ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/11 стр. 3
  • Зошто е тешко да се биде понизен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто е тешко да се биде понизен
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Биди вистински понизен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Зошто да се облечеме во понизност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Јехова многу ги сака своите понизни слуги
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Примери на понизност кои треба да ги имитираме
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/11 стр. 3

Зошто е тешко да се биде понизен

МНОЗИНА сметаат дека во овој свет нема место за понизност. Изгледа дека денес се најуспешни и доаѓаат на високи положби само оние што знаат да се пробијат, што се горди и по секоја цена го добиваат она што го сакаат. Повеќето луѓе им завидуваат на богатите и славните, а не на понизните и кротките. А тие што се успешни, пак, обично сакаат да се фалат дека постигнале сѐ без ничија помош. Не само што не се понизни, туку и сета заслуга за својот успех си ја припишуваат себеси.

Еден канадски истражувач вели дека во неговата земја ‚се шири ставот „јас и никој друг“‘. Други мислат дека на луѓето во денешниов свет им е поважно да се оддаваат на задоволства отколку да ги преземат одговорностите што ги носи животот. Истите забележуваат дека секој си гледа само за себе. Во еден ваков свет, понизноста не е многу пожелна особина.

Се разбира, на повеќето не им пречи ако другите се понизни бидејќи е многу лесно да се живее со ненаметливи луѓе. Меѓутоа денес, кога секој сака да биде најдобар во сѐ, некои се плашат дека, ако се понизни, другите ќе ги сметаат за неспособни.

Во Божјата реч, Библијата, е проречено дека во нашево време луѓето ќе бидат „вообразени, надуени“ (2. Тимотеј 3:1, 2). Зарем нема да се согласиш дека тоа пророштво се исполнува? Дали мислиш дека вреди човек да биде понизен? Или, пак, мислиш дека понизниот го сметаат за слабак, кого секој може лесно да го искористи?

Всушност, Библијата ни дава добри причини да ја цениме и да ја развиваме понизноста. Таа ни помага да имаме урамнотежен и позитивен став кон оваа особина и ни покажува дека вистинската понизност е знак на јак, а не на слаб карактер. Следната статија ќе ни објасни зошто е тоа така.

[Слика на страница 3]

Што треба да мислиме за нашите успеси?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели