ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/10 стр. 3-4
  • Можеш ли да веруваш во Бог кој е личност?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш ли да веруваш во Бог кој е личност?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Страдањето и Богот кој е личност
  • Создавање или еволуција? — Прв дел: Зошто да верувам во Бог?
    Младите прашуваат
  • Можно ли е да се стекне вера во Творец?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Треба ли да имам кредитна картичка?
    Разбудете се! 2000
  • Познај го Јехова — Богот кој е личност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/10 стр. 3-4

Можеш ли да веруваш во Бог кој е личност?

„НЕ ТРЕБА да веруваш во Бог за да бидеш христијанин . . . Ние сега сме дел од една револуција, но во 21 век црквата ќе нема Бог во традиционалната смисла“ — објаснил еден сениорски британски универзитетски капелан. Тој зборувал во полза на движењето Море на верата, кое го поддржуваат најмалку сто британски свештеници. Овие „христијански атеисти“ тврдат дека религијата претставува творба на човекот и дека, како што се изразил еден член, Бог е само „идеја“. Еден натприроден Бог повеќе не се вклопува во нивниот начин на размислување.

„Бог е мртов“ — гласеше еден популарен слоган во 1960-тите. Тој ги одразуваше гледиштата на германскиот филозоф од 19 век, Фридрих Ниче, и на мнозина млади луѓе им го даде изговорот што го сакаа за да си тераат по свое, да се впуштаат во слободна љубов и во злоупотреба на дрога без морално ограничување. Но, дали таквата слобода ги доведе децата на цвеќето, како што станаа познати, до некаков позадоволувачки среќен живот?

Во истата деценија, англиканскиот бискуп Џон А. Т. Робинзон ја објави својата контроверзна книга Honest to God (Чесен спрема Бог). Многу негови сосвештеници го критизираа поради тоа што за Бог размислува „како за ништо друго освен една димензија на длабочина во човечкото искуство“. Професорот по теологија Кит Ворд прашал: „Дали верувањето во Бог претставува некаков вид старомодно празноверие, сега отфрлено од мудрите?“ Одговарајќи на своето сопствено прашање, тој рекол: „Денес, во религијата ништо не е поважно од тоа повторно да се пронајде спознание за традиционалната идеја за Бог“.

Страдањето и Богот кој е личност

На мнозина кои веруваат во Бог кој е личност, тешко им е да го поврзат своето верување со трагедиите и со страдањето што ги гледаат. На пример, во март 1996, во Данблејн (Шкотска) беа застрелани и убиени 16 мали дечиња заедно со нивната учителка. „Едноставно не ја разбирам Божјата волја“ — рекла една силно возбудена жена. Болката од трагедијата беше изразена на една картичка, оставена со цвеќињата пред училиштето на децата. Таа содржеше еден збор: „ЗОШТО?“ Во одговор, министерот од катедралата во Данблејн рекол: „Не може да има објаснување. Не можеме да одговориме зошто ова требаше да се случи“.

Истата година подоцна, еден популарен млад свештеник од Англиканската црква брутално беше убиен. Church Times извести дека едно зашеметено собрание го чуло архиѓаконот од Ливерпул како зборува за „чукање на Божјата врата со прашањата зошто? зошто?“ И овој свештеник немал зборови на утеха од некој Бог кој е личност.

Тогаш, во што да веруваме? Разумно е да се верува во Бог кој е личност. Тоа е клучот за одговарање на принудните прашања покренати погоре. Те покануваме да ги разгледаш доказите што се изнесени во следнава статија.

[Слика на страница 3]

Картичката прашуваше „Зошто?“

[Извор на слика]

NEWSTEAM No. 278468/Sipa Press

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели