Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 14 јануари
7 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
8 мин: Рубрика прашања. Говор на старешина.
20 мин: Да се извлече корист од љубезните подготовки. Говор на квалификуван старешина, кој дискутира за подготовките што се наменети да ни бидат од помош кога донесуваме медицински одлуки, како што е картичката Директива и Стражарска кула од 15 јуни и 15 октомври 2000, рубриката „Прашања од читателите“. Треба да вклучи повеќе информации од овие две статии и да ги охрабри објавителите внимателно да ги проучат овие две изданија на Стражарска кула кои ќе им помогнат во донесувањето информирана одлука. Собранието треба да има доволна количина од картичките Однапред дадена медицинска директива/ослободување. Овој документ ќе им биде на располагање на крстените објавители откако ќе заврши состанокот, но не треба да го пополнуваат вечерва. Потпишувањето, посведочувањето и ставањето датум на оваа картичка ќе се направи на следната Собраниска студија на книга, ако е потребно со помош на водителот на студија на книга. Оние што ќе потпишуваат како сведоци треба да гледаат додека поединецот го потпишува документот. Некрстените објавители можат да напишат своја директива за себе и за своите деца со тоа што ќе ги усогласат зборовите од овој документ кон своите околности и убедувања. Нагласи колку е мудро да се донесуваат медицински одлуки однапред на темел на библиски школуваната совест (Пословици 27:13; 14:15). Навремената дискусија со медицинскиот персонал во која јасно ќе наведеме што е прифатливо во поглед на медицинските процедури и фармацевтските производи е од пресудна важност. Потребна е внимателна лична студија за да се донесат соодветни одлуки. Прочитај соодветни пасуси од статиите од Стражарска кула спомнати претходно. Старешините се спремни да помогнат, но не можат да донесуваат одлуки во името на другите. Објасни на кои начини да се обезбеди писмена документација за донесените одлуки.
10 мин: „Што да речеш за списанијата“. Приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 јануари. Охрабри ги сите објавители да го поддржуваат Денот со списанија.
Песна 106 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 21 јануари
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Дискутирај за рамката „Ставајте нешто настрана“.
13 мин: Дали секојдневно го испитуваш писмото? Семејна дискусија. За да ги зголемат користите од дискусијата за дневниот стих, ја разгледуваат Стражарска кула од 15 декември 1996, страница 18, пасуси 13 и 14. Кратко разгледуваат два или три дневни стиха обработени неодамна и објаснуваат како тие информации им биле од особена корист. Нагласи дека оваа подготовка треба да биде дел од програмата за редовна семејна библиска студија наменета за да ги одржи духовно активни.
22 мин: „Задржи го Царството на прво место“.a Вклучи неколку прашања за главни мисли од Стражарска кула од 1 септември 1998, страници 19—21.
Песна 168 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 28 јануари
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот за служба на теренот за јануари. Користејќи предлози од 8. страница, прикажи две кратки презентации на списанија, едната со Стражарска кула од 1 февруари и другата со Разбудете се! од 8 февруари. Спомни ја понудата на литература за февруари, истакнувајќи ги книгите што собранието ги има на располагање.
20 мин: „Родители — воспитувајте ги своите деца уште од доенчиња“b Вклучи коментари од Стражарска кула од 15 април 1998, страница 32. Замоли ги родителите да раскажат за добрите резултати што ги постигнале започнувајќи го духовното воспитување на нивните деца уште кога биле доенчиња.
15 мин: Локални потреби. Замоли ги објавителите да раскажат какви искуства имале користејќи ја книгата Расправљање, нудејќи специфични брошури за да одговорат на прашањата на луѓето или давајќи им библиска утеха од брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш. Може да се презентираат едно или две искуства.
Песна 13 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 4 февруари
8 мин: Локални известувања.
17 мин: „Како ќе чујат?“c Замоли за коментари од присутните како да се применат овие стихови. Вклучи прашања за Стражарска кула од 15 август 1998, страница 20, пасуси 17 и 18.
20 мин: „Предложени презентации за службата на теренот“. Дискусија со присутните што ќе ја одржи надгледникот за служба. Овој додаток содржи предложени презентации што излегоа во минатите изданија на Наша служба за Царството заедно со некои нови. Празните линии може да се употребат за да се напишат други предлози што ќе се појават во иднина и ќе бидат делотворни на локалното подрачје. Замоли ги присутните да кажат кои презентации особено им се допаѓаат и зошто. Прикажи една или две што можат да се користат со понудата на литература во февруари. Охрабри ги сите објавители да го зачуваат овој додаток и да го разгледуваат кога се подготвуваат за служба.
Песна 168 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.