Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
© 2024 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
8-14 ЈУЛИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ ПСАЛМИ 60 — 62
Јехова ни дава сигурност, заштита и стабилност
it-2-E 1084, пас. 8
Шатор
Еден шатор бил место каде што некој можел да се одмори и да биде заштитен од временските непогоди (1Мо 18:1). Во поглед на обичаите поврзани со гостопримството, гостите во нечиј шатор можеле да бидат сигурни дека ќе бидат добро згрижени и дека ќе им биде укажана почит. Според тоа, кога во Откровение 7:15 се вели дека Бог „ќе го распне својот шатор“ над големото мноштво тоа значи дека тој ќе го заштити и ќе се грижи за него (Пс 61:3, 4).
5-11 АВГУСТ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ ПСАЛМИ 70 — 72
Духовни бисери
it-1-E 768
Еуфрат
Бог склучил сојуз со Аврам дека на неговото потомство ќе му ја даде земјата „од реката Египет до големата река, реката Еуфрат“ (1Мо 15:18). Подоцна, ова ветување им било кажано и на Израелците (2Мо 23:31; 5Мо 1:7, 8; 11:24; ИсН 1:4). Изгледа дека ветувањето на Јехова за првпат се исполнило во потполност за време на владеењето на Давид и Соломон, кога територијата на Израел го вклучувала арамејското царство на Сова, и со тоа границите на Израел се прошириле до брегот на реката Еуфрат, по сѐ изгледа минувајќи низ Северна Сирија (2Са 8:3; 1Ца 4:21; 1Ле 18:3-8; 2Ле 9:26).