Службени состаноци за февруари
Седмица од 7. февруари
Песна 131
15 мин: Месни известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Приказ на нудење на текушти списанија. Повтори ги главните точки од рамката со Прашања.
18 мин: „Зголемувај го интересот за Божјето Царство на мир.“ Дискусија за статијата со присутните. Два приказа. После разгледување на 2. пасус, покажи како да се понуди трактатот на станар кој е зафатен. Објавителот учтиво нека постави прашање кое ќе положи темел за повторна посета. Да се прикаже понудата од пасус 3 во кој станарот покажува интерес, а објавителот користи брошура. Повторно треба да се положи темел за повторна посета.
12 мин: Дискутирање со прашања и одговори на материјалот од „Организирано да ја извршуваме нашата служба“, стр. 91, поднасловот „Да се доведуваат интересентите во Јеховината организација“. Подготви кус приказ за да илустрираш некои од точките на кои се укажува во пасусите.
Песна 137 и заклучна молитва.
Седмица од 14. февруари
Песна 126
10 мин: Месни известувања. Благајнички извештај. Пренеси ги изразите на ценење на Заедницата за испратените донации и пофали го собранието за лојалната поддршка на потребите на месното собрание. Охрабри на учество во активностите на проповедање овој викенд.
20 мин: „Поттикнувај го растот преку осмислени повторни посети.“ Дискусија со прашања и одговори. Да се изведе приказ на повторна посета што се темели на излагањето од 3. пасус. Нагласи дека е потребен разбор за да не се обработува премногу материјал во текот на посетата и истакни дека е важно да се всади интерес за идна посета.
15 мин: „Дали водиш делотворни разговори на темел на Писмото?“ Разгледување со прашања и одговори на пасусите 1–6 од оваа статија во додатокот.
Песна 122 и заклучна молитва.
Седмица од 21. февруари
Песна 198
5 мин: Месни известувања.
15 мин: „Да го поздравиме Јеховиниот првороден!“ Обработување на статијата со прашања и одговори. Срдечно, одушевено изнесување од страна на старешина кој ги охрабрува сите да направат список на поединци кои ќе ги поканат на Споменот и на следното редовно јавно предавање. Прикажи ги мислите од 7. пасус. Нека објавителот пристапи на лице кое влегува во Сала на Царството и гледа наоколу. Објавителот дознава дека роднини кои живеат во друг град го охрабриле човекот да дојде. Тој го поканува човекот да седне со него и неговото семејство за да можат да следат од неговата Библија и песнарка. Објавителот му предлага на лицето после состанокот да му одговори на секое прашање што ќе го интересира. Овој дел заклучи го со објавување на времето во кое собранието ќе го прослави Споменот.
10 мин: Библијата — нашиот најдобар извор на охрабрување. Книгата Расудување, стр. 271-275. Говор на старешина. На многумина во и надвор од собранието им треба охрабрување. Покажи како секој објавител во собранието може да ја користи Божјата Реч за да ги охрабри другите.
15 мин: „Предмет на омраза од сите народи.“ Говор на искусен старешина.
Песна 208 и заклучна молитва.
Седмица од 28. февруари
Песна 219
5 мин: Месни известувања. Теократски вести.
15 мин: „Дали водиш делотворни разговори на темел на Писмото?“ Разгледување со прашања и одговори на пасуси 7–13 од додатокот.
15 мин: „Целосно поддржувај ја програмата на Состаноците за јавност на твоето собрание.“ Говор, но може да вклучува едно или две прашања упатени до присутните. Објасни што може да се стори за заинтересираните лица кои за првпат посетуваат Состанок за јавност да се чувствуваат добредојдено. Нека еден објавител даде коментар во кој се изразува како извлекол корист од редовното посетување на Состаноците за јавност.
10 мин: „Варди се од погрешна доброљубивост.“ Говор.
Песна 197 и заклучна молитва.