Помогни им на другите да распознаат големо богатство
1 Кога им проповедаме на другите за добрата вест на Царството, една од нашите цели треба да биде да им помогнеме на луѓето со чесни срца да ја ценат извонредната вредност на Божјата Реч (Фил. 3:8). Нашата литература темелена на Библијата игра важна улога во ширењето на пораката за Царството. На пример, книгата Живеј засекогаш им помогнала на стотици илјади луѓе да му служат на Јехова, што произлегло од библиските вистини што ги научиле.
2 Нашата служба не се состои само од оставање на литература на оние кои сакаат да земат. Треба да ја воведеме пораката на еден привлечен начин, да слушаме со разборитост што вели станарот, а потоа да бидеме спремни да ‚расудуваме со него на темел на Писмата‘ (Дела 17:2, NW).
3 Како може ова да се изведе? Нашите воведи можат да го отворат патот за станарите да покажат дали се навистина заинтересирани за Библијата и нејзината порака.
Можеш да речеш:
◼ „Ве посетуваме за да продискутираме за значењето на она што се случува околу нас во денешниов свет. Кај многу луѓе опаѓа интересот за Бог и неговите мерила за живот какви што се изложени во Библијата. Ова во голема мера влијае на ставовите кои луѓето ги имаат еден кон друг. Сте го забележале ли и вие ова? [Дозволи коментар. Можеш да се осврнеш на специфични случаи.] Ве молам обрнете внимание на ставот на оние кои се споменати во 2. Тимотеј 3:1-5, и кажете ми дали ова ви личи на денешниов свет. [Прочитај; дозволи одговор.] Постојат ли здрави причини да се очекуваат подобри услови во иднина?“ Ако е покажан интерес, осврни се на сликите на страници 12 и 13 во книгата Живеј засекогаш и насочи го вниманието на 12. и 13. пасус. Ако интересот е ограничен, може да се понуди трактатот Живот во мирољубивиот нов свет.
4 Ако дојде на вратата родител, можеме вака да го започнеме нашиот разговор:
◼ „Разговараме со луѓето кои ги интересира како подобро да се соочиме со проблемите на семејниот живот. Сите се обидуваме да го сториме најдоброто што го можеме, но ако постои нешто што може да ни помогне повеќе да успееме, заинтересирани сме за него, зар не? [Дозволи одговор.] Библијата дава упатство по ова прашање, што се наоѓа во Колосјаните 3:12-14. [Прочитај.] Значи, што е потребно за да се радуваме на успешен семеен живот? Видете што е наведено во оваа публикација, во поглавјето со наслов ‚Семејниот живот да се направи среќен‘.“ Прочитај го 3. пасус на страница 238 од книгата Живеј засекогаш. Ако станарот е зафатен или не одговара спремно, обиди се да му ги претставиш поновите списанија кои ги разгледуваат семејните прашања или трактатот Радувај се на семејниот живот.
5 Никогаш не сакаме да ја изгубиме од вид нашата цел при давањето на темелно сведоштво за Царството (Мат. 24:14). Со добро користење на Библијата и извонредната залиха на теократска литература што ни е на располагање, можеме со доверба да очекуваме од Јехова негов благослов при извршувањето на неговата волја во текот на овие значајни времиња (Гал. 6:9).