ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/00 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 12 јуни
  • Седмица што почнува од 19 јуни
  • Седмица што почнува од 26 јуни
  • Седмица што почнува од 3 јули
Нашата служба за Царството 2000
km 6/00 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 12 јуни

Песна 136

8 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

15 мин: „Вашиот труд не е залуден“. Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори. Вклучи коментари за искуството што е раскажано во Стражарска кула од 15 јуни 1996, страница 32.

22 мин: Започнување студии со брошурата Бара. Говор во кој се разгледува статијата од Наша служба за Царството од јануари 1999, страница 6. Нека има приказ на предложената презентација во пасус 6. Еден или двајца објавители накратко нека раскажат каков успех имале во започнувањето студии и нека кажат како ја воспоставиле студијата и што направиле за да се одржува секоја седмица.

Песна 209 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 19 јуни

Песна 157

12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај и известување за прегледот на сметките за тромесечието. Ако во собранието има резерва од книгата Младите прашуваат, покажи како може добро да се користи во службата во текот на летните месеци, кога е поверојатно тинејџерите да ги најдеме дома.

8 мин: Рубрика прашања. Говор на еден старешина.

25 мин: „Како ќе можам . . . ако некој не ме упати?“ Дискусија со прашања и одговори што ја води надгледникот за служба. Секој пасус нека се прочита на глас и прочитај ги библиските стихови во пасуси 3, 4 и 7. Кога ќе се обработува пасус 6, објасни каква улога има надгледникот за служба во одредувањето дали треба или не треба да се обноват библиските студии со крстените лица. (Види рубрика прашања од Наша служба за Царството од ноември 1998.)

Песна 89 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 26 јуни

Песна 123

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за службата за јуни. Разгледај ја понудата на литература за јули. Покажи ги постарите брошури што стојат на располагање локално и накратко истакни ја целта на секоја од нив. Нека има еден добро подготвен приказ кој покажува како да нудиме некоја од нив во службата.

17 мин: „Биди дарежлив, спремен да делиш“. Прашања и одговори. Вклучи ги четирите причини „Зошто даваме“ што се изнесени во Стражарска кула од 1 ноември 1996, страници 29, 30.

18 мин: Знај како да одговориш (Кол. 4:6). Говор и дискусија со присутните. Што правиш кога ќе наидеш на некој кој ќе покрене некој небиблиски аргумент? Книгата Расправљање честопати ни доаѓа на помош со практични предлози за тоа како да дадеме тактичен одговор. На пример, иако смртта ја сметаме за непријател кој ќе биде победен преку Христовата откупнина, другите луѓе се уверени дека ништо нема да го отстрани ваквиот крај, дури и ако ја положуваат својата вера во лажната идеја за реинкарнација. Дискутирај за одговорите што се понудени во книгата Расправљање, во насловот „Ако некој рече“ на страници 325 и 365. Охрабри ги сите да ја носат оваа книга во службата на теренот.

Песна 148 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 3 јули

Песна 213

10 мин: Локални известувања. Прашај ги објавителите кои започнале студии со брошурата Бара да раскажат како го постигнале тоа.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: Применувањето на библиските начела го зајакнува семејниот живот. Дискусија меѓу двајца браќа, на темел на осумте точки што се обработени во книгата Расправљање, страница 64. Објасни колку е важно да им се помогне на библиските студенти да научат дека тајната на семејната среќа лежи во разбирањето и применувањето на начелата што се наоѓаат во Божјата реч. Користејќи ја лекција 8 во брошурата Бара, прикажи како може да се постигне тоа. Семејствата кои се одѕиваат на библискиот совет се обединети и наоѓаат зголемена радост во блиските врски на љубов и единство. Раскажи го искуството од книгата Семејна среќа, поглавје 13, пасуси 1, 21, 22.

Песна 183 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели