ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/98 стр. 2
  • Состаноци за служба за декември

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за декември
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 7 декември
  • Седмица што почнува од 14 декември
  • Седмица што почнува од 21 декември
  • Седмица што почнува од 28 декември
Нашата служба за Царството 1998
km 12/98 стр. 2

Состаноци за служба за декември

Седмица што почнува од 7 декември

Песна 180

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

15 мин: „Мораме постојано да навратуваме“. Прашања и одговори. Кратко коментирај за Језекиил 3:17—19, нагласувајќи ја нашата одговорност да продолжиме да ја објавуваме предупредувачката порака.

20 мин: „Сѐ да се врши уредно“. Еден старешина води дискусија со прашања и одговори, при што тактично кажува како да се применат локално мислите што се спомнати.

Песна 33 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 14 декември

Песна 77

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Дај предлози за тоа како тактично да се одговори на честитањето на световните празници. Ако собранието има на залиха примероци од книгата Најголемиот човек или Големиот учител, покажи како можат делотворно да се користат во службата за време на божиќните празници.

15 мин: „Надгледници кои преземаат водство — водител на студијата на Стражарска кула“. Говор на водителот на студијата на Стражарска кула. Ги објаснува своите одговорности и тоа како можат сите присутни да помогнат студијата да се направи жива, поучна и духовно изградувачка. (Види Наша служба, страница 66.)

20 мин: „Тие можат да видат дека ние сме поинакви“. Прашања и одговори. Накратко разгледај ја секоја карактеристика која нѐ прави единствени. Истакни како овие информации можат да се користат за да се насочат заинтересираните кон организацијата и да им се покаже како вистината создава христијански особини кај оние кои живеат според неа.

Песна 146 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 21 декември

Песна 163

8 мин: Локални известувања. Доколку во новата година вашето собрание ги менува термините за состаноци, дај љубезно охрабрување поттикнувајќи ги сите да задржат редовна посетеност на собранието во неговите нови термини. Потсети ги објавителите да ги известат библиските ученици и другите заинтересирани за секакви промени. Охрабри ги сите објавители да ги чуваат личните примероци на Наша служба за Царството, особено додатоците. Веројатно ќе се навраќаме на нив во иднина. Потсети ги сите да си го понесат додатокот на Наша служба за Царството од јануари 1999 за Состанокот за служба следната седмица.

12 мин: Локални потреби.

25 мин: „Гради го својот живот околу службата за Јехова“. Прашања и одговори. Интервјуирај едно лице кое не е во брак и еден семеен поглавар кој имал успех во одржувањето на постојан, редовен распоред во службата на теренот секоја седмица. Нека кажат каква лична организација е потребна за да им се даде предност на духовните интереси.

Песна 201 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 28 декември

Песна 155

10 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот за служба на теренот за декември. Покажи кои постари книги објавени пред 1985 стојат на располагање за понуда на литература во јануари. Охрабри ги објавителите да изберат некои за дистрибуција овој викенд.

10 мин: „Извлечи корист од програмата на Теократската школа за служба за 1999“. Говор на надгледникот на Теократската школа за служба. Некои објавители нека кажат кои користи ги извлекле од придржувањето за „Распоредот за дополнително читање на Библијата“ секоја седмица. Охрабри ги сите секојдневно да ја читаат Божјата Реч.

25 мин: Подготви се да присуствуваш на обласниот конгрес за 1999. Секретарот ги обработува со прашања и одговори информациите за конгресот што се наоѓаат во додатокот на Наша служба за Царството од јануари 1999. Истакни ги библиските начела за следење на упатството на Заедницата во поглед на сместувањето. Пофали ги браќата што соработувале со подготовката на Заедницата.

Песна 195 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели