Дали твоето семејство се подготвува за преживување?
1 Исполнетите библиски пророштва јасно покажуваат дека крајот на овој расипан свет брзо се приближува. Сега живееме во тешко време што е многу слично на она пред Потопот (Мат. 24:37-39). Ное го преживеал уништувањето на тој древен свет бидејќи ‚одел со вистинскиот Бог‘ (1. Мој. 6:9). Тој сигурно го поучувал своето семејство за Јеховините барања, затоа што и тие го преживеале Потопот. Во кои работи би можеле да се угледаме на Ное за да се подготвиме со своето семејство да го преживееме крајот на денешниов расипан свет?
2 Проповедник на праведноста: Ное истрајал 40-50 години како ‚проповедник на праведноста‘ (2. Пет. 2:5). Неговите соседи, без разлика дали биле под влијание на материјализираните бунтовни ангели или не, сигурно му се потсмевале кога проповедал. И ние во службата честопати наидуваме на луѓе што се рамнодушни или нѐ исмеваат, а тоа покажува дека е близу крајот на овој поредок (2. Пет. 3:3, 4). Но, за разлика од луѓето во времето на Ное, денес многумина позитивно реагираат на нашите напори и почнуваат да му служат на Јехова (Иса. 2:2). Само ако истраеме, ќе се спасиме „себеси и оние што нѐ слушаат“ (1. Тим. 4:16). Според тоа, навистина е многу важно родителите да ги поучат своите деца и со збор и со пример дека е итно да се проповеда! (2. Тим. 4:2).
3 Тој правел „токму така“: За да преживеат, Ное и неговото семејство морале внимателно да ги следат упатствата од Јехова (1. Мој. 6:22). И ние денес мора да бидеме ‚спремни да го послушаме‘ водството од Библијата и од верниот роб (Јак. 3:17). Еден татко ги применувал предлозите што ги добивал од Јеховината организација. На пример, како што било препорачано, секоја седмица проучувал со своето семејство и секој викенд сите заедно оделе во служба на проповедање. Се трудел секоја седмица да оди во служба со некое од децата. Тој непоколебливо правел „токму така“, што им оставило силен впечаток на децата, па, кога пораснале, сите шест станале верни слуги на Јехова.
4 Крајот на овој свет ќе дојде ненадејно (Лука 12:40). Ако се угледаме на Ное и ако покажуваме вера што е потребна за спасение, ние и нашето семејство сигурно ќе бидеме подготвени! (Евр. 11:7).