Започнување на библиски студии со книгата Најголемиот човек
1 Водењето на домашна библиска студија ќе биде прилично угодно и корисно и за тебе и за станарот. Ништо не може да се спореди со радоста која се доживува кога се дели библиското спознание со другите (Изр. 11:25).
2 Знак на последните денови: Ако си ги употребил предлозите од горната статија и си го започнал разговорот со трактатот Ќе преживее ли овој свет?, како можеш да започнеш студија користејќи го 111. поглавје од книгата Најголемиот човек? Отвори ја книгата на 111. поглавје и прочитај ги првите три пасуси. Потоа можеш да го поставиш првото прашање од крајот на поглавјето: „Што го поттикнува прашањето од апостолите, но што уште веројатно тие имаат во мислите?“ Помогни му на станарот да размисли за одговорот и користи ги илустрациите за да го поучиш. Откако ќе прочиташ од четврти до шести пасус, постави го второто прашање: „Кој дел од Исусовото пророштво се исполнил 70. н. е., а што тогаш не се случува?“ Ако станарот изгледа заинтересиран и има време, продложи со дискусијата.
3 Ако се чини дека на станарот ќе му биде позгоден друг термин, можеш да го прашаш: „Би сакале ли повеќе да дознаете кога ќе дојде крајот на овој систем на ствари?“ Потоа можеш да се договориш да дојдеш повторно за да одговориш на прашањето.
4 Дали е возможен мирољубив свет? Ако си го употребил трактатот Живот во мирољубивиот нов свет за да преминеш на книгата Најголемиот човек, како 133. поглавје може да послужи за започнување на библиска студија?
Откако ќе го прочиташ 2. Петрово 3:13, можеш да го прочиташ или накратко да го раскажеш вториот пасус на 3. страница во трактатот и да речеш:
◼ „Исус Христос, Синот на Бог, ќе биде Цар на Јеховиното Царство. Забележете како книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел го опишува Исус и нѐ информира за она што тој ќе го постигне во иднината.“ Потоа прочитај го целото поглавје. Постави му го на станарот првото прашање од крајот на поглавјето: „,Која среќна привилегија ќе ја имаат преживеаните од Армагедон и нивните деца?‘ [Дозволи одговор. Паралелно може да се дискутираат и други прашања.] Би сакале ли да бидете дел од новата земја над која Исус ќе владее како Цар? Би сакал да имам прилика секоја седмица да ви помагам да видите од Библијата како можете и вие да го доживеете ова“.
5 Некои поединци може да се интересираат за понатамошна дискусија за Исус Христос уште на оваа посета.
Можеш да речеш:
◼ „Во оваа книга се направени напори да се прикаже Исусовиот земски живот како што е изнесен во четирите Евангелија. Би сакале ли да научите повеќе за Исусовиот живот на Земјата?“ Ако станарот се согласува, можеш да дискутираш за првото чудо на Исус, во 15. поглавје.
6 Сѐ уште постојат многу искрени луѓе кои имаат љубов кон праведноста и кои бараат решенија за проблемите со кои се соочуваат. Навистина, да нудиш да ги пренесеш учењата на Исус Христос преку библиска студија е најкорисно настојување.