Прашања
◼ Која постапка треба да се следи кога се изнесуваат резолуции пред собранието?
Резолуција е потребна кога мора да се донесе одлука за важни работи, како што е купување на земјиште, преправање или изградба на Сала на Царството, испраќање на посебни прилози на Заедницата или грижа за трошоците на покраинскиот надгледник. Обично е најдобро да се изнесе резолуција за гласање секојпат кога се трошат собраниски фондови.
Исклучок може да се направи во случаи кога се вклучени посебни потреби што се директно поврзани со важни проекти или активности. На пример, собранието може да одлучи да приложува одредена сума до Заедницата секој месец за делото на проповедање. За трошоците околу нормалното функционирање на Салата на Царството, како што се комунални услуги и средства за чистење, не е потребна резолуција.
Кога потребата ќе стане очигледна, старешинството треба темелно да ја разгледа. Ако повеќето се слагаат дека треба нешто да се стори, еден од старешините, можеби член на Службениот одбор на собранието, треба да подготви писмена резолуција која ќе се изнесе на Службениот состанок.
Старешината кој делува како претседавач треба накратко, но јасно да објасни каква потреба постои и што препорачува старешинството да се стори. Потоа му се дозволува на собранието да поставува прикладни прашања. Ако е работата сложена, можеби ќе биде добро гласањето да се одложи за следниот Службен состанок за да му се даде на секој време да размисли. Самото гласање се врши со кревање рака.
Право на гласање за резолуцијата имаат предадени и крстени членови на собранието, освен ако законот не бара поинаку, како што е случајот кога се работи за ствари поврзани со нашата корпорација или заеми за сали на Царството, не би било прикладно да учествуваат посетители од други собранија.
Откако резолуцијата ќе биде прифатена, треба да се запише датумот, да се потпише и да се стави во собраниската архива.