Помогни им на луѓето слични на овци да градат на цврст темел
1 За градење куќа е потребно внимателно планирање и сосредоточени напори. Откако ќе се испланира куќата, мора да се подготви градежното место и да се постави цврст темел. Проектот постепено добива облик сѐ додека на крајот не биде завршен. Исто така, ние мораме да им помагаме на луѓето слични на овци постепено да ја учат вистината. Интересот настојуваме да го подбудиме на првата посета. Потоа, правиме повторни посети и поставуваме темел така што ги поучуваме за основните вистини за Бог и неговите намери со човештвото (Лука 6:48).
2 Сепак, пред да се постави темел, потребно е, така да се рече, да го подготвиме градежното место, земајќи ги во обѕир околностите на станарот. Која тема била претходно разгледана? Кои стихови биле употребени? Каква била реакцијата? Која публикација е оставена? Кога ќе дојдеш повторно, имај на ум посебни точки и постепено гради го темелот. Со секоја посета спознанието на станарот се зголемува и неговата вера во Бог расте.
3 Ако е оставена книгата „Живеј засекогаш“, можеш да речеш:
◼ „Драго ми е што ве најдов дома. Можеби се сеќавате дека при нашата претходна дискусија го разгледувавме падот на интересот за Бог во нашава средина. Библијата јасно истакнува дека Бог е заинтересиран за човештвото и дека праведните ќе бидат благословени преку неговото Царство. [Прочитај Матеј 6:9, 10.] Преку тоа Царство ќе преовладуваат праведноста и правдата.“ Читај Исаија 11:3-5, а потоа сврти му го вниманието на станарот на првите два пасуси од 1. поглавје во книгата Живеј засекогаш. Прикажи како материјалот може да се проучува.
4 Ако на првата посета бил оставен трактатот Живот во мирољубивиот нов свет, би можеле да се повторат претходно разгледаните главни точки околу потребата за подобри услови и околу библиските ветувања. Нагласи дека за да живееме во новиот свет мораме да стекнеме точно спознание. Прочитај Јован 17:3. Објасни дека откако ќе се стекне таквото спознание, мораме да ја вршиме Божјата волја. Прочитај 1. Јованово 2:17. Вниманието на станарот сврти го на специфични точки од 5. страница во трактатот.
5 Ако на првата посета, кога си ја оставил книгата „Живеј засекогаш“, била истакната темата за семеен живот, можеш да речеш:
◼ „Последниот пат кога ве посетив, дискутиравме на тема семеен живот. Се согласивме дека за да имаме среќен семеен живот мора да се следат упатствата што се наоѓаат во Библијата. Што мислите, што е потребно за да се направи бракот среќен?“ Дозволи одговор. Истакни специфични точки од информациите што се изнесени на страници 243-246 во книгата Живеј засекогаш. Замоли го станарот да ги коментира илустрациите и разгледајте мисли што ти си ги избрал како прикладни. Нагласи ја практичната вредност на библиските начела.
6 Ако е оставен трактатот Радувај се на семејниот живот, повтори ги клучните библиски начела што се изнесени на 4. и 5. страница. Ако интересот е подбуден, понуди ја книгата Живеј засекогаш. Укажи на 29. поглавје, „Семејниот живот да се направи среќен“, и покажи како ова може да се разгледува со станарот и неговото семејство.
7 Сите ние треба редовно да правиме повторни посети. Следи го секој интерес што е покажан така што ќе правиш делотворни повторни посети во текот на септември.