ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/03 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 9 јуни
  • Седмица што почнува од 16 јуни
  • Седмица што почнува од 23 јуни
  • Седмица што почнува од 30 јуни
  • Седмица што почнува од 7 јули
Нашата служба за Царството 2003
km 6/03 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 9 јуни

Песна 81

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница нека има приказ како да се презентира Стражарска кула од 15 јуни. Во презентацијата треба да се понудат две списанија, иако се презентира само едно. Вклучи стих во презентацијата.

15 мин: „Христијанската служба — нашето главно дело.“a Охрабри ги младите да размислат за благословите што би можеле да ги уживаат доколку стапат во полновремена служба. Вклучи коментари за материјалот под поднасловот „Кога се судруваат културата и совеста“ во Стражарска кула од 1 ноември 2000, страници 19 и 20.

20 мин: „Пензионирање — врата кон зголемена активност?“b Ако е можно, вклучи кратко интервју со објавител што го искористил пензионирањето од световната работа за да направи повеќе во службата за Јехова. Прашај какви преиначувања направил и кои благослови ги доживеал како резултат на тоа.

Песна 190 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 16 јуни

Песна 55

8 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

12 мин: Локални потреби.

25 мин: „Бидете марливи во ‚давањето темелно сведоштво.‘“c Користи ги дадените прашања. Откако ќе дискутираш за 5 и 6 пасус, вклучи краток приказ за неформално сведочење на некој продавач и нудење на трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? Пред да дискутираш за 7 и 8 пасус, нека бидат прочитани на глас. Како заклучок, прочитај ја и дискутирај за рамката „Не заборавај на нив!“

Песна 131 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 23 јуни

Песна 95

10 мин: Локални известувања. Користејќи ги предлозите на 8. страница, нека има два посебни приказа како да се презентира Стражарска кула од 1 јули и Разбудете се! од 8 јули. Во обата случаи треба да се понудат две списанија едно во друго, иако само едно се презентира. Во едниот приказ нека има објавител што сведочи на улица.

20 мин: Што може да се стори во врска со обесхрабрувањето? Говор и дискусија со присутните темелена на Стражарска кула од 15 ноември 1999, страници 28 и 29, вклучувајќи го и поднасловот „Да се задржи добар став“. Разгледај практични предлози заедно со библиски совет. Договори однапред еден или двајца делотворни објавители да објаснат што им помага ним да ја задржат радоста во својата служба.

15 мин: „Проповедање во свет што постојано се менува.“d Кога дискутираш за 2. и 3. пасус, прашај ги присутните кои тековни настани би можеле да се користат за да се започне разговор на локалното подрачје. Кога дискутираш за 4. пасус, нека има краток приказ, користејќи една од спомнатите презентации.

Песна 15 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 30 јуни

Песна 3

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите од служба на теренот за јуни. Разгледај ја понудата на литература за јули и август. Наведи две брошури од кои собранието има резерва. Нека има добро подготвени презентации како да се нудат во службата. За предлози за презентирање види ја Наша служба за Царството од јули 1998, 8. страница. Дополнителни презентации можат да се најдат во Индексот на публикации на Watch Tower под „Презентации“ и поднасловот „Список на публикации“.

15 мин: „Физички хендикепирани, но сепак плодоносни.“e Вклучи коментари за тоа како можат другите да помогнат.

20 мин: Користи ја Божјата реч делотворно за да го проповедаш Царството. Дискусија со присутните што треба да ја води надгледникот за служба. Настојуваме да споделиме некоја охрабрувачка библиска мисла за Царството со секој човек што го среќаваме во службата. Меѓутоа, треба да направиме повеќе отколку само да ги прочитаме библиските стихови. Треба да ги објасниме, илустрираме и да ги примениме. Покажи како може да се прави тоа, користејќи како пример некои од стиховите наведени во книгата Расправљање на 75 и 76 страница, под курзивниот поднаслов „Човечките владетели не му го даваат на човештвото она што итно му е потребно“. По дискусијата, еден добро подготвен објавител нека прикаже како да се користи делотворно еден стих на повторна посета, давајќи концизно објаснување, едноставна илустрација и кратка примена што му покажува на станарот како владеењето на Царството лично него ќе му биде од корист. Приказот нека почне така што објавителот ќе го чита стихот. По приказот, повтори како стихот бил објаснет, илустриран и применет. Охрабри ги сите да ја развијат способноста делотворно да ја користат Божјата реч.

Песна 171 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 7 јули

Песна 165

5 мин: Локални известувања.

15 мин: Локални искуства. Раскажи или прикажи искуства што ги имале локалните објавители кога 1) сведочеле на различни етнички групи или на луѓе што зборуваат друг јазик или 2) сведочеле во други гранки освен од куќа до куќа и на улица. Охрабри ги сите добро да ја користат џебната брошурка Добра вест за сите нации кога ќе сретнат некои што зборуваат друг јазик.

25 мин: „Да го објавуваме божественото име.“f Користи ги дадените прашања. Кога го разгледуваш 4. пасус, вклучи коментари од рамката „Да се објавува Божјето име“ што се наоѓа на 124. страница во книгата Proclaimers (Објавители). Еден искусен објавител нека прикаже повторна посета. Користејќи два или три стиха од книгата Расправљање, страници 163 и 164, покажи зошто е важно да се знае и да се користи Божјето лично име.

Песна 197 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

f Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели