците?
  • Применувај здраво учење
  • Направи ја здравата поука свој начин на живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Тит — „соработник за вашите интереси“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Избрани стихови од Посланијата до Тит, до Филимон и до Евреите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Собранија за изградување во љубов и единство
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/2 стр. 22

Останете здрави во верата!

Врвни точки од Тит

НА ХРИСТИЈАНСКИТЕ собранија на медитеранскиот остров Крит им била потребна духовна помош. Кој би можел да им помогне? Па, соработникот на апостол Павле, Тит! Тој бил храбар, способен да поучува, ревносен за добри дела, и здрав во верата.

Павле го посетил Крит помеѓу своето прво и второ затворање во Рим. Го оставил Тит на островот за да поправи некои работи и да именува собраниски старешини. Би се повикувало на Тит да ги укорува лажните учители и да даде добар пример. Сето ова е изнесено во Павловото писмо до Тит, веројатно испратено од Македонија меѓу 61. и 64. н.е. Ако денешните надгледници и соверници го применуваат советот на апостолот, ќе им помогне да бидат храбри, ревносни и духовно здрави.

Што се бара од надгледниците?

Било потребно да се наименуваат надгледници и да се решат некои сериозни проблеми (1:1-16). За да некој биде наименуван за надгледник, требало да биде слободен од обвиненија, да биде примерен лично и во кругот на семејството, гостољубив, урамнотежен, и да умее да се самосовладува. Било потребно да го учи она што е вистиното и да ги опоменува и укорува оние кои изнесувале спротивни гледишта. Била потребна храброст затоа што требало да се замолчат самоволните мажи во собранијата. Ова особено се однесувало на оние кои се држеле за обрезувањето, бидејќи завеле цели семејства. Би бил потребен строг укор за да собранијата останат духовно здрави. Денес, на христијанските надгледници исто така им треба храброст за да укоруваат и да опоменуваат, имајќи го предвид духовното изградување на собранието.

Применувај здраво учење

Тит требало да споделува духовно здраво учење (2:1-15). Постарите мажи требало да бидат примерни во својата умереност, сериозност, здравиот ум, вера, љубов и истрајност. Постарите жени требало ”да се однесуваат на начин полн со почитување“. Како ’учителки на она што е добро‘, требало да им помагаат на помладите жени да имаат исправно гледиште за своите должности како сопруги и како мајки. Помладите мажи требало да бидат со здрав ум, а робовите да им бидат покорни на своите господари, на начин на кој ќе го украсуваат учењето на Бог. Сите христијани требало да се одречат од безбожноста и да живеат со здрав разум во овој систем додека го очекуваат славното откривање на Бог и на Исус Христос, ’кој се дал себеси за нас за да нѐ ослободи од секаков вид на беззаконие и да очисти за себе народ, ревносен за добри дела.‘ И ние ’да го украсуваме учењето на Бог‘ применувајќи ги ваквите здрави совети.

Завршниот совет на апостол Павле го поткрепува духовното здравје (3:1-15). Потребно е да се покажува исправна подложност спрема владетелите и да се негува разумност. Христијаните имаат надеж за вечен живот, и Павловите зборови требало да бидат нагласени за да се охрабрат да мислат на добри дела. Требало да се избегнуваат будалести потпрашувања и препирки околу Законот, и секташите требало да се отстранат откако двапати бидат опоменати. Ако старешините денес го применуваат овој совет, тие и нивните соверници ќе останат здрави во верата.

[Рамка/слика на страница 22]

Незаробени од виното: Иако жените не смеат да поучуваат во собранието, постарите сестри приватно можат да ги подучуваат помладите жени. Но за да бидат делотворни во овој поглед, постарите жени мораат да внимаваат на Павловите зборови: ”Постарите жени нека се однесуваат на начин полн со почитување, да не клеветат и да не бидат заробени од виното, да бидат учителки на она што е добро“ (Тит 2:1-5; 1. Тимотеј 2:11-14, НС). Поради загриженост од последиците на пиењето, надгледниците, слугите помошници и постарите жени мораат да бидат умерени, и да не се оддаваат на многу вино (1. Тимотеј 3:2, 3, 8, 11, НС). Сите христијани треба да го избегнуваат пијанството и треба да се воздржуваат од пиење на алкохолни пијалоци додека го вршат ”светото дело“ на проповедање на добрата вест (Римјаните 15:16; Пословици 23:20, 21, НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели