ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/99 стр. 2
  • Состаноци за служба за октомври

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за октомври
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 4 октомври
  • Седмица што почнува од 11 октомври
  • Седмица што почнува од 18 октомври
  • Седмица што почнува од 25 октомври
Нашата служба за Царството 1999
km 10/99 стр. 2

Состаноци за служба за октомври

Седмица што почнува од 4 октомври

Песна 56

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

17 мин: „Целата Божја пророчка реч ќе се исполни!“ Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

18 мин: Мисли на списанијата! Наведи го вкупниот број на списанија што ги оставило собранието во текот на минатиот месец. Во каков однос е со бројот што го добивате од Заедницата? Ако има голема разлика, што треба да се направи? Повикај ги присутните да коментираат за следново: 1) Секој објавител треба да нарача доволен но соодветен број. 2) Секоја сабота нека ти биде ден за списанија. 3) При правењето личен распоред за служба, вклучи активност со списанија секој месец. 4) Планирај да имаш поголемо учество во неформалното сведочење користејќи списанија за да започнуваш разговори. 5) Некои посебни статии достави им ги на деловни и професионални луѓе кои најверојатно ќе бидат заинтересирани за нив. 6) Води точни забелешки за местата каде што си ги оставил и започни рута со списанија, редовно навраќајќи со најновите изданија. 7) Добро користи ги постарите примероци на списанијата за да не ти се натрупаат. Покажи ги најновите списанија и истакни статии кои веројатно ќе побудат интерес. Некој возрасен заедно со некој млад нека прикаже кратка презентација на списанија. (Види го додатокот на Наша служба за Царството од септември 1995.)

Песна 105 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 11 октомври

Песна 47

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Како да ја зголемиме радоста од состаноците“. Прашања и одговори. Наведи некои конкретни примери за тоа како можеме да покажеме обѕир и да се охрабруваме еден со друг на состаноците. Повикај ги присутните да раскажат примери од лично искуство.

Песна 152 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 18 октомври

Песна 62

10 мин: Локални известувања и искуства од службата на теренот.

13 мин: „Дали се селиш?“ Охрабрувачки говор на секретарот. Кога објавителите ќе сметаат дека е неопходно да се преселат во друго собрание, важно е добро да се вклопат во новата средина за да избегнат секакво духовно назадување. Нагласи ја потребата да ги известат старешините за своите планови и да побараат помош од нив за да се поврзат со новото собрание.

22 мин: „Што ќе му речеш на некој Евреин?“ Прашања и одговори. Објасни ја разликата помеѓу ортодоксниот, реформистичкиот и конзервативниот јудаизам. (Види Čovječanstvo u potrazi za Bogom, страници 226, 227.) Истакни на кои подрачја веројатно ќе најдеме заедничка основа со некој Евреин. Прикажи една добро подготвена презентација. За повеќе информации во врска со јудаизмот, види го додатокот од Наша служба за Царството од февруари 1998; книгата Расправљање, страници 22, 23; и Čovječanstvo u potrazi za Bogom, поглавје 9.

Песна 201 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 25 октомври

Песна 217

15 мин: Локални известувања. Помогни им на сите да се подготват за понуда на брошурата Бара и на книгата Спознание во текот на ноември. Објасни како да се подготви презентација која се сосредоточува на прашањето „Дали Бог одговара на молитвите?“ Употреби мисли од лекција 7 во брошурата или од поглавје 16, пасуси 12—14 во книгата. Прикажи едноставна презентација која вклучува еден библиски стих.

15 мин: Да се пронајдат одговори на библиски прашања. На еден слуга помошник му пристапува објавител кој сретнал некое заинтересирано лице кое имало библиско прашање. Наместо да го даде одговорот, слуга помошникот објаснува како да се пронајде. Како прво, ги разгледува предлозите што се наоѓаат во Vodič, лекција 7, пасуси 8, 9. Потоа, заедно истражуваат едно прашање кое вообичаено се поставува на локалното подрачје. Разгледуваат некои конкретни осврнувања на таа тема и наоѓаат убедливи мисли кои ја разјаснуваат причината што лежи во основата на одговорот од Библијата. Охрабри ги присутните на вакво наградувачко проучување при истражувањето на библиските прашања.

15 мин: Цели кои би можеле да си ги поставиме. Говор и дискусија со присутните. Разгледај ги практичните цели што се изнесени во рамката на страница 11 од Стражарска кула од 15 март, 1997. Вклучи охрабрување да се учествува во помошната или во општата пионерска служба. Објасни како постигнувањето на овие цели може да ни користи нам лично. Повикај ги присутните да раскажат за некои од радостите што ги доживеале кога можеле да постигнат извесни теократски цели.

Песна 151 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели