ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w26 Јануари стр. 20-25
  • Како ти ќе покажеш благодарност за откупнината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како ти ќе покажеш благодарност за откупнината?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ИНТЕРЕСЕНТИ КОИ ЈА ПРОУЧУВААТ БИБЛИЈАТА
  • КРСТЕНИ ХРИСТИЈАНИ
  • ОНИЕ КОИ СЕ ОДДАЛЕЧИЛЕ ОД СОБРАНИЕТО
  • ШТО ЌЕ НАПРАВИШ?
  • Какви благослови ни овозможува Јеховината љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Што учиме од откупнината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Зошто ни е потребна откупнината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
  • Дали си подготвен за најважниот ден во годината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
w26 Јануари стр. 20-25

23-29 МАРТ 2026

ПЕСНА 18 Благодарни сме за откупнината

Како ти ќе покажеш благодарност за откупнината?

Христовата љубов нѐ тера (2. КОР. 5:14)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да видиме како сите ние можеме да покажеме дека ја цениме откупнината.

1-2. На што треба да нѐ поттикне откупната жртва на Исус, и зошто? (2. Коринќаните 5:14, 15; види ја и сликата).

АКО си бил спасен од рушевините на една зграда, зарем нема да му бидеш доживотно благодарен на оној што ти го спасил животот? Дури ако биле спасени и други, сигурно ќе сакаш лично да му заблагодариш на оној што те спасил и да му покажеш дека никогаш нема да заборавиш што направил за тебе.

2 Како што видовме во претходната статија, ние не можеме самите себе да се спасиме од последиците на наследениот грев. Сепак, откупната жртва на Исус може да нѐ спаси со тоа што овозможува 1) да ни бидат простени гревовите, 2) да имаме надеж дека ќе бидеме потполно излекувани од нашата грешна состојба, и 3) да се помириме со Бог. Благодарение на откупнината имаме можност да живееме вечно во Јеховиниот нов свет. Навистина, откупнината ја истакнува Исусовата љубов кон луѓето — љубовта што ја имал долго пред да се роди како совршен човек (Изр. 8:30, 31). Апостол Павле напишал дека „Христовата љубов нѐ тера“. (Прочитај 2. Коринќаните 5:14, 15.) Тоа значи дека љубовта на Исус треба да нѐ поттикне да покажуваме благодарност и никогаш да не заборавиме што направил тој за нас.

Еден спасувач го извлекува од рушевините на една зграда човекот кој беше спомнат во претходната статија.

Без оглед на тоа дали сме спасени од рушевините на една зграда или од нашиот наследен грев, ние сме му доживотно благодарни на оној што нѐ спасил (види во пасуси 1-2)


3. Зошто можеби секое лице на различен начин ќе покаже благодарност за откупнината?

3 На кој начин ти ќе покажеш дека си благодарен за откупнината? Твојот одговор можеби ќе се разликува од одговорот на некој друг. На пример, замисли дека три лица планираат да патуваат до иста дестинација, но секое лице тргнува од различен град. Секој од нив ќе патува по различен пат. На сличен начин, „патот“ кој ти ќе го одбереш за да стигнеш до твојата „дестинација“, односно до целта — а тоа е да покажеш благодарност за откупнината — ќе зависи од тоа каков е моментално твојот однос со Јехова. Имајќи го тоа на ум, оваа статија е наменета за три групи луѓе: 1) интересенти кои ја проучуваат Библијата, 2) крстени христијани, и 3) оние кои се оддалечиле од собранието.

ИНТЕРЕСЕНТИ КОИ ЈА ПРОУЧУВААТ БИБЛИЈАТА

4. Како гледа Јехова на интересентите кои ја проучуваат Библијата?

4 Ако си интересент кој ја проучува Библијата, размисли за следново: Тоа што позитивно реагираш на добрата вест покажува дека си меѓу оние што Јехова ги привлекува кон себе (Јован 6:44; Дела 13:48). „Јехова ги испитува срцата.“ Ова значи дека тој го забележува трудот што го вложуваш да учиш за него и се радува кога гледа дека правиш промени во склад со неговите мерила (Изр. 17:3; 27:11). Откупнината овозможува да имаш блиско пријателство со Јехова (Рим. 5:10, 11). Никогаш не го земај тоа здраво за готово.

5. Како можат интересентите кои ја проучуваат Библијата да го применат советот од Филипјаните 3:16?

5 Како интересент, на кој начин можеш да покажеш ценење за откупнината? Еден начин е така што ќе го применуваш советот што Павле им го дал на Филипјаните: „Сеедно колку сме напредувале досега, да продолжиме да одиме со истиот вообичаен чекор“ (Фил. 3:16). Во еден друг превод на Библијата, овој стих гласи вака: „Мораме да продолжиме да одиме во истиот правец во кој сме тргнале“. Во склад со тој совет, не дозволувај ништо да те спречи да продолжиш да одиш по патот на животот (Мат. 7:14; Лука 9:62).

6. Што можат да прават интересентите ако им е тешко да прифатат некое учење или да сменат нешто кај себе? (5. Мојсеева 30:11-14; види ја и сликата).

6 Што ако ти е тешко да прифатиш некое библиско учење што неодамна си го дознал? Истражувај за тоа учење и моли го Јехова да ти помогне подобро да го разбереш (Пс. 86:11). Ако сѐ уште ти е тешко да го разбереш тоа учење, остави го настрана некое време — но продолжи да ја проучуваш Библијата. Што ако ти е тешко да престанеш со некоја навика која Библијата ја осудува? Имај на ум дека Јехова никогаш не го бара она што е невозможно од несовршените луѓе. Ти можеш да живееш според неговите мерила. (Прочитај 5. Мојсеева 30:11-14.) Јехова ветил дека ќе ти помага (Иса. 41:10, 13; 1. Кор. 10:13). Затоа не се откажувај. Не размислувај премногу за учењето што ти е тешко да го прифатиш или за она што треба да го промениш кај себе. Наместо тоа, размислувај со ценење за сите работи кои Јехова ги направил за тебе — во кои спаѓа и откупнината. Како што твојата љубов кон Јехова ќе расте, сѐ повеќе ќе сфаќаш дека „неговите заповеди не се тешки“ (1. Јов. 5:3).a

Еден човек ја чита лекција 40 од книгата „Радувај му се на животот засекогаш“. На масата има кутија со цигари и пепелник полн со отпушоци од цигари.

Јехова никогаш не го бара од нас она што е невозможно. Тој ќе ни помогне да живееме во склад со неговите мерила (види во пасус 6)


7. За што можат да размислуваат младите кои растат во вистината?

7 А како е со вас млади кои растете во вистината? И вие сте интересенти кои ја проучуваат Библијата. Всушност, за вашите родители, вие сте најважните интересенти. Библијата вели: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!“ (Јак. 4:8; 1. Лет. 28:9). Кога ти преземаш иницијатива да се зближиш со Јехова, и тој ќе се зближи со тебе. Јехова не те смета само за дел од група. Тој го привлекува секој поединечно — вклучувајќи го и секој кој расте во вистината. Што ти овозможило тебе лично да имаш блиско пријателство со Јехова? Откупнината — нешто што никогаш не треба да го земаш здраво за готово (Рим. 5:1, 2). Затоа, пред да присуствуваш на Спомен-свеченоста оваа година, одвој време да размислуваш што значи смртта на Исус за тебе лично? Тоа ќе те поттикне да работиш на својата следна духовна цел — сеедно која е таа — и така да покажеш ценење за откупнината што Јехова ја обезбедил преку својот Син.b

КРСТЕНИ ХРИСТИЈАНИ

8. На кои начини крстените христијани веќе ја покажале својата вера во откупнината?

8 Ако си крстен христијанин, веќе си ја покажал својата вера во откупнината на разни начини. На пример, си направил промени во животот за да го радуваш Јехова и за да станеш негов близок пријател. Послушен си на Исусовата заповед да ја проповедаш добрата вест и да ги поучуваш другите за Јехова и за Исус. Си му го заветувал животот на Јехова и си се крстил. Дали си се соочил со противење затоа што му служиш на Јехова? (2. Тим. 3:12). Тоа што верно истрајуваш покажува дека го сакаш Јехова и дека ја цениш откупнината што ја обезбедил преку својот Син (Евр. 12:2, 3).

9. За која опасност треба да бидат свесни крстените христијани?

9 Ако сме крстени веќе некое време, треба да бидеме свесни за една опасност. Со текот на времето, би можеле да почнеме да ја губиме благодарноста за откупнината. Како би можело да се случи тоа? Размисли за христијаните од првиот век кои живееле во Ефес. Воскреснатиот Исус ги пофалил за нивната истрајност. Сепак, им го рекол и следново: „Ова го имам против тебе: ја остави својата прва љубов“ (Отк. 2:3, 4). Како што гледаме од зборовите на Исус, еден христијанин би можел да почне механички да ја извршува службата за Јехова. Тој можеби се моли, оди на состаноци и учествува во службата на проповедање, но тоа повеќе не го прави од љубов туку само од навика. Што можеш да сториш ако чувствуваш дека твојата љубов кон Јехова не е толку силна како порано?

10. Како можеш да го примениш она што апостол Павле му го кажал на Тимотеј? (1. Тимотеј 4:13, 15).

10 Апостол Павле го поттикнал Тимотеј да размислува како ги извршува своите христијански активности и сиот да се посвети на нив. (Прочитај 1. Тимотеј 4:13, 15.) Во склад со тој совет, размислувај што ќе ти помогне и понатаму со ревност да го обожаваш Јехова (Рим. 12:11). На пример, би можел да одвоиш повеќе време да се подготвуваш за состаноците, бидејќи тоа ќе ти помогне подобро да внимаваш на нив. Или, кога ја проучуваш Библијата, би можел да избереш место каде што ќе бидеш сам за полесно да се концентрираш на она што го учиш. Тоа ќе ти помогне да извлечеш поголема корист од личното проучување. Исто како што треба да додадеш дрва за еден оган и понатаму да гори, треба да се посветиш на овие работи за да го разгориш твоето ценење за сето она што Јехова го направил за тебе, вклучувајќи ја и откупнината. Исто така, во седмиците пред Спомен-свеченоста размислувај за убавите благослови што ги имаме како Јеховини сведоци. Без сомнение, тоа ќе ти помогне да си ја зголемиш благодарноста за откупнината — темелот за твојот близок однос со Јехова.

11-12. Дали тоа што привремено ти се намалила ревноста значи дека си го изгубил Божјиот дух? Објасни. (Види ја и сликата.)

11 Ако некое време чувствуваш дека ревноста за Јехова ти се намалила, не се обесхрабрувај и немој да заклучиш дека повеќе го немаш Божјиот дух. Сети се што им напишал апостол Павле на Коринќаните во врска со својата служба: „Ако го правам тоа против своја волја, сепак ми е доверена задача“ (1. Кор. 9:17). Што мислел со тоа?

12 Павле понекогаш немал желба да проповеда. Сепак, бил решен да истрае во службата без оглед на тоа како се чувствувал во тој момент. И ти можеш да бидеш решен да го правиш истото дури и ако немаш мотивација. Затоа, моли се да имаш и желба и сила да го правиш она што Јехова го очекува од тебе (Фил. 2:13). Продолжи да ги правиш работите што ти помагаат да останеш близок со Јехова. Биди уверен дека, со текот на времето, она што го правиш ќе влијае врз твоите чувства и повторно ќе ја разгориш љубовта што сѐ уште ја имаш во срцето.

Една обесхрабрена сестра, која е со своето бебе во количка, учествува во служба со друга сестра која ѝ ја ставила раката на рамото.

Продолжи да ги правиш работите што ти помагаат да останеш близок со Јехова, дури и ако понекогаш немаш мотивација за тоа (види во пасуси 11-12)


13. Како можеме да се преиспитуваме дали сме во верата?

13 Одвреме-навреме добро е да се преиспитаме во склад со советот од 2. Коринќаните 13:5: „Испитувајте дали сте во верата, проверувајте се самите себе“. На пример, би можел да се прашаш: „Дали го ставам Царството на прво место во мојот живот?“ (Мат. 6:33). „Дали мојот избор на забава покажува дека го мразам злото?“ (Пс. 97:10). „Дали придонесувам во собранието да има мир и единство?“ (Еф. 4:2, 3). Спомен-свеченоста е прилика кога повеќе размислуваме за откупнината што Јехова ја дал за нас. Таа ни дава можност да се преиспитаме дали живееме за Христос или за себеси.c

ОНИЕ КОИ СЕ ОДДАЛЕЧИЛЕ ОД СОБРАНИЕТО

14. Зошто некои браќа и сестри се оддалечиле од собранието?

14 Некои христијани, дури и откако со години верно му служеле на Јехова, престанале да одат на состаноци. Зошто? Некои се оптовариле со „животните грижи“ (Лука 21:34). Други се спрепнале од зборовите или постапките на некој соверник (Јак. 3:2). А некои пак, направиле сериозен грев и се срамат да побараат помош. Без разлика од која причина си се оддалечил од собранието, што можеш да направиш? На што може да те поттикне откупнината која Јехова и Исус со љубов ја дале за тебе?

15. Како Јехова покажува дека се грижи за овчичките кои се оддалечиле од стадото? (Езекиел 34:11, 12, 16).

15 Размисли како Јехова гледа на оние што се оддалечиле од собранието. Тој не ги отфрла. Наместо тоа, ги бара загубените овчички, ги храни и им помага да му се вратат. (Прочитај Езекиел 34:11, 12, 16.) Дали Јехова го прави истото и за тебе? Да! Самото тоа што го читаш овој материјал покажува дека твоето срце е наклонето кон праведноста. Исто како што Јехова ги видел добрите работи во твоето срце и те привлекол кон вистината, можеби сега ти помага да се вратиш во неа?

16. Што може да им помогне на оние што се оддалечиле од собранието да му се вратат на Јехова? (Види ја и сликата.)

16 Брошурата Врати се кај Јехова ги содржи следниве охрабрувачки зборови: „Биди уверен дека Јехова нема да те остави ни за миг, туку ќе ти помага да му се вратиш. Тој ќе ти даде сила да се справиш со грижите, да ги залечиш повредените чувства и да стекнеш чиста совест која ќе ти донесе внатрешен мир. Тоа ќе те поттикне повторно да почнеш да му служиш на Јехова заедно со соверниците“. Немој да заборавиш дека и старешините се желни да ти помогнат. Тие можат да бидат „како засолниште од ветар и како прибежиште од бура“ (Иса. 32:2). Твоето ценење за откупнината можеш да го покажеш така што ќе се прашаш: „Кои чекори можам да ги преземам сега за да се вратам кај Јехова?“ (Иса. 1:18; 1. Пет. 2:25). На пример, дали би можел да присуствуваш на собраниски состанок? Дали би можел да разговараш со еден старешина и да побараш помош во духовен поглед? Тој можеби ќе замоли некого да ја проучува Библијата со тебе некое време. Биди уверен дека Јехова ќе го благослови сето она што го правиш за да му се вратиш и за да покажеш ценење за откупнината на неговиот Син.

Еден постар човек со Библија во раката стои во близина на една сала за состаноци. Тој гледа како браќата и сестрите срдечно се поздравуваат додека пристигнуваат во салата.

Прашај се: „Кои чекори можам да ги преземам сега за да се вратам кај Јехова?“ (види во пасус 16)


ШТО ЌЕ НАПРАВИШ?

17-18. Како можеме мудро да го користиме нашето време во периодот пред Спомен-свеченоста оваа година?

17 Исус рекол дека откупнината била дадена „за секој што верува во него да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). Преку откупнината Јехова може да нѐ спаси од последиците на гревот и смртта. Никогаш да не дозволиме да ја изгубиме благодарноста за откупнината (Рим. 3:23, 24; 2. Кор. 6:1). Периодот пред Спомен-свеченоста ни дава можност да размислуваме за љубовта што ја покажале Јехова и Исус, и тоа треба да нѐ поттикне да покажеме благодарност за нивната љубов.

18 Како ти ќе ја покажеш својата благодарност за откупнината? Твојот одговор можеби ќе се разликува од одговорот на некој друг. Но, можеш да бидеш уверен дека Јехова ќе го благослови твојот труд и трудот на милиони браќа и сестри кои „не живеат повеќе за себе, туку за [Исус], кој умре за нив“ (2. Кор. 5:15).

КАКО МОЖЕШ ДА ПОКАЖЕШ ДЕКА СИ БЛАГОДАРЕН ЗА ОТКУПНИНАТА...

  • ако си интересент кој ја проучува Библијата?

  • ако си крстен христијанин?

  • ако си се оддалечил од собранието?

ПЕСНА 14 Да го славиме новиот Цар на Земјата!

a За да го примениш она што го учиш од Библијата, користи ја рамката „Цел“ која се наоѓа на крајот од секоја лекција во книгата Радувај му се на животот засекогаш.

b Некои предлози за тоа како можеш духовно да напредуваш, има во статијата „Млади — ’работете на своето спасение‘“, која излезе во Стражарска кула од декември 2017.

c Некои предлози за тоа како да ја зачуваш својата благодарност има во статијата „Што те мотивира да му служиш на Бог?“, која излезе во Стражарска кула од 15 јуни 1995.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели