ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 15/4 стр. 7-11
  • Твојата беспрекорност го радува Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Твојата беспрекорност го радува Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да не заборавиме кој е вистинскиот непријател
  • Биди близок со Јехова
  • Јехова им помага на своите верни слуги
  • Јов го возвишувал името на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Надевај се на Јехова“
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • „Нема да отстапам од својата непорочност!“
    Угледајте се на нивната вера
  • Зачувај ја својата беспрекорност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 15/4 стр. 7-11

Твојата беспрекорност го радува Јехова

„Биди мудар, сине мој, и израдувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној што ми се подбива“ (ИЗР. 27:11)

1, 2. а) За кое обвинение од Сатана се зборува во книгата Јов? б) Што покажува дека Сатана продолжил да му се подбива на Јехова и по смртта на Јов?

ЈЕХОВА му дозволил на Сатана да ја испита беспрекорноста на верниот Божји слуга Јов. Како последица на тоа, Јов ги изгубил стоката, децата и здравјето. Но, кога ја довел во прашање беспрекорноста на овој Божји слуга, Сатана не мислел само на Јов. Тој тврдел: „Кожа за кожа! Човекот ќе даде сѐ што има за својата душа“. Ова обвинение покренало едно прашање кое не се однесувало само на Јов и кое останало отворено долго по неговата смрт (Јов 2:4).

2 Околу 600 години по искушенијата на Јов, под водство на Божјиот дух, Соломон напишал: „Биди мудар, сине мој, и израдувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној што ми се подбива“ (Изр. 27:11). Очигледно, во тоа време Сатана сѐ уште го обвинувал Јехова. Освен тоа, на апостол Јован му било покажано во видение дека Сатана ги обвинува Божјите слуги и откако бил исфрлен од небото кратко по воспоставувањето на Божјето Царство во 1914 год. Тоа значи дека, дури и денес, додека истекуваат последните денови на овој злобен свет, Сатана сѐ уште ја доведува во прашање беспрекорноста на Божјите слуги! (Отк. 12:10).

3. Кои корисни поуки можеме да ги извлечеме од книгата Јов?

3 Да видиме сега три важни поуки кои можеме да ги извлечеме од книгата Јов. Прво, од испитите што ги претрпел Јов јасно се гледа кој е вистинскиот непријател на човекот и од кого потекнува противењето со кое се соочува Божјиот народ. Тој непријател е Сатана Ѓаволот. Второ, сеедно какви испити ќе доживееме, ако сме блиски со Бог, тоа ќе ни помогне да останеме беспрекорни. Трето, кога ќе нѐ снајдат некои неволји и кога сме испитани на некој начин, Бог ни помага да издржиме, исто како што му помагал на Јов. Денес Јехова го прави тоа преку својата Реч, преку својата организација и преку својот свет дух.

Да не заборавиме кој е вистинскиот непријател

4. Кој е виновен за сегашната состојба во светот?

4 Многу луѓе не веруваат дека Сатана постои. Затоа, иако можеби се вознемирени од состојбата во светот, не сфаќаат дека вистинската причина за тоа е, всушност, Сатана Ѓаволот. Точно, и самите луѓе се одговорни за голем дел од проблемите. Нашите први родители, Адам и Ева, избрале да бидат независни од својот Творец. И оттогаш наваму, сите поколенија постапуваат многу немудро. Сепак, Ѓаволот бил тој што со измама ја навел Ева да се побуни против Бог. Тој на несовршените, смртни луѓе им создал еден светски поредок што е под негова контрола. Бидејќи Сатана е „богот на овој свет“, луѓето, општо земено, ги покажуваат истите основни особини што ги има тој: гордост, кавгаџиство, љубомора, лакомост, мамење и бунтовност (2. Кор. 4:4; 1. Тим. 2:14; 3:6; прочитај Јаков 3:14, 15). Ваквите обележја се причина за политички и верски судири, омраза, корупција и неред, кои им носат страдања на луѓето.

5. Што сакаме да правиме со скапоценото знаење што го имаме?

5 Колку скапоцено знаење имаме ние како Јеховини слуги! Ние знаеме кој е виновен за сѐ полошите услови во светот. Зарем тоа не нѐ поттикнува да проповедаме за да им кажеме на луѓето кој е вистинскиот непријател? И зарем не сме среќни што можеме да бидеме на страната на вистинскиот Бог, Јехова, и да им објасниме на другите како тој ќе им стави крај на Сатана и на проблемите што го измачуваат човештвото?

6, 7. а) Кој е одговорен за прогонството на вистинските христијани? б) Како можеме да го следиме примерот на Елиу?

6 Сатана не е одговорен само за голем дел од несреќите во светот туку и за противењето со кое се соочува Божјиот народ. Тој е решен да нѐ стави на испит. Исус Христос му рекол на апостол Петар: „Симоне, Симоне, еве, Сатана побара да ве просее како пченица“ (Лука 22:31). Според тоа, секој што ги следи стапките на Исус ќе доживее некакви искушенија. Петар го споредил Ѓаволот со „разрикан лав [кој] бара некого да проголта“. А Павле рекол: „Сите што сакаат да живеат оддадено на Бог во единство со Христос Исус, ќе бидат прогонувани“ (1. Пет. 5:8; 2. Тим. 3:12).

7 Кога некој соверник ќе го снајде неволја, не треба да заклучиме дека Јехова го казнува. Како што веќе видовме, Сатана е вистинскиот непријател. Наместо да бидеме ладни кон братот кој има проблем — со што би биле како лажните тешители — да постапиме како Елиу, кој зборувал со Јов како вистински пријател. Да му помогнеме на братот во борбата против нашиот заеднички непријател, Сатана (Изр. 3:27; 1. Сол. 5:25). Нашата цел е да направиме сѐ за да му помогнеме да остане беспрекорен, и со тоа да го радува Јехова.

8. Зошто Сатана не успеал да го спречи Јов да му искажува чест на Јехова?

8 Сатана му нанел на Јов повеќе удари. Најпрво, Јов останал без стоката. Добитокот бил многу вреден и веројатно на Јов му бил извор на егзистенција. Но, овој човек ја користел стоката и за да го обожава Бог. Откако Јов ќе ги посветел своите деца, ‚ќе станел рано наутро и ќе принел жртви паленици за секого од нив, зашто, Јов си велел: „Можеби моите синови згрешиле и го проколнале Бог во своето срце“. Јов го правел ова секогаш‘ (Јов 1:4, 5). Оттука гледаме дека Јов редовно му принесувал животински жртви на Јехова. Меѓутоа, кога почнале неговите испити, повеќе не бил во можност да го прави тоа. Повеќе немал „имот“ со кој би можел да му искаже чест на Јехова (Изр. 3:9). Но, можел да му искажува чест на Јехова со своите усни, и тоа и го правел!

Биди близок со Јехова

9. Кое е највредното нешто што го имаме?

9 Без разлика дали сме богати или сиромашни, млади или стари, здрави или болни, можеме да бидеме блиски со Јехова. Сеедно со какви испити ќе се соочиме, ако имаме близок однос со Бог, тоа ќе ни помогне да останеме беспрекорни и да го радуваме. Всушност, дури и некои што имале само мало познавање на вистината, покажале голема храброст и останале беспрекорни.

10, 11. а) Како реагирала една сестра кога беспрекорноста ѝ била ставена на испит? б) Каков удар му задала оваа сестра на Сатана?

10 Размисли за она што ѝ се случило на сестра Валентина Гарновска. Таа е еден од многуте Сведоци во Русија кои, како верниот Јов, останале беспрекорни и покрај тешките испити што ги доживеале. Во 1945 год., кога сестра Гарновска имала 20-тина години, еден брат ѝ посведочил. Дошол кај неа уште двапати да зборуваат за Библијата, и потоа никогаш повторно не го видела. Сепак, Валентина почнала да им проповеда на своите соседи. Поради тоа била уапсена и осудена на осум години во логор. Во 1953 год., откако била ослободена, веднаш продолжила да проповеда. Повторно била уапсена и затворена — овој пат на десет години. Неколку години била во еден логор, а потоа била преместена во друг. Сестрите во тој логор имале Библија. Еден ден, една сестра ѝ ја покажала Библијата на Валентина. Колку само била возбудена! Дотогаш ја имала видено Библијата само во рацете на братот кој ѝ сведочел во 1945 год.!

11 Во 1967 год., таа била пуштена на слобода и конечно можела да се крсти како Јеховин сведок. Ја искористила својата слобода за ревносно да проповеда. Но, во 1969 год., повторно била уапсена и осудена на три години затвор. Сепак, Валентина продолжила да проповеда. До 2001 год., кога починала, им помогнала на 44 души да ја дознаат вистината. Поминала 21 година по затвори и логори. Била спремна да се откаже од сѐ, дури и од својата слобода, за да му остане верна на Јехова. На крајот од својот живот, Валентина рекла: „Никогаш сум немала свој дом. Сѐ што имав носев во еден куфер, но бев среќна и водев исполнет живот служејќи му на Јехова“. Каков само удар му задала Валентина на Сатана, кој тврдел дека луѓето нема да му останат верни на Бог кога ќе се најдат на мака! (Јов 1:9-11). Можеме да бидеме сигурни дека таа го израдувала Јехова и дека тој, при воскресението, со големо задоволство ќе ја врати Валентина во живот, а и сите други кои му останале верни до смрт (Јов 14:15).

12. Каква улога има љубовта во нашето пријателство со Јехова?

12 Нашето пријателство со Јехова се темели на љубовта што ја чувствуваме кон него. Многу ги цениме неговите особини и правиме сѐ што можеме за да живееме во склад со неговите намери. Спротивно на тврдењата на Ѓаволот, ние го сакаме Јехова од срце и безусловно. Оваа длабока љубов ни дава сила да останеме беспрекорни кога ќе се најдеме во тешки околности. А Јехова, од своја страна, „го чува патот на оние што му се лојални“ (Изр. 2:8; Пс. 97:10).

13. Како гледа Јехова на она што го правиме за него?

13 Љубовта нѐ поттикнува да му оддаваме чест на името на Јехова, дури и ако мислиме дека не можеме многу да правиме за него. Тој ги гледа нашите добри мотиви и не нѐ осудува ако не можеме да дадеме колку што би сакале. Не е важно само што правиме туку и зошто го правиме тоа. Иако Јов бил скршен од тага и претрпел многу неволји, тој им зборувал на своите обвинители за љубовта што ја чувствувал кон Јехова. (Прочитај Јов 10:12; 28:28.) Во последното поглавје од книгата Јов, Бог вели дека им бил лут на Елифаз, Вилдад и Софар затоа што не ја зборувале вистината. Во исто време, покажал дека е задоволен со Јов со тоа што четирипати го нарекол „мојот слуга“ и му дал задача да посредува за лажните тешители (Јов 42:7-9). И ние треба да постапуваме на начин со кој Јехова ќе биде задоволен од нас.

Јехова им помага на своите верни слуги

14. Како Јехова му помогнал на Јов да си го исправи мислењето?

14 И покрај тоа што бил несовршен, Јов останал беспрекорен. Точно, имало моменти кога, под многу силен притисок, не гледал исправно на работите. На пример, му рекол на Јехова: „Кон тебе викам за помош, но ти не ми одговараш... со сета сила на својата рака ме напаѓаш како непријател“. Освен тоа, на Јов му станало премногу важно да се оправда, што се гледа од зборовите: „Не сум виновен“, и „нема зло во моите раце и мојата молитва е чиста“ (Јов 10:7; 16:17; 30:20, 21). Сепак, Јехова со љубов му помогнал така што му поставил некои прашања за да го наведе да престане да мисли само на себе. Исто така, овие прашања му помогнале на Јов да сфати појасно колку е величествен Бог, а колку е безначаен човекот во споредба со Него. Јов го прифатил тоа и се поправил. (Прочитај Јов 40:8; 42:2, 6.)

15, 16. Како Јехова им помага на своите слуги денес?

15 Јехова им дава љубезни, но директни совети и на своите слуги денес. Освен тоа, ни обезбедил и некои важни работи кои ни се од голема помош. На пример, Исус Христос ја дал откупната жртва и со тоа го поставил темелот за да ни бидат простени гревовите. Благодарение на таа жртва, иако сме несовршени, можеме да бидеме блиски пријатели со Бог (Јак. 4:8; 1. Јов. 2:1). Кога имаме неволји, можеме да го молиме Бог да ни помага и да ни дава сила со својот свет дух. Освен тоа, ја имаме и целата Библија и, ако ја читаме и размислуваме за она што е запишано во неа, ќе се подготвиме за испитите на верата што се пред нас. Проучувањето ни помага да ги разбереме спорните прашања во врска со тоа кој има право да владее со целата вселена и во врска со нашата беспрекорност.

16 Исто така, од многу голема помош е и тоа што сме дел од едно меѓународно братство на кое Јехова му обезбедува духовна храна преку „верниот и разборит роб“ (Мат. 24:45-47). Во сите собранија на Јеховините сведоци, кои ги има околу 100.000, се одржуваат состаноци на кои се поучуваме и се зајакнуваме за да можеме да ги поднесеме сите испити на верата со кои можеби ќе се соочиме. Добар пример за тоа е она што ѝ се случило на Шила, Јеховин сведок од Германија.

17. Наведи пример што покажува колку е мудро внимателно да ги следиме упатствата кои ги добиваме од Јеховината организација.

17 Шила е тинејџерка и еднаш имала празен час на училиште. Другите деца во класот решиле за тоа време да повикуваат духови со помош на алфабетска таблица. Шила веднаш излегла од училницата и многу ѝ било мило што го сторила тоа кога дознала што се случило потоа. Додека ја користеле таблицата, некои од учениците почувствувале дека во училницата има демони и почнале да бегаат во паника. Но, што ѝ помогнало на Шила да реши толку брзо да излезе од училницата? „Кратко пред да се случи ова, на еден состанок во Салата на Царството се зборуваше за тоа колку е опасно да се користат алфабетски таблици. Затоа веднаш знаев што треба да правам“, објаснува Шила. „Сакав да го радувам Јехова, токму како што нѐ поттикнува Библијата во Изреки 27:11.“ Колку убаво што Шила била на состанокот и внимателно слушала!

18. Што си решен да правиш?

18 Сите да бидеме решени внимателно да ги следиме упатствата што ги добиваме од Божјата организација. Кога редовно одиме на состаноците, ја читаме Библијата, ги проучуваме библиските публикации, се молиме и се дружиме со зрели христијани, ги добиваме водството и помошта што ни се потребни. Јехова сака да му останеме лојални, и уверен е дека ќе успееме во тоа. За нас е огромна чест што можеме да го славиме Неговото име, да останеме беспрекорни и да го израдуваме!

Се сеќаваш ли?

• За кои услови и испити е одговорен Сатана?

• Кое е највредното нешто што го имаме?

• На што се темели нашето пријателство со Јехова?

• Како Јехова ни помага денес?

[Слика на страница 8]

Чувствуваш ли одговорност да им го пренесуваш на другите скапоценото знаење што го имаш?

[Слика на страница 9]

Можеме да им помогнеме на соверниците да останат беспрекорни

[Слика на страница 10]

Валентина била спремна да жртвува сѐ за да му остане верна на Јехова

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели