ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/1 стр. 31
  • Зошто многумина одбиваат крв

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто многумина одбиваат крв
  • Разбудете се! 1999
  • Сличен материјал
  • Истрага на „заразената крв“ во Канада
    Разбудете се! 1995
  • Да се спаси животот со крв — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Трансфузија на крв — колку е безбедна?
    Како може крвта да ти го спаси животот?
  • Дали проверената крв е сигурна?
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/1 стр. 31

Зошто многумина одбиваат крв

ВО ОНА што беше наречено пресвртна одлука, еден суд од Онтарио го смета канадскиот Црвен крст одговорен за инфекција со ХИВ на двајца приматели на трансфузија на крв — од кои обајцата примиле заразена крв од ист дарител. „Кога нешто што е толку катастрофално како заразена крв се заканува на животот на примателите“, рекол судијата Стефан Борнс, „потребно е итно да се реагира.“

Во текот на 1980-тите, околу 1.200 Канаѓани беа инфицирани со ХИВ, а уште 12.000 добиле хепатит Ц — сите од заразена крв и крвни продукти. Како помош да се намали бројот на инфекциите, дарителите се проверуваат уште повнимателно. Но, не се искрени сите дарители во поглед на нивното сексуално минато. На пример, една анкета во Соединетите Држави открила дека 1 од 50 дарители не известил фактори на ризик, како што се хомосексуална активност или секс со проститутка.

Дилемата ја зголемува фактот што проверката на крвта не е сигурна. Според списанието New Scientist, „ако едно лице даде крв помалку од три недели откако се инфицирало со ХИВ, моменталните тестови не го откриваат вирусот. За хепатит Ц, овој период на инкубација може да трае повеќе од два месеца“.

Во последниве години имаше едно значително опаѓање на бројот на Канаѓани кои сакаат да дадат — или да примат — крв. Колумнистот Пол Шратц пишува: „Со намалувањето на интересот да се дарува и со порастот на бројот на оние кои не можат да даруваат, фала му на Бога што Јеховините сведоци го пробиваат патот во истражувањето на замена за крв“.

Интересно е тоа што The Toronto Star известува дека во текот на една од последниве години, околу 40 луѓе „се пријавиле во канадските болници лажно тврдејќи дека се Јеховини сведоци затоа што не сакале трансфузија на крв“. Анкетите покажуваат дека околу 90 проценти од Канаѓаните повеќе би сакале некоја алтернатива отколку крв од дарител. Значи, употребата на крв повеќе не е само прашање на религијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели