ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/6 стр. 28-31
  • Дали го почитуваш твоето место на обожавање?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали го почитуваш твоето место на обожавање?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Раните места на христијанското обожавање
  • Исправно да го користиме нашето место за обожавање
  • Одредено време и место за обожавање на Јехова
  • Мажи кои даваат пример
  • Места на кои го славиме Јехова
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • На ова место го славиме Бог!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Да го одржуваме нашето место за обожавање во добра состојба
    Нашата служба за Царството 2003
  • Што е Сала на Царството?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/6 стр. 28-31

Дали го почитуваш твоето место на обожавање?

„Од самиот почеток на евангелието, христијаните секогаш имале свои вообичаени и одредени места за обожавање на божество“ „Primitive Christianity“ од Вилијам Кејв

БОЖЈИОТ народ секогаш радо се собирал заедно за обожавање. Тоа се случува и денес, како што било и во првиот век. Раните писатели и теолози, како што се Луцијан, Клемент, Јустин Маченик и Тертулијан, се согласуваат дека христијаните имале посебни места каде редовно се собирале за обожавање.

Библијата ја потврдува истата мисла, со бројни забелешки во врска со редовните состаноци кои ги одржувале групи христијани. Овие групи биле познати како собранија. Тоа било соодветно бидејќи зборот „собрание“ на изворните библиски јазици означува група на луѓе собрани заради посебна цел или активност.

Раните места на христијанското обожавање

Со што се занимавале првите христијани кога биле собрани заедно? Библијата опишува голем број на такви состаноци и покажува дека поучувањето било важно обележје (Дела на св. апостоли 2:42; 11:26; 1. Коринтјаните 14:19, 26). Биле застапени образовни програми, со предавања, раскажување на охрабрувачки искуства и грижливо разгледување на писмата добиени од водечкото тело во Ерусалим или од некој од апостолите.

Во Дела на св. апостоли 15:22-35, читаме дека откога едно такво писмо било прочитано на една група христијани во Антиохија, Јуда и Сила ‚со многу зборови ги утешиле браќата и ги утврдиле‘. Еден друг извештај наведува дека кога Павле и Варнава пристигнале во Антиохија ‚и ја собрале црквата, прикажувале за сѐ што направил Бог со нив‘. Молитвата до Јехова била исто така едно важно обележје на христијанските состаноци (Дела на св. апостоли 14:27).

Местата каде што собранијата од првиот век се собирале за обожавање не биле раскошни градби како повеќето денешни цркви на т. н. христијанство. Во повеќето случаи раните христијани се собирале во приватни домови (Римјаните 16:5; 1. Коринтјаните 16:19; Колосјаните 4:15; Филемон 2, сите Ст). Најчесто се користела соба во поткровјето или горната соба од приватниот дом. Кога се одржувала Господовата вечера, тоа се случувало во горна соба. Кога 120 ученици биле помазани со свет дух на Пентакост, тоа исто така било во една горна соба (Лука 22:11, 12, 19, 20, NW; Дела на св. апостоли 1:13, 14; 2:1-4; 20:7, 9).

Денес Јеховините сведоци го следат образецот што го поставиле апостолите. Местата за состаноци кои тие ги користат се познати како Царски сали. Тука се оспособуваат за проповедници на добрата вест за Божјето Царство (Матеј 24:14). Во Царската сала исто така ја проучуваат Библијата, се молат и меѓусебно се храбрат. Тоа е во склад со библискиот совет во Евреите 10:24, 25: „Да бидеме внимателни еден кон друг, за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, не напуштајќи го своето собрание, како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден“.

Исправно да го користиме нашето место за обожавање

Се сеќаваш ли на зборовите на апостол Павле: „Бог не е Бог на безредие, туку на мирот“ и „сѐ да се врши како прилега и уредно“? Ако ја испиташ содржината на овие зборови можеш да откриеш дека Павле зборувал за начинот на кој христијанските состаноци би требало да се одржуваат. Како во апостолско време, и денес христијаните се грижат нивните состаноци да бидат уредни и добро организирани (1. Коринтјаните 14:26-40).

Изданието на Стражарска кула од 15. октомври 1969 (англ.) навело: „Духовната атмосфера во Царската сала е искрена и потекнува од вистинскиот интерес за правото обожавање и библиска поука. И светлата и природна околина во салата ги поттикнува оние кои се присутни да бидат срдечни и пријателски расположени, а не вкочанети поради мистериозно наметната свеченост“. Се разбира, обѕирност се покажува и ако Царската сала ја користиме на начин кој секогаш одразува почитување и достоинство.

На ова подрачје, т. н. христијанство покажало големо непочитување. Некои религиозни организации ги користат своите места на обожавање како заеднички центри за забава. Имаат концерти во живо на религиозна рок музика, простории за боди билдинг, табли за билијард, јасли и џепни кина. Една црква имала кечерски меч како дел од нејзината програма. Ова тешко би можело да се усогласи со образецот што го поставиле апостолите.

Ако некое собрание од првиот век делувало на неисправен начин бил применуван укор. На пример, некои во христијанското собрание во Коринт ја користеле Господовата вечера како прилика да се најадат и напијат. Ја носеле својата вечера со себе и ја јаделе пред состанокот или во текот на истиот, а некои дури и се прејадувале и се опијанувале. Ова навистина не било на место. Апостолот Павле им пишал на таквите: „Немате ли куќи за да јадете и пиете?“ (1. Коринтјаните 11:20-29).

