ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/7 стр. 3-4
  • Чудата на Исус — факт или измислица?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чудата на Исус — факт или измислица?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се дефинира невозможното
  • Чуда — факт или измислица?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Чудата — дали навистина се случиле?
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Зошто да се интересираме за чуда?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Чудата на Исус — што можеш да научиш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/7 стр. 3-4

Чудата на Исус — факт или измислица?

„ЛУЃЕТО му доведоа мнозина кои беа опседнати од демони; и тој ги истеруваше духовите со збор, и ги излекува сите на кои им беше лошо“ (Матеј 8:16). „Тој [Исус] стана и го прекори ветрот и му рече на морето: ‚Молкни! Заќути!‘ И ветрот стивна, и настана голема тишина“ (Марко 4:39). Што мислиш за овие изјави? Веруваш ли дека опишуваат вистински, историски настани или мислиш дека се алегорични приказни, само митови?

Мнозина денес имаат сериозни сомнежи во врска со историската вистинитост на чудата на Исус. Оваа ера на телескопи и микроскопи, на вселенски истражувања и на генетски инженеринг изгледа дека не остава многу простор за извештаи за чуда и натприродни настани.

Некои сметаат дека извештаите за чуда се нестварни и алегорични. Според писателот на една книга кој тврди дека го истражува „вистинскиот“ Исус, приказните за чудата на Христос не се ништо друго освен „маркетиншко средство“ за да се шири христијанството.

Други ги сметаат чудата на Исус за чиста измама. Понекогаш дури и самиот Исус е обвинет за измама. Според Јустинијан Маченик од вториот век н.е., критичарите на Исус „дури се осмелиле да го наречат маѓесник и измамник на луѓето“. Некои изјавуваат дека Исус „не правел чуда како еврејски пророк, туку како маѓесник, како некој што е обучен во паганските храмови“.

Да се дефинира невозможното

Можеби сметаш дека зад таквите сомнежи постои основана причина зошто луѓето се колебаат да веруваат во чуда. Нив едноставно им е тешко, па дури и невозможно, да ја прифатат мислата дека може да дејствуваат натприродни сили. „Чуда едноставно не се случуваат — и точка“, рекол еден млад човек кој се смета себеси за агностик. Потоа ги цитирал зборовите на шкотскиот филозоф од 18 век, Дејвид Хјум, кој напишал: „Чудото е кршење на законите на природата“.

Меѓутоа, мнозина би биле многу претпазливи во врска со тврдењето дека некоја необична појава е невозможна. The World Book Encyclopedia го нарекува чудото „настан што не може да се објасни преку познатите закони на природата“. Според оваа дефиниција, патувањето во вселената, безжичната комуникација и сателитската навигација пред само еден век за повеќето луѓе би биле чуда. Секако дека не е мудро да се тврди дека чуда се невозможни само затоа што не можеме да ги објасниме на темел на сегашното знаење.

Ако испитаме некои библиски докази поврзани со чудата што му се припишуваат на Исус Христос, што ќе откриеме? Дали чудата на Исус се факт или измислица?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели