Состаноци за служба за ноември
Седмица што почнува од 1 ноември
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Разгледај „Увиди ја моќта на Библијата!“
15 мин: „Проповедањето нѐ разликува“. Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори. Користејќи ја книгата Спознание, страница 173, пасус 8, кратко раскажи што би можеле да кажеме за да го охрабриме библискиот студент да побара да учествува во службата.
20 мин: „Кој би можел да прифати библиска студија?“ Говор и прикази. Во склад со пасус 4, предложи различни начини за да се поттикне интерес да се дознае што содржат нашите публикации. Нека има два кратки приказа кои покажуват како може да се направи тоа. Повикај ги присутните да кажат како постигнале успех во започнувањето студии.
Песна 113 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 8 ноември
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Потсети ги браќата да се подготват за следната седмица за дискусија за првите 18 пасуси од додатокот за ноември.
15 мин: Рубрика прашања. Говор. Истакни ги локалните подготовки да се одржува Салата на Царството чиста и во добра состојба.
20 мин: „Што ќе му речеш на некој муслиман?“ Прашања и одговори. Нагласи ја потребата од проникливост кога се разговара со луѓе од други култури. Прикажи една добро подготвена презентација. За повеќе информации за исламот, види во додатокот на Наша служба за Царството од февруари 1998; книгата Расправљање страници 23, 24; и Čovječanstvo u potrazi za Bogom, поглавје 12.
Песна 166 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 15 ноември
8 мин: Локални известувања. Истакни посебни подготовки за служба на теренот на 25 ноември.
25 мин: „Користење на Интернет — внимавај на опасностите!“ Дискусија со прашања и одговори за пасуси 1—18. Прочитај ги пасусите 4—7, 12, 16, 17. Охрабри ги сите добро да се подготват за следната седмица за дискусија за пасусите 19—36.
12 мин: Родители — дали водите редовна семејна студија? Говор и дискусија со присутните. Објасни зошто семејствата треба да проучуваат заедно. (Види Vodič, страници 35, 36.) Спомни ги следниве пречки за семејна студија: 1) чувството дека децата се премали за да им користи, 2) мислењето дека е доволно да присуствуваат на собраниските состаноци, 3) умор заради презафатениот распоред, и 4) одвлечено внимание за да се гледа телевизија. (Види Стражарска кула од 15 мај 1994, страници 11, 12.) Повикај ги семејните поглавари да кажат како ги надминуваат пречките за да одржуваат добра рутина на семејна студија. Нагласи дека за тоа се потребни напор, одлучност и соработка.
Песна 217 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 22 ноември
10 мин: Локални известувања и искуства од службата на теренот.
10 мин: Каков е твојот став кон задачите? Говор на еден старешина. Долг е списокот на потребните задачи што се бараат за да функционира собранието: подготовка на точките од програмата; да се земаат другите на состаноци или да се носат во служба; да им се помага на постарите; чистење, поправки и грижа за Салата на Царството, вклучувајќи и грижа за тревникот и чистење на снегот. Како реагираш кога си замолен да помогнеш? Некои можеби ќе одбијат, колебливо ќе прифатат или нема да ја завршат работата до крај. Дискутирај зошто прифаќањето и исполнувањето на задачите е радосна предност. Охрабри ги сите во собранието да покажат спремен дух на доброволност (Псал. 110:3, фус. NW; Иса. 6:8).
25 мин: „Користење на Интернет — внимавај на опасностите!“ Дискусија со прашања и одговори за пасуси 19—36. Прочитај ги пасусите 23—25 и 34—36.
Песна 70 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 29 ноември
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат ноемврискиот извештај за служба.
15 мин: Охрабри ги новите да доаѓаат на состаноците. Дискусија помеѓу старешина и еден или двајца слуги помошници, темелена на брошурата Ја извршуваат Божјата волја, страници 14, 15. Разгледај зошто е неопходно новите да присуствуваат на состаноците. Таму ќе добијат најголем дел од нивната поука, охрабрување и помош. Дај преглед на петте седмични состаноци, објаснувајќи ги користите од секој од нив. Дискутирај како состаноците унапредуваат божествено однесување, ја изградуваат духовноста, нѐ приближуваат до организацијата, ни помагаат да развиеме блиски врски со другите и ни помагаат да ја разбереме целта на нашата служба. Охрабри ги присутните да ја користат брошурата за да ги поттикнат новите да доаѓаат на состаноците.
20 мин: Нашиот избор — Нов свет превод. Говор и прикази. Меѓу религиозните организации, нашата е единствена во тоа што ние издаваме, користиме и дистрибуираме превод на Библијата што го направиле помазани обожаватели на Јехова. Ние не сакаме да имаме комерцијална добивка или да шириме секташки верувања. Наместо тоа, мотивирани сме од желба да му оддадеме чест на Божјето име и да им помогнеме на другите подобро да го запознаат. Други преводи честопати ја преведуваат Божјата реч на начин кој е тешко разбирлив, па затоа разгледај ги различните предности на Нов свет преводот. (Види ја книгата „Све је писмо“ страници 327—331. Забележи ги коментарите во пасус 3, истакни некои примери од подобрени преводи во пасус 6 и истакни ги користите што се опфатени во пасуси 22, 23.) Подготви два кратки прикази кои покажуваат како треба да реагираме кога другите ќе речат „Вие имате своја Библија“. (Види ја книгата Расправљање, страници 253, 254.)
Песна 63 и заклучна молитва.