Книга која пружа вистинско водство
1 Светот драматично се измени во текот на изминатиот век. Иако постои напредок на полето на комуникацијата, медицината и транспортот, квалитетот на семејниот живот забрзано опаѓа. Милиони дозволуваат да ги води секогаш променливата човечка филозофија.
2 На оваа светска сцена која брзо се менува, Јеховиниот народ имал голема корист од тоа што се придржувал кон неговата Реч. Библијата останала непроменета илјадници години, а нејзините совети сѐ уште се најпрактичните кога се работи за соочување со денешните проблеми на кои наидуваме. Како можеме да им помогнеме на заинтересираните луѓе да сфатат дека Библијата пружа вистинско водство во денешниов современ свет?
3 Ако првпат си го оставил трактатот „Зошто можеш да имаш доверба во Библијата“, можеш да дојдеш повторно и да речеш:
◼ „Бидејќи Библијата јасно вели дека е порака од самиот Бог и дека тој ни нуди вечен живот ако веруваме и живееме според она што таа го вели, дали мислите дека е вредно да се дознае нешто повеќе за овие изјави? [Дозволи коментар.] Забележи што претскажува Библијата во врска со сегашниот светски систем на ствари. [Прочитај 2. Тимотеј 3:1-5 директно од трактатот на стр. 5.] Дали се согласувате дека овој опис одговара на денешниов свет? [Дозволи одговор.] Постои ли здрава причина да се очекуваат подобри услови во иднина?“ Потоа можеш да положиш темел за друга посета така што ќе дискутираш за последните два пасуси од трактатот или ќе ја употребиш 161. страница од книгата Библијата — Реч Божја или човечка?, истакнувајќи ја прекрасната надеж која Библијата ја пружа за човештвото.
4 Ако станарот бил заинтересиран за практичната вредност на Библијата и ти си истакнал специфични начела од 12. поглавје од книгата „Библијата — Реч Божја или човечка?“, можеш да речеш:
◼ „Нѐ интересираат работи што се од практична вредност за нас денес, зар не? Се согласувате ли дека би било практично да ѝ се стави крај на војната? [Дозволи коментар.] Кога луѓето би научиле да живеат заедно во мир со луѓе од други нации, тоа би било добар почеток, зарем не? [Дозволи одговор.] Библијата го прорекла точно тоа. [Прочитај Исаија 2:2, 3.] Сте се прашале ли некогаш како и кога ќе се случи тоа?“ Објасни дека и понатаму би дискутирал за ова прашање во време кое би му било најзгодно на станарот.
5 Само Библијата го пружа водството што му е потребно на човекот (Ерем. 10:23). Проучувањето на Божјата Реч е единствениот начин да се научи за Неговите намери и да се стекне Негова наклоност. Затоа, сесрдно да ги поттикнуваме другите да извлечат корист од неговите мудри совети и практичи упатства.