ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/93 стр. 1
  • И понатаму вели: „Дојди!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • И понатаму вели: „Дојди!“
  • Нашата служба за Царството 1993
  • Сличен материјал
  • Објавување на „зборовите на пророштвото“
    Нашата служба за Царството 1995
  • Објави ја возбудливата порака од Откровение
    Нашата служба за Царството 1994
  • Откровение — близу е величествената завршница!
    Нашата служба за Царството 2006
  • Помогни им да постапуваат во склад со пораката
    Нашата служба за Царството 1994
Повеќе
Нашата служба за Царството 1993
km 3/93 стр. 1

И понатаму вели: „Дојди!“

1 Каква чудесна подготовка направил Јехова преку Исусовата откупна жртва! Во неа ја согледуваме основата на сето она што е потребно за луѓето да станат навистина среќни (Јован 3:16). Но, за жал, сосем малку луѓе ја запознаваат и цврсто веруваат во оваа вистина. Сепак, затоа што е љубезно заинтересиран за човештвото, Јехова уредил оваа добра вест да им стане позната на луѓето насекаде. Преку неговиот Син, Исус Христос, тој ја проширил за сите можноста да најдат среќа и да ја стекнат надежта за вечен живот (Јован 17:3).

2 Илјадници години идентитетот на Оној кој ќе го откупи човештвото од грев и смрт бил непознат. Тоа било „света тајна“ сѐ додека Христос Исус не дошол и не го ‚осветлил животот и нераспаѓањето преку Евангелието‘ (Рим. 16:25, ДК; 2. Тим. 1:10). Исусовите следбеници се посветиле на објавувањето на оваа добра вест во првиот век; сега ние, кои живееме во модерни времиња, ја имаме возвишената предност да ја објавуваме истата добра вест. Кога ја проповедаме пораката на Царството го правиме истото што го прават Јехова Бог, Исус Христос и браќата на Христос, кои ги повикуваат луѓето од сите животни профили така што им велат: ‚„Дојди!“ . . . земи од водата на животот дарум‘ (Откр. 22:17).

3 Секако, нема секој да ја слуша оваа добра вест. Само мал број ќе обрне посебно внимание. Некои грубо ги одбиваат Божјите слуги кои ги повикуваат да извлечат корист од животодавните води на вистината. Дури и тогаш, со силата што ни ја дава Јехова, истрајуваме во ова дело. Знаеме дека нашата спремност да зборуваме за вистината и да му помогнеме на секој кој ќе слуша му е угодна на Јехова и донесува негови благослови.

4 Во нашата служба во март ќе ги охрабруваме трагачите по вистината да ја читаат книгата Откровение и да се радуваат на надежта која таа ја објаснува. Тие ќе пожнеат многу благослови ако го сторат тоа. Впрочем, книгата Откровение се занимава со иднината — нивната и нашата. Некои кои се сега предадени слуги на Јехова првпат се заинтересирале за вистината откако прочитале некои објаснувања на книгата Откровение во некоја од публикациите на Заедницата. Ако во последно време самите детално сме ја проучиле книгата Откровение, ќе можеме да сфатиме колку таа е важна за оние со чесни срца кои гладуваат за вистината. Кога ќе пронајдеме такви поединци во нашата служба, ќе настојуваме да истакнеме една или две важни мисли од книгата Откровение за да им ја покажеме нејзината вредност. Меѓу другото, можеме да ги истакнеме нејзините јасни објаснувања на библиските пророштва кои се исполниле во овој 20-ти век, како што е забележливото јавање на симболичниот јавач кој е опишан во шестото поглавје од Откровение.

5 За нас е најприкладно да зборуваме за Јеховините љубезни подготовки за човештвото, додека се подготвуваме да го прославиме Споменот на Христовата смрт на 6. април. Сеедно дали луѓето сакаат да слушаат или не, ние истрајуваме во нашата од Бог дадена задача да го прошириме охрабрувачкиот повик до секој кој сака: ‚„Дојди!“ . . . земи од водата на животот дарум‘.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели