ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mrt статија 32
  • Заштити се од дезинформации

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Заштити се од дезинформации
  • Разно
  • Сличен материјал
  • Како социјалните мрежи влијаат врз мене?
    Младите прашуваат
  • Чувај се од дезинформации
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Социјални мрежи — дали се штетни за твоето дете? Како може Библијата да им помогне на родителите
    Разно
  • Врвен здравствен експерт предупредува за штетното влијание на социјалните мрежи врз младите — што вели Библијата?
    Разно
Повеќе
Разно
mrt статија 32
Еден човек размислува за информации од различни извори.

Заштити се од дезинформации

Денес е полесно од кога и да било порано да дојдеме до информации, вклучувајќи ги и оние што можат да ни помогнат да останеме безбедни и здрави. Но, додека бараме информации, мора да се чуваме од дезинформации, како што се:

  • Вести кои водат до погрешен заклучок

  • Лажни информации

  • Теории на заговор

На пример, во текот на пандемијата со КОВИД-19, генералниот секретар на Обединетите нации предупреди дека светот се соочува со опасна епидемија на дезинформации. Тој изјавил: „Сѐ повеќе има штетни совети поврзани со здравјето и лажни медицински третмани. Медиумите се преплавени со лажни информации. Интернетот е преполн со теории на заговор. Се шират говор на омраза и предрасуди кон различни групи луѓе“.

Се разбира, дезинформациите не се ништо ново. Сепак, во врска со нашево време, Библијата прорекла: „Злите луѓе и измамниците ќе напредуваат од лошо на полошо. Ќе заведуваат други, а и самите ќе бидат заведени“ (2. Тимотеј 3:1, 13). Денес, интернетот ни овозможува да примаме — и ненамерно да шириме — лажни вести полесно и побрзо од кога и да било порано. Како резултат на тоа, преку нашите имејлови, социјалните мрежи и вестите што ги добиваме на нашите електронски уреди сме преплавени со искривени факти и полувистини.

Како можеш да се заштитиш од информации кои водат до погрешен заклучок и од теории на заговор? Размисли за следниве библиски начела кои можат да ти помогнат.

  • Еден човек размислува за она што го видел и чул.

    Не верувај во сѐ што ќе видиш или ќе чуеш

    Што вели Библијата: „Лековерниот верува на секој збор, а паметниот внимава на своите чекори“ (Изреки 14:15).

    Лесно може да бидеме измамени ако не внимаваме. На пример, размисли за фотографиите со текст или за кратките видеоклипови кои многу се раширени на интернет, особено на социјалните мрежи. Таквите содржини, кои обично се нарекуваат мемиња, честопати се наменети да бидат хумористични. Сепак, сликите и видеоклиповите лесно можат да се изменат или да се извадат од контекст. Може да се направат дури и видеоклипови во кои изгледа дека некои луѓе прават или кажуваат нешто што никогаш не го направиле или кажале.

    „Поголемиот дел од дезинформациите кои истражувачите ги среќаваат на социјалните мрежи се слики и видеоклипови кои се извадени од контекст, како што се мемињата“ (Axios Media).

    Прашај се: „Дали информацијата е точна вест или само меме?“

  • Лупа.

    Размисли за содржината и за нејзиниот извор

    Што вели Библијата: „Сѐ испитувајте за да се уверите во тоа“ (1. Солуњаните 5:21).

    Пред да поверуваш во некоја информација или пред да ја препратиш, дури и ако е популарна или повеќе пати се повторува во вестите, провери дали е точна. Како можеш да го направиш ова?

    Размисли дали можеш да имаш доверба во изворот од кој потекнува. Медиумите и другите организации можат да извртат некои информации поради сопствени интереси или политички цели. Спореди како некоја вест е објавена во различни медиуми. Понекогаш, некои пријатели може од невнимание да ти препратат дезинформации преку имејл пораки или социјални мрежи. Затоа, немој да поверуваш во некоја информација додека не провериш од каде првобитно потекнува.

    Увери се дека содржината е точна и дека не е застарена. Побарај дали во неа има датум, факти што можат да се проверат и цврсти докази кои го потврдуваат она што е кажано. Особено биди внимателен ако се чини дека некоја сложена информација е изнесена на премногу едноставен начин или ако е направена да предизвика одредени чувства.

    „Денес, проверувањето на фактите веројатно станува исто толку важно како и миењето раце“ (Шридар Дармапури, висок службеник за безбедност на храна и исхрана при Обединетите нации).

    Прашај се: „Дали во оваа вест нечии лични мислења се прикажани како факти? Дали е изнесена само едната страна на приказната?“

  • Листа за проверка.

    Води се по факти, а не по она што тебе ти се допаѓа

    Што вели Библијата: „Кој има доверба во своето срце, безумен е“ (Изреки 28:26).

    Склони сме да имаме доверба во информациите кои го потврдуваат она во кое ние сакаме да веруваме. Честопати, интернет-компаниите ни нудат информации на порталите и на социјалните мрежи на темел на она што нѐ интересира и што претходно сме го пребарувале. Сепак, она што сакаме да го слушнеме не е секогаш она што треба да го слушнеме.

    „Луѓето имаат способност да бидат разумни и да размислуваат логично. Но честопати, поради нашите желби, надежи, стравови и мотиви поголема е веројатноста да поверуваме во информација која го потврдува она во кое сакаме да веруваме“ (Питер Дито, социјален психолог).

    Прашај се: „Дали ѝ верувам на оваа информација само затоа што сакам да ѝ верувам?“

  • Лажни информации се фрлаат во корпа за отпадоци.

    Спречи го ширењето дезинформации

    Што вели Библијата: „Не шири лажни вести“ (2. Мојсеева 23:1).

    Не заборавај дека информациите кои им ги пренесуваш на другите можат да влијаат врз нивните мисли и постапки. Дури и ако ненамерно пренесеш некоја погрешна информација, тоа може да има штетни последици.

    „Најважното нешто што мора да го направиш пред да им испратиш некоја информација на другите е да се прашаш: ’Дали сум сигурен дека информацијата што сакам да им ја пратам на другите е точна?‘ Доколку сите би го правеле тоа, би имало многу помалку дезинформации на интернет“ (Питер Адамс, потпретседател на организацијата News Literacy Project).

    Прашај се: „Дали сакам да им ја испратам оваа информација на други затоа што сум сигурен дека е точна?“

Вистината за теориите на заговор

Психологот Шона Боуз вели: „Повеќе од кога и да било порано, теориите на заговор влијаат врз мислењето и постапките на луѓето“. Еве што треба да знаеш за теориите на заговор.

Што се теории на заговор? Теорија на заговор е тврдење дека некои злобни и влијателни групи тајно сковале заговор за да предизвикаат некаков значаен или трагичен настан.

Зошто се опасни? Теориите на заговор можат да им ја поткопаат на луѓето довербата во веродостојни извори на информации и некои од нив можат да ги наведат да ги отфрлат советите кои се важни за нивното здравје или безбедност. Таквите теории создаваат предрасуди и ги поттикнуваат луѓето да бидат насилни кон оние за кои се тврди дека се вмешани во заговорот.

Зошто се толку популарни? Теориите на заговор се особено популарни во „периоди кога голем дел од луѓето чувствуваат загриженост, несигурност и доживуваат тешкотии“, како на пример „кога има војни, економски кризи и откако ќе се случат природни катастрофи како цунами и земјотреси, како и во време на пандемии“ (Encyclopaedia Britannica). Во такви тешки времиња, луѓето ги прифаќаат теориите на заговор затоа што тие го поткрепуваат она во кое и самите веруваат или затоа што им помагаат да разберат зошто се случуваат лоши работи.

Како може Библијата да ти помогне да се заштитиш од теориите на заговор? Во Библијата има практични совети кои можат да ни помогнат да не бидеме претерано загрижени кога се соочуваме со стресни ситуации. Таа ни открива која е вистинската причина за проблемите кои постојат денес и како тие ќе бидат решени. За да дознаеш нешто повеќе, гледај го видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели