Посебен месец за службата на подрачјето
1 Може ли декември за тебе да стане посебен месец за служба на подрачјето? Можеби ќе биде неопходно да направиш некои промени во својата вообичаена рутина, но зарем наградите не го прават тоа достојно за напор?
2 Некои помлади крстени објавители ќе имаат додатни слободни денови од училиште и ќе сакаат овој месец да се пријават за помошни пионери. Колку ќе бидат охрабрени ако имаат некој старешина, слуга помошник или друг објавител кој ќе работи со нив на подрачјето! Ако личните околности не ти дозволуваат да бидеш пионер во текот на тој месец, можно ли е да поминеш само неколку додатни часови во службата со оние кои ќе бидат пионери? Ова сигурно ќе биде взаемно охрабрување.
3 Ако сите објавители вложат додатни напори, старешините можеби ќе бидат во состојба да организираат групно сведочење секој ден во текот на празниците за да можат оние кои ќе бидат пионери секогаш да имаат со кого да работат во службата на подрачјето.
4 Сега е време, поединечно и како семејни групи, како и на собраниско ниво, да се планира декември да се направи посебен месец за служба на подрачјето на твоето собрание.