Во склад со советот на Павле, Јеховините сведоци настојуваат да се грижат за личните работи дома или на некое друго место наместо во Царската сала. Навистина, нашите редовни состаноци овозможуваат практични можности да се видат голем број браќа истовремено. Меѓутоа, Царската сала е посветена на Јехова, затоа треба да се употребува исклучително за негово обожавање. Не користиме прилика кога сме таму за да следиме световен бизнис или да се грижиме за лични финансиски трансакции.

Понатаму, собранијата не ги користат Царските сали за рекреативни програми, за собирање на фондови или за социјални услуги како што е чувањето на деца. Постојат други места каде што некој може да се грижи за такви лични или деловни работи.

Старешините во една Царска сала забележале дека членовите на собранието имале обичај да си зајмат или да си враќаат позајмени работи на состаноците. Исто, често изменувале видеокасети во Царската сала. Иако оваа активност не е по природа комерцијална, старешините им помогнале да увидат дека е мудро секогаш кога е можно за таквите работи да се грижат дома.

За да ги избегнеме ситуациите кои можат да создадат погрешен впечаток и да бидеме сигурни дека Царската сала исправно ја користиме, секој би требало сам да се праша: ‚Дали постојат лични работи за кои сум се грижел во Царската сала а кои можат да се направат дома?‘ На пример, кога се организира некаков собир, зарем не би било подобро таквите планови да се договараат дома? Не може ли да го користиме телефонот или дома да ги посетиме оние кои сакаме да ги собереме? Позајмувајќи ги Павловите зборови, можеме да речеме: ‚Секако дека имаме свои куќи за одржување на такви активности, зарем не?‘

Одредено време и место за обожавање на Јехова

Во Проповедник 3:1 Библијата наведува: „Сѐ има свое време, и секоја работа под небото има свое време“. Кога ги посетуваме состаноците во Царска сала, можеме потполно да се посветиме на активностите кои се поврзани со христијанската служба. Тоа е едно определено време за обожавање на Јехова.

Исусовиот полубрат Јаков дал совет против покажување на пристрасност во христијанското собрание (Јаков 2:1-9). Како можеме да го примениме овој совет во нашите Царски сали? Пристрасноста може да се покаже преку тајно поканување на забавни вечери преку писменца. Во едно собрание бил обичај да се пуштаат такви покани во торбите или Библиите на оние кои се поканети. Секако дека е тоа многу попрактично отколку поканите да се испраќаат преку пошта или да се носат секому поединечно. Меѓутоа, како се чувствуваат оние кои не добиле покана кога ќе забележат дека поканите им се упатени на другите? Дали е тоа појава на пристрасност?

Се разбира, не постои стриктно правило кое вели дека некој не може да врачи лична порака или пакет во Царска сала; ниту пак е неисправно да се зборува во Царска сала за секојдневните активности или настани, да поканиме некој дома или да замолиме некого да ни се придружи во некаква рекреација. Но ова треба да биде случајно и да се направи дискретно и на неупадлив начин. Личните договори не би требало никогаш да го одвраќаат вниманието од вистинската цел на нашето собирање во Царската сала имено, да се изградуваме духовно (Матеј 6:33; Филипјаните 1:10).

Мажи кои даваат пример

Старешините и слугите помошници ревносно даваат пример во покажувањето на почитување за Царската сала. Воглавно постојат еден или двајца старешини или слуги помошници доделени за координирање на работите кои се однесуваат на одржување на Царската сала. Таму каде што повеќе собранија користат иста сала, тоа го надгледува одборот од старешини.

Додека некои се посебно одредени да се грижат за такви задачи, сите слуги помошници и старешини треба да покажуваат вистински интерес за салата. Знаат дека Царската сала е посветена на Јехова и се користи за негово обожавање.

Старешините не би требало да одолговлечуваат кога ќе се појави потреба за поправки (2. Летописи 24:5, 13; 29:3; 34:8; Неемија 10:39; 13:11). Во некои собранија се прават редовни инспекции на Царските сали со цел брзо да се поведе сметка за секоја потребна поправка. Се прават пописи за да се осигури дека потребните залихи се достапни и употребливи. Ако постои одредено место за чување на залихи, алати и опрема за чистење, сите старешини и слуги помошници би требало да покажуваат интерес за нивната состојба и да се погрижат тоа да се одржува во уредна состојба. Оние кои работат на литература и списанија можат да го покажат својот интерес така што секогаш ќе гледаат празните кутии да не бидат расфрлени по салата.

Со тоа што поставуваат пример, старешините и слугите помошници можат да им помогнат на останатите во собранието да покажат ревност за Царската сала (Евреите 13:7). Сите можат да покажат соодветно почитување така што ќе имаат удел во чистењето на салата и ќе покажат искрен интерес за целокупниот изглед.

Исус рекол во Матеј 18:20: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“. Да, Исус е заинтересиран за она што ние го правиме кога се собираме за да го обожаваме Јехова. Во тоа е вклучен и секој состанок кој се одржува во приватен дом како и големите состаноци како што се конгресите.

За милионите Јеховини сведоци не постои подраго место од нивното редовно место за обожавање — Царската сала. Тие покажуваат вистинско почитување за тоа место. Покажуваат дух на работливост кога се грижат за него и настојуваат секогаш исправно да го употребуваат. И ти можеш да го следиш советот кој самиот Јехова го дава: „Чувај ја ногата своја, кога одиш во Божјиот дом“ (Проповедник 4:17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели