ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/08 стр. 2
  • Распоред за состаноците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Поднаслови
  • Седмица од 9 јуни
  • Седмица од 16 јуни
  • Седмица од 23 јуни
  • Седмица од 30 јуни
  • Седмица од 7 јули
Нашата служба за Царството 2008
km 6/08 стр. 2

Распоред за состаноците

Седмица од 9 јуни

Песна 121

10 мин.: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 4. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 јуни и Разбудете се! од јуни.

20 мин.: Како да се подготвиме за да водиме библиска студија. Говор на темел на Нашата служба за Царството од август 2004, страница 1. На крајот од говорот, нека се прикаже како еден објавител набрзина се подготвува за да води библиска студија. Потоа, друг објавител нека се подготвува така што ќе разгледа некој од предлозите што се дадени во Нашата служба за Царството и ќе размисли како би можел да го примени.

15 мин.: „Проповедај без престан.“a Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.

Песна 201

Седмица од 16 јуни

Песна 90

10 мин.: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Потсети ги присутните да си понесат Стражарска кула од 1 јули и Разбудете се! од јули за следниот Состанок за нашата служба и да се подготват за дискусија во врска со презентации што планираат да ги користат.

15 мин.: Се сеќаваш ли? Дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 15 април 2008, страница 29.

20 мин.: „Дали твоето семејство се подготвува за преживување?“b Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.

Песна 54

Седмица од 23 јуни

Песна 140

10 мин.: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и писмото со благодарност за прилозите. Спомни кои публикации ќе ги нудиме во јули, и нека биде прикажана една презентација.

20 мин.: Општата пионерска служба може да ти го збогати животот! Говор на темел на Стражарска кула од 15 јануари 2008, страници 17-19. Може да се интервјуираат двајца општи пионери — еден нов и еден што служи повеќе години. Нека раскажат како оваа скапоцена служба им го збогатила животот.

15 мин.: Подготвувај се за да ги нудиш новите списанија. Дискусија со присутните. Дај краток преглед на списанијата Стражарска кула од 1 јули и Разбудете се! од јули и прашај ги присутните кои статии би им биле најинтересни на луѓето од подрачјето, и зошто. Замоли ги да спомнат некои мисли од статиите што планираат да ги нудат. Со кое прашање би можеле да започнеме разговор? Кој стих од статијата да го прочитаме? За да прикажеш како да се понудат овие списанија, употреби ги презентациите од Нашата служба за Царството или некоја презентација што ќе ја предложат присутните.

Песна 82

Седмица од 30 јуни

Песна 97

10 мин.: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за јуни.

20 мин.: „Ако станарот зборува на друг јазик.“c Точката да ја одржи надгледникот за служба. Кога ќе дискутирате за 2. пасус, извести го собранието за јазичните групи или собранија што проповедаат на исто подрачје со вашето. Кажи што се прави за да им се помогне на јазичните групи или на собранијата да соработуваат во проповедањето.

15 мин.: Потсетувања за обласниот конгрес. Повтори ги предлозите и потсетувањата во врска со обласниот конгрес, кои се изнесени во додатокот во Нашата служба за Царството од април 2008, страници 4 и 5.

Песна 179

Седмица од 7 јули

Обласен конгрес за 2008 „Нека те води Божјиот дух“.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели