Дојди повторно за да изградиш ценење
1 Осмислените повторни посети постепено го поттикнуваат и го засилуваат растот на станарот кон тоа да стане верник. Кои практични предлози треба да ги задржиме на ум кога повторно ги посетуваме оние кои покажале интерес?
2 Пред сѐ, добро подготви се. Ова почнува на првата посета. Како? Така што ќе направиш точни забелешки за покажаниот интерес. Запиши го името на станарот, темата на која сте зборувале, реакцијата и она што му е оставено. Пред да дојдеш повторно, разгледај ги своите забелешки од куќа до куќа и во молитва размисли што ќе кажеш.
3 Сега си спремен. Што да кажеш? Ако на првата посета си му поставил на станарот прашање, кога ќе дојдеш повторно можеш да градиш на таа тема. На пример, ако првата посета се сосредоточувала на благословите на Божјето Царство, можеш да го поставиш прашањето „Зошто Бог го допушта злото?“
Кога ќе дојдеш, откако ќе се поздравиш, можеш да речеш:
◼ „Кога зборувавме последен пат, разгледавме зошто Бог на љубовта денес допушта толку многу злоба. Дали размислувавте додатно за тоа? [Дозволи одговор.] Што мислите, дали навистина се грижи Бог за човештвото? [Дозволи одговор.] Погледнете што вели Библијата во Јован 3:16.“ Откако ќе го прочиташ стихот, можеш да го свртиш вниманието на специфични делови од 8. поглавје во Вистина која води до вечен живот, кои ги покажуваат причините за Божјето толерирање на денешното зло.
4 Друго прашање кое тера на размислување, а кое можеш да го поставиш при својата прва посета би било: „Ако имал Бог намера човекот да живее засекогаш, зошто луѓето стареат и умираат?“ Кога ќе дојдеш повторно, можеш да му го покажеш библискиот одговор на тоа прашање запишан во Римјаните 5:12. Откако ќе го прочиташ библискиот стих, осврни се на првиот пасус од страница 35 од книгата Поминува ли сѐ со овој живот?, кој ја разгледува основната причина зошто човекот старее и умира.
5 Само, едно предупредување. Внимавајте што ќе прашате кога ќе дојдете повторно. Прашањата „Го прочитавте ли материјалот што ви го оставив?“ „Се сеќавате ли на мене?“ или „Се сеќавате ли што зборувавме последниот пат кога бев овде?“, обично ги ставаат луѓето во незгодна положба. Таквите прашања најчесто немаат добри резултати. Од друга страна, биди пријателски настроен, приспособлив и краток. Овие особини ќе ја направат пораката попривлечна.
6 Овие и други пристапи може да се користат за да се негува ценење во срцата на заинтересираните. Зошто да не си поставиш за лична цел да правиш барем по една посета секоја седмица? Примени ги практичните предлози што се изнесени погоре и најди искусни објавители кои ќе ти помогнат. Твојата радост ќе расте ако градиш на почетниот интерес така што ќе правиш делотворни повторни посети.