ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/05 стр. 5
  • Како да се понуди брошурата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се понуди брошурата
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Поднаслови
  • Откако ќе го поздравиш станарот, би можел да кажеш:
  • На повторната посета би можел да кажеш:
  • Еден објавител-тинејџер би можел да каже:
  • На повторната посета би можел да кажеш:
  • Возрасен објавител кој оди во служба со дете, откако ќе се претстави себе си и детето, би можел да каже:
  • На повторната посета, возрасниот објавител би можел да каже:
Нашата служба за Царството 2005
km 6/05 стр. 5

Како да се понуди брошурата

Која е смислата на животот — Како да се пронајде?

Откако ќе го поздравиш станарот, би можел да кажеш:

„Проблемите и разочарувањата се неизбежен дел од животот денес. Што мислите, дали животот требало да биде ваков? [Почекај да одговори.] Оваа брошура покажува дека првобитната намера што ја имал Бог за луѓето и земјата сепак ќе се исполни. [Дискутирај за сликата на 20, 21. страница. Потоа прочитај го 9. пасус и истакни ги стиховите од Исаија 14:24 и 46:11.] Следниот пат, би сакал да Ви покажам каде е запишано во Библијата дека Бог ќе го обнови Рајот на Земјата“. Понуди ја брошурата и договори се да дојдеш повторно.

На повторната посета би можел да кажеш:

„Минатиот пат Ви спомнав дека Бог има намера луѓето засекогаш да живеат на една рајска земја. [Покажи ја повторно сликата на страниците 20, 21.] Забележете дека Исус, Петар и Давид зборувале за Рај“. Замоли го да ја земе својата брошура. Потоа отвори на страниците 21, 22 и разгледај ги пасусите 10-13. Понуди му да ја проучувате Библијата или договори се да разгледате еден од поднасловите на страниците 29, 30.

Еден објавител-тинејџер би можел да каже:

„Многу млади луѓе како мене се загрижени за својата иднина. Што мислите, дали следната генерација ќе живее подобро? [Почекај да одговори.] Библијата зборува за една светла иднина за целото човештво. [Отвори кај сликата на 31. страница од брошурата и прочитај го текстот на неа. Потоа прочитај го 2. Петрово 3:13.] Оваа брошура зборува за благословите што Бог ги има за човештвото. [Прочитај ги поднасловите со масни букви на 29, 30. страница и понуди ја брошурата.] Би сакал повторно да Ве посетам и да ви кажам нешто за Божјето ветување дека ќе им стави крај на војните“. Договори се кога да дојдеш повторно.

На повторната посета би можел да кажеш:

„Кога Ве посетив минатиот пат, накратко спомнав за Божјата намера да го обнови земниот рај. [Повторно покажи ја сликата на страница 31.] Би сакал да го слушнам вашето мислење за Божјето ветување дека ќе им стави крај на војните “. Замоли го да го земе својот примерок и прочитај ги и дискутирај за пасусите 3-6 на 29. страница. Договори се да ги разгледате пасусите 7, 8 на следната посета.

Возрасен објавител кој оди во служба со дете, откако ќе се претстави себе си и детето, би можел да каже:

„Доколку дозволите, ________ би сакал да Ви покаже една слика и да Ви прочита еден стих од Библијата. [Детето ја покажува сликата на 31. страница, го чита текстот на неа, а потоа Откровение 21:4.] Оваа брошура објаснува што ќе стори Бог со проблемите кои нѐ мачат денес. [Накратко прочитај ги поднасловите со масни букви на 29, 30. страница и понуди ја брошурата.] Кога ќе дојдеме повторно, би сакал да Ви покажам што вели Библијата за крајот на сите болести“.

На повторната посета, возрасниот објавител би можел да каже:

„Кога разговаравме минатиот пат, спомнав дека би сакал да Ви покажам што вели Библијата за крајот на сите болести. Забележете што е запишано тука“. Замоли го да ја земе својата брошура и разгледајте ги пасусите 9-14 на 29. страница. Понуди му да ја проучувате Библијата или договори се да ги разгледате пасусите 15-17 кога ќе дојдеш следниот пат.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели