Распоред за состаноците за служба
ЗАБЕЛЕШКА: Во Наша служба за Царството ќе има распоред за Состанокот за служба секоја седмица во текот на летните месеци. Доколку е потребно, собранијата можат да направат преиначувања за да се овозможи да се присуствува на Обласниот конгрес „Одете со Бог“. Таму каде што одговара, можат да се искористат 15 минути од последниот Состанок за служба пред да се одржи конгресот за да се повторат навремените совети од додатокот за овој месец, кои може да се применат локално. Во текот на октомври ќе бидат направени подготовки на еден цел Состанок за служба да се разгледаат врвни точки од конгресната програма. Како подготовка за таа дискусија, сите можеме да правиме забелешки на конгресот, вклучувајќи и список со точки што сакаме да ги примениме лично во нашиот живот и во службата на теренот. Тогаш ќе можеме да ги охрабриме другите така што ќе објасниме како сме ги примениле тие предлози.
Седмица што почнува од 12 април
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Користејќи ги предлозите на 8. страница, прикажи како да се презентира Стражарска кула од 15 април. Иако се презентира само Стражарска кула, треба да се понудат две списанија едно во друго. Во презентацијата прикажи како да се одговори на приговорот „Имам работа/Немам време“. (Види ја книгата Расправљање, страници 19 и 20.)
15 мин: „Да му го принесеме на Јехова нашето најдобро.“a Кога дискутираш за 4. пасус, замоли ги присутните да коментираат за конкретни начини на кои можеме да покажеме љубов кон луѓето кога ја извршуваме нашата служба.
20 мин: „Заедно да го возвишиме Неговото име.“b Да го одржи собранискиот секретар, користејќи ги дадените прашања. Програмските термини се наведени во додатокот од Наша служба за Царството од декември 2003. Доколку е потребно, можат да се нагласат и други мисли од тој додаток. Заврши така што ќе поставиш две или три прашања од статијата „Духовна храна во право време“, за која ќе се дискутира на Состанокот за служба следната седмица.
Песна 91 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 19 април
8 мин: Локални известувања.
17 мин: „Имитирај го умствениот став на Исус.“c Користи ги дадените прашања. Кога дискутираш за 4. пасус, замоли ги оние што се помошни пионери да коментираат за благословите што ги доживеале како резултат на тоа.
20 мин: „Духовна храна во право време.“d Користи ги дадените прашања. Кога дискутираш за 2. пасус, еден или двајца од присутните нека коментира за некој значаен конгрес на кој присуствувал. Заврши така што ќе поставиш две или три прашања од статијата „Бидете свети во сето свое однесување“, за која ќе се дискутира на Состанокот за служба следната седмица.
Песна 80 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 26 април
12 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Потсети ги објавителите да ги предадат извештаите за служба на теренот за април. Спомни ја понудата на литература за мај. Користејќи ги предлозите на 8. страница, прикажи како да се презентира Стражарска кула од 1 мај и Разбудете се! од 8 мај. И во двата случаи, треба да се понудат две списанија едно во друго иако се презентира само едното. Во една од презентациите, прикажи како се сведочи на колега или на соученик.
15 мин: Локални потреби.
18 мин: „Бидете свети во сето свое однесување.“e Користи ги дадените прашања. Замоли ги присутните да коментираат за тоа како тие приметиле дека доброто однесување на конгресите му донесува фалба на Јехова. Заврши така што ќе поставиш две или три прашања од статијата „Чесен личен изглед што заслужува пофалба“, за која ќе се дискутира на Состанокот за служба следната седмица.
Песна 38 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 3 мај
10 мин: Локални известувања. Коментирај накратко за активностите што обично се планираат за летото: присуство на обласниот конгрес, помошна пионерска служба, поправки на куќата и можеби малку рекреација. Ако собранието има ретко обработувано подрачје, извести какви подготовки се прават за да се обработи целосно. Ако патување или некои други летни активности влијаат врз нашата вообичаена рутина, потребно е марливо планирање за да се погрижиме да не ги запоставиме нашата семејна студија, собраниските состаноци и службата на теренот (Посл. 21:5). Потсети ги сите да ги предадат своите извештаи за службата на теренот сеедно дали се дома или на друго место.
15 мин: „Млади — читајте ја Божјата реч!“f Договори однапред еден или двајца младинци да коментираат за својата програма на читање на Библијата и каква корист извлекуваат од тоа. Охрабри ги младите да си постават цел да ја прочитаат целата Библија. Вклучи коментари од Школа за служба, 10. страница, 5. пасус.
20 мин: „Чесен личен изглед што е за пофалба.“g Користи ги дадените прашања. Доколку дозволува времето, прочитај ги и дискутирај за наведените стихови.
Песна 164 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
f Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
g Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.