ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/7 стр. 29
  • Првородениот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Првородениот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Сличен материјал
  • Зрелост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Простување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Што е мислено со тоа ‚да се предаде некој човек на Сатана за уништување на телото‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Годишен состанок
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/7 стр. 29

Првородениот

УШТЕ од најрани времиња, првородениот син заземал почестена позиција во семејството и бил оној кој го наследувал поглаварството во домаќинството. Првородениот стекнал значајна проминентна положба во времето кога Јехова го избавил својот народ од египетското ропство. Меѓу Египќаните, првородените му биле предадени како свети на богот на Сонцето — Амон Ра, наводниот заштитник на сите првородени. Десеттата неволја која ја донел Јехова врз Египќаните служела за да го дискредитира тој бог и ја покажала неговата неспособност да ги заштити првородените. Со тоа што ги послушале Божјите упатства во врска со колењето на едно јагне и ги попрскале со неговата крв довратниците и горниот дел од влезот на своите куќи, Израелците не ги изгубиле своите првородени во смрт, додека сите првородени на Египќаните, како човечки така и животински, биле убиени (2. Мојсеева 12:21—23, 28, 29). Очигледно, во повеќето случаи се мисли на првородениот син од секое домаќинство а не на главата на домаќинството, иако можеби и тој бил првороден. Веројатно и самиот фараон бил првороден, па сепак неговиот живот не бил одземен. Меѓутоа, можеби секое египетско домаќинство немало дословно првороден син (брачните двојки кои биле бездетни или кога првородениот син веќе бил умрен). А со оглед на изјавата во 2. Мојсеева 12:30 дека ‚немало куќа, во која немало мртовец‘, уништувањето можело да го вклучи главниот во куќата кој заземал позиција на првороден.

Бидејќи првородените синови меѓу Израелците биле оние кои биле на ред да станат глави на различните домаќинства, тие ја претставувале целата нација. Всушност, Јехова на целата нација укажал како на негов „првороден“, таа била негова првородена нација поради авраамскиот завет (2. Мојсеева 4:22). Со оглед на тоа што ги сочувал нивните животи, Јехова заповедал „секое првородено [машко, NW], кое ја отвора секоја утроба меѓу синовите Израилеви: и од луѓето, и од добитокот“, да му биде посветено нему (2. Мојсеева 13:2). На тој начин, првородените синови му биле посветени на Бог.

Подоцна, Јехова ги зел машките Левити — очигледно освен 300-те Левити кои биле првородени (спореди 4. Мојсеева 3:21, 22, 27, 28, 33, 34 со 3:39) — наместо првородените синови на Израел, од оние кои биле стари еден месец и повеќе. За секој еден од тие 273 кои биле вишок, во однос на Левитите, морало да се плати откупна цена од по пет сикли (11 долари) кај Арон и неговите синови. Исто така, Јехова ги зел домашните животни на Левитите наместо првородените домашни животни од другите племиња (4. Мојсеева 3:40—48). Од тоа време, после периодот на нечистотата на мајката, првородениот син требало да биде понуден пред Јехова во табернакулот или во храмот и да биде искупуван преку плаќање на пресметаната вредност од „пет сикли сребрени“ за оние кои биле стари од еден месец до пет години (3. Мојсеева 12:1—3; 27:6; 4. Мојсеева 18:15, 16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели