Распоред за состаноците
Седмица од 12 мај
10 мин.: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Употреби ги предлозите од 4. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 мај и Разбудете се! од мај.
15 мин.: Можеме да го пребродиме секое искушение! Говор на темел на Стражарска кула од 15 јуни 2005, страници 30, 31. Замоли одредени објавители да кажат како Јехова им помогнал да пребродат некое искушение.
20 мин.: Можеш ли ова лето да бидеш помошен пионер? Дискусија со присутните. Истакни ги главните мисли од страници 112 и 113 во книгата Организирани и спомни кои се условите за некој да биде помошен пионер. Замоли ги да кажат какви благослови доживеале оние што користеле денови од годишниот одмор за да бидат помошни пионери. А учениците што биле помошни пионери за време на распустот нека кажат како другите ги храбреле и им помагале. Како им помогнала помошната пионерска служба да станат поблиски со Јехова? Какви благослови добиле? Поттикни ги сите што ги исполнуваат условите да размислат дали можат да бидат помошни пионери во летните месеци.
Седмица од 19 мај
10 мин.: Локални известувања. Истакни ги главните мисли од рубриката Прашања.
15 мин.: Локални потреби.
20 мин.: „Можеш да бидеш богат!“a Спомни ги условите што треба да ги исполни оној што сака да биде општ пионер. Тие се наведени на страници 113 и 114 во книгата Организирани. Сите што од 1 септември сакаат да почнат со пионерската служба треба да ги дадат своите молби колку што е можно порано.
Седмица од 26 мај
10 мин.: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и писмото со благодарност за прилозите. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за мај. Употреби ги предлозите од 4. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 јуни и Разбудете се! од јуни.
15 мин.: „Земете го мојот јарем на себе.“b Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.
20 мин.: Во јуни ќе ја нудиме книгата Што учи Библијата. Говор и презентации. Накратко спомни некои од презентациите што се предложени во додатокот во Нашата служба за Царството од јануари 2006. Вклучи презентација во која ќе биде прикажано како може да се понуди книгата, а потоа како да се направи повторна посета со цел да се започне библиска студија.
Седмица од 2 јуни
10 мин.: Локални известувања.
20 мин.: Верните добиваат многу благослови (Изр. 28:20). Говор и дискусија со присутните која треба да ја води секретарот. Накратко кажи како Јехова го благословил вашето собрание затоа што објавителите ја зголемиле својата активност во месеците март, април и мај, и пофали ги за тоа. Кажи колкумина служеле како помошни пионери, колку библиски студии биле започнати и кои други добри резултати биле постигнати во службата. Замоли ги присутните да раскажат искуства во врска со Спомен-свеченоста и акцијата за делење на поканите. Може да се одглумат некои особено интересни искуства. Накратко интервјуирај двајца до тројца објавители и прашај ги какви благослови добиле додека биле помошни пионери.
15 мин.: ,Бидете спремни за секое добро дело.‘c Замоли ги присутните да кажат како и кога се подготвуваат за службата од куќа до куќа.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.