ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/10 стр. 4-8
  • Познај го Јехова — Богот кој е личност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Познај го Јехова — Богот кој е личност
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Јехова и Мојсеј „лице со лице“
  • Јехова — Илииниот Бог кој е личност
  • Павловото водство преку светиот дух
  • Атеизмот не е пречка за Јеховиниот личен интерес
  • „Безумниот“ и Бог
  • Предупредувања од нашиот Бог кој е личност
  • Добил утеха од својот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Ќе бидеш ли верен како Илија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Бил утешен од својот Бог
    Угледајте се на нивната вера
  • Дали понекогаш си осамен и уплашен?
    Поучете ги своите деца
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/10 стр. 4-8

Познај го Јехова — Богот кој е личност

СПОРЕДУВАЈЌИ го индиското сфаќање за Бог со сфаќањето на другите системи на религија, д-р С. Радакришнан од Индија забележува: „Богот на Евреите е од поинаков вид. Тој е битие кое е личност, активен е во историјата и е заинтересиран за промените и приликите на овој свет кој се развива. Тој е Битие кое комуницира со нас“.

Хебрејското име за Богот од Библијата е יהוה, кое општо се преведува со „Јехова“. Тој ги надминува сите други богови. Што знаеме ние за него? Како постапувал со луѓето во библиските времиња?

Јехова и Мојсеј „лице со лице“

Помеѓу Јехова и неговиот слуга Мојсеј постоела присност „лице со лице“, иако Мојсеј не можел дословно да го види Бог (5. Мојсеева 34:10; 2. Мојсеева 33:20). Во својата младост, Мојсеевото срце било со Израелците, кои во тоа време биле поробени во Египет. Тој му свртел грб на својот живот како член на фараоновото домаќинство, ‚повеќе сакајќи да страда заедно со народот Божји‘ (Евреите 11:25). Како резултат од тоа, Јехова му дал на Мојсеј многу посебни предности.

Како член на фараоновото домаќинство, ‚Мојсеј ја научил целата мудрост египетска‘ (Дела 7:22). Но, за да ја води израелската нација, тој требало да ги негува и особините понизност, стрпливост и кроткост. Тоа го сторил во текот на своите 40 години како пастир во Мадијам (2. Мојсеева 2:15—22; 4. Мојсеева 12:3). Иако Јехова останал невидлив, Тој му се открил себеси и својата намера на Мојсеј, и Бог преку ангели му ги доверил Десетте заповеди (2. Мојсеева 3:1—10; 19:3—20:20; Дела 7:53; Евреите 11:27). Библијата ни кажува дека ‚Господ зборувал со Мојсеја лице в лице, како што човек зборува со пријател свој‘ (2. Мојсеева 33:11). Всушност, Јехова самиот рекол: „Јас говорам со него уста со уста“. Каков само скапоцен, личен однос уживал Мојсеј со својот невидлив Бог, но Бог кој е личност! (4. Мојсеева 12:8).

Освен раната историја на нацијата Израел, Мојсеј го запишал законскиот зборник со сите негови разгранувања. Нему му била доверена и една друга непроценлива предност — предноста да ја пишува книгата 1. Мојсеева. Последниот дел од таа книга била историја точно позната во неговото семејство и затоа било релативно лесно да се запише. Но, од каде Мојсеј ги добил деталите за најраната човекова историја? Можно е Мојсеј да поседувал древни пишани документи, сочувани од неговите прататковци, за да се користат како изворен материјал. Од друга страна, можно е да добил детали преку усно пренесување или, пак, директно преку божествено откровение од Јехова. Мажи од сите векови, полни со почит, одамна го признале тој личен однос што го уживал Мојсеј со својот Бог во овој поглед.

Јехова — Илииниот Бог кој е личност

Пророкот Илија исто така го познавал Јехова како Бог кој е личност. Илија бил ревносен за чистото обожавање и му служел на Јехова и покрај тоа што станал мета на голема омраза и противење од страна на обожавателите на Ваал, главниот бог на хананејскиот пантеон (3. Царства 18:17—40).

Ахав, царот на Израел, и неговата сопруга Језавела барале да го убијат Илија. Плашејќи се за својот живот, Илија побегнал во Вирсавија, западно од Мртвото Море. Таму отпешачил во пустината и се молел да умре (3. Царства 19:1—4). Дали Јехова го напуштил Илија? Дали Тој повеќе не бил заинтересиран за својот верен слуга? Илија можеби мислел така, но колку само бил во криво! Подоцна, Јехова тивко му зборувал, прашувајќи го: „Зошто си овде Илија?“ После едно драматично манифестирање на натприродна моќ, ‚кон него се чул глас, кој [повторно] му рекол: „Зошто си тука, Илија?“ ‘ Јехова го манифестирал својот личен интерес за Илија за да го охрабри својот доверлив слуга. Бог имал уште работа за него, и Илија желно се оѕвал на тој повик! Илија верно ги исполнил своите задачи, посветувајќи го името на Јехова, неговиот Бог кој е личност (3. Царства 19:9—18).

После отфрлањето на нацијата Израел, Јехова повеќе не им зборувал лично на своите слуги на Земјата. Тоа не значело дека опаднал неговиот личен интерес за нив. Преку својот свет дух, тој сѐ уште ги водел и ги зајакнувал во неговата служба. Земи го на пример апостол Павле, порано познат како Савле.

Павловото водство преку светиот дух

Савле потекнувал од Тарс, еден угледен град во Киликија. Неговите родители биле Евреи, но тој бил роден како Римски граѓанин. Меѓутоа, Савловото воспитување било според строгите догми на фарисеите. Подоцна, во Ерусалим, ја имал приликата да биде образован „при нозете Гамалиилови“, еден угледен учител на Законот (Дела 22:3, 26—28).

Поради Савловата погрешно упатена ревност за еврејската традиција, тој учествувал во една злобна кампања вперена против следбениците на Исус Христос. Дури го одобрил и убиството на Стефан, првиот христијански маченик (Дела 7:58—60; 8:1, 3). Подоцна признал дека, иако бил поранешен хулител и прогонител и безобразен човек, тој ‚бил помилуван, бидејќи тоа го вршел, без да знае, во неверие‘ (1. Тимотеј 1:13).

Савле бил мотивиран од искрена желба да му служи на Бог. После Савловото преобраќање на патот за Дамаск, Јехова моќно го употребил. Ананија, еден ран христијански ученик, бил упатен од воскреснатиот Христос да му помогне. Потоа, Павле (римското име по кое Савле станал познат како христијанин) бил воден од Јеховиниот свет дух за да изврши една долга и плодна служба низ делови на Европа и Мала Азија (Дела 13:2—5; 16:9, 10).

Може ли истото водство од светиот дух да се идентификува и денес? Да, може.

Атеизмот не е пречка за Јеховиниот личен интерес

Џозеф Ф. Ратерфорд бил вториот претседател на Watch Tower Society. Бил крстен 1906 како Библиски студент — ознаката по која Јеховините сведоци биле познати тогаш — следната година бил поставен за правен советник на Заедницата, а во јануари 1917 станал нејзин претседател. Сепак, едно време овој млад адвокат бил атеист. Како станал толку мотивиран христијански слуга на Јехова?

Во јули 1913, Ратерфорд служел како претседавач на еден конгрес на Меѓународното здружение на Библиски студенти, што се одржал во Спрингфилд (Масачусетс, САД). Еден репортер од локалниот весник, The Homestead, го интервјуирал Ратерфорд, а извештајот бил препечатен во сувенир-извештајот од тој конгрес.

Ратерфорд објаснил дека во времето кога планирал да се жени, неговите религиозни гледишта биле според гледиштата на баптистичката вероисповед, но гледиштата на неговата идна сопруга биле презбитеријански. Кога Ратерфордовиот пастор рекол дека „таа ќе оди во пеколен оган затоа што не била потопена, а дека тој ќе оди право на небо затоа што бил потопен, неговиот логичен ум бил револтиран и тој станал атеист“.

На Ратерфорд му биле потребни повеќе години внимателно истражување за повторно да ја изгради својата вера во еден Бог кој е личност. Како што рекол тој, резонирал од претпоставката дека „она што не може да го задоволи умот, нема право да го задоволува срцето“. Христијаните „мораат да бидат сигурни дека Писмото во кое веруваат тие е точно“, објаснил Ратерфорд, додавајќи: „Тие мораат да го познаваат темелот на кој стојат“. (Види 2. Тимотеј 3:16, 17.)

Да, дури и денес е можно еден атеист или агностичар да го истражува Писмото, да изгради вера и да развие силен личен однос со Јехова Бог. После внимателно проучување на Библијата со помош на публикацијата на Watch Tower, Спознание кое води до вечен живот, еден млад човек признал: „Не верував во Бог кога започнав со ова проучување, но сега увидувам дека спознанието од Библијата ми го преврти сето размислување. Почнувам да го познавам Јехова и да имам доверба во него“.

„Безумниот“ и Бог

„Никогаш не му паднало на памет на еден писател на СЗ [Хебрејските списи] да го докажува или да се препира околу постоењето на Бог“ — вели д-р Џејмс Хејстингс во A Dictionary of the Bible. „Општо земено, не е во духот на древниот свет да се негира постоењето на Бог или, пак, да се користат аргументи за тоа да се докажува. Верувањето било природно за човековиот ум и заедничко за сите луѓе.“ Секако, тоа не значи дека сите луѓе во тоа време биле богобојазливи. Далеку од тоа. И Псалм 13:1 и 52:1 го споменуваат „безумниот“ или, како што вели Dr. Ivan Šarić, „лудаците“ кои рекле во своето срце: „Нема Бог“.

Какво лице е овој ‚лудак‘, човекот кој го негира постоењето на Бог? Тој не е интелектуално во незнаење. Место тоа, хебрејскиот збор нава́л укажува на морален недостаток. Во своите забелешки кон The Parallel Psalter, професор С. Р. Драјвер вели дека грешката не е во „слабоста на разумот, туку во моралната и религиозна нечувствителност, во несовладливиот недостиг на чувство, односно перцепција“.

Псалмистот понатаму го опишува моралниот слом кој е последица од еден таков став: „Се развратија луѓето, извршија гнасни дела, нема кој да прави добро“ (Псалм 13:1). Д⁠-​р Хејстингс сумира: „Сметајќи на ова отсуство на Бог од светот, како и на неказнивоста, луѓето стануваат расипани и прават одвратни дела“. Тие отворено прифаќаат безбожни начела и го отфрлаат Бог кој е личност, на кого немаат желба да му бидат одговорни. Но, денес таквото размислување е будалесто и бесмислено како што било и тогаш кога псалмистот ги напишал своите зборови пред повеќе од 3.000 години.

Предупредувања од нашиот Бог кој е личност

Сега да се вратиме на прашањето покренато во нашата уводна статија. Зошто толку многу луѓе не можат да поврзат еден Бог кој е личност со страдањето што преовладува во денешниов свет?

Библијата содржи пишана информација од луѓе кои „зборувале просветувани од Светиот Дух“ (2. Петрово 1:21). Само таа ни го открива Богот кој е личност — Јехова. Исто така, таа нѐ предупредува на една злобна личност, невидлива за луѓето, која е моќна во насочувањето и контролирањето на човечкото размислување — Сатана Ѓаволот. Логично, ако не веруваме во еден Бог кој е личност, како можеме да веруваме дека постои Ѓавол, односно Сатана кој исто така е личност?

Под инспирација, апостол Јован рекол: „Наречена ѓавол и сатана . . . ја мами целата вселена [целата населена Земја, НС]“ (Откровение 12:9). Јован подоцна напишал: „Знаеме дека потекнуваме од Бог, но целиот свет лежи во власта на злобниот“ (1. Јованово 5:19, НС). Овие изјави ги одразуваат зборовите на Исус, кои самиот Јован ги запишал во своето евангелие: „Доаѓа владетелот на светот. И над мене тој нема моќ“ (Јован 14:30, НС).

Колку само е далеку ова учење од она во што веруваат луѓето денес! „Зборувањето за Ѓаволот денес е изразито немодерно. Нашата скептична и научна ера го пензионирала Сатана“ — вели Catholic Herald. Сепак, на оние мажи кои имале убиствена намера спрема него, Исус одлучно им рекол: „Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко“ (Јован 8:44).

Објаснувањето на Библијата за Сатановата моќ има смисла. Тоа разјаснува зошто, и покрај желбата на мнозинството луѓе да живеат во мир и хармонија, светот е измачуван од омраза, војни и бесмислено насилство, како што беше покажано во Данблејн (споменато на страници 3 и 4). Освен тоа, Сатана не е единствениот непријател со кого мораме да се бориме. Библијата дава додатни предупредувања во врска со ѓаволи, односно демони — зли духовни суштества кои одамна здружиле сили со Сатана за да го заведуваат и злоупотребуваат човештвото (Јуда 6). Исус Христос многу пати се соочил со моќта на овие духови, и бил во состојба да ги совлада (Матеј 12:22—24; Лука 9:37—43).

Вистинитиот Бог, Јехова, наумил да ја исчисти Земјава од злоба и на крајот да ги затре активностите и на Сатана и на неговите демони. На темел на нашето спознание за Јехова можеме да имаме цврста вера и доверба во неговите ветувања. Тој вели: „Пред мене немаше Бог, и по Мене нема да има. Јас, Јас сум Господ, и нема Спасител освен Мене“. Јехова навистина е Бог кој е личност за сите кои го познаваат, кои го обожаваат и кои му служат. Нашето спасение можеме да го очекуваме од него и само од него (Исаија 43:10, 11).

[Слика на страница 7]

Гравура од 18 век која го прикажува Мојсеј како под инспирација ја пишува 1. Мојсеева 1:1

[Извор на слика]

Од The Holy Bible од Џ. Баскет (Оксфорд)

[Слика на страница 8]

Исус Христос многупати ги совладал демоните

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